Колоквиумска?! Што е тоа ?! Гледам сите се потресле, учат, не спијат, а јас не сум од тука очигледно. Додека не бев тука, не ни планирав со мене книги да носам...Убаво ми беше, максимално уживав. Тоа ми е најважно. Но што е сега...Сега си го продолжив тоа и дома и книга не фаќам. Не е ок тоа, не! Изгледа дека знам и сум сигурна, во испитна сесија ќе ги испукам сите до еден. Затоа сум вака опуштена јас и релаксирана. До тоа ќе да е. Cheers.
Денес сум само со една мисла во главата... Никогаш не ги потценувајте оние кои се посиромашни од вас, затоа што еден ден сте горе, а еден долу, никогаш не дозволувајте да го навредите некој и да му ги видите солзите во очите, а притоа да не се извинете. Можи сум сиромашна, ама богата сум во душата оти знам да ги ценам работите шо ми се даени и да се задоволувам со малку и да ми е доста, оти знам дека дома ми се сите на број,и знам дека кога ми е тешко имам на кој да се обратам, не е се во парите, не е се во богатството, парите нема да те гушнат кога ќе бараш некој, а дури тогаш ќе дознајш дека немаш никој. Јас не сум разгалена, знам да се справувам со проблеми, сум видела секакви работи во животот, а на вас? Нека ви служи се на чест она што ми го мислите и нека ве снајди онака како шо заслужвате. Господ е голем Зато шо најлошо нешто во животот е да понижуваш некој, не сме сите исти и не можиме да бидиме.
Колку само ги жалам оние кои се потсмеваат и лицемерат на туѓи недостатоци и општо сиромав живот. Таква сум што на сите умам се да им плеснам во лице по своја заслуга. Не трпам не правдина, или ќе зборам или ќе игнорирам зависно од ситуацијата, но никогаш нема да се дразнам да ставам маска пред некој што не го можам. Не патиме од светот ами од луѓето од нас си патиме во животот, светот е прекрасен, но, самите одвратни луѓе го запрепастија и го доведоа до ова дереџе каде што е. Игнорирам се и упорно се борам за мене, да стигнам до онаму каде што сум зацртала, не ме интересира кој како ми ја крои судбината позади грб, нека зборат ако немаат друга преокупација.
Постојат само два вида на луѓе: добри и лоши. А не богат и сиромашен, според кои повеќето, најапсурдната генерализација: богатиот е несреќен и лош човек, а сиромашниот најдобриот и најсреќниот. Дали тоа се тешат некои луѓе?
За мене човек може што сака да збори, не допираат разни навреди до мене. Ама кажал ли нешто лошо за некој што го сакам, тој човек може да смета дека е избришан од мојот живот. Не можам да толерирам такво однесување. Патем, за муабетот горе. Некој што сам си заработува и знае колку е тешко, ретко кога ќе го слушнеш да потценува или вреѓа некој затоа што е сиромашен. Не се навредувајте, не е до вас, обично се работи за лечење на лични комплекси и фрустрации.
Работите некогаш не изгледаат така како што вие ги гледате од страна. Навидум исфилувана надворешност, а всушност гнила внатрешност. Никогаш, ама баш никогаш немојте да судите ако сте ја слушнале само едната страна на приказната. Луѓето се пристрасни, неблагодарни, субјективни и најмногу од се' себични. Слушнете ги и двете страни, ќе се изненадите кога ќе сфатите колку деталчиња знаат луѓето да прескокнат и како целата приказна ќе добие една сосема друга димензија. Интересно е кога ќе сфатите дека волкот бил јагнето, а јагнето всушност волкот. И, што и да правите во животот, немојте да ја изгубите самопочитта. Изгубете се', ама самопочитта - не. Нема нешто пожално од тоа. Имајте убава вечер, сакајте се прво вие самите, а потоа и тие што заслужиле. Не ја трошете љубовта на луѓе кои не заслужуваат да бидат сакани.
Кога ќе излезам без пари, сакам да купам се што ќе видам наоколу. Кога ќе имам пари во мене, се претворам во најпребирливиот човек и не можам ни маичка да си најдам.
Апсолутно верувам во "видовњаци". Верувам дека постојат личности, кои гледаат друга реалност, да речеме "иднина"...За иднината, ај вака лаички колк што може... Иднината не постои,идно време нема. Се се случува сега,и се постои сега во овој момент. Претскажувачите гледаат една од нашите реалности, ние моментално постоиме и носиме повеќе реалности. Ова Башар го објаснува преку примерот со телевизорот. Имаме повеќе од 30 канали,истовремено моментално, сите се тука... Прашање е која програма ќе ја одбериме. А затоа што гледаме на првиот канал, не значи дека другите не постојати или исчезнале. Другиот програм е тука, само не сме се фокусирале на него. За ова доволно, затоа што е многу длабока димензија. Значи претскажувачите гледаат една од нашите реалности, а ние одбираме дали тоа ќе го следиме. Тие гледаат едно од вашите сценарија, а вие го одбирате патот. Не мора тоа посекако да се случи. Мене неодамна ми претскажаа дека ќе се верам наскоро. Всушност требаше да бидам веќе, по кординатите кои ми ги опиша. Во моментот ми изгледаше многу вистинито и нормално затоа што тогаш во главата имав таква програма. Покрај останатите работи кои ми ги наброја, се исполни се освен тоа . Затоа што мене лично ми се смени желбата. Се исполнува она коншто вистински тежнееме. Затоа едни погодуваат,другиве не. Ние одлучуваме дали ќе не следи тоа понатаму. Овие ќесички чај, ме потсеќаат на една шаманска легенда од Јакутите(турска заедница во Русија). Која вели дека како народ настанале од севишниот, кој бил претворен во дух (птица) само за да им се доближи на неговите . На било каков начин воспоставувал контакт со овој , понатаму и негов народ. Ако има иманенција,ќе има и трансцеденција.
