Ќе дојдев да пишувам еден долг пост. Да се испразнам и олеснам, да кажам што ми тежи. Ама па си велам што ако пишам? Нит ќе ми олесни, нит ќе ми помогне. Поарно да си легнам, место да мудрувам овде и топла вода да измишљам. Еден ден како и да е ќе помине. Што и да е ова што ме мачи, ќе помине. До тогаш само пиењево проблем да не ми стане, другото се ќе мине. Е, добра ноќ мили!
Do koga ke bide vaka? Ovie dva dena dusava ke mi eksplodira.....Mi ja ubija motivacijata, zelbata, elanot......me dovrsija. Moram da smenam nesto, vo sprotivno ke poludam. Zosto sum tolku emotivna, senzitivna I empaticna? Za site gledam da e dobro, zrtvuvajki se sebesi. Problemot e sto nikoj ne ceni sto pravis za niv se dodeka ne te izgubi. Epa neka me izgubi, barem ke si go zacuvam dostoinstvoto ovoj pat.
Се сменил саатот а?! Јас па се чудам зошто толку рано сум станата Ова технологииве ќе не убијат еден ден!
Посебниот начин на поврзаност меѓу внуците и бабите и дедовците е одамна познат како одраз на прифаќањето онакви какви што се, без прекорувања, без желби да ги променат нивните ставови, без приговарање, онака како што никој тоа не го сторил во животот на старите. Релацијата е едноставна, критикуваат ретко, а љубат долго. Тие се чудесна мешавина од смеа, грижливи постапки, преубави приказна и магична љубов. Стабилна поткрепа што можат да ја дадат во секој момент, развиено чувство за минатото и поучна творба за иднината. Со нас го пополнуваат просторот кој никогаш не почувствувале дека е празен. Спомените коишто ги носиме од некогаш остануваат засекогаш.
Фино било да си станеш вака рано наутро и тоа во недела. Кафето испиено уште во девет часот,доручекот веќе изеден.Ма мераци ! Сум заборавила какви се утрата и какво е чувството да испиеш кафе на тераса. Сонцево и ладниот воздух,тишината и зеленилото во двор ме обземаа со спокој и се наполнив со енергија. Се надевам енергијава ќе ја истрошам на учење и само на учење.Ме чекаат дебели книги а јас абер си немам. Ах бее ! Би изела и уште еден доручек само да не учам. А така ми се оди некаде на прошетка,ми се плаче. За малку ќе скршнев на еден подолг пат ама не секогаш тече онака како што посакуваме. Ми останува само да шетам низ страните на книгата. Нешто се крчка во кујна...мх,мх!
Болката е само жива претстава за болката: дај си сила на волјата, за да ја измениш таа претстава, отфрли ја, престани да се жалиш и болката ќе исчезне.
И секогаш ќе ја туркам да биде амбициозна. Нема да дозволам да спие мирно ако не си ги остварила соништата. Инаку, зошто ако го сакам луксузот автоматски според некои сум површна и празна личност?
Чувството кога ти фали една личност и неможеш да бидеш целосно среќен, иако покрај тебе се сите оние кои ти се посебно драги и нивното пријателство е вистинско богатство, но никој не може да го завземе местото на оној кој ти недостасува, бидејќи секој си е посебна приказна во твоето срце.
Да, ама јас не јадам афион Дм го сака па да го израдувам За мој ќеиф се ситните колаченца - чоколадо и ореви
Ниеден проблем не се решава ако го одбереш најкраткиот пат. Да заминеш од овој свет значи дека не си го почитувал животот кој твоите родители ти го дале, дека шансата за убав живот не си ја искористил. Секој проблем е предизвик и има начин да се постигне се и да се најде решение за да истиот се реши и да има среќен крај... Кукавички е доколку животот си го одземеш и оставиш луѓето што те сакаат да патат по тебе цел живот...
Од мушки со м*да, ги сакам и поштуем оние што знаат што сакаат во животот. Он ќе ги гледа сите твои мани и ќе ги претвора во таленти. Он ќе ги бакнува сите твои лузни и ќе ги претвора во тетоважи. Он ќе ти ја соблака душата пред телото и ќе те љуби и без да те допре. Он нема да ти раскажува бајки, он ќе ти ја држи раката во реалноста. Он ќе ги впива твоите соништа и ќе биде таму кога ќе се остваруваат. Со него ќе тонеш у сон и со него ќе се будиш и ако он нема да биде во близина. Со никој друг патувањата до месечината не биле така возбудливи. Он нема да ти даде прстен, он веќе ти ја дал душата. Он ќе направи да не посакаш никого никогаш повеќе.
