Протестирам! Па добро бе, мајку му стара(!), која е таа привилегија што Еленнаа ја има, а јас не,та да може повеќе од 10...20...30 смајлиња да има во текст,а? :geek: пс.трикот..ако може. Гледам,времето е убаво деновиве па, чекам да ми запролети и одвнатре.
Викенд кај баба во село .... совршено сонце, зеленило , треба, дрвјата се расцутуваат , ладна вода, и се е прекрасно
Чувството кога ќе ти купат СЛАДОЛЕД на поклон Па и долго очекуван!!! Неописливо и непроценливо!!!!! М....мммм....ммм.... Само се надевам,нема да има потреба утре да бидам цел ден на чаеви,зашто вечерва со ова немам осет Бујрум,феминки!
Животот е убав за тие што знаат да го живеат и да уживаат во сите мали задоволства што животот го прават уште поубав за живеење,инаку јас сум среќен човек.
Понекогаш ќе сфатиш колку некој ти значи по трагата што ти ја оставаат неговите зборови. Кога не можеш да останеш рамнодушен, те болат и мислиш на нив, а сепак ја преиспитуваш ситуацијата, наоѓаш оправдување за таа личност, за кажаната навреда. Често се случува да ми се покаже како најголема мана тоа што не знам да држам лутина и што лесно прифаќам извинување и простувам, дури и кога некој не заслужува...
Маж ми решил да засади мали борчиња во дворот.Жената која му ги продала му кажала прво да ги боцне во компир па да ги засади за да имаат влага.Ова се случи пред 2 недели. Е сега имаме подникнати компири а од борчињата ни трага. Барем ќе имаме млади компирчиња
Јас никогаш не сум сакала да се истакнувам многу или да се експонирам. Доволна ми е и една другарка која знам дека никогаш нема да ми го сврти грбот, секогаш е искрена со мене и за која со сигурност можам да ја наречам втора сестра. Оттсекогаш сум мразела мамини и татини мази кои патат да се во центар на внимание. Смеење со сила, бламирање пред сите за мене е дно дна. Целосно менување на карактер само за поголемо друштво или повеќе дечковци никогаш не ми биле и нема да ми бидат главен приоритет во животот.
Сакам кога секоја Недела ја поминувам со семејството кога сум во Скопје. Под семејство подразбирам тетка ми, тетин ми, братучеда ми и брат ми. Брат ми секогаш и вика на тетка ми дека готви како за цела војска, таа се смее, па се вклучуваме останатите и така си муабетиме и ручаме. Денес го прогласивме бисерот за 2013 година. Сега ќе ви го раскажам. Минатата година за Велигден, на ручек, тетка ми раскажуваше како има некој другар кој секогаш, уште како мали без разлика за што и да е и излегува во пресрет. Рече дека се гледаат со него, од време на време. Сестра ми која тогаш беше петто одделение само ја погледна загрижено и праша дали знае тетин ми. Мислам дека тетин ми во меѓувреме пушеше цигара во дворот. Останатите запрепастено се погледнавме и почнавме хистерично да се смееме. Убав ден, во секој случај
Тука сум, после долго долго време Уморна многу, колоквиумска е кај нас, книга не ми се отвора ако ги положам сите овие колоквиуми со најниски поени ич нема да ми биди мака, само да ги положам. Друго ништо не барам. Денес за првпат во моите 20 години го видов вујко ми од Америка, првпат си иди и баш ми е ќеф шо го запознав и шо имаше прилика да си дојди. Мајка ми не можеше да се соземи жената, во секакво издание ја имам видено,ама баш и го очекував ова, да се пукни од плачење. Не можев да не се расплачам ко се гушнаја, и си помислив ако некогаш брат ми замини странство и да не си дојди толку време, ќе одам и ќе го претепам, јас сега уште ко ќе сум на факс ми фали а не па да е странство. Се зафркавам, ако му е таква среќата да замини од тука слободно ќе го подржам, ама поарно да е тука отколку далеку, како велат Брат за брат сирење за пари, и така е стварно. Јас ќе се спремам за колоквиуми феминки овие две недели, ќе ме нема овде, ви ветувам дека ќе ме читате редовно од Април натаму. Имајте убави денови, љубете се не се карајте и сакајте си ги браќата и сестрите, едни се на светот Љубим вас.
