Никогаш не е доцна да се направи нешто ново, да се почне нешто од почеток и да се стави крај на некои работи, па колку и тежок да изгледа таквиот крај и колку и да мислиме дека е веќе касно. Ќе дојде време кога треба да сфатиш дека некои работи колку и да ги форсираш, не одат,не се помрднуваат од мртва точка веќе долго време и дека редно време е да се започне со нешто друго. Нешто што повеќе ќе те исполнува и помалку ќе те нервира. Еве јас седам и се мислам како да завршам, а како да почнам. Не ме бива. Ни за едно ни за друго. Тешко ми е. Секој почеток ми е тежок, а за крај па не правам ич муабет. Едноставно не можам да ставам крај. А во ситуации кога ставам, по извесно време ја бришам таа точка и на нејзиното место ставам запирка. И продолжува. Сега, собирам сила и пробувам да оставам зад себе се` што мислам дека не треба да биде до мене. Редно е да направам место за нешто ново.За нови личности. Нови спомени. