За да се разбереш со некои луѓе, навистина потребно е малку одповеќе трпение. Шо би рекол брачед Емин малку појче
Пушти глас само кога знаеш дека некој те слуша. Зошто воопшто досега сум зборела со луѓе кои не го почитуваат мој збор и секогаш го газат со нивно мислење?
Loso e koga covek do sebe nema vistinski prijatel, loso e koga ti e tesko nema na koj da ja potpres glavata, loso e koga nemas so koj da gi spodelis problemite, koga nema koj da te islusa. Mnogu e loso.
Луѓето најзаинтересирано ќе те ислушаат и ќе ти дадат најискрен совет тогаш кога ситуацијата е таква што всушност преку советот за тебе, се обраќаат на самите себеси од минатото... Добра ви вечер!
Тоа што посакуваш нешто туѓо... не е мое да ти судам. Но тоа што посакуваш нешто што е мое..... е тука поштено ќе ти пресудам!!!
Ја читам статијата со двете седишта за во авионот. Зар до таму треба да стасаш за да сфатиш дека здравјето ти е ставено во опасност од прекумерената тежина? Се прашувам, ни тоа да не било, ќе си продолжела најверојатно по нејзино.
Знаете какво е чуството кога чуствуваш и гледаш дека полека но сигурно ти се местат делчињата од прекрасниот магичен разнобоен мозаик наречен живот?! И дали знаете кога тоа чуство е сепак дар на ваша сопствена упорност, трпение и инвестиција?! Ќе го прифатам со задоволство мојот подарок наречен успех, и нема да погледнам назад. Среќна и уште посеќна вест пред праг.. Затоа ќе кажам луѓе млади и полни со живот, трудете се секогаш и бидете истрајни во она што го мечтаете, можеби сонот не е реалност, ама сонот ао сопствен труд и те како може да се преобрази во реалност.
@AnaKarenina се пронајдов во твојот последен пост, од причина што кај мене и брат ми е исто.Тој наумува, одлучува и прави без никој да знае и најчесто успева, јас се морам да си споделам, да барам мислења, да дискутирам и на крај баш шуд ај, ор ај шуднт...и не успевам.Изгледа тоа е дека сме постари, сме морале да споделиме со нив за да ги насочиме, а они не сакаат да не разочараат(иако нема) па чекат да се сигурни, за да видиме што сме ги подучиле и да сме горди. Инаку јас...јас имав вери шхити деј.Бев на интервју за пракса и се разочарав, го паднав последниот испит иако мислев ќе положам, не се наспав, ме зафркнаа со цените во Џамбо и така. Иако после се па и не осеќам некоја тага или разочарување. Баш сум онака ОК е.Изгледа пораснав па научив да не легнувам се на срцево, ке ми треба здраво. Ајде од мене, пријатна ноќ.
Како францускиот архитект Vincent Callebaut го замислува Париз во 2050 година како дел од проектот Paris Smart City Како јас го замислувам Скопје во 2020 Како жените би го опишале својот совршен маж од соништата
Главата ќе ми пукне од учењееееееееее , неиздржливооо пред колоквиуми далии ке поминит што и какооооооо незнам незззззнам
Ви пишувам од новиот лап-топ. Чувството е одлично. Си лабавам иначе. Учење, молам лепо што? Утре усмен испит? Е ако де. Сериозна сум. Туку ме прашуваат онака зачудени луѓево, кога ќе им кажам дека запишав втор факултет, зошто сум го запишала уствари првиот. Што по ѓаволите ме натерало? Е, да знаеја они дека ни јас не знам, немаше да се дрзнат да ме прашаат. Знам дека бев збунета и изнервирана дека не можам да студирам криминологија, и знаев што не сакам, односно економски, филолошки, електро, финки, пмф. Се двоумев историја дали да запишам, ама нормално бев бомбардирана со прашања дали сум јас тоа нормална, како ќе запишувам историја, што ќе работам после. Машински ми беше во избор, ама нејќев да глумам нешто што не сум. Демек досега доста ми беше математика, терај си ти нешто полабаво. И наједноставен ми се виде изборот. А тоа дека мноооогу згрешив, збор не станува. Ама ете, поминаа две години, созреав, си ја увидов грешката. Сепак и се вратив на математиката, а богами и на физиката. И искрено, дупло поинтересно и позабавно ми е, и за слушање на предавања и за учење дома. Сега мака мачам да седнам да научам, да дополагам и да го завршам факулетов што ми беше најлабаааав избор. Учи, учи, досада мава, си викаш поубаво некоја задача статика да си решавав, или математика, сеедно. Што се мора, мора се. Одам да буљам во книга, и да читам нешто со надеж дека ќе поминам добро утре. Гуд најт
Убаво ми е кога осеќам некој полет во душата.Едноставно нешто што ме тера да рипнам од кревет и да имам енергија за целиот работен ден.Убава ми е прегратката,онака цврста,заштитничка.Кога барем за кратко си дозволувам да бидам нежна,малечка,ранлива.Ги разбуди сетилата,човеку!Ме оживуваш така пополека,неосетно!
Добри 20тина мин слушам дека некој буши нешто, слушам бормашина....прво мислев дека е комарец што ми лета над глава ама на овој студ сфатив дека не .. Ми текна да не е некој комшија, ама живеам во куќа, така да не би се слушало до кај мене... Одам и до вратите по собиве слушам ама не успеав ништо да слушнам, никаков звук. Седнувам кај мене во соба и пак слушам...пак станав ништо, пак седнав слушам и така заклучив дека со право си ја зедов оваа недела да ми биде слободна пошто реално мене нешто во мозокот ми брчи Изморена, настината...толку е мозокот....ко што вика еден другар епа еден е мозокот и за во лето и за во зима, што да правиме, нормални се грешките. Инаку прееска непозната жена во продавница ми вика: Извини ти си му ќерка на ХХ (името на татко ми), и јас ја гледам, прв пат ја гледам женава и викам зачудено Да...а таа ми вика: Што си прави татичко? Многу да го поздравиш. ЊТФ? И кажав дека не ја познавам, не ми текнува која е и стварно глупо ми беше....и таа ми вика: Ех, јас уште од малечка те знам тебе, уште братчето кога си го испраќаше во училиште И пак не ми кажа која е. Му ја опишував на татко ми, тој се изнасмеа и не му текнуваше која е....или може му текнувало ама се правел така наудрен