Ги сакам времињата што доаѓаат. Убава топлина во ова ладно време..невреме. Убава енергија во овие монотони летаргични денови. А секој некаде брза... секој некаде треба да стаса... Сакам кога ќе уловам скриена насмевка на луѓето со кои се узминувам секојдневно.. без разлика на мотивите зад нив. И сакам кога врне снег. Сакам бело. Сакам суви грла и влажни погледи полни страст. Полни желби да се гушка некој. Полни копнеж. Полни љубов. Во вила со поглед на езеро. Камин. 2 чаши вино, 2 пара очи, 2 срцебиења и само едно чебе. Аххх...
Го осетив она подобро сам, отколку у лошо друштво. Се досадувам низ стан, ми пиша ај филм да глеаме. Ај викам да излезам, таман ќе се упознаеме ако неаме некоја којзнае каква комуникација на фб. Поарно у таван да глеав 3 саата хаххаха. Толку брзо зборува, се нервирам, сум good listener али остај ме бе да се искажам. Ко Рос у епизодава се осеќав, делот со женската Почнува филмот, абе еден досаден филм, со некои секс сцени. Немаше многу народ и запна оваа назад да сме седнеле и почнуваат секс сцениве и ми иде мисла леле ако ме залапа оваа шо прајме? И на сред сцена се смеам гласно, можда си помисли кој перверзњак, фали уште да ми заржи, а мене на сосема друго место ми е умот. На крај краева добро е, најдов некоја позитива и во ова излегување
Боли овој 2ри ноември. Боли непреќинато, но и многу повеќе со секоја година што изминува. Сакам само да те гушнам татичко. Сѐ би дала да си тука и денес наместо солзи, со торта и песна да ти го славиме роденденот. Секогаш ќе ги носам твоите слики во новчаникот. И секој пат со најголема желба ќе се сеќавам. А сеќавањата избледуваат и се борам против тоа. Сакам сѐ да сочувам, секој момент. Не смее ништо да ми се извлече. Твојата насмевка под мустаќ, беше најубавото нешто во мојот свет. Фалиш, фалиш секој ден сѐ повеќе.
Сакам да кажам дека воопшто не ми смета кога одредени личности со кои се имам на здраво ќе ми се јават или ќе ми пишат за услуга. Им треба помош фино лепо се јавуваат прашуваат и тоа е океј. И на овие личности со задоволство би им помогнала,мислам, зошто да не. Но личности што два дена пред да им треба услуга доаѓаат и ти се умилкуваат со разни разговори,а пред тоа не те ни познавале, е за таквите воопшто не сум достапна. Нешто што најмногу ме нервира се вакви личности,кој прават лице кога им треба нешто, а потоа чао пријатно-до следната услуга. Ако сакам да ти завршам услуга ќе го направам тоа без проблем,нема потреба од улизување и лигавење. И затоа ваквите никогаш нема да успеат во животот и ќе имаат најниска вредност во моите очи.
Ако си добар со луѓево- ја злоупотребуваат твојата добрина, ако им молчиш - на глава ти се качуваат... А да бидеме лоши, може бољји живот че видиме, а? Уште ова и си легнувам... Се што имат почеток имат и крај Ае сега убаво да спиете
Најголемо проклетство е да си вага во хороскоп. Понеодлучна личност не постои од мене. Во позаебана љубовна ситуација не сум била до сега... Двајца бивши, ќе убијат за мене, еден што нема време да ми посвети, а знам колку потенцијал лежи во него и дека светот на дланка ќе ми го стави еден ден, и еден другар со кој се меркаме цели 6 години, а никогаш не пробавме... И сега?
Κаκо κапаκ на сите пρоблеми и се ρазболев А ти спиеш,а толκу ми тρебаш κога κе κажам добρо сум, да κажеш не не си добρо и да ме гушнеш најсилно на свет.Спанκо еден До пρед пола саат ја печев штρудлата на @Lady Phoenix уште миρиса на слатκо.Κој пρобал знае хаха .А κој не неκа си напρави и κе знае.Вρедеше што пола саат κρшев оρеви.Па се занесов во Звездите на Гρанд и огнот го подзагаснав и наместо да си легнам јас гледам Џејми Оливеρ.Паκ се опседнувам со 24 Κичен ахх..Па пола од состојκите што се во нивните ρецепти ги нема во нашава дρжава а за неκои и пρвпат дознаваме.Патем κој ги следи на нивните стρани неκа даде линκ.Не сум побаρала да им ги гледам ρецептите само еднаш и ме мρзи на англисκи да ги читам и да ги пρавам.
СДК 1 Колку е типски сега за рингтон да ја ставиш новата од Адел, особено ако ти ѕвони симпатијатаИ креваш,му викаш "што бе од другата страна, дојди ваму" СДК 2 #Љубов е кога ви се совпаѓаат навиките СДК 3 Поздрав до сите феминки со песната "Пустината туѓа да остане"