Се доведов до точка да размислувам за тоа зошто престанав да ги правам работите што ми причинуваат задоволство и зошто почнав да уживам во други работи. Многу сакам да цртам, да сликам, а сите боици, сите моливи, сите четки сум ги зафрлила во фиоката. Многу сакам да читам, а книгата недочитана ми стои на работ од бирото. Многу сакам да гледам филмови, не паметам кога последен пат погледнав некој добар филм. Многу сакам ролери да возам, а стојат во светларникот со месеци. Омилен ми е разговорот со другарка, онака лежерно таа кај мене, кафе и филозофии на сите теми И многу сакам да шетам сама, да лутам со мислите, ама тоа одамна го нема. Зошто? Мојата амбиција да бидам најдобра и да ги ставам останатите во сенка ја премина границата. Што правам јас во животот? Школо и теретана. И не можам да си дозволам да не знам на некоја тема, мора, мора јас се да знам и да бидам сезнајка. Учење и учење и надвор од тоа што ми треба за солидна оценка. И мора, мора да ми се покажат сите вени додека вежбам за да знам дека вежбам доволно. И морам секој ден да бидам ненаспана за да знам дека доволно учам и мора секој ден да ме болат сите мускули за да знам дека доволно вежбам. И се додека не приметив дека почнав да го губам и видот и стрпението и концентрацијата, а и паметот. И се додека не приметив дека се задишувам, дека снемувам воздух и дека ме болат градите. Ало, имаш астма, свесна си за тоа? Очигледно не. И колку и да сум задишана, ќе биде само уште една серија, си ветувам. И колку и да ми се спие и да ме боли главата, само уште еднаш ќе си повторам, си ветувам. И најтрагично е што толку се насочив кон целта што заборавив да уживам во патувањето. И толку се сконцентрирам да бидам успешна на едни работи, што не ни приметувам дека веќе сум станала успешна во други работи. И креативноста во мене само си шире и ми ја прави тесна кожата. Сака да излезе на површина. И ми вика, земи ја книгата, сакам да знам што ќе се случи, и ми вика земи боици, земи молив, сакам да излезам на површина, направи нешто што е е црно по ѓаволите. И во целото трчање запирам и се прашувам - Каде сум? Кога се сменило се околу мене? Зошто јас не приметив? Кога пораснала сестра ми? Кога ми се сменил гласот? Кога ми пораснала косата? Кога сум го сменила ликот? Кога се разубавила другарка ми? Кога станала попаметна? Кога толку ослабнал татко ми? Кога ѝ испаѓала косата на баба ми? Уште колку хемотерапии ѝ останаа? Уште колку денови? Кога дојде есента? Кога јас почнав да носам јакна? Кога последен пат добро спиев? Кога последен пат уживав во тоа што го јадев? Кога последен пат седев без да се чувствувам како на клинци? Дали јас пораснав? А.... кога??????????
Животов со него? Есен е. Шаренолик. Црвен како неговите рани. Жолт како мојот гнев зошто тој е ранет, а животот не е фер. Зелен како умовиве што ги имаме. А може и црвен како љубовта. Го знам... кога тивко преоѓа во тага, јас преоѓам во еуфорија. Ама мирувам. Тивко стануваме... отвараме прозорци, си подаваме кафе и молчиме и се смешкаме. Доаѓа на гушкање и заклучок дека се ова колку и да е бесмислено, има смисла. Ќе помине, но треба време. Јас викам вечност... зошто ме крши на ситни парчиња само помислата, а он па - доста ма, доста, трагичар, тешко е, ама што се плашиш? И се лути. Сите си одите. Јас одам на два-три дена, нему му е пекол. Некогаш ме нервира, другари, кафанчиња, фудбал... Ми рече татко ми, ќе ми се јавуваш и ќе плачеш по телефон, тато овој пак е во кафана,оди земи го ќе се парчоса. Тато овој пак... Не дека не како голема девојка треба да си ги решиш проблемите, ама неопходноста од супер херој од татко секогаш постои, а и има смисла кога си на 1000 километри од дома. Се деси. Го беше здрмал, почнал да му се плаши како мало дете и го засака како татко... ама ни приближно толку. И сега само повторува - татко ти што ми ги кажа тие две реченици. Дарлинг, татко ми ми кажал 10 тома... 8 испаднале дека немаат врска,но добро. Татко ми има чудна карма, а јас пак сум како подвижна реклама, секаде го нудам мојот татко да е татко. Затоа што е најдобар на свет! Не дека ми е татко, луѓе мои, стварно е херој. 58 години ум, физичка снага и бесконечна добрина. Нема нешто зад кое не застанал. И тамам сум помислила дека ќе го направи сол, тој ќе го извади најнежното од себе. Епа... И така денес... мекнееме, се чудиме, се нишкаме и сакаме. Мирно. Му правам ручек, да му мириса на дом. Ми грее вино за да ми го излечи грлото. Чувството на дом... наш, дом. Се караме, јас се гушам, отварам прозорци и смрзнувам, тој ме покрива со цело ќебе.Во познат ритам чекориме. И ало луѓе, имам пак маслени бои, платно, старите четки, старата љубов. Моите ми ги испорачаа... Он ми рече ќе сонува, а јас да сликам (ако најдам време...). Абе ќе си пукнам од исполнетост!!! Јас знам дека ќе добијам крила и не е за мене се ова... мене сега ми треба ова, него сега му треба ова... Некаде да се вратиме. Со таа црната дамка во целата слика, е прекрасно. На крајот се смееме гласно, се сакаме страсно (ова за да има рима хахаха), се караме тивко... ама воопшто вака не ни замислував дека ова може да сме ние.
Ми тρеба едно јаκо ρамо на κое ќе се потпρам и исплачам, ми тρеба неκој да ме ислуша без да пρашува ништо. Ми тρеба силна пρегρатκа, неκој κој ќе ми κаже деκа се ќе биде во ρед. Ми тρеба плланина за вρиштење, стаκлени чинии за κρшење, боκсеρсκа вρеќа за да го извадам сиот бес, сета лутина, тага, огоρченост! Ми тρеба надеж и веρба деκа се ќе помине, ми тρеба сила за да ја издρжам болκата!