Можам со денови да пишувам на темава. Long story short..Имам братучед пубертетлија. Човекот има 16 години и живее со полна пареа. Што сака прави, каде сака оди, ич не го боли за ништо. Ептен во добри односи сме, и си ги имаме оние заебанции. Него, друго ми беше муабетот... Пред неколку недели ми се јавува и ми вика: ,,Имаш некој дома? Идам со Моника плаватa''. Не поминува месец, пак ми се јавува ,,Ej, ако дојдам со Моника црната?'' Јас сета збунета го прашувам aбе се фарбала Моника? И овој - ,,Не, оваа друга е оваа, пази да не ти се испушти'' Ај викам океј, у реду. И баш пред некој ден баш стоиме на тераса димиме, му чачкам у мобилен, случајно наидувам на фотографии и гледам една згодна бринета па на шега му велам - брат и оваа да не се вика Моника, хе хе? И овој баш како у оној вицон - ,,Да бе како знаеше''? Па добро бе му викам, бива ли секоја женска што ќе ја фатиш да има исто име, шо е финтата? - ,,Па знаеш, да не ги утнам ми е''. Добра финта брачед, добра.
Среќна сум оти најдов балас меѓу другарките, дечко ми и фамилијата. Малце ме чуди дечко ми. На почетокот се давав од себе.Да го импресионирам, да го заведам.Кога почнавме да бидиме поинтимни разбрав дека сака црвен долен веш, па и така го изненадував.Мислев искрено дека не приметуваше(ама не знам ).Сега ситуацијата е поинаква.. Вчера вечер пазарел.Јас имав покането другарки и игравме карти.И ми се јави и ме праша дали сум уште со другарките и јас викам па да, играме карти.И ми вика ќе можи на 3 мин да слезиш и јас помислив сум заборавила нешто кај него, некоја шнолка, така нешто.. вади од кесата од веро со рафаело од 150г. Вака го гледам баш изненадено и го прашав само зошто и ми рече ти заслужуваш многу повеќе Одам пак в стан, и кутијата со рафаело ја држев позади...и викам видете какво срце е. И ситее..леле леле... денеска се будам и уклучувам нет.Гледам ставил наша слика на истаграм. Му коментирав, нормално.Срце ми е Навистина малите работи во животот се најважни.
Постојат безброј начини да направиме побрзо да ни помине времето кога ни е здодевно или исчекуваме нешто... но кога само би постоел барем еден начин истото да застане или повторно да се премота на моментите на уживање во посебни места и со посебни личности...
Оние што не си ја вадат шминката, уште и тврдат дека ништо не им е и дека е во ред тоа.... Сега нека биде во ред. Ама ќе ви се покаже тоа на кожата за едно десетина години,сигурна сум.
СДК, што е проблемот со жените на овој форум? Се забарикадирале, поставиле железни и жичани огради на своите профили, ги вклучиле сите аларми, полесно ќе добиеш green card отколку да им влезеш на профилот, а јас дојдов само на форумот со искрени и чесни сексуални намери П.С. Дали пополека почнав да сфаќам зошто поголем дел од мажите денес шетаат куче покрај себе, а не женска?)
Кога толку се грижиш за помалата сестра и ја почитуваш, а она тебе те извисува и ти префрла вина постојано, па малце боли... СДК, форумов не е баш наменет за да бркаш женски... ако си дошол само поради големиот број на женсиот пол на овој форум, си промашил. Нивно право е да се забарикадираат ако сакаат, а лошо од твоја страна што жената ја споредуваш како нешто "за шетање". Ни кучето не е за шетање и покажување, тоа е пријател, а пријател треба да ти биде и жената, а не да ја споредуваш со некаков предмет или освојување. 'Проблемот' со жените е тоа што ти не знаеш како да им пристапиш. Само СДК.
Толку ли сум очаен што ни иронијата не ми ја сфаќате? Девојки, ова беше само заебанција во којашто има пола вистина, лол
СДК дека ми се смачи од овиие колоквиуми веќе, мораше овака да се погодат со твојот роденден мило. Ама се од себе ќе дадам да ти биде сличен на оној од лани...па после ќе расправам со учење
Ако не сум те разбрала... грешки сме, луѓе правиме (ха) Сепак, вака во текст тешко да се пренесе сарказам и иронија. Треба да внимаваш како се искажуваш...
Јас шетам куче од 60кг. со мене, заради мажите кои сакаат да ми го видат профилот. Он: Сакам да кажам дека:
Зборовите што секојдневно ги изговараме се составени само од неколку букви. Чудно е како може нешто толку едноставно некогаш да те вивне до небо,душата да ти ја исполни со среќа,да направи да се чувствуваш како да лебдиш,да ти стане цел свет розов,единствени емоции што ги буди кај тебе да се позитивните...Но,и тој еден збор,може толку да боли,да те пресече,да те погоди во најслабата точка,да направи да се чувствуваш како светот да е хаотично место од кое не можеш да избегаш,не можеш да се скриеш,лавиринт од кој нема излез. Срцето ти се крши како стакло,а гориш од желба за шанса да го вратиш времето назад и да не ја направиш истата грешка. Во едноставните нешта понекогаш се крие голема разорна моќ. Штета што некогаш не сме доволно внимателни,па ненамерно кажуваме нешто што може да ги смени работите во дел од секунда. Интересно е и што можат да бидат двосмислени. Ех,таа игра со зборови... Некој кажува нешто,мисли на нешто сосем друго,а не секогаш сите можат тоа да го сфатат. Choose your words wisely, за жал,не може да се вратат. Откако направив многу грешки поради избрзување,се трудам да сум колку што е можно повнимателна при зборување,доволно ги повредував некои личности. *** Денес за прв пат наидов на овој цитат. Не мора да се спушташ на некое нивно пониско ниво,биди културен и кажи се' во лице на супер фин начин. Просто да ти е мерак да си дипломат.
Дали кучето го носиш на работа или на летување? И, таму има мажи коишто сакаат да ти го видат профилот) И, јас не го носам паричникот со мене, заради жени коишто сакаат да го видат