Некој врски во полиција? Не сум парти брејкер ама со оглед на тоа дека во понеделник полагам, а комшикиве праат турбо-фолк забава морам да превземам нешто. Пријавив нарушување јавен ред и мор, нит дојдоа нит бутур. Помагајте луѓенца да не им отидам и да им извршам масакр. Хепи халовин.
Колку мизерен живот треба да имаш за да ти претставува возбуда фаќање непознати девојчиња по дискотеки за задник или гради? За кои сака очи се облекла провокативно девојката. За нејзини или туѓи, ништо не ти дава за право да ја допираш или на било каков начин да не и го почитуваш нејзиниот личен простор. Не може да излезе девојка со другарки во дискотека а да не и се случи барем еден неиживеан кретен чија тиква мисли дека му е дозволено да малтретира непознати девојки.
Ми се јаде. 1 саат е но ете ми се јаде. Немам леб,а салама и кашкавал не ми се бута. Ипак ќе си легнам.
Само шо си замина еден мачор,откако го отворив телефонот за бројот да му го запишам и на екранот имаше шпорет,нормално. Нека пукне од мака,ќе иам ново шпоре. У кафичот кај шо сум излезена,спикана сум како салфетка. Меѓу палтиња,како во гардеробер. Лепота,ми текна една теорија околу psychics. Пошто видов еден лик што "требаше" да ми стане као демек маж. Ќе а пишам накнадно. И такооој.
Е ми дојде тој ден, што ме фаќа еднаш во милион денови. Преиспитувања, пресметки, што ако... па и спомени, ех... Кога бев млада и наивна, мислев дека ако доволно сакам некого можам се да променам. Светот да го променам. Па и себе, ако морам. Кога потпораснав сфатив дека џабе е да сакаш некого, ако немате тронка нешто заедничко. Денес си се потсетив на бившиот. Го сакав. Многу го сакав. Многу повеќе него што тој бараше сакање, многу повеќе него што заслужуваше сакање. Ми е криво само што премногу време си дадов за преболување. Со годините сфатив дека некои работи не се преболуваат. Не него. Него го преболев, одамна. Најдов љубов каква што да барав немаше да најдам, љубов за која ќе умрам без да мислам. Ама не можам да преболам зборови, не можам да преболам ситуации. Можеби бев само дете, можеби... нема да знам никогаш. А денес ќе се сетам на таа тага, за каква што до тогаш не знаев - шокот, неверувањето, и најмногу од се -немоќта да се справам со болката. Немав зборови за да зборувам, немам ни сега. Ама некој и без зборови може да ти го урне цел свет. Тогаш си бев лута себеси, бев лута и на него. Денес сум му само многу благодарна.
Доаѓа сабајлево во спална, да види дали спијам. Викам, не, се наспав, ќе станувам сега. Ќутиме, и по некое време вика, не го гледаш лустерот како се ниша? Викам, знам сетив земјотрес, ќутев да не се исплашиш. Вика, и јас затоа си ќутев, дојдов да видам да не си се исплашила ти И така, се изнасмеавме, си преќутевме земјотрес на 6ти кат, и сега пиеме кафе, додека пералната пере. Вчера правев генералка, сама дома, музика, ама вечерта укочена Се ме болеше од работа. Не бев ваква, ама и тоа иде. Одвај го чекам кафето во Турска чаршија денес и локумот, а богами и 10 кила овошје од пазар. Вчера беше ден кога ништо овошно не каснав, ако не ги броиме сувите смокви, и се чувствувам празно. Денеска ќе надоместам Закажав фризер, се радувам ко мало дете. Најдов и нешто ко капут, ко наметка, како и да се вика, па чекам плата да го купам. Со оглед на тоа дека станувам округла, ќе гледам да е пошироко. Оти не се знае до кај ќе се ширам. Дај Боже барем низ врата да ме собира. И така, додека јас се занимавам со тривијални и небитни работи во животов, всушност во позадина ми се случува најважната работа во светот, со најважниот човек во мојот живот, сосе сите можни радосни насмевки. Некако немам ни време, ни енергија да се занимавам со сериозни работи, па дури и лесни книги читам. Веројатно самото тело и мозок ми кажуваат дека треба да одморам и да соберам сила за следниот период. Чудото на создавање живот ги става на страна сите останати работи на страна - колку и да биле важни некогаш, во некој момент од животот. Колку и да не си бил фанатик по имање дете, колку и да се случило изненадно, колку и да било нешто околу кое не си си трудел, кога ќе видиш како мавта со рачето во утробата, магично целиот свет исчезнува, се е матно, се е магливо, се е небитно, никој, ништо не се подобри и попаметни, никој не вреди да му дадеш енергија, да го слушаш. Секое внимание од тогаш до сега, кој и да го добил, биле поради мојата култура и воспитување, поради ништо друго. оти мозокот толку ми е заљубен што нема место за ниедна друга емоција, ниедно друго внимание. Животот се менува преку ноќ, во секунда, и веќе ништо не е исто.
Не тежнејте кон крупни работи, секогаш ќе бидете уморни и несреќни ,,Предете на ситно.. Јас денес имам лазањи за ручек, времето е убаво ќе шетам и вечер ќе се средувам и лакирам. Прости работи а многу среќна ме прават.
Ако не може да застанеш до некого во неговите најтешки моменти, не заслужуваш да бидеш до него ни во неговите најсреќни моменти.
Cao, cao… And back to reality... И нема да кажам "Home sweet home" , затоа што не ми се доаѓаше воопшто. Но чека мојот град, обврските, луѓето што ги сакам, што ме сакаат… Да раскажувам како ми беше е сувишно, затоа што си поминав преубаво, веќе по втор пат таму. Едноставно се пронаоѓам со тие луѓе, со таа култура, која е на највисоко ниво, со таа чистота, со тие убавини...Но се надевам што поскоро се гледаме повторно, затоа што уште од сега ми фали сето тоа таму. Добро утро.
Има нешто посебно што допира во мене кога ја читам темава. На некој начин е и "low maintenance" дневник, со оглед на тоа дека никогаш не сум успеала редовно да пишувам во нешто такво. Се чувствувам многу апатетична, од вчера вечер до сабајлево сѐ што сум почувствувала е само лутина. Од друга страна, еден одговор во темава направи да сфатам дека мојот најдобар другар, за кој мислев дека не ме сака, всушност може и да ме сакал повеќе одошто било кога очекував. Секогаш е тука за мене , и во добро, и во лошо, и покрај тоа што во текот на нашето познанство јас го имам повредено неколкупати. Човек до сега не ми значел волку, колку што ми значи тој.
Со многу позитивна енергија сум денес се осеќам како да не ми е гајле за ништо и за никого само да се смеам сакам.Денов е преубав за шетање.Треба да станам што попозитивна личност,а не секој ден намуртена како што сум дури и се нервирам дека сама си правам да сум намуртена, а многу е поубаво да си позитивен исполнет со таква енергија, морам да се потрудам да станам позитивна па дури и да им ја пренесувам таа енергија и на другите. Имајте убав ден
Гледам една организација, собира потписи за иницијатива - да биде дозволено пушење цигари внатре Добро луѓе, вие имате акал или без него работите? Да, даде господ да се угушите у димница, чим толку сакате да се пуши внатре
Не цела недела, цели три години вртат исти филмови. Како на толку убав ден дома да седеш ај? Ох марфи, ѓаволе. Кога ќе бидам слободна надвор дождови, снегови ќе паѓаат, а сега вака зафатена со еден куп за учење надвор сонце пекнало, мислиш за пролет се спремаме. Ама не се предавам. Нема излегување. Инаку, периодов се гушам со различни цитати од сите страни (инстаграм, фејсбук, сајтови) и сите се баш како напишани за мене. А знам и со часови да читам нешто, за сепак да може да ги искажам чувствата со зборови бидејќи јас не можам. Последно ми е „како да прифатиш дека е крај на нешто што не ни започнало?“. Сакам крај на оваа етапа во животот. Уште малку ќе исбуткаме, да помине ова-она.
Нема врска на која од страна на светот си, и дали си многу далеку и дали си многу блиску, и знаеш дека има некој кој одвај те чека да се вратиш дома. За мене нема нешто поубо да си легнам во мојот кревет, да јадам од ручекот на мајка и прсти да лижам, да се излежавам в дневна и да седам до дрвеното шпоре Последниов период сум многу носталгична и ми фалат многу работи и со душа чекав дома да си дојдам. Ете сум сега во моето слатко горно креветче и ви пишам вас Отсега поќе ќе ве дружам Вие имајте убава есенска недела
Ах, кога ќе си ја видам Ивона, мојата внука верувам во магија. Од вчера на гости ми се таа и нејзината мајка. Ме прави среќна што пробува да го изговори моето име ама име потешкотии, прави напор за да оди, ама тешко и е.Се гледа дека многу се труди. Па Ивонче ми дојде да си купела јакничка, мини принцеза. Не можам да ви доловам каква е.Има сини очи, и плаво виткано косиче. И темпереметна.Место не може да ја фати. Денеска бевме на прошетка со неа и со дечко ми.Додека тета правеше ручек кај мене в стан feeling great.
Има ли чаре за ние што сме сингл? Не бива да си кревам надежи и да се разочарувам за едно те исто цело време. Сега за сега сум на мисија да откријам дали типецот има женска. Во што кладба дека ова ќе заврши со уште едно разочарување? Бонус совет: Не мислете на нешто што не треба да мислите пред спиење зошто ќе го сонувате истото и ќе си влошите ситуација х10 пати. Многу си ве сакам бе људи! Имајте убава недела
"Лесно ти е на тебе", не гледам во што е проблемот, па јас самата така избрав, јас самата така си го правам Никој вас не ве тера, туку вие сами си го комплицирате животот.