@crimson I'm soo with you on this one! Едно е тинејџер на кој животот тек му почнува, а друго е едно дрво од 30 години, што му одговорал лежерниот живот и сега ништо не успеал, немал амбиции ниту некој сон. Ни сега ништо не менува, ама на таа тема "животот бил суров кон нив, комшијата бил крив, црквата била крива"...Па јаооо Инаку што ќе речев, ме нервираат тие што ќе ти речат дека ако си купил нешто скапо автоматски си ги фрлил парите. Се знае, евтинкото си е евтинкото, ништо не го менува. Кој што сака нека ми каже, ако е скапо, не е за џабе, а јас квалитетот го ценам пред се. Понекогаш да купиш една скапа работа е подобро, отколку 100 евтини што ќе траат една недела.
Цело време имам идеи за што да напишам овде, а кога ќе ја отворам темава некако сѐ избледува... Што да се праи, ќе се лигавам за симпатијата. Добро вакааааа. Кога зборувам со него, се осеќам како да можам да му зборувам два саати, и да ме разбере што и да кажам. Секако, не се знаеме толку толго за да можам да му се јавам во 12 навечер и да му зборувам за n-ти димензии ради реда, но осеќам како да нема да му смета. Кога ненадејно/неочекувано ќе ми излезе пред очи, стомакот ми се превртува, срцето почнува ептен да ми лупа... Да внесам цитат од Lajanje na zvezde... "– A misliš da lupam? – Lupaš! – To moje srce lupa za tobom, ja ti samo prenosim."
После долго разговарање ме убеди да спијав вчера вечер кај него. Не дека не сакам изненадувања, далеку од сето тоа...ама и тоа чини и плус не ми е пријатно од неговите.А јас сама седам во станот. Ме убеди....вчера појдов, хаха не знам дали ќе ми верувате ама по тренерки Тој ме пречека во убава романтична атмосвера, секаде мирисаше на ванила од свеќите. Се гушкавме, водевме љубов и потоа тој заспа за кратко време...не знам колку време размислував... дали го заслужувам оваа...зошто е толку посебен.Има детали кои ги прескокнувам како на пример дека гледавме филм со мојот омилен актер, дека купил нова постелнина со мојата омилена боја виолетова ( добро има и сиво ) ама сепак...ме изненади... Заспав, утрово наместо со бакнежи да ме разбуди срцето мое ме разбуди со свеж мирис на ружа. Една бела ружа.Ме галеше по образите со неа... Кутриот кизнај колку време чекал да се разбудам. Потоа го бакнував, како благодарам. Одиме во дневната и ми вика леле, зошто го направи оваа.Леле, себична една твојот омилен доручек.Јас така сонлива гледам и не ми се верува палачинки со нутела и плазма. Го изнагушкав, го изнабакнував... Душа моја е. Денеска направив план.Утре ќе ја изненадам мајка му со вазна и цвеќе. А него ќе му купам блузичка..
Денес син ми се врати со првата диплома за освоено прво место во една спортска област. Се расплакав од радост. Па ми текнува...плачев на неговото поаѓање во градинка, на неговиот прв настап на детско фестивалче, плачев кога ја видов неговата насмевка во редот на првачиња кога тргна на училиште, плачам на секое сведителство, на секоја родителска и покрај тоа што мислам дека не се труди доволно сите наставници имаат само пофални зборови за него, плачам на секоја диплома од натпревари, плачам која ја видам неговата насмевка и задоволството во неговите очи од тоа што го постигнал. Сдк, цел живот сакам само од такви причини да плачам.
Пак се разболев,дремам со температура. Одма на помош дојде бабичка и станов го претвори во дом за 10 минути. Ми мириса на манџички за утре,супа за вечерва,печени костени,мандарини и цедени лимончиња,чаеви. Седам замотана во јорганче и сега ќе гледам еден филм Inside out се вика. Вака ми делува емотивен,па можам ред солзи ,ред мрсули да си редам. Еден добар сон вечерва и како нова ќе сум утре. Имајте добра ноќ и чувајте се,за никаде е времево со вируси.
И за оние кои мислат дека пријателите им се на закачалка само кога ќе им бидат потребни и за нив треба да има посебен круг во пеколот. Кога ќе се заљубат исчезнуваат се додека пак немаат некоја корист од вас.
Е следен пат ќе го бакнам, па што сака нека биде. Сум на седмо небо, нема грешка, ама да имаше и бакнеж над облаците ќе летав. Совршен е. И сакам да е мој. Јасно ми е дека само него го мислам и зборам последно време.Замислете на пријателка ми како и е. Ама јас вакво нешто, уф, отсекогаш сум посакувала. Не можам да дочекам понеделник да го видам пак.
