Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    Јас го изгубив дедо ми на 6 години. Но не бев ниту тажна. Онака, едноставно не се замарав. Свесна бев, а не ми беше грижа. Сега не знам како ми успеало тоа. Какво детиште по ѓаволите сум била?
    Мислам дека ако тоа се случеше сега, би се онесвестила од плачење.
     
    На Katerinceee, 3m43, LittlePinky и 2 други им се допаѓа ова.
  2. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.533
    Допаѓања:
    17.259
    На Marossa му/ѝ се допаѓа ова.
  3. jovana03

    jovana03 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2013
    Пораки:
    1.778
    Допаѓања:
    6.710
    Пол:
    Женски
    Господ умот да не ти го земи, после богами.... :x
     
    На bubac му/ѝ се допаѓа ова.
  4. stefyle

    stefyle Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    130
    Допаѓања:
    110
    Пол:
    Женски
    сакам да кажам дека на теодора (другарката до мене во клупа) мн и е убава косата денеска онака испеглана :D :emo:
     
  5. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    како можеше сите проблеми да се насоберат во период од две недели!
     
    На 3m43 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Pirana

    Pirana Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2012
    Пораки:
    612
    Допаѓања:
    1.507
    Интересна раја ми се оние наметливи луѓе кои демек на суптилен начин се обидуваат да ти се убутаат во животот. Ги гледаш секаде околу себе, никнуваат каде што не си ги посеал, ти прават услуги кои не ги бараш од нив, а за возврат не бараат ништо директно, веројатно ги опипуваат слабите точки за подоцна да те уценуваат, да те држат за муда и да пробаат да ти го загорчат животот.
    Ситно продадени души, кои го вртат газот кај што дува ветерот.
    Најчесто си немаат благе везе што зборат, упаѓаат како гуска во магла со зборовите “чекај сега јас ќе ти објаснам...” колку да се најдат уз муабет, туку-така.
    А кога некој ќе ги плесне по носето дека не треба да трескаат со забите, и да си го чуваат јазикот измеѓу, моментално ќе си ја спурат муцката, мислиш изглодале пола кило мушмули и зелени недозреани шипинки.

    Имам јас една таква, тешка дилајла, се фатила да сади краставици со мене.
    Не сакав да бидам директна, барав културен начин да ја ликвидирам. Секогаш кога ќе ми се појавеше пред врата, ме маваше дамла. Па си мислев подобро да ми влезе дома со патиките, отколку со смрдливите чорапи.
    Е, вчера и ја видов мушмул – фацата кога и реков дека го чистам ѓубрето од дома, и нареден пат кога ќе си го лади газот на ветерот, да си ги испружи и смрдливите чорапи за да и се излуфтираат.

    Овој тип на мувлосани билки ми е еден од најодвратните кои некогаш пуштиле корења во моите саксии.
     
    На Abeja, 3m43, Gordana10 и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.043
    Допаѓања:
    81.406
    Пол:
    Женски
    Денов ми е само за лежење и гушкање со unplugged верзии на Fast Car во позадина, а вистинска иронија е тоа што немам време дури ниту да одам до ве-це на пет минутки. :|

    Сакам да си ја потпрам главата на нечиј скут, всушност точно знам на чиј ама тоа е друг муабет; да ме тапка по глава, да ми ја галка косата како да е кадифе, да ме чешка и да ме теши дека ќе биде во ред и да ми држи лекции во врска со мојата претерана самокритичност, по којзнае и кој пат.
    Имам тапо чувство дека не припаѓам тука и за прв пат во животов мислам дека е тоа тоа, дека е вистинско и дека е вистина.
    Никогаш не ми било така празно и безоблично, дури ми иде да си ги соберам документите во едната и картата во еден правец за некаде, за било каде во другата рака и да ме снема од картава.
    Да нѐ снема.
    Затоа што, едноставно не заслужуваме да се мачиме со глупостиве кои ни се накалемуваат и затоа што знам, сигурна сум дека заслужуваме многу подобро ...
     
    На anuskaNESTLE, SparkyAngel, kala21 и 3 други им се допаѓа ова.
  8. lightning123

    lightning123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    801
    Допаѓања:
    391
    Кога ќе кажам "имам работа" значи да не ме замараш, а не. да продолжуваш со замаранции. Извини, но вистина е. Сакам да ѕирнам што има на фемина, а ти пак бла бла бла. Откачи се малку од мене. Има цел ден пред нас, не те заборавам тебе малечко мое, но кога сестра ти е бесна некому. тогаш не ја замарај. Ќе дојдам подоцна да се забавуваме малку. Оо.. Ќе се забавуваме во игрите и ќе се караме во губење. Не грижи се ти за мене, само да разгледам низ гардетоберот и да најдам што утре да носам на училиште па ќе дојдам. Знај дека секогаш ќе бидам до тебе кога и да сум ти потребна. Какво училиште бе, каква облека, веднаш ќе дојдам само да го допишам постов. Крај! :*
     
    На SparkyAngel, Dream-Girl и Papillon.Papi им се допаѓа ова.
  9. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.416
    Пол:
    Женски
    Што и да правиш опшеството нема да биде задоволно.