Немам проживеано многу во животот, неискусна сум, само што почнувам да го учам животот. Дете сум, лесно може некој да ме излаже, но од тоа што го читам по весниците и по интернет и слушам на вестите животот знае да биде доста тежок. Животот е и доста непредвидлив, не е розов, секој гледа да те искористи максимално. Најбитно е и покрај сите тешкотии да останеш на нозе, од секој проблем да излезеш како победник. За мене сега најтешкото нешто е да добијам 5ка или да го издржам месецот во кој што се ставаат оценки, а полека почнувам да сфаќам дека тоа не е ништо во споредба со тоа што допрва ме чека. На 5 години најголемото разочарување ми беше доколку мојата омилена играчка се скрши или ја изгубам, а сега на 12 ипол години најголемото разочарување е и покрај мојот труд да добијам послаба оценка од тоа што сум го заслужила, за 4-5 години најголемо разочарување ќе ми е кога првиот дечко ќе ми раскине, па за 10 години кога нема да ме примат на работа и покрај моите способности, а понатаму се поголеми и поголеми ќе бидат разочарувањата. Секој период во животот има своја тежина. Овие години се можеби и најкритичните, бидејќи се сметаш за возрасен, а всушност си едно недораснато, зелено дете во мозокот и несвесно можеш да западнеш во нешто лошо. Дрога, проституција и не знам што се мал дел од лошите работи кои што можат за кратко време да ти го уништат животот. И полека сфаќам дека од тоа што јас се жалам е ништо во споредба со тоа што ме чека, ама најбитното е од се да излезеш како победник со гордо крената глава. Добра ноќ...
Се видовме. Имаше некоја вештачка насмевка. Насетив нешто. Влеговме во колата, мирисаше на многу алкохол. Ме однесе до автобуска. Возеше лудо. Никогаш не бил таков. Се исплашив. Прв пат го гледам во таква состојба. Не сакаше да ми каже што се случило. Покрај тоа што се исплашив, почнав да го напнувам да ми каже што е проблемот. Таков е, не сака да ме нервира. Ја собира тагата во себе. Човек што не пие, денеска најде утеха во алкохолот. Стасавме... Се уште бевме во колата, додека да дојде автобусот. Мојот најмил започна да плачи. Срцево ме стегна. Го разочараа. Му се случи нешто кое не го посакувавме. Знаете какво е чувството кога немаш повеќе мотивација? За ништо не е виновен тој, но самиот се обвинува. Можам само да го ислушам или да го смирам на некој начин, но никако поинаку да му помогнам. Жал ми е што убавото кратко трае. Жал ми е за него. Се плашам да не падне во депресија. Ми рече дека ќе оди во странство кај роднина. Онака, да најде некој мир во себе. Да ја прочисти душата. Солзите се редеа бидејќи не можев да го гледам тажен. Му реков оди. За прв пат не се ставив на прв план. Обично од мене би следувало прашањето:,, А што со мене''? Ретко се разделуваме, речиси никогаш. Премногу се сакаме, но проблемов нема никаква врска со љубовта наша. Ако му треба мир, нека го добие. Заслужил. Која сум пак јас тука, јас сум онаа што е од се' презадоволена и мака не сум видела. Иако греши. Сепак така тој мисли. Негово право. Дојде автобусот. Се гушнавме силно, најсилно и се разделивме. Веќе ми недостига. Го сакам и се плашам за него. Две срца се тажни, скршени вечерва, моето и неговото.
