Навистина не знам... како што пишав и претходно дури вчера прочитав за ова и се запрепастив. Ова е страшно. И да, вчера баш зет ми тоа го искоментира, вика дека и многу луѓе биле таму вработени. Навистина не знам дека во Тетово се организирале штрајкови.. барем не сум сретнала да прочитам никаде... А што се случува со тие штрајкови? Можеш ли да ми кажеш нешто повеќе околу тоа? Лидери во регионот и светот.. само за жал.. и тешко по нас.
Може некој да ми каже зошто толку многу спијам? Значи се нервирам дури, денеска цел ден бев дома и станав во 7 бев до продавница јадев и па си легнав и сеа станав и цел ден ми отиде, а цело време ми се спие незнам што ми е. Значи многу се нервирам вака се осеќам многу глупаво. Се мразам самата у вакви денови аман веќе.
СДК листајќи низ групите по фб, читајќи низ форуми и воопшто низ социјалниве мрежи дојдов до заклучок дека неписмениот и прост народ веќе сто посто доминира над писмениот. Еве отворете на било која група на фб на која би требало да се одвива сериозна и издржана дебата ќе видите дека најгласни се оние што врска немаат. Паметните луѓе скроз се повлекоа. Дојде време да оние кои што навистина знаат нешто - молчат, а оние што поима немаат се најгласни.
^И јас дојдов истото да го пишам,истомисленици има многу значи. А се додека на врвот се неписмени,а корумпирани,нема фајде од државава. И не само на врвот,луѓе кои треба да ги почитуваме,кои треба да зрачат со авторитет,ај што немаат образование,немаат основна култура ниту понашање. Најискрено поарно ниви да копам,барем знам моја работа е,нема некое вообразено копиле да ми шефува. Па до кога обичниот народ ќе пати,жолчката ни се скина,сета крв ни ја исцедија,ништо не остана... А не е ова жалење на владата,ова е разочарување во луѓето.Владата си е таа,другиве опозиција се бетер,врти сучи,не се најде асален...
@Yowannty Еве има видео од невладина организација (на албански додуша) https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=882126715211138&id=540217222735424 Линк од весникот, нова вест е а сепак стара. http://www.utrinski.mk/default.asp?ItemID=9D20C523BE1182448B057A6627559BE2 А имаше и гостувања по тв порано, ама ништо не се смени сеуште. Има и фб група од невладина организација која веќе подолго време организира протести на плоштадот во градот против загадување од југохром. Не да се затвори фабриката, јас прееска набрзина напишав, туку се барат барем филтри кои ќе го намалат загадувањето. Од тел.ставам линкови, белким ќе ги отвори
Затоа што обично површноста и игнорантноста одат заедно со поголема самодоверба, додека оние што навистина имаат што да кажат ги одмеруваат своите зборови... True story, за жал.
@BoaVista , јас некако ова го гледам ко циклус. Дадено им е значење на ограничените нели за да се види до каде можат да одат со нивните (не)капацитети. Ќе помине, тркалото на животот се врти цело време.
Ти благодарам на одговорот. Ги разгледав линковите. Страшно. Се надевам само дека сите ќе се свестиме и ќе сфатиме дека крајно време е нешто големо да се превземе и тоа во најскоро време. Поздрав
Кога ќе слушнам како некој млад човек, дете тинејџер се лечат од ракови, тумори, леукемии ми се иде со последните пари да се разгалувам најмногу што можам мене и моите. Оти овој живот убав е, ама и мачен е... и не знаеш кога на каде ќе те однесе. Кога ќе те вивне во височини, а кога ќе те закопа во мрачни длабочини.
Не знам дали ви имам кажано дека пред некое време раскинав врска. На почетокот ми беше тешко и бев колеблива,цело време морав активно да се спречувам за да не го земам телефонот и да му се јавам. Сега после некое време сум супер,благодарна што се заврши лесно и тивко. Благодарна што заврши. Не бевме еден за друг. Последните денови веќе се гушев,мислам дека бев во потенцијално многу токсична врска за мене,дури и сега ме фаќа паника кога ќе помислам на тоа. Изминатово време си го посветив целосно на себе. Полека ми се олеснува. Спијам мирно и радосна сум. Со наполнети батерии. Си гледам серии,си пијам чајчиња,готвам,се шлапам со маски,читам,планирам викенд надвор од Македонија за некоја недела. Сакав да кажам дека се поминува и некогаш треба да стиснеме заби,ако знаеме дека тоа е подобро за нас.
СДК, денес имав малце луфта, сакав да се излуфтирам малце па поминав онде кај шо живеев. Ме фати една носталгија, уште ме наболва. Куќата смената - од корен. Не дека прво забележав каде живеев, туку куќата од спротива, таа каде живееше. На сосем нова куќа уште седеше старата сива ограда, порано беше со лазач, пожива. До неа старата, сега искршена продавница. Порано имаше многу играчки. Сега на сред бел ден цела улица беше пуста, никој не врвеше, а порано само деца трчаја. Црницата е сечена. Оние мали деца од по 2-3 годинки сега се големи, не ме ни познаа, ама како би? И така малце повредена, ми недостига тоа време, ојдов на колоквиум, во реалниот свет. Таму имам уште една другарка од тогаш. До сега немав шанса да зборам со неа, денес имав. Ама сепак мислите ми беа назад ко требаше да знам шо да пишам на ливчето. #блокада
Mozes da zamislis deka ima i takvi na koj babickite koj sedat pred vrata mnogu im se slatki. Gleda detevo moe sliki od Italija i mi vika; mnogu mi se slatki babickite koj si sedat pred vrata na mali stolcinja.Sakam da ziveam vo Italy, ke si kupam stolce i ke si sedam i ke si socializing so babickite. Na detevo mu se videlo interesno na slika. I vetiv deka koga ke ostare ke i kupam stolcence, ama treba da si kupi kuka za da ima kade da sedi predporti.
Во последно време ме има фатено многу мрза. Не знам шо ми е ама не се познавам. Од пред неколку месеци кога почна да ми тргнува од лошо полошо се, ме отепа, знаев дека сум малер ама не до толку,, ама и да ми се случи најлошо барем нема да ми биди чудно, се навикнав. Чудо би било ако ми се случи мене лично нешто убаво. Инаку да злопамтило сум, памтам се. Велат надежта последна умира, ама кај мене одамна умре. Како и да е убава вечер, топло чајче, преубав мирис од липа, добра книга и моето најубаво маче, доволно ми е.
Сакам да припаѓам некому, да се скрјам во неговата прегратка и да се заштитам од светот. Во нечија прегратка да најдам мир. Господе, само тоа. Ти благодарам!
Не се потребни многу зборови за да ми го разубават денот. За да бидам среќна. Ниту пак многу докази. Потребно ми е само едно малечко зборче кое можеш и случајно уз муабет да го кажеш. Сама ќе си го протолкувам. Или една прегратка или едно цврсто стегање за рака. Тогаш сум среќна и знам дека има некој до мене. Дека не сум сама!