Месец на промени ми е октомври, баталив работа шо не ме исполнуваше и луѓе што не ме исполнуваа. Со другарите кои и онака не ми биле нешто блиски не сум се видел од први септември. Не ми фалат, последниот пат дури им кажав дека сум у Скопје, ако ме сретнеа низ мојот град ќе беше и смешно и чудно. Истите клише муабети у кои не глеам ништо занимливо ќе ги прават, која е оваа шо ти ѕвони, а оваа шо ти лајкнала? Или да зјапаат од маса на маса у кафич и да коментираат каква била некоја. Ништо не ми се дешава у таков некој измеѓу период сум, не знам шо да кажам. Уствари ме насмеа една членка на форумов, ми рече дека сум изглеал уплашен на слика, а нема везе, ја насмеан И кој да знаел дека имало машки што на кавер на фб си ја ставаат женската у бикини. Убава девојка на кавер ја аднуваш и ти пишува некојси Никола се знаеме ли? Дотолку сум расеан периодов, името да не го прочитам, не памтам и ова да ми се случило.
Премнoгу е реткoст вo денешнo време дa нaјдеш вистински чoвек нa кoј ќе му јa дaдеш привилегијaтa дa биде твoј живoтен сoпaтник. Пoвеќетo oд луѓетo не ни сфaќaaт штo вистински знaчи "вo дoбрo и лoшo дo крaјoт нa живoтoт". Кoрист, кoрист и сaмo кoрист гледaм oкoлу мене... Oд секoј aспект. Сaмo штo сум пoмислилa декa не е вoзмoжнo дa видaм пoвеќе. Тa дaaaм!!! Мoжеле уште пoдoле дa пaднaт луѓевo. Вистински вреднoсти? Љубoв? Искренoст? Пoчит? Штo беше oвa?! Јaс нaвистинa не знaм и сум се зaпрaшaлa мнoгу пaти, сo штo и кaкo сум зaслужилa вaкoв чoвек дo мене? Јaс нaвистинa не сум сoвршенa, aмa oвa штo гo имaм е нaјблиску дo сoвршенствo. Штo се' не сум виделa и слушнaлa, пa зaтoa не мoжaм, a дa не му се зaблaгoдaрaм нa Бoгa илјaдa пaти штo ме блaгoслoвил вaкa. Дaвaј сaмo здрaвје и aпсoлутнo ништo другo не ни требa.
Good morning y'all! Лабаво си станав и си го пијам првото кафенце, нескафе без млеко и со малку шеќер. Вака дозирано ми стана омилено кафе. Редовно сакам да си експериментирам со кафето, ама овој вкус ми е најдобар. Мирисот ми ги разбуди сетилата, и ме освести. Спиев добри три саати, ама и тоа е доволно кога мора да се учи. Испитов го спремам по не знам кој пат. И секогаш го одложував на научено. Не го паѓав, не одев едноставно. На пола пат до факултет лабаво ќе си се откажев. Е дега веќе нема каде. Последна сесија, последен рок. Ќе ми падне тежок товар кога ќе го положам и последниот испит од поланава и ќе ја исчистам. Си давам кураж да истрпам, после полесно ќе ми биде. Немам уште многу 4 се ама треба многу охрабрување. Не е едноставно кога нешто не те влече, кога ти е веќе познато и досадно. А досадата ми е омраза број еден. Ама морам уште малку да издржам. Него, батали испитот, јас ситните часови до вечер ги бројам. Едвај чекам да го видам. Ми ги опседна мислите, зборувам само за него и планови кројам и мислам како да го освојам уште повеќе. Се надевам ќе успеам во својата идеја. Знам дека имам предност. Ама и малку нека ми помогне универзумот. Само малку. Па заслужив еднаш да биде на моја страна. Овој период на исчекување и недоумици како и дали ќе биде ми е најтежок. Има фидбек, има хемија и физика, и страст и искри и многу танцување. Ама сакам бар да знам дали имаме и нешто повеќе. Не сакам да го испуштам. Ќе ми биде премногу криво ако не не понесе оваа страст и не донесе нешто повеќе од понекоја заедничка бачата.
СДК...помина оба време - ако ти удри шамар на едниот образ сврти му го и другиот... Сега важи: ако те погледне на криво опни му бокс.
СДК дека од 1-ви ноември ми почнува нов живот. Се вселуваме со дечко ми под кирија. Конечно. Мислам дека ја засакувам есента (па и зимата) иако сум пролетно дете Убав ден на сите.
Смислата на животот е меѓу другото и големата борба на Патот кој ни е зацртан да го изодиме. На тој пат послан со трње не е можно да не се боцнеш – да ја почувствуваш болката, да не застанеш и си дадеш поддршка и мотивација дека после тоа следува и нешто убаво, нешто што ќе те направи среќен и ќе ти даде нова енергија, сила и храброст за нови доживувања.
Бидете човек без оглед на се! Никогаш не дозволувајте успехот да ви го зароби умот, ниту неуспехот да ви се вовлече во срцето..
