Што те чуди за провокативното облакање на факутет ?? Девојките со време сфатиле како се прави кариера.. Тебе кој ти е крив што одиш на факс за да студираш ??!?
Не го лути тој што треба да го молиш. Нели треба да се ,,поклониш,, пред него, не си прави екскурзии од типот ,,кој те е*е,,
Неколку години по ред во првите денови од ноември го гледам I Told My Kids I Ate All Their Halloween Candy видеото на Џими Кимел. Сигурно на ниедно дете не му е сеедно кога ќе му кажат дека сите чоколатца и бомбони што ги собиралo цела вечер, веќе се изедени. Ги гледам реакциите на децата и сфаќам дека одат од крајност во крајност. Од премногу љубезни дечиња кои одговараат само со It's okay, we'll get some more next time, до разгалени дечишта што пиштат, вриштат, маваат по родителите и се трескаат од земја. А на некои од нив сериозно им треба превоспитување, штом морале да ги цензурираат на видеото Јас да сум родител и да добијам такви погрдни зборови од детето, ќе ми биде срам да го испратам видеото. И си мислам, како би изреагирала јас како мала, ако моите ми рекле дека изеле сè што сум собирала за Коледе Сигурно немало да плачам, зашто плачка не бев. Ама гарант ќе ми било жал за изодените километри во тие 4-5 саати. Ние имавме стварно долга маршута, тргнувавме рано насабајле и морав барем два пати да дојдам дома за да се растоварам А меѓу сите костени, ореви и јаболки, имаше и чоколатца кои ми беа најслатки. Ама колку и да ми биде жал, не можам да замислам да им се обратам на татко ми и мајка ми со такви зборови. Како помала им се лутев зашто не ни дозволуваа и не ни купуваа сè што баравме на мене и сестра ми, ама од денешна перспектива ми е мило што не нè разгалиле. Се надевам дека здравје еден ден и јас ќе имам деца кои ќе бидат убаво воспитани. А знам дека тоа не е лесно - едно кутре чувам и ја разгалив до немајкаде, па сега ме мота како сака
Можеби повторно не остварив многу цели кои ги зацртав лани, но остварив многу цели кои не ни планирав. Повторно тезата ми е во мирување, но друга во подготовка. Но... година полна со патувања. Шарена есен. Собирав тикви, бев на гроздобер, се качив на три врва... победувам една болест, долекувам друга и ме чекаат уште патувања до крајот на годинава. Сум среќна, но не во целост, но подобро така, отколку се ова да заврши. Ќе имам уште за што да се трудам. Никогаш не викам - ајде само уште ова и се ќе биде супер и готово и ќе можам да уживам. Есенско сонце. Денес ќе се наградам со официјално завршување на работниот ден во 12.00, јер сам у могуќности. Приетно.
После 5 месеци, повторно на мојот online diary Немам ништо особено да споделам.. Со љубовта имаме ups and downs си ги учиме карактерите пред предизвици се наоѓаме, имунитетот опаднат пропорционално со времето, повторно се наоѓам пред исчекување на резултати од интервју за работа... овој пат за ревизија се работи. Повеќе ќе се дружиме перодов. Ве гушкам.
@Adina Bidejki e vo isto vreme i "sto slusate vo momentov" i "specijalen pozdrav do", a i vo isto vreme i "sakam da kazam", zatoa ke kazam...........
Причинско-последичните објаснувања спакувани во фрази на некакво оправдување не е нешто што треба да го сервирате и послужите затоа што има низа работи кои не ги должите никому: Никому не должите објаснување зошто верувате во одредени вредности. Никому не должите објаснување за своите ставови и перцепции. Никому не должите помош на неговиот пат. Таа би требало да е своеволна. Никому не должите извинување кога навистина не ви е жал. Никому не должите километарски часови на слушање за долгорочноста на катастрофалните денови. Никому не должите обврзување за нешто, само затоа што ве прашал или замолил. Никому не должите објаснување за тоа кого и колку сакате. Никому не должите ништо што е спротивно од вашите вредности и уверувања. Никому не должите лажни комплименти. Никому не го должите вашето време. П.С. Имајте своја низа на размислувања која ќе биде ваша листа на препознавање без додавање или одземање на туѓи погледи.
Денес дојдов до потврда на онаа -Секој си го добива заслуженото. Не ми е драго, ама ми е поука како НЕ треба
Толку ми се препознатливи дизајните и цртежите, па дури и боите што сакам да ги користам, мислам дека од километар се познава кој мебел сум го цртала јас. Знак дека е време за промена. И нови книги.
