Сонувам како одам по улица, минувам низ делови кои ги знам, а се сепак променети. Полумрак или полуден, не можам да одлучам. Одам, а не знам каде треба да стигнам. Да не речам, ама лутам. Наеднаш, почнува да паѓа снег. Не само снегулки, ами пластови, мислиш некој зел вреќа и истура од неа. Пластовите, бели и меки како памук. Јас се шекнувам, ако замижам, се сеќавам колку се изненадив. Си викам, од каде баш сега снег? Се' наоколу станува бело, најбело на цел свет. И небото е бело. Нема галама, нема возила, нема ништо, нема ни луѓе. Пробувам да запалам нешто, што уште не ми е јасно што, и тоа си тлее. Не гори, не вивнува, ама си тлее и не загаснува, ни снегот не може да го изгаси. А јас си седнав на земја до тоа што си тлее, сум имала некои нови чизми и си викам во памет, види што ми се убави чизмите, таман како за снег, и види, види колку ми е прекрасно. И така си се разбудив, насмеана. Нит нешто посебно направив на сон, нит па ќе направам во следниов период на јаве. Муабетов ми е, не мора секогаш некои работи да имаат цел, причина и намена, која ќе ни донесе нешто. Некако така го протолкував ова, нешто потсвесно што ме јадеше некој период. Доволно е ти да си задоволен и исполнет. Некогаш, ете, задоволството е да седиш на штотуку наврнат снег, да ти прокиснат гаќите, и иако можеби пак нема да знам каде одам, ептен убавко ми беше само затоа што заправ, кажав стоп, земав здив и поуживав.
Некои луѓе, не сфаќаат дека времето назад не се враќа. Бадијала е и зборење и викање, од кога тоа веќе ќе се случи и помине.
Па СДК дека ако не ми дојде уште 2 дена значи стварно ќе скренам.Прв пат како што се сеќавам ме фаќа вакво лудило пред да ми дјде.Абе напната сум луѓе уфф!! Не можаам се ме нервира. Ама ок ок ќе се управааам. Гости имам од Германија сестричката ми е дојдена со фамилијата. И со внучето сум си секојдневно сега.Си играме, се занимаваме Љубов најголема ми е он. Бидете онакви какви што се сонциња, и да уживаме во есента
Скапата облека никогаш не може да ја покрие бедотијата на нечија душа. Колку и да сакаш фрлај пари за облека, ама ако имаш трула душа, џабе ти е.
Обврски и материјал за учење еден тон, а јас блеам пред пц и чекам LoL да ми се апдејтне за да праам цело вечерен маратон. Мислам дека навистина нешто не е во ред со мене. Башка го поминав цел ден во гејмање. Nintendo, FUCK YOU. Цел ден ми мина пробувајќи да го поминам првиот boss на Adventure Island кецот. Се осеќам како најголемиот џаболебар на планетава. Од друга страна барем, намалив со facebook. Не дека дремам премногу на fb, али сум се фатила последниов пеирод дека нонстоп ми е отворен во позадина. Која е сврхата на тоа појма неам ама битно да е тука. Осеќам блага паника ако го нема во табовите, што навистина многу говори за ситуацијата во која што се наоѓам моментално. Незнам, губам мотивација и се чувствувам како да сум допрела до дното, ментално и физички. Имунитетот ми е катастрофа, state of mind катастрофа. Ма да фати некој да ме тепа со сукало нема да се опраам. Ете да се пожалам малце пошто тоа е во мода, а и нервозава да ми излезе. Иначе вчера беше океј ден, вечерта ми заврши убаво, на клупа со сладолед во рака. Бидејки цело лето немав време да јадам сладолед па сега, на минусни температури шпартам до малага за две проклети топки. И луѓето по улиците не гледаа како: what the fuck is wrong with you guys?! Со најдебелиот капут, замотана со шал и сладолед во рака. Еден од детските сонови, отсварен, следниот е да си купам торта, да ја јадам со лажица, директно без сечење парчиња in one sitting. Adulting at it's best. И се е тоа фино и лепо, додека не се разболам и легнам во постела и сфатам дека немам кој да ми напраи чај, или супа, да ме покрие, да ме напнува да се подоблечам и да ми донесе чаша вода и апче. И тука ми се дешава крах система. И Депресии. Depression - the perk of living alone.
@IronLady Ајронке, па намената на облеката никогаш не ни била психолошки да ги покрие луѓето. Таа топли однадвор, манипулира со изгледот
Метафорично го кажав тоа Да, топли, ама и често игра улога на психолошко ниво кај еден човек, особено во подигање на самодовербата на човек Барем во моја околина има, а не верувам дека е само тука ^)
На народот не можеш устата да му ја затвориш, што и да направиш, како и да го креираш својот сопствен живот секогаш ќе бидеш ЕТИКЕТИРАНА, кои филозофии и фантазии ги има тоа едно чудо. Сите зборуваат да се промениме, да погледнеме "подалеку од носот", но тоа никој не се потруди да го направи, напротив толку сме закоравени уште од самите наши претци врз ова небо и земја која ја газиме што просто таа традиција,тие обичаи и самата фунционалност на нашиот воздух е таква, таква и ќе остане. Менталитетот вроден во душата. Се е срамно тука, што и да направиш е срам, тешка етиќета и голем повод за сочно озборување. Дај малку олабавете бе луѓе стари и млади, до каде вака ?! До каде?! Тоа сакав да кажам, а сакам и да кажам дека сите ги ставам на тежок игнор, среќна сум јас, но се прашувам дали вие со ваков памет сте?! Добра ноќ мили жени, девојки, студентки и ученици, живејте по ваш терк а не по теркот на митра, петра и рајна!
@IronLady Да ги покрие во смисол на негативните особини зборував, не да ги открие, т.е да им ги истакне позитивните и да ги поткрене со самодоверба, тоа го прави не само облеката
^ А што е толку лошо облеката да ти ја подигне самодовербата? Самодоверба е супер работа, дали ќе ти ја подигне облека, шминки, прочитани книги или број на пријатели е сосема небитно. Сите имаме различни приоритети
@crimson Ако ми се обраќаш мене, тогаш погрешно си го сватила постот кој е надоврзан на погорните. СДК намената на облеката никогаш не било да ги покрие негативните особености кај човекот, туку повеќе се насочува кон позитивните да им ги открие меѓу кои и да им ја потткрене самодовербата
Нема поголема радост од тоа да ти стигнат долгоочекувани резултати ,што ќе покажат дека си здрав! Пресреќна сум,камен од срцето ми падна,па денес фино си го истерав денот со одмор и ручек на сонце со блиските. И пак со ветувања дека веќе нема да се нервирам и ќе се чувам повеќе. Деновиве нема ништо освен што голем дел од обврските ми беа ставени во мирување,одмарам,си лежам повеќе,се шетам. Го искористив максимум времето за да отидам неколку пати на театар што ми е особено мило. Друго што ми е на ум деновиве,родители немој да патите и да си ускратувате работи од вас во име на децата. Сами сте одговорни за својата среќа. Пожртвуваноста е добра,ама треба да е умерена. Најголем подарок што можете да им го дадете на вашите деца е да бидете среќни.
Конечно ја земав картата за концертот на Енрике во Софија. Со нетрпение ги бројам деновите до тогаш. Секоја песна му ја знам од почеток до крај. Неговата музика силно ми ги допира емоциите, ме тера да пеам и танцувам, да си ја отворам душата, и тогаш се чувствувам како латино дива кога ќе заиграм. Пак ќе одам сама, секако. Кај можам јас за било што да најдам друштво?! Не можам за во диско или за во театар да најдам, а тек за на концерт во Софија, абе смешки се луѓево со кои сум опкружена. Шуќур пополека ми се зголемува бројот на луѓе, па можеби и ќе најдам со некој слични интереси. Си останав денес домче, а се радував на латино забавата. Ама, пак останав без друштво, ми откажа пријателката. Нервозна сум уште заради маца, нејќум да ја гледам како е болна. Среќа примаше инфузија, почна да пие водичка, да поткаснува нешто и бар малку е подобра. Никогаш вака со денови не била ранлива и мирна. Па ни мјаука. Се навикнавме да не буди сабајле во 5 мјаукајќи, молејќи за друштво. А сега, спие додека не ја разбудам. А и период за парење и дојде напоредно. И и викам не си само ти мацо желна за мушко друштво. И јас сум. Ама кој да не дружи. Хормони, то је. Ќе дојдат подобри денови за двете, нема друго. Тукууу, зборев јас за некое штедење, нели? Ај потсетете ме што е тоа. Се ми се собра, зимава недојдена ме остави без пари. Е ладно ми е де, се смрзнав, чизми ми требаат, па џемпери, чорапи, хулахопки, панталони. Напоредно со тоа сфаќам дека и капутот кој две зими го носев без проблем сега ми е дупло поголем. Ќе си помисли некој свинче сум била. Не бе луѓе, 5 кила симнав само. И ќе си одам се додека не паднат ептен температуриве со ролка и џемпер и кожна јакна одозгора, нема проблем. Не се жалам, било и полошо, може пак да биде, само никако работиве да си ги скројам како сакам. Во меѓувреме ќе давам се од себе да се потсреди повеќе хаотичнава ситуација. Пополека, ама сигурно, ќе биде.
Те мразам Те мразам затоа што не можам да те имам како што посакувам. Затоа што секоја моја клетка трепери под допирот на твоите силни раце. Го разбуди мртвото во мене и ми даде тешка мозочна дегенерација од која никога= нема да се опоравам. Ме плаши то уживам кога се ме боли после тебе, но таа болка ме потсетува дека не си само имагинација. Сакај ме ваква и за тебе ќе станам секаква , скрши ме ,повреди ме , но биди тука и само до мене... Мој копнеж , моја тајна помрачна и од најмрачната ноќ -со тебе ќе горам во пеколот. Моја воздишка ,само биди ТИ сега ,тука ,до мене ,во мене , те мразам од дното на мојата матка исто како што те посакував векови наназад. Конеќно мој , биди се што сакам без граници, еуфирија и пропаст , мојот гроб е твојата прегратка во која задоволно ќе издивнам...
Не давањето шанси на оној кој не заслужил ми покажува колку сум силна во себе. Две шанси давам,за трета мало морген. Од една моја добра страна ми е жал и криво,но од онаа ладнокрвна страна си заслужи. Сакам кога викам ќе ме барате и молите и испаѓа дека сум во право.