Ние мажите, генерално животот го разбираме како натпревар. Ниту јас не сум исклучок, дури, не само што не сум исклучок, туку малку повеќе претерувам со таквиот однос понекогаш. Текстот на една песна ме потсети на оние времиња во кои флертовите ми беа секојдневие, запознавањето на личности радост во денот и освојувањето девојки - десерт на убавите денови. Но, по системот на натпревар денес сфаќам дека никогаш, ниту една девојка не сум се обидел да ја освојам бидејќи ми се допаѓала или сум сакал нешто повеќе со неа. Единствената причина е потребата од натпревар, натпревар со останатите мажи, натпревар со себе, дали можам да го направам тоа, дали имам способност и моќ!? Веројатно затоа и девојката која е денес со мене на долги патеки, не ја освојував, туку едноставно влезе и седна во мојот живот на фотелјата во дневна, а не на полицата со трофеи. Во играта на заведувањето, мажите и жените генерално се како две спротиставени војски. Мажите напаѓаат со сè што имаат, девојките се бранат. Некои се лоши генерали, некои се успешни капетани. Фрчат суптилни комплименти, мудри изреки, џентлменски манири исто така. Од другата страна девојките се бранат со одвлекување на вниманието за да се потисне противникот назад од каде што дошол. Најсилното оружје е комбинација од продорен поглед, деколте и остар, фокусиран ум спремен во секое време да одговори прецизно на секоја провокација. Како противодговор на оваа артилерија, мора да се употребат еднакво валкани средства непризнаени од ниту една воена конвенција, истакнување на лични успеси кои ги девалоризираат нејзините, дури и по цена на лажење со што ќе се неутрализира продорниот поглед, по што освоените нови територии може да се поробат, да се врзат со лисици на креветот и противничката да се измачува со сурови коцки мраз по нејзиниото тело и да се потура со страшни течности, како Џек, бејлис или рум. Секоја девојка има праг на кршење на отпорот, но исклучително ретки се оние со ваква комбинација. Секако, оние чиј праг на кршење е неговиот новчаник не ги земам предвид во приказнава, тие не ми се интересни, таму нема никаков натпревар. Оние чиј свет може да се освои со трепкање, зборување и гестикулации... тие се оние во кои лежи забавата. Оној миг во кој каменото лице кое личи како да сака да каже дека ме презира, несвесно ќе провлече насмевка и брзо ќе ја врати назад, тој ми недостига во животните дисциплини. Можеби сум се откажал од играта со светот, па секој ден мојата девојка ја заведувам одново, којзнае, таа знае најдобро. Можеби јас само не забележувам дека сите тие надвор, сум ги заменил со неа. Секој ден одново во освојување на нејзините височини...
Утрово денеска добив повик од баба ми.Скопје дека ќе бидела за сат и пол, ќе се прегледувала на клиника. И станувам, правам доручек Иди баба ми со крофни направени Супер бабичка ми е мојата баба
Она кога се разбудиш среќен без некоја посебна причина, кога не те интересира ништо и никој, кога ќе си го испиеш утринското кафе сам, кога ќе се опуштиш и не мислиш на ништо.Прекрасен е денов за шетање. Имајте убав ден
Denes nesto ne mi se skokat. Eee more, doma sum denes I ke lezam, aa da bev na rabota imase da skokaaam I toa na dve noze xD Ubav vi deeen
Пиеме чајче со (пра) дедо ми и сфаќам колку сум среќна што го имам во животов. Овде нема судир на генерации, само дедо, внука и многу љубов. Имајте убав ден
Како да бидеш стабилен и покрај сите притисоци, сите удари, сите од страна јазици и слично? Го знае некој одговорот? И така некогаш ми доаѓа да си легнам и никогаш повеќе да не станам.
Иронија на животот - најголеми моралисти ти се прават оние кои ни М немаат од моралност и истите се погрешни и од самиот ѓаволОф господе, се надевам постоиш
И доколку имаат ФБ профил задолжително споделување на слики со икони од Богородица, Господ со потресителни пораки за вредноста на животот, добрината... Семе синапово да не се заборави исто така.
Еднаш во брзање бев и ми требаа слушалки, па ги зедов првите при рака. Што да ви кажам, слушањето со нив беше како со антена да фаќаш сигнал на радио. Врти лево, врти десно, па нагоре исправени, па се слушне тук таму тој што пее. Абе што да ви кажам, све ми боје лепо стоје
Споделете да ве прати среќа или ако сакате да имате здравје. Уште Господ да имаше фб профил. Одете во црква бре луѓе.
Сите имаат проблеми. Јас еве на пример имам со комшивката што ми тресе трошки над глава Доналд Трамп има со 25 милиони евра во текот на еден ден.. И мене и него не боли глава.. Е што е разликата сега ???
Директоркава што не сака да си замине од своето работно место по неодговорности нејзини и откако дечиња се затруени, е, такви вештерки дозволуваме да одговараат за нас. Полициски била обезбедувана, пошто мила и кожа. Основна почит да се немало кон самиот себе прво, а потоа кон другите луѓе. Којзнае колку и е целулитен задникот од тоа дремење на фотелја.
да даде Господ бог сите млади дипломати да ги лансираат на Марс или во вселената оти ми е преку глава од нивната горделивост(во почит кон повозрасните, поцит кон староста) а Кинезите да ги доближи до мене-да имам бе брате мили да го вежбам јазикот да не е за џабе патот, и нервите, и мрзнење на ладното(втор степен сум на кинески, нема со кого да прозбореш
Kako to vodis emisija za gotvenje koga ti strav fustanot da ne go izvalkas mirizbata da ne ti se nalepi da ne se zapalis na plinot , svasta
Не е хумано...со години го чекав моментов за сега ноншаланто да ми речат, почекај до понеделник, важно ќе биде.... Абе, се по список да ви.... Плус настинат...
Многу повеќе ми значи она „како си?“ кога некој ќе те праша после неколку часовен разговор, отколку она „како си?“ кога ќе се сретнеме на разминување.
Абе беше океј денов и убав од сабајле и се,ама еве некако ме обзема некое чувство нс тага којзнае зошто.Некако без врска ми е хм..Не сакам да сум опкружена со некои кои само се прават пријатели,па преку таквото,одвратни луѓе, ми се гади веке најискрено. Ама не сакам тука сега да кукам и да ви ширам негативна енергија.Па затоа еве ви едно од мене и ве гушкам.Викенд почнува па нека ви е најубав.