А, јас би денес да останам дома и да готвам цел ден. Ама нема, мора на работа да се оди. Се нервирам кога немам време да си направам нешто по ќеиф. Како би каснала некоја вкусна тортиља... Имајте убав ден, надвор сончево, милина, само за шетање.
Имам куп есеи за пишување и книги за читање. Среќна сум поради тоа, но да останам дома на ова време ми е бљак. Дај кажете некое дрво за потпирање. Иако сколиозна, ќе се задоволам и со просечно. И да, некој да ми позајми чергиче зашто ни сам одавде. Среќна недела, девојки, среќна. Се сеќавате кога ви кажав дека само Лајбах ги чекам? Е, погодете кој ни доаѓа...
Факт е дека Фемина е најинтересна во колоквиумска/испитна сесија. Тоа ти доаѓа како да си на диета а да имаш огромно парче торта пред тебе. Лоша компарација сега и ми се пријаде. Отидов јас да учам/јадам...
Периодов сум многу задоволна од себе и од се околу мене. Ретки се ваквите моменти и затоа се значајни. Сонцево ме мами да излезам и да го искористам денов до максимум ама па и во исто време ми се лежи и ми се гледа Corpse Bride. Една песничка успат Имајте си убав викенд, феминки!
Женава е магија. Исто така, треба да смислам костим за Halloween до 6 вечерва, за да можам тоа да го изведам до 8 и да си фатам автобус. Господе поможи!!! (Симпатијата ме покани оф леле)
СДК, денес добив трофеј дека ме сакаат на Фемина. Впрочем, после многу долго време некој да ми каже дека ме сака, лол)
"Не ти треба кеса", и само една бонбона да сум купила, мое е правото како потрошувач да одлучам дали ми треба или не кеса. Верувам дека има безобразни купувачи, не викам не, ама искрено, понекогаш продавачките превише си дозволуваат кога не треба.
Тешка е оваа домаќинска работа. Мислев денес ќе одморам ама станав порано, одма пружев алишта, миев, пеглав, прво правев доручек за мене и брат ми, после правев ручек за сите....сега малку седам да се одморам па ќе правам генералка в соба кај мене И да, точно така...имам за учење...затоа толку сум вредна Ќе читнам вака набризна малку, не викам не... После кога ќе дојде јајцето на газот, е тогаш ќе правам и ручек и доручек, а богами и вечера Кога ќе ми се собере материјалиште, 6759865 скрипти од по 98764785 страни ќе чистам низ соба со солзи и баш нема да знам крај да најдам, и мислам да си закажам отсега соба по луднициве некаде
Koга некоја личност ќе ви се довери околу нешто што моментално ја мачи... без оглед на нејзината возраст, без разлика на тоа колку ситуацијата од ваша гледна точка ви изгледа смешна споредена со проблемите со кои се соочувате вие или примери на ваши познаници, или пак на крајот на краиштата фактот дали едноставно во моментот сте расположени да сослушате некого - во никој случај не бидете „ааа, тоа е ништо, да видиш понатаму што те чека во животот“ тип на луѓе, кои повеќе како прекор зашто ги замараш со своите баналности отколку како утеха, ќе ви извадат примери со кои ќе ве уверат дека има и полошо. Никој кој ви ја укажал доверба избирајќи ве токму вас како вистинска личност пред која ќе си ја отвори својата душа, не заслужува за возврат од вас да добие потсмев и омаловажување на неговиот проблем.
Најтежок момент во денот ми е наутро кога треба да го подигнам јорганот и да станам. Чиниш со олово е полнет.
