Сонценце , убаво топло кафенце , љубов и добро расположение. Денов е прекрасен, сонцево искористено максимално, обврските средени и уште по нешто да се подзаврши, се таман! Сакам да кажам дека многу ми е мерачки да си го пијам пладневното(попладневното) кафенце во мојата омилена шоља, на тераса, со сонце, со се! После дождот доаѓа сонце, нели? Во животот, во околината, срцето... Сакам да кажам, впрочем како и многупати многу што кажале, СЕ НЕРВИРАМ и вриштам од членови тролови, спамирачи и пишувачи само поради лајкови! Аман бе луѓе, претеравте!
Дефинитивно. И многу мразам кога ми викаат дека етикетирам според стилот. Па нели стилот е начин на живот?
Спојлер: Искрена исповед ако мислиш да осудуваш не читај!Добредојден совет и критика можеш да кажеш Во текот на сиве овие години не почувствував љубов но научив што не е љубов! Не е љубов ако некој ве повредува, понижува, и изневерува! Не е љубов ако некој гледа да го уништи она добро што го носиш во себе и со намера предизвикува да се чувствуваш лошо, да се сомневаш во себе, да не успеееш во она што си го поставил како цел! Не е љубов ако намерно те повредува за да го изгубиш разумот! Не е љубов ако шири секакви невистини откако ќе застанеш на нозе и храбро продолжиш после болно раскинување! Не е љубов ако легне твоја колешка, пријтелка, билокоја што е во кругот на твоја близина колку да те повреди и да ужива поради тоа што ти страдаш! Не е љубов ако ти кажува погрдни зборови во лице и позад грб! Не е љубов ниту ако те удира, малтретира! Не е љубов ако намерно те оттргнува од сите и ги тера да ти свртат грб! И сега знам многу од вас ќе речат за се сама сум крива што сум си дозволила но кој знаел што ѓавол се криел во нив! Секогаш бирав со глава мислев дека нема да го доживеам сето воа што напишав ама се случи.... И сама себе си се обвинувам зошто сум трпела, зошто и после тоа сум била добра, сум се трудела да ја заслужам нивната љубов и почит. И знам има поголеми трагедии на светот од моиве глупости но мене овие работи ми ја уништија младоста, ми останаа само длабоки рани и болни спомени толку што ен сум во можност да согледам дали некогаш нешто било и се случило убаво или убавите работи кои сум ги гледала некогаш биле само плод на мојата фантазија!
СДК ... Се' она што не окружува како природни појави, природно богатство ... Сонцето, Месецот, водата, ветерот, дождот, вегетација и сл. ненаметливо ни носи смирувачка енергија. Од таму и најмногу треба да го примаме мирот.
Nemojte be luge da se slikate po toaletite,tie imaat poinakva namena. Edno vreme gi slikavme onie mesta sto ni se dopagaat,a sega ona sto go gledame vo ogledalo.Izgleda samo toa ni se dopaga.
Ti blagodaram. Da ti se vrati duplo srekja. Sdk, na nekoj na krajot od denot mu treba samo pregratka, na nekoj mu treba chasha crveno vino, na nekoj muabet, mene mi trebaat samo nekolku bachati so nego.
Не знам само колку страни сум оставила страни непрочитани... но ќе се вратам и ќе ги прочитам кога ќе имам слободно време. Не дека немам сега слободно време ама се “замарам“ со моите проблеми. Си ветив дека нема да отварам ништо и ќе почнам да учам за колоквиум. Ама не, еве низ сите сајтови извртев и тоа што не ме интересираше видов, а за книга абер да се немало. Нека поминат овие две недели, па после пак да си го пуштам мозокот на пасење. Тогаш ветувам ќе исчитам тука се во СДК, а да видов и нови теми од која една ми фати око „Астрономија“, обожавам тоа, па едвај чекам да заврши колуквиумот да се расчитам, па се надевам дека ќе ви се приклучам во таа тема. АКО ЈА СТАВИВ СЛИКАВА ВАКА ДА ЗНААТЕ ДЕКА УЧАМ! Доста замарам
Има песни, места, парфеми што и после толку време ги одбегнувам. Како времеплов, ме носат во едно друго време, да бидам една друга јас.
Сте се нашле ли некогаш во ситуација кога го правите тоа што не го сакате, зборувате тоа што не го мислите, во врска сте со некој што не го сакате, јадете тоа што порано сте мразеле? Што не доведува до ваквите ситуации? Дали човекот сам по себеси си избира да излезе од границите, да направи нешто друго, да промени нешто, или само несакајки? Ок, филозофки мисли. Еве јас сум во таа ситуација, морам да учам нешто што не сакам. А што ме довело да таа ситуација? Па секако, лошата оценка која мора да се поправи. Крај, одам.
Денес мајка ми ми подарила другар за цел живот, го родила брат ми.На убав празник, на убав ден. За мене некои врски се непрекинливи, а меѓу нив е онаа меѓу браќа и сестри, јас животот би си го дала за него.Дел од душата ми е.Нека ни е жив и здрав и нека го чува Св.Петка. Друго сакам да кажам, верувам во судбина и верувам дека живот може да ти се промени во секунда, а мојов како да заглавил на пред некој судбински мост и никако да премине на другата страна. Имам толку многу емоции во мене, впивам секаква енергија, се грижам за се, се грижам за сите, се радувам со сите и од толку емоции срцето ќе ми пукне.А не сакам...сакам да одморам од се и да бидам себична, да гледам еднаш барем за себе, за свој ќеф.
Сакам да кажам дека само макар еден единствен кажан збор може да ти заврти толку жежок шамар што нема да можеш да се опоравиш долго време. Колкава моќност поседуваат зборовите тоа го дознаваме секојдневно се повеќе и повеќе. Убави сни и не заборавајте дека никогаш ама баш никогаш не треба се да си ставате при срце!
Не може сексот сам по себе да излече тоа што прегратката може. Без љубов тоа и онака не е можно. Ја би за едно 3 in 1. Љубов -Прегратка-Секс. Го има во сите супермаркети,па и наоколу. Во свемирот е.
СДК ... OH my God!! Дури сега ги склопив коцкичките и сфатив конечно, ма секој до еден ја имал варијантата на љубов, само јас не сум дала можности како што се очекувало. Емоциите секогаш биле, само стравот ги блокирал ... Значи сега веќе сигурноста ми е тука.