Баш тогаш кога мислиш дека си успеал да пуштиш нешто да остане во блиското минато сосема неочекувано ќе исплива повторно на површина. Испаѓа дека само било залажување на сопствениот ум.Се трудиш да ги потиснеш емоциите и се' што е поврзано со таа работа,се мачиш,за на крај од нигде никаде повторно да се појават и тогаш пак хаос настанува во главата. Одново една по друга се вртат сцени во главата. Како може една најмала,банална работа да те потсети на нешто кое траело не многу долго време,но сепак било нешто кое и за тој краток период оставило трага...Чудо едно. На нас останува да преземеме контрола врз кормилото,или ќе се предадеме и ќе тонеме во океанот или ќе се трудиме колку што можеме повеќе да се бориме против бурата и цврсто да стоиме исправени ,без да дозволиме брановите да не повлечат во длабочините. Но,таков е животот,полн со изненадувања, во најнеочекуван момент. Ајде да видиме што е следно.
На крајот од денот ги бројам ете бакнежите и колку пати се насмеав од срце. Вчера бев кај него. Мајка му и татко му не беа тука. Не прашував каде се... Мајка му спремила пита со спанаќ. Додека јадевме од вкусната пита се сетив само колку пати сум сакала да се откажам, колку пати сакав да раскинам и дa oставам се. После вечерата пијавме вино и после тоа се гушкавме во неговиот кревет. Нема поубаво нешто од будење од будење покрај него.
Понекогаш некои луѓе ќе ти речат дека им недостигаш, дека не можат брз тебе... Понекогаш некои луѓе ќе ти речат дека ја имаш нивната поддршка и дека нема да те остават паднат... Понекогаш некои луѓе ќе ти речат дека те сакаат и никогаш нема да те напуштат... Но, имај на ум дека луѓето понекогаш лажат...
Денес на мојата крофна т.е помалечка дадичка и правевме крштевка Нека ми ти е среќно и вечно името, крофно моја најубаа Многу ми беше интересно, кога почна да гуга, додека ја бањаа, Толку е малечко, а толку слатко и нежно ангелче Те сака твојата поголема дада, крофно моја
Whole lotta love! Песнава ќе ме узбуџуе и 70 години кога ќе имам. И Кашмир. Децата ќе си ги заспивам со нив, јеа.
Не можам да ги разберам луѓето кои се надразнуваат до бескрај кога ќе употребиш малку сарказам. Особено кога ќе ми текне колку работи имам проголтано од нивна страна. Одма следуваат лекции како да ја намалам мојата бесчувствителност. Залудни се обидите да се засрамам заради смисла за хумор. Ако не се согласувате со дел од нечиј карактер, не се дружете со него. Едноставно е
Друштво, здраво. Би ве замолил за малку внимание. Барам еден релативно нов член на форумов @paloma111 . Пријателка ми е, но не знам дали ја заборавила лозинката или нешто друго е проблемот но веќе 8 дена таа исчезна од форумот а претходно не оставаше ни еден ден да помине без да се вклучи или да ми пише. Последно што ми кажа е дека замина на службен пат на два дена и од тогаш ја снема... Ме загрижи, навистина а за жал не разменивме друг контакт со неа освен форумов. Доколку некој ја познава или има друг контакт со неа би го замолил само да и ја пренесе поракава и оваа емаил адреса каде би можела да ме контактира. ghostmk1990@gmail.com Ви благодарам однапред на сите
Што ви се дешава бе, што ко удрени се лигавите на шуплив, али од километар неискрен комплимент, ама критика за ваше добро ја сметате ко човек лошо да ви мисли? Дигај бе нос. Дигај дури не ти го скршил некој. Најблискиве другар(к)и кога ќе ме треснат со реалноста, ме потсетуваат дека сум само човек. Тоа се луѓе што не се плашат отворено да си ги кажат и своите најгадни, црни мисли, најниски страсти...оние кои секој ги имал бар еднаш, ама глумел Богородица за да не го осудуваат истите ко него што продаваат морал и магла. Битно вие тешете се дека сте најубави, најфини, најкреативни... Тетин ми убаво вика за таквите: Тоа е исто ко мене некој да ми рече шо убава, густа коса имам и да се стопам целиот, а јас ќелав ко кугла за гатање. Бидете си свесни за фалинките. Не исчезнуваат ако ги игнорирате и прикривате со лечење комплекси. И ве молам, ве молам не правете деца ако не сте спремни да ги одгледате/издржувате. Како бе на едвај 20, едвај со средно, без работа (или план да се бара истата) и материјални средства, се сметате спремни за брак и родителство? Ќе живееле со нивните, нивните ќе давале пари. А вие ќе си ги ладите. Битно земени, оплодени, животната цел постигната, нали...па вашите нека тргаат гајле за детето дури вие летате со мозокот да сте си ја преживееле младоста. Преку тасета од тој глуп муабет деновиве. Јас да земам да ти го одгледувам малото, ако не? Сами сте си криви. Фрустрациите изнесувајте си ги пред огледало, на себе. Јебале вас филмови со кои си го перете мозокот пилешки.
Aпропо на муабетите од викендот. Околу мене фрчат врски (читај не-врски) , се нишаат се до распаднување. Со морбидни укривувања за времето, кое било "криво" за нивниот раскид, или постојано укривување на другиот и слично . Како и да е , околу мене се што беше во врска се распадна, нормално оти така требало . Ај што и после муабетиве, долги , со часови ...не сакате да прифатите дека кога некој си оди од вашиот живот е најголемата и најмоќната работа што ви се случила (посебно па и ако другиот ако одлучил), тоа ќе го сфатите ли ако вака гледаме на работите :"Ако некој одлучил да ве напушти, пуштете го ,чисто да видите дали ве заболе курац за него ". (со длабоко извинење на изразов , ама не знам како да доловам точно.)
НЕ! Баш е убаво да се има пари, со кои ќе си приуштиме ствари . Парите даваат слобода,а со тоа и убаво чувство.
Зошто да се задоволам со она малку што го имам и да се предадам на "судбината" и на зборовите "има и полошо", да се затворам во една соба и да чмаам како утка кога имам шанса да одам напред и да се борам со засукани ракави и троа пот на челото за нешто многу повеќе од стандартното и нормалното. Сакам бе, сакам да си пружам на душава се што ми сака,да уживам во животот, да шетам насекаде низ светов и да пијам корона, аперол, виски, да јадам пасти, кавиари и пршута. Да си купам се што ми лежи на душа и слично. Е не, ќе легнам и ќе туфкам, непроценлив е моментот кога после макотрпна работа од 12 часа ќе ја избришам потта од челото, ќе ја соблечам обичната маица и ќе се тутнам нанекаде накај Лондона, Париза, Барселона, Виена..зошто да не!
Сестра - во еден момент сакаш да ја треснеш од земја, а во друг плачеш што не си ја видела цел ден. Ни со неа, ни без неа. Е ајде сега?