Бaјaги Хaлoвин е денес. Мoждa требaше дa купaм некoе тиквенце дa гo изделкaм убaвo пa ќејфски сo свеќичкa унутрa мoже и некoјa романтика ќе пaднеше... a дoдекa сум тукa, имaм дa спoделaм декa јaс се си зaмислувaм декa некaде низ aмериките пaѓaaт опасни хаус пaрти вo мoментoв, a јaс сабајлево дoјдoв дo зaклучoк декa мoрa дa престaнaм дa искaчaм зaшo веќе мнoгу кaфичи ми се нaсoбрaa зa избегнувaње нaкoн стaвaње клучеви пo сaбaјле. Пубертет стрaјкс aген изгледa... . А леле кoгa ќе ми текне нa студентските денoви, кoсa ми се кревa кoлку нездрaвo преживувaв. Дење дремуцкaв, нoќе учев. Мaлтене не ни спиев. Не јaдев, a бoем првoклaсен. Среќa сегa гoре-дoлу се имaм пoпрaвенo. . Спојлер: Збункa ( ви се десилo дa гледaте збoр и упoрнo дa мислите декa е грешнo нaпишaн? Сo дење тaкa се oсеќaм сегa... ) Убaв викенд пипл! Вaшa М,
Мадам да ми се има десено и често се прашувам дали нешто ми фали во мозоков или што? Поздрав до тебе. Инаку јас да кажам, сакам да се тегнам сега и да спијам, место тоа мора да правам работа која не сакам да ја правам.Лудница.
Слушаш песна која ти била омилена пред некои сто години, и се враќаш сто години назад во времето. Се сеќаваш на стари пријатели, стари случки, стари чувства... Сè што ти се случило во тоа време, сè прежувуваш одново.
Ако има вистина дека вистинските пријатели се познаваат во невоља и при тоа ако мислите на вашата невоља, уште поголема вистина има дека да, вистинските пријатели се познаваат и во нивната невоља. Ако сакаат да ве имаат само кога им е убаво и да ви се пофалат со се што се и не се, а никаде ги нема кога имаат причини за срам, страв и отвореност. Не, не се вика тоа интима, интровертност, туку се вика суетност. И се од оној тип - ќути, не кажувај, само по дома да се чува, што ќе речат комшиите. Што вика другар ми, синот пие, леле ќути што ќе кажат комшиите, синот го отпуштиле од работа, леле ќути што ќе кажат комшиите, синот почнува да се дрогира, леле ќути што ќе кажат комшиите, синот умира од дрога, родителите леле ќути срамота умре од дрога, што ќе кажат комшиите. Е овие луѓе ќе прераснат во вакви возрасни сељачини. Сега се се уште млади изгубени сељачиња. Јас пред моите пријатели сум отворена, а сум интровертна по природа. И тука сум отворена. Кога сум среќна сум среќна, кога сум тажна сум тажна, кога сум исплашена, исплашена сум. Нема ништо срамно во сето тоа да чувствуваш онака како што чувствуваш и да го артикулираш. Поддршката, зборот, смеата што ќе ја добиеш од пријателите нема да ја добиеш сам од себе додека нарцисоидно се јадосуваш како ти се случува баш тебе тоа. Малодушно, ниско, па и осамено и тажно... Некогаш влогот во личниот развој ќе ве чини загуба и разочарување од многу луѓе. Најдобрата инвестиција што сум ја направила не е ниту факултетската диплома, ниту мастер студиите, ниту вторите мастер студии, туку инвестицијата во персонален развој со вистински луѓе. Јасно гледаш очи во очи и не се лажеш повеќе дека се познаваш себе си, туку навистина се познаваш, а да не зборувам пак за останатите луѓе... Интересно е како низ филтер ја гледаш вистинската вистина без да се замараш со содржински глупости, па како од страв се губат луѓе, а оние правите уште повеќе се доближуваат до себе си. Колку е само полесно... Добри луѓе, само ќе ви кажам господ да ве чува од луѓе со затворени умови. Страшна работа е самобендисаноста или пак потребата да се биде совршен. На тие луѓе никогаш нема да им ги видите правите ликови. Секогаш ќе бидат со вас заради интерес, секогаш ќе прават работи заради статус. И ништо нема да им биде доволно од вас, а самите не умеат да дадат. Кој има, и пак ќе има, кој нема, никогаш нема да има. Ниту љубов, ниту пријатели, а бога ми ниту пари... За среќа, не можам да се пожалам од ништо.
5 години поминаа откако сум се зачленила овде. Едно време само читав, сега сум поактивна. Колку брзо лета времево. Сум прочитала многу уубави работи, доста и научив од овде и сум се смеела на некои постови. Како што е ред почастете се