Некогаш живеам...а некогаш само преживувам. И преживувам одново се што сум преживеала и доживеала во овој живот. Па си го топлам срцево на пареа од спомени. Оние убави..на кои сите сакаме да се потсетуваме. Деновите мирни. Како мачји шепи тивки... Ама има ноќи... претешки за само еден грб со две рамења... Го сакам оној нирвана момент токму пред да заспиеш...тогаш се е рамно..и ништо не може да те повреди. Во тие малкукца секунди срцето, мозокот и телото се на иста бранова должина. Среќен мал вакум. Патем.. борбата со сопствените демони никогаш не ми била потешка. Утеха барам во мирисот на трендафилите на баба... а некогаш мирисам вештачки цвеќиња...замислувајќи кринови. И некогаш се помирувам... а некогаш само ми се вреска. Ми се вреска од тага, од болка.... ми се вреска за секоја лузна исцртана на душава со невидлив молив. Ми се вреска за секоја секоја среќа што ми одзела здив на неколку секунди. Ми се вреска за секоја солза радосница после секоја издвојувана борба. Ми се вреска што се победив себе си секогаш кога животот ме турнал на колена. Ми се вреска за мојата цврстина, а најмногу ми се вреска што не сум сигурна до кога ќе можам вака... Не можеш да се заштитуваш од таги. Секој од нас го носи на себе тоа копче кое се активира одвреме навреме. Некогаш ни го активираат други.. а понекогаш ние самите. Од себе си не можеме да избегаме, ама затоа секој друг кој е заслужен за активирањето на тоа копче треба да го почувствува нашето отсуство.
До сите трудници и сите други, да сте живи и здрави. Денеска е света Петка, помолете се за здравје, среќа и љубов. За многу години празникот. Амин
Сношти појдов, мила мамо, со другар на седенка во кафиќ, и некој ме фати, мамо, за раце и рече: - Ги гледаш ли слаткиве рипчиња од спротива? Ајде да им влеземе и да се претставиме? После една минута буквално: Тој држ - јас држ, тој трга - јас тргам, тој трга - јас тргам, тој натамо - јас навамо, Додека се натераме, мамо, рибчињата си отидоа сами! Анадер шит најт
И по "договор со ѓаволот", отиде вечерта во пропаст, па и животот. Како во книгата според твојот ник. Епа што очекуваше?
Очекував да ја запознам мојата Сибил, но го запознав повторно мојот страв од ризик Дури рибчето ми се насмеа, но си реков како самоутеха: - Насмевката е само уште еден ефтин начин да си го поправи надворешниот изглед.
Уште една бессона ноќ. Толку многу љубовни насмевки и погледи кои едвај чекаат да се испреплетат. Абе милина ми е во душава. Не ми се верува дека постои некој како него. Уште помалку дека го запознав. А, па ич не ми се верува дека дојде во точен момент да ми ја разубави душата, да ми го омекне срцето. Толку е мил и нежен. И мислев дека ми се причинува, дека сета таа страст не е вистинска. Не е дека не давам сѐ од себе да го привлечам и шармирам уште повеќе. Ооо да, ќе се борам за него, и како лавица ќе се трудам ама да биде мој. Затоа што е лесно да се заљубам во него, затоа што чувствувам таква моќ кога ме држи во своите раце како никогаш досега. Затоа што е упорен и истраен. Затоа што знае и умее како да ме насмее и да ме освои. Знае да ми даде вистински комплимент баш онака неочекувано и слатко, а притоа да ме натера да посакам да го изедам од љубов. Еј, умее како да се однесува со девојка, џентлмен е. А, и згоден е. Дури и премногу па цела сум во неверување и чудење. Сакам да ја почувствувам неговата љубов, сакам да ме опие со неа. Сакам да биде оној со кого ќе ја играм секоја бачата до крајот на мојот живот. Држ'те ми среќа да ми е суден. Останатите делови од сложувалката лесно ќе се вклопат.
Среќна сум. Убаво рекле после дожд доаѓа сонце. После долго време,мислам дека вечерва мирно ќе спијам. Кога нешто силно посакуваш да се среди ќе се среди. mantra of the day. Чувајте си ги пријателите.и вложувајте во вистинските пријателства. Убаво е чувството кога 10 години истите луѓе седат на истата маса.
Едно од најубавите кафиња се - сабајлечкото на работа Колку и да си ја мразам работата во 16h, во 8h си ја сакам Добро утро радни народе... кај и да е, второ ќе пијам
Се се враќа во животот. Можеби не лично тебе и во моментов....страшно е што се одразува на твоето поколение. Затоа, биди си човек.
Јао срце, колку си битна што дури и инстаграмот ти е приватен? Јаооо срцка, а ова сликиве со колешкиве искоченки, лудичко што се забавувате како студентки, баш е за на инстаграм. Има античка лепота во целиот концепт на фотографијава, ако ме разбираш. Што ви е бе ало? Треба да се мажите се однесувате како шипарици. (хехенце, муабетов ми е од баба ми) Многу ми се слатки девојки со напукани години поише до 30 него ли до 20 кога од еднаш ќе откријат социјален живот. Абе им се гледа сјајот во оченцата и насмевчињата - лиле имам другарки конечно, видете ме, хихихихихихи, ова ќе оди на инстаграм сите да видат дека сепак сум социјално прифатлива. Јас со другарките поретко искачам... ама мавам пиво и вино по дома и развиваме алкохолизам... Овие уште се лигават со сечена водка во станица. Октомври и вторник. Престанав да ги пијам антибиотиците зошто ме правеа пасивна и летаргична. И одма носот ми се затна, грло почна да ме боли. Јебала ме алергија. Се зарачам со солукс ламба, а он ме вика коковче, јер под сијалица... Сањам пустини... да фатам џадето од тука. Нешто ми е горчливо, а што... ќе покаже времето. Туку доле до зграда имаме продавница за автомобилски гуми. И работи една напукана и стегната со штикла 20ка, комплетна шминка и фризура, секој ден. Мајке ми сакам да ја прашам едно сабајле, добро госпоѓо, жено, богињо толку ли си ја сакаш работата и како наоѓаш мотивација да го правиш се ова секој ден? Човече заслужува покачување на плата само ради изгледот. Мислиш работи во бордел и нејзината улога е да задоволува офис фантазии... а продава гуми. Е тоа ти е маркетинг, да ставиш прав човек за продажба, таргет група - претежно мажи. Оди па одмини ја госпожава. Онаму некој запотен, оваму секс бомба, а за исти пари, епа ај да те видам одолевај. И плус благодарение на двосмисленоста на јазиков, он оди да купува гуми, ама све е метафора. Сите задоволни.