Личната, но и хигиената во домот е нешто на кое децата се навикнуваат. Ако уште од најмала возраст, детето е навикнато кога ќе стане од спиење да си го измие лицето и забите, после јадење да ја раскрене масата, да ги измие садовите и кујната да ја остави во совршен ред, секој ден да помине низ дома со правосмукалка, да избрише прашина, после капење да ја среди бањата, кога ќе се соблече да ја стави облеката уредно во плакар, чевлите на свое место и ред други активности, истите навики го следат цел живот. Личност која е навикната на едно ниво на одржување на хигиената, особено во домот, не може да остане индиферентна, кога ќе се најде во средина која е помалку средена и чиста. Исто така, дете кое е навикнато на вкусна кујна и специјалитетите на мајка му, не сака да јаде некоја рандом чорба со промашена запршка. Работите кои се секојдневна рутина и ги извршуваме без воопшто да помислиме дека правиме некоја битна работа, многу кажуваат за нас. На пример, не можам да не забележам дека некој наместо ливчето од бомбоната да го пикне во џеб и подоцна да го фрли во канта, ноншалантно го фрла до себе, со надеж дека никој не го гледа тој чин.
Ќе паднам на сите колоквиуми Стално вака лелееее се мразам. Мрза сум отепана и се влечкам до последен момент и на крајот паничење учење на брзина згора-преку и нерви стресој за џабе. Никако не е. Имам пробано и од посовреме да учам- уште поџабе. Знам дека има време пример 2 недели и абе една реченица не памтам. Вторник полагам два колоквиуми, имам научено за пола дури. Утре сега знам шо ќе се дешава умот каша... Ццццц... По битолски ова се вика чурук табиет (поќе турцизам е него битолски ама ајде) И најјако е то дека двата предмети се многу слични и буквално има исти работи во двата учебници- скроз различно објаснети. Е ај сега!?!?! Нека се договорат мислам... Се ми се измеша Ај хејт дис.
Паметам дека на овој датум пред точно три години ми се јави најдобриот другар. Падна договор да одиме кај него во викендица. Инстантно го побарав мојот тогашен дечко, и на мое задоволство се согласи. Баталивме неделни обврски и тргнавме. Патот дотаму беше исполнет со смеа, музика, и догорчиња фрлени по патот испреплетени во танцот на нашите дланки низ прозорецот. Се` сеќавам дека толку добро си поминавме што не сакавме назад. Веднаш ме здрма некоја носталгија, и толку ми требаше. Повторно го земав телефонот во рака уште рано по сабајле, со многу малку надеж дека ќе успеам да го убедам другар ми да ја повториме средбата. Но, после краткиот разговор пропратен со евокација на спомени, почнав да пакувам сешто ми дојде на пат. На мое уште поголемо изненадување, ми пишува поранешниот. Во прашалници, збунето ја читам пораката и се чудам. Испадна дека и тој се сетил на долгите прошетки во шумата, логорувањето под млечниот пат, вината, каминот во дневната... Тогаш сфатив дека колку и да ни се` разишле патиштата во текот на овие години, вреди да ја повториме дружбата. Знам дека овојпат ќе биде поразлично бидејќи веќе не сме пар, но тоа не е ни важно. И што да ви кажам друго луѓе, освен дека утре заминувам, а кога ќе се вратам не знам. Јас да се прашувам веројатно никогаш, но времето ни е ограничено за жал.
Добρо утρо мили мои! Сум се успала денес, чудо неκое, поспаа децата до 8, еден саат повеќе... Κо да имаа ρазбиρање деκа κасно легнав, и тоа зошто моρаше да се легне κојзнае κолκу доцна во ноќта, а сон не дојде, само вρтење, отсκρивање, поκρивање.... главата пулсиρа, очите натежнати... вчеρашниот ден далеκу од планот, ни шетање ни сонце ни легачана... не погоди таκва вест, од оние κои сеκојдневно се сρетнуваат во хρониκа, но κога иницијалите ти оддаваат малκу повеќе, ти значат лиκ, личност, семејство, познаниκ, сосед, пρијател.... се аκтивиρаат оние виуги во мозоκот задолжени за длабоκа филозофија и пρеиспитување на животните вρедности, оние од κои ти минува стρуја во телото и одρеден пеρиод пстанува κнедлата во гρло... го гледам мојот, не пушти солза, очите суви останаа, ама очигледно е κаκо липа во сρцето. И јасно ми е, за останатите сеκое чудо за тρи дена... но не можам да пρестанам да мислам на тρојцата κои ги остави, ρодители да се збогуваат со син, бρат со бρат.... и не можам да ја извадам мајκа му од мислите... го носиш, едвај чеκаш да го пρегρнеш, му посветуваш цел живот, сета љубов, енеρгија, се боρиш со сиρомаштво и болести за да си подолго поκρај него, и оние наρедни денови κои сега пρеостануваат без него..... Најтешκото е за тие κои остануваат... За тие κои си одат... велат κуρтулиле.... Ќе отκρиеме, сите, сеκој во своето вρеме!!!.....