не можам да разберам и не можам да сватам, абе 21 век сме мајкуму стара како може да си дозволи да смрди еј жена госпоѓа да ја наречам влегува во канцеларија смрди луѓе смрди мисе страшно како ке се издржи со таква особа цела зима во затвореена мала канцеларија страшно се се ама жена да смрди тоа не можам да си го сватамке збеснам
Сликана погоре ме потсети како 80% само се жалат дека за нив никој нема... Па, луѓе бе...може и вие не сте биле таму за некого, а му требала поддршка. Не секој трча од човек на човек за да каже дека му треба помош или совет. Оние на кои највеќе им требало и на кои им било најтешко, од очи им се читало, а претежно не се ни осудиле да кажат. Останатиов народ некако кука само за работи кои тие си ги умислиле за огромни и без решение. Ко они да се центарот на светот и нивниот проблем треба да прерасне во сечиј проблем. Ко да сакаат друг да им го реши. Ѝ раскинал дечкото...па, на сите ни било тешко тогаш де. Може да ве утеши човек, да ве дружи и насмее, ама па не сака секој да му вртите во 3 сабајле пошто ви се плаче. Тој некој од 7 има работа, може деца дома му плачат или чува болна мајка. Може има свои проблеми кои се плаши и воопшто да ги сподели, стравови што се плаши себе да си ги признае, а не па на друг. Или па познаничка на другаркава што останала без работа и на секоја средба само тоа кука. Као, 20 ги имаш и месец и пол само кај што не работиш, а трошиш на големо. И? Ние очекуваш да ти кажеме дека ќе ти најдеме работа, која и самите ја немаме? Или другарот што знае дека се вратила од странство, па само ѝ врти да бара заем, а ваму едно кафе не ја почастил, иако као живее на висока нога. Сите сме бре чуруци некогаш, сите! И нај мразам кога некој се жали како тој/таа е заебан. Плис, и ти не си ненапрашена булка сред Титов Врв, преминете преку тоа его и самосожалување. Не знам, еве, може е до мене што сум толку затворена, ама јас верувам во она дека 90% секој сам си е виновен што се наоѓа увреџен и повреџен од туѓи постапки. Споделувате премногу интимни информации на луѓе што премалку ги познавате. Дали е очајно потребен совет или е повеќе патење по внимание, не знам, ваше си е тоа. Ама добро е да сте свесни дека треба да се отворите само на оној што ќе ве праша што не е во ред пошто не се однесувате ко обично. Тој ве чита, другиве се губење време. А, сите сме помалку или повеќе ѓубриња и/или брзи на јазик, а се вреѓаме смртно ако ни се врати пола доза од тоа. Епа Маро, епа чорба. Ај, убав ден и бидете што помалку себични.
Баш на оваа тема размислував утрово. Размислувам колку пати кога ќе се качиме во автобус, ќе отидеме во некоја институција или ќе влеземе во маркет, се разминуваме со луѓе кои непријатно мирисаат. И ги има од сите возрасти. Овде ќе ги изоставам оние најстарите, бидејќи знаеме дека тие живеат со девизата - Бањањето е за во недела (со чест на исклучоците). И свесна сум колку многу пати и сама сум ги критикувала. 21-ви век е, кога има изобилство од средства за хигиена. Но во нашава чудесна земја, во истиот тој 21-ви век стандардот е беден, платите се мали, струјата е изгор скапа, се гледа да се заштеди максимално, а ефтина струја има во најнепотребниот дел од деноноќието: од 22 до 7 часот наутро. Луѓето се по цел ден на работа, времето ладно, водата во бојлерот ќе се излади додека си дојдат дома и после? Не постои оправдување за неодржување на лична хигиена во денешно време, но понекогаш добро е работите да ги погледнеме и од некој друг аспект.
Нема потполна дефиниција која би ја објаснила самата појава на љубовта! Понекогаш и не ти е потребна голема кола, скапа облека на тебе во стил, сликање на секои 2 мин во елитен кафич со "љубовта" до тебе...понекогаш доволно е да си на по обично фармерче, блуза која ја носиш 3 години и неа на точак со насмевка се развозувате наоколу без срам... Нема поголем доказ од тоа дека девојката те сака!!! Убав ви ден
Понекогаш цел ден се измачувам гледајќи видеа со објави за бременост, потоа половина од денот плачам и паѓам во депресија. Постојано се убедувам себеси демонстративно да го исклучам видеото но веднаш потоа се разубедувам од намерите и се изложувам на брутално страдање. Хаштаг моитечуднинавики би одговарал овде.
Колку љубоморни створења постојат на планетава. Гледај си за себе, а не за другите, ако ти е криво шо другите успеале, а не ти, не мора да ги оговараш, да шириш муабети за нив и да им истураш нервоза и да им пренесуваш негативна енергија!
Ебемти и бекутан и све. Од толку бекутан почнав да си ја осеќам сува и пресушена. Осет да се немало со рекламиве.
Зашто ми текна 4 дена пред колоквиум дека треба да учам 4 дена за 4 предмета, ќе биде. Чао луѓенца, ким касно пали
Кина штотуку го поништи правилото/законот за едно дете. После скоро четириесет год. диктатура, со која паровите кои добиваа второ дете беа подложени на огромни парични казни, губење на работната позиција, принуден абортус или стерилизирање, одобрено е добивање второ дете. Потребно е предходно да се обезбеди дозвола за истото, но сепак, мал чекор во долгата патека. Не дека мене ми мења нешто, ама ете, мило ми дојде за оваа одлука .