Работел некој фризер во некој град во САД. Еден ден кај него дошол некој цвеќар да се потстрижува, кога фризерот го потсрижил, цвеќарот го прашал... ...колку треба да плати. Фризерот му одговорил дека тој работи од хоби и дека не може да му земе пари... Цвеќарот заминал сиот среќен. Утредента кога фризерот дошол на работа на прагот нашол прекрасен букет цвеќе. Другиот ден кај фризерот дошол еден пекар, откако го пострижиле тој прашал колку треба да плати, a фризерот одговорил дека работи од хоби и не сака пари. И пекарот заминал среќен. Утредента фризерот на прагот нашол прекрасна торта. Третиот ден доаѓа во фризерницата еден Македонец, откако го пострижиле и тој прашал колку треба да плати, фризерот повторно одговорил дека работи од хоби и дека не треба да плаќа. Македонецот сиот среќен заминува. Утредента што нашол фризерот пред неговата врата...? Што? Имате ли идеја... Размислувајте како Македонец... Нашол 20 Македонци кои чекале ред за да се пострижат! Можеби е човек за други, но за мене доколку нема основна култура, тој не е човек. Имајте убава ноќ
Како што секоја година се приближува зимата и опаѓаат температурите, така се' почесто се присеќам на фамозниот ни McDonald's. Памтам, McDonald's кај нас се рачунаше за the poor people's choice on weekends. Самите цени и не беа баш за сиромаси, но со оглед на тоа што во Скопје ретко кој излегува со поситно од 500-че во џеб, математиката е јасна. АЛИ ХЕЈ! Имаше едно сценарио во кое истиот тој McDonald's (говорам за тој кај Рекорд од лично искуство) се покажуваше како ненадминлива варијанта. Она сценарио кога барем еден во друштвото (или сите) е жедeн и/или гладен, а во новчаник нема ништо повеќе од едно мизерно пеевЌе. Доцна есен/зима е студена во Скопје, па да се дреме надвор не е опција, додека да се оди дома е прерано. Резултатот? Сите ќе се „испостававме“ во Мек Доналдсот и нарачувавме од буџетниот италијански сунѓер оброк. *напомена - кружат гласини дека сунѓерот всушност бил некој мини бургер со одредени хранливи вредности и озлогласената кисела краставичка (непопуларна кај 97% од женскиот пол) - веродостојноста на овие гласини никогаш не беше потврдена. Ама затоа, за истото тоа пеевЌе си добиваш и од неодоливиот помфрит и секако, сокче! Со други зборови, си добиваш две во едно (океј, три, ќе го рачунам и сунѓер... бургерот, де!) и саат - саат и пол фазла да истепаш време со другар(к)ите, пријател(к)ите и партнер(к)ите на топло. Подобра варијанта од оваа? Ма тешко! Знам, знам, кружеа доста безвезни муабети дека во Мек Доналдс оделе само мали деца - основци - дека храната била нездрава, месото и помфритот не знам какви... Ама ајде, да не се лажеме... сите некогаш сме биле основци и сме им „штрчеле“ на повозрасните, а за здрава храна, пак... да не барам да се пријават оние што живеат на исклучително healthy food база - ака непостоечка база. 3 во 1 за пејсе денари, бе - ни на пазар веќе го нема ова, а не па по сине оние фенци, тренди, квази-кич кафулиња на кеј со напумпани цени и негостопримлив персонал.
Луѓето се како гулаби. Кога се на земја од раце ти јадат....ама штом малку полетаат знаат и да се исерат на тебе.
Ееее драга моја...тоа од вечер го спремаат заедно со гардеробата. Зависи од нивните дневни потреби имаат повеќе лица за менување. Има жална фаца ако му требаш Има исцерена ако сака да остави впечаток дека животот му е ОК, па да си љубоморен. Има покајничка маска исто. ... Само едно не се менува - носат нож позади грб !
Сите станавме луѓе со повеќе лица ПОинаку неможеш да опстанеш Ќе те исфрли средината ако си со едно лице.
@referentka toa e veke diskutabilno.. No, edno e najvazno,maskite da gi menuvame samo za da ne povredime nikogo. Primer, i jas nosam maska,koga sum tazna,koga nekoj me povredil,se smeam pred majka mi,pred onie koi znam deka mojata bolka bi gi povredila,ete tie maski se dozvoleni,ama tie so odat vo kombinacija so "noz" se ekstremno nezgodni...