После цел месец гушкање и 24/7 кикотење,насмевки и убава детска игра денес мојата малечка пак тргна во градинка и на одење ја добив најубавата прегратка која ќе ми ја чува насмевката на лице цел ден.А тоа ''јас многу такам тебе'' ми го разигрува срцето.Бесценето
Мислете позитивно. Фокусирајте се на среќните моменти во вашиот живот и на позитивните емоции како среќа, радост, благодарност, инспирација, задоволство...
Многу сакам луѓе гурмани, значи многу! Особено сакам да одам на викенди со такви луѓе, зашто знам дека нема да останеме на суви сендвичи, туку ќе се готви! Викендов викендичката ми мирисаше на сон Замислете мала кујна, четворица што се мотаат наоколу, секој задолжен за нешто. Во меѓувреме се слуша некое цеде со стари хитови и се пие вино и узо Да имаше уште една рингла на шпоретот - и на таа ќе се готвеше Сите бевме прегладнети после целодневната прошетка до врв, па сè што зготвивме ни беше уште повкусно. А после убав ручек и по неколку чашки, ти паѓа притисокот и се чувствуваш ептен поспан. Ама излегуваш малку на чист воздух, дишиш длабоко и за брзо ти поминува. Една од работите што ја сакам кај планината - воздухот одма те отрезнува
Земав да учам и ме фати треска... како да качив Т, нос ми се затна, одма почнав омалаксано да се осеќам Како грип да фатив, а не книга...
Понекогаш ако размислиш поубаво, не ти е Понеделникот лош, туку животот. And before you know it, ти поминал во кукање или во што ќе речат другите. Размисли, ако умреш денеска и горе ти пуштат краток осврт на твојот живот, се што си постигнал, колку ќе ти се допадне филмот, која оцена ќе ја дадеш? .
Од овие моиве „другарки“ што уште нема да чујам... Последно сто слушнав беше стартки, скриеншат, смејалче... Oбично си ќутам кога имам коментар, за да не покренувам расправии, ама кога ќе треснат некој ваков бисер устава сама ми зборува. Мислам, колку треба да си простак за да викаш старТки. Па уште се силат - поубаво било така, сите велеле така, дрн дрн... Остај што ќе ги поправиш и ќе го кажеш правилното, па уште и ќе ти се силат како да си изрод кога го знаеш правилното. Последно им беше ова „скриеншат“, за скриншот, од една страна ми дојде еден нагон за смеење, како си ги преведуваат. Си викам е, кои се маките да не знаеш англиски. И немојте да мислите демек јас се правам дека многу знам англиски. Според мене луѓето немаат право да ги исмејуваат другите луѓе за нешто што не избрале тие. Овие моиве самите си избрале книга да не фаќаат англиски. Никој не им е крив. И ќе им се смеам бе, само што работата е повеќе за плачење. Инаку, вака јавно да се пофалам, сестра ми ми купи Правопис за роденден, ќе си приумрам од среќа.
И тогаш кога си тажен и огорчен, кога мислиш дека нема излез, наеднаш ќе се сетиш на нечии очи, на нечија намсевка, и сфаќаш дека не е се залудно, дека не е крај, дека има и полошо, и дека ИМАШ ЗА КОГО ДА ЖИВЕЕШ!!!!!
Не поднесувам прости луѓе. Што треба 2 пати да повториш исто да те разберат. Или 3 пати. Или 4. Аман.
Имам еден комшија пензионер, кој што така многу убаво се понаша со внучињата што мислам дека залужува титула за најдобар дедо. Кога внучињата се со него, нема потреба воопшто да ги мисли мајка им. И порано исто така им правеше на постарите внуци, а сега се занимава со помалите. Секој ден им прави мапи со скриени "богатства"....кога ќе стигнат на обележаното место, наоѓаат играче направено од негови раце...од дрво прави дали колички, дали сабји, дали кучиња, ги бои во разни бои, а дечињата ги бараат низ двор или низ улица. После им дава загатки, па за секоја решена им дава награда јаболко, круша, сливи (овошје, и тоа фактичи им е како ужина). Па ајде да јадат, па пак играат, па се борат низ трева, па ги шета...стварно, знам дека сите баби и дедовци си ги сакаат внучињата ама со овој никој не може. Дури и другарчињата на децата го бараат и тој да си играл со нив па често го гледам (помеѓу сите мали деца) и тој како им го брани голот....Го обожаваат сите... Да немаше жена ајде ќе речев дека му е досадно, дека сам па така се занимава, ама овој си има жена, здрава, права и сепак толку време им посветува на дечињата. Како и да е, тие спомени, тие играчиња,тоа внимание, засекогаш ќе им останат во сеќавање на децата. Секогаш ќе го памтат ова време, секогаш ќе го памтат дедо им како најдобар другар. Сега може не се свесни, ама кога ќе пораснат ќе сфатат колку љубов и внимание добивале од тој човек. Нека си живее уште 100 години, и нека си ги радува внучињата....таков дедо заслужува секое детенце... Инаку се печев досега на сонце, и сега пак мора да излезам барем на тераса, пак да фатам сонце дури не ми зајде, пошто мора да си ги топлам синусите Се надевам дека со топлење на сонце ќе ми се смират малку, пошто излгеда ми се воспалуваат малку по малку....ги осеќам дека реагираат....