    Ако си слаба, анорексична, чачкалица.
    Ако си дебела, многу јадеш, крава.
    Ако си висока, како врба била.
    Ако си ниска, џуџе.
    Ако имаш дечко, проста си, не го живееш животот.
    Ако немаш дечко, лузер си, сама ќе останеш.
    Ако се омажиш, рано ти било на тие години.
    Ако не се омажиш, стара мома остануваш.
    Ако се дотераш, шмизла.
    Ако не се дотераш, проста си и грда.
    Ако си излезена секоја вечер, дрогирашка си.
    Ако не си излезена, не живееш, само дома седеш.
    Ако објавиш слика, каква е грда.
    Ако не објавиш, грда си, затоа не објавуваш.
    Ако си богата, дигната шмизла.
    Ако си сиромашна, не вредиш.
    Ако си одлична ученичка/студент, само учиш, ќе се побркаш.
    Ако не си одлична, книга не фаќа во рака.

    Секогаш ќе те судат, што и да направиш е грешка.
    Затоа не се замарајте за другите, правете тоа што вас ви одговара.
    Вие го водите вашиот живот, ваши правила. Едноставно е, игнорирајте тоа што зборуваат другите. И така ретко кој ги слуша.
     
    На Adi888, jovana03, sweet-cherry и 13 други им се допаѓа ова.
  10. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.753
    Ете и да направам нешто за себе.
    Се напив кАфенце, се истуширав , отидов во салон се средив си испеглав коса се налакирав, сега ке се нашминкам и ке излезам на кафенце.
    одвојте секој ден време за себе , верувајте ке се ќувствувате свои и самоуверени !
     
  11. Anne15

    Anne15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2012
    Пораки:
    762
    Допаѓања:
    245
    Пол:
    Машки
    Уште еден прекрасен ден.Прекрасно расположение.Сега да одам да повозам ролери малку јас. :wasntme:
     
  12. 3m43

    3m43 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2010
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    88
    Пол:
    Женски
    Зошто има толку себични луѓе по светов :?: .. инаку многу сум си среќна ми се исполни желбата :wasntme: :lol: :rock:
     
  13. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.350
    Пролетта ми прави чудни работи. :^) Се буди мечкава во мене и живнувам, полна енергија. Бобро утро :hai:
    Трансфер хартија, две бели памучни блузи, принтер и пегла. Да бе, блузи ќе си правам, и само прототипи ќе се, никој нема такви. :!:
    Шарам низ албумиве што сум сликала, те шатки, те лавови, те кучиња, трендафили, пилиња, бубамари. Таман изберам што да си исштампам, заметлеам по некој друг албум, гледам, гледам, прегледувам, кроп тука кроп таму, за на крај пак да не изберам ништо. Така некое време, и ми текна :!: :nod:

    Од себе профил. Ете така. Додека сите носат со Бјонсе, Кајли, Мадона или не знам кој, јас сама со себе на гради :tmi:
     
    На ilipili, mimiiiii, zhap4e и 11 други им се допаѓа ова.
  14. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.880
    Пол:
    Женски
    Конечно дома :) преубави радосни моменти :) пееубаво чуство на мајка :inlove:
     
    На Buttterfly, tigerlady, zhap4e и 25 други им се допаѓа ова.
  15. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.699
    Пол:
    Женски
    Денес е време во кое луѓето велат дека не постои вистинско пријателство или добрина. Јас мислам дека се е до психата на луѓето, што значи дека ако веруваме и правиме добро, доброто ќе постои, а ако само отвараме дискусии за како се однесуваме денес и колку е ретко доброто, доброто ќе се камуфлира и нема да го гледаме.

    Значи, сè почнува од самите нас. Нашите мисли стануваат зборови, нашите зборови стануваат дела, нашите дела стануваат добрина ако се направени со чисто срце и добра намера, а нашата добрина нè исполнува. Затоа е многу важно да се мисли оптимистички. А, зошто да не утешам? Зборовите се мали неѓта што можат да направат големи работи. Секоја може да доживее неуспех, но зошто личноста да биде срушена од неуспехот? За тоа можеме да се бориме против неуспехот, сите заедно, зошто само со меѓусебно утешување се победува неуспегот. Зошто да не помогнам? Помагањето е нешто кое само од себе е возврат. Кога помагаме се чувствуваме убаво, а тоа е голем подарок за нас и за другите. Но, за да добиваме возврат, не треба да очекуваме возврат. Зошто да израдувам? Радоста го продолжува животот, велат. Но, исто така и подарувањето на радоста е радост, а радоста, исто така предизвикува исполнетост. Кога ќе размислиме, самата утеха е радост, а давањето радост е помош и добрина.

    Треба да ја дадеме љубовта на секоја личност, колку и да е таа личност лоша, зошто лошото само со љубов и добрина се победува. :hai:
     
    На hermosa, poenta, Mahidevranfan и 2 други им се допаѓа ова.
  16. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.169
    Пол:
    Женски
    Ме прашува жена на мои години зошто немам facebook?
    Свој личен немам- никогаш не сум посакала да го имам....
    Имам од фирмата во која работам и на истиот има мои слики кои јас лично не сум ги поставила.
    Но сепак за истите да се постават сум прашана
    Тоа се слики од изложби, промоции, отварање на салони.
    На истите сум пристојно облечена без избацени цицки, нога, задник и извештачена фаца со тон шминка.. Дури и кај жени во 40-те. Изгледа јас сум назад со времето.
    Жално што Петко, Станко, не можат да видат кој цицка,нога ги имам, дупе ко дупе си го носам.
    Мислев дека одамна е помината модата да се штракаш во смрдливото вц во кафуле, ресторан, кафана.

    Имам една шипка в двор, само треба четка, малку боја и цврста машка рака за да се постави сред соба.
    Па врти се сестро одозгора надоле - да се види да се зна, колку си глупа.

    Си зрачам со позитивна енергија... и воопшто не ми е гајле што немам ни еден facebook пријател
    и ниту еден лајк.Нема маче царица си, бомба, најубава, цуци муци, кис...
    Напред или Назад со врамето - не ми треба истиот :)
    Си имам мобилен кој го заборавам кај стигнам :D докторот потврди не е склероза :D


    [​IMG]
     
    На Daydream, mimiiiii, zhap4e и 18 други им се допаѓа ова.
  17. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.329
    Пол:
    Женски
    Не ми се верува дали изгледа тоа јас уште сум заљубена (упс затрескана читај:симпатија) во глупакот? :x
    Почнав да ги слушам песните од септември, а сега математика не учев и се молам утре 2ка да добијам.
    Не вреди бе за таков, оф мори Дрим, тешки муки. :geek: :geek:
     
    На Papillon.Papi, Katerinceee и Mahidevranfan им се допаѓа ова.
  18. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    Е, ја отепав сега работата. Целата куќа ја растурив барајќи стар дневник во кој си запишував докази за мојот идиотизам (тогаш мислев дека ниската самодоверба е одлика на „големите деца“ а сакав и јас да бидам голема). Ништо не пронајдов. Само ја растурив куќата. Сите стари проекти ги исфрлив на подот. Целата кутра содржина на моите фиоки ја превртев по 546-ти пат. И ништо. Дури во шкафот проверив и пак ништо.

    Затоа почнав да си пишувам во новиот дневник за моите цели...(инспирација од темата за писмена по македонски). Па секоја постигната цел ќе ја чкртам од листата.
    Така правев кога бев помала. Во една тетратка ги пишував сите мои лоши страни, па кога некоја ќе надминев, ја бришев. Но потоа тетратката некаде ја пикнав. Никогаш не ја најдов.
    Се надевам, тоа нема да се случи и со „Кинигата на идиотизмот“...
     
    На Papillon.Papi му/ѝ се допаѓа ова.
  19. lightning123

    lightning123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    801
    Допаѓања:
    391
    Неее! Ех, да можев сега да писнам погласно од орлите, за да можат и пингвините на Антартикот да ме слушнат...Зошто ми се случува ова баш на мене? Зошто ме удира оваа анксиозност? Кога конечно можам да кажам дека сум ја победила, таа доаѓа повторно, ми го распарчува срцето и пак си заминува. Така кружи тој мој циклус на мирни денови и денови со анксиозност. Еве и сега ме погоди тој момент, па едвај пишувам. Колку и да се обидувам да го стабилизирам дишењево, не ми успева. Се плашам ова да не ми ја врати пронхо пневмонија или како и да се вика. Ех, мори Лајтнинг, зошто е вака со тебе? До кога ќе бидеш самичка,? До кога ќе се грижиш за сите кои се обезрамносправени? До кога ќе ги забележуваш лагите уште откако се кажани? До кога ќе се бориш за правдата? Те убива последново. Иако знаеш дека правдина не постои, ти секогаш се бориш да ја пронајдеш барем во некого.. До сега не си успеала, но не се откажувај! Продолжи да веруваш во самата себе! Продолжи да ја градиш. личноста во тебе! Не дозволувај да се претвориш во она што останатите сакаат да бидеш: ангел! Претвори се во она што навистина го покакуваш да бидеш: личност горда на своите постапки и верна на ветувањата кои ќе ги дадеш.Личност која умее да сака, личност која никогаш не погледнува зад себе. Мисливе ти ги упатувам тебе т.е. самата себеси :)
     
    На Papillon.Papi му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.416
    Пол:
    Женски
    Нема да кажам „ти кажав“, ама ти кажав, знаев! :D :rofl:

    Колку се чувствувам убаво кога ќе откријам некоја нова песна, одма опсесија ми станува. Имам една папка со нови песни што треба да ги слушнам. Кои не ми се допаѓаат ги бришам. Хоби ми е тоа.
    А чувството кога ќе откријам некоја стара убава песна, ми доаѓа до небо да скокнам.
    Музикоманијак. :wasntme:
     
    На Dream-Girl му/ѝ се допаѓа ова.