Ги крадам последните зраци на сонцето. Секојдневна борба со мачката за лулашката. Морам да признаам.. почесто она победува... ************************* Брат ми ја зеде неговата прва плата. За мене увек помалиот и увек крив за се . Ми ја даде целата негова прва плата. Плачев.. не за парите, туку дека и он како и ја...порасна пред време. За некои од нас животот, едноставно, скроил поинаков тек. Мислев дека него ќе го поштеди.. ама тоа не се совпадна со моите планови... Не ми требаат пари.. ми треба он, да е жив, здрав, најсреќен и умен. И таков за целиот овој живот. ************************** Во меѓувреме бројам денови. Ситно остана. Напуштаме и почнуваме одново. Стар живот на нови темели. Нов пат кој треба да се изоди. Нови предизвици. Нови романи чекаат да бидат испишани на нови бели страници. Се одлучив во овој живот белата да ме инспирира...розевите очила станаа премногу клише. А за следниот... е за него ќе мислиме во негово време. ************************* Имајте убава, позитивна и среќна среда!!
Ми ја чувствувате ли позитивната енергија деновиве, кога седнам да ви пишам со кафенце и сонце? Денес една пријателка ме наведе на разговор за моќта на мислите. Се сеќавам како пред неколку месеци се впуштав во жески дискусии и цврсто си стоев на ставот дека не можеш да се потпреш на теоријата дека со позитивно мислење се остваруваат позитивни резултати. The secret како книга ја почитував, и често беше предмет на дискусија, но длабоко во себе не верував во моќта на позитивно мислење. Едноставно сметав дека е клише. Сега, некако мислењето како да ми се менува. Не чувствувам никакво и ничие влијание, по краткиов разговор цел ден размислувам и се преиспитувам. Сфатив дека сепак постои мал дел од мене кој верува во ова, и сум го почувствувала на своја кожа. Дејствува, да. Но, да се потпреме само на ваква теорија - во никој случај... Сакам да кажам денес имав пријатно изненадување. Уживајќи по булевариве , есенско разубавени со сонцево си сретнав еден пријател кој го немав видено 10 месеци. И, всушност ми бил премногу блиску. Си договоривме кафе, да го видам асално, па да си се расприкажеме како луѓе... како оди животот и то.
"Знајте дека нема ништо повишно и посилно, и поздраво, и покорисно за идниот живот, од некаков убав спомен, а особено ако е тој од детството, од родителската куќа… Еден толку прекрасен свет спомен зачуван од детството, можеби е токму најдобро воспитание. Ако човек носи во себе многу такви спомени, тогаш тој е спасен за цел живот. А ако макар еден убав спомен остане во нашето срце, некогаш и тоа може да послужи како спас. .. .Не плашете се од животот! Колку е убав животот кога ќе направиш нешто добро и праведно!" Достоевски – „Браќа Карамазови“ Носталгична сум денес. Спомени од детството, младоста, куќата во која пораснав. Од тогаш сменив многу живеалишта, ама дете, баш дете бев само таму.
Ќе можам ли барем еднаш во животот да му се израдувам на нешто како секој нормален човек?? ...Донесов една нова душа на овој свет.... ...Испратив друга... ееее марфи марфи...а да прошеташ малку кај некој друг...доста беше мислам... До кога вака?
Велат дека сфаќаш колку нешто или некој ти значеле откако ќе ги изгубиш, но некогаш, откако ќе оставиме некои работи или луѓе во минатото почнуваме да забораваме кои биле причините за нашата таква одлука, стануваме носталгични и мислиме дека сме ја прокоцкале среќата и сме изгубиле нешто бесценето. Но во некои такви моменти на сожалување, кога пола свет те дели од спомените, почнуваш да се разбираш себе си повеќе и да не се плашиш дека при следниот крстопат нема да знаеш кој пат да го избереш. Во тишината на овој мулти милионски град научив многу повеќе отколку некогаш можав да замислам дека е возможно...
Од факултет право во матично. Porque? Цел живот е пред вас, каде е забавата, каде е тоа да го освоиш цел свет, да успееш, да ги оствариш соништата. Наидувам на одговор, тоа и во брак можеш да го постигнеш. Можеш, не викам не. Ама бракот се двајца и ако тој до тебе не е амбициозен туку си го сака типичното ала турска серија, колку далеку ќе се стаса?