Сакам да пишувам. Многу сакам. Ама не сакам да ми го читаат тоа што го пишувам. Отсекогаш ми било непријатно кога требало да читам состав во школо, а баш така се осеќам кога читам нешто мое. Голо. Пред толпа народ. Не сакам да се отварам, ама пак затоа сакам кога ќе напишам посвета на книга на некој или честитка, да ми каже дека ми го цени текстот, а не да се однесува како да сум го препишала од некаде. Ти ја отворам вратата кон мојот свет! Сакам фала, а богами сакам и пофалба!
Да сакаш повторно,да се вратиш некаде од каде што еднаш си заминала. Да се лажеш себе си е опасна игра на умот во која победник никогаш нема да бидеш ти,се убедуваш себе си а потоа другите ,тогаш заокружуваш лага.Темен круг кој го носиш како товар.Лебди над тебе. Тајни. Ми продираат низ кожата,некаде одамна оставени траги. Надвор е облечно,ноќите се студени.Не знам која е бојата на ноќта. Мрак. И го опипувам пулсот на ноќта а таа бдее над мене. Понекогаш,ти велам, затвори ги очите зад трепиките нацртај свет. Ретко. Кога ќе ти се срушат соништата. Љубовта не секогаш го наоѓа својот пат,ако ме прашуваш мене знам дека е во окови. Заробена. Понекогаш му се препуштам на ветрот,купувам магла,и оставам да трае таа магија.
Посакувам да имав сега 17/18 години.... Да можам да го вратам времето назад, да си ги поправам некои грешки од моето минато, иако знам дека тоа не е возможно но бидејќи сеуште трпам последици очајно посакувам Да ја почувствувам повторно онаа тиин среќа, да ја имам повторно онаа невина насмевка, искрена. Да не бидам толку наивна и да им верувам на луѓето во истата Да знам дека најдобриот другар може да ти зарие нож во грбот, крвнички а ти си давал се, си правел се за некого .... Глупавата Јас...... Ех да го имав овој мозок тогаш ..... Немаше да очајувам сеуште, и после некој ќе ми рече: ,,Биди добар- со добро ќе ти се врати,, Како да верувам во тоа?? Како кога оние кои ми нанесоа зло сега се среќни имаат се што јас сакав, а немам, како сето она за кое јас сонував некој ми го живее сега во реалност??? и да бидам добра???? Ма никад више!!!! Заврши таа приказна. Не барам ништо Животе од тебе, иако беше многу лош кон мене, ми одзеде премногу драги луѓе кои ако беа сеуште помеѓу живите јас ќе бев неранлива. Не барам многу, скромна сум , сакам само да бидам среќна, сакам да сакам, ги сакам оние ситни мали работи во малкуте луѓе кои ми се околу мене, Не сакам да имам се, сакам само да бидам среќна да ми трепери срцево, да ми трепери гласов покрај некој ...... и најбитното Колку помалку луѓе ја знаат мојата среќа , а и вашата, толку подолго ќе ни трае
Мене на 11 години најголемото разочарување ми беше смртта на баба ми. Која ми беше како мајка и секој ден бев со неа, зошто моите беа цел ден на работа. Не е ист животот на сите.
Добро не сакав да го напишам тоа не сакам тажни работи многу, многу на форумов да пишувам инаку јас на 8 ипол години ја загубив, поминаа веќе 4 години тоа е тоа, живот, се раѓаме, живееме и умираме... Не е ист богами.
И јас на осум години го изгубив дедо ми. Ама не бев многу свесна за тоа. Не ми дозволија ни да го видам за последен пат. Ама на 11 години за прв пат видов мртов човек, и беше шок за мене. Тоа беше лош период, на 12 години умре баба ми ( другата) а на 13 тетин ми... Но тоа што не те убива те прави посилен . А за послаба оценка тоа нема везе јас секогаш сум се нервирала ако ми стави послаба оценка хахаа.