И денес убаво си го искористив сонцето, убави се вакви денови со сонце преку ден. Ем се топлиш, ем сонцето позитивно влијае на расположението. Сите затоплени, среќни весели.... После плус си ме расположија некои киксови, од некои членови на семејството, како на пример баба ми ми се јави и ми вика: Да не имаш некое лабаво (акцент на О, како што се изговара лавабо) да ми донесиш? Или дојди ќе ти дадам пари да ми купиш, многу устата ми испука од ладното и ме боли Одма сфатив дека ми вика за лабело ама си ја зезав, а таа кутрата никако да го погоди зборот. Се напнува лабавО, па лабавО После мајка ми попладнето легна и ми рече во 6.30 да ја разбудам. Влагам тоа време во соба кај што спиеше и викам: Ајде станувај, 6.30 е....а таа скокна одеднаш, зачудено ме гледа и ми рече: Зошто???? Убаво е на глупости да се смееш, инаку ако чекаш некој/нешто со хумор тогаш наеба...никогаш нема да се насмееш
Светов е пренатрупан со глупи луѓе. Пардон, неписмени луѓе. До кога бе, до кога? Сфаќам дека не секој може да разбере физика, сфаќам дека не секого го интересира философија, сфаќам дека не сте заинтересирани да биде од вас човек, ама не сфаќам и не сфаќам како може главен проблем во животот да ви е кремата за лице, серијата, кифлите, комшиките? Како? Вие се сметате за “обични“ луѓе и тоа е најтрагично - просекот е толку трагично безбоен, обичен, досаден, неописливо неписмен, што се плашам да помислам кој се наоѓа под тој просек. Еве не знам, ама јас тешко се справувам со прост народ. Едноставно со прост човек, не можеш да најдеш начин како да се справиш. Или треба да го отераш некаде, или треба да го игнорираш. Таквите се полни со лицемерие, сите им се драги и мили, соживот баце, соживот. Нејќам бре соживот со амеби. @vitamina е овие бе ваквиве се тие што се ужасни суштества. Како очекуваш од некој кој не знае да сврзе две реченици кои имаат некаква смисла, да не се занимава со твојот или било чиј живот? Па они знаат бе! Знаат глуперди едни. Начукале 30 години, не знаат разлика меѓу „кои“ и „кој“, и кога ќе ти тресне нешто напишано „госпот и богоројца нека се напомош“, ама затоа знаат дека ти не чиниш, крива си што “се знаеш“, “животот во знаење ти поминал“... Ах беееее.
Ајде станувајте, утро е! Имајте убав ден! И се восхитувам на мојата утринска хиперакција! Секогаш пред полагање си слушам музика, пеам, расположена како да одам на паза. o.O Удри бригу на весеље.
Makar 5 minuti da se razbudam pred alarmot, jas ke se izraduvam deka imam uste celi 5 minuti za spienje. E so da ne pomislivte deka ke stanam?! Nemat shansi!
Колку повеќе сакаш да и докажеш на толпата дека си во право, толку се повиновен излегуваш. Не се правдај и не докажувај. Заглавуваш така.
Минуваш покрај маалото каде што живееш нели, најнормално, седнале куп стринки и тетки и те гледаат од глава до пети, ти и викаш здраво од култура а тие "каде" "зошто" "како" "штоо" триста прашања, поминуваш и почнуваат да филозофираат да фантазираат, од мравка - слон, од еден твој кажан збор - 3 сврзуваат. Аа митро јас слушнав оваа "вака" "така" "онака" совршено ти ја склопуваат автобиографијата, небаре попаметни и од најдобриот можен писател книга да напишат. Одиш во продавница, продавачката исто, без да те испраша не и минува денот, дур едно млеко и леб што си земал може совршено да ти ги искара на нос од нејзините глупи коментари прашања и подточки. Животот и е налик бајка, од маалски муабети за кој што и како направил не можат да куртулат, ако пропуштиле и не удриле едно сочно оговарање ќе ги боли глава 1 недела. Стојат на џам небаре очи ќе искриват да не пропуштат кој кога и од каде се враќа... ќе стојат накар и нозе да и се здрват ама не смеат да пропуштат кој каде и што прави. Закоравен народ!
Црна декоратива на небото во главниот град Гратски таковци, чичковци, тетки... секој нешто кажува, ама ништо не презема против енормното загадување. Толку е одвратен воздухот што мислам дека и дома го чувствувам
bienvenue dans ma realite dosta mi je vasih lepih manira,to je suvise za mene ja jaedem rukama i kakva sam takva sam govorim glasno i iskrena sum,izvinete me hajde da prestanemo sa licemrejem ,meni ga ponestaje dosta mi je besmilica,pogledajte me cak nisam ni ljuta na vas jas sam jednostavno takva
Јас и алармот? Kого лажеме? А највеќе тие што ќе речат дека ако рано не си станал, денот ти пропаднал. Мене денот ми почнува кога станувам, не кога ти стануваш A ефикасноста може да биде и подобра и побрза, нема врска тоа со станувањето пред петелот Друго нешто, најдобра терапија ми е шопингот или пробавањето на милион комбинации, сеедно, таму сум во друг свет
Она кога некои постари роднини и куќни пријатели што ги имаш на фејсбук, ќе те искараат зошто лајкуваш „безобразни страници”. Инаку за Word Porn беше работата
Стара новост.. ама јас ја прочитав вчера.. Тетово најзагаден град во светот?!?! А Скопје трет во Европа?!?! Не.. не ни е крива ни држава ни власт... никој не ни е крив. Гледаме, слушаме, разбираме и ќутиме. Никој ништо не превзема. За 10 години од сега, кога 80% од народот ќе бидеме заболени (не ми се спомнува од што).. е тогаш веќе ќе биде доцна. Забораваме дека овој свет треба да го направиме подобро место за живеење за нашите деца! СРАМ ДА НИ Е!!!
По грешка ти стиснав лајк, не е за лајк Не е вистина дека никој ништо не превзема. Знаеш ли откога се организираат штрајкови во Тетово, конкретно за да се затвори Југохром кој сите не отру, и ништо не се случува. Не знам што веќе треба да се направи. Што друго е битно ако не пари, здравјето сигурно не, за тие што треба да ја донесат одлуката
Слушајќи го менито што ќе го има на свадбата на еден од поблиските ќе си кажам. Каква е таа свадба без стекови со прелив бе , абе не се женам ако нема стекови на свадба ,абе и прасе има на ражен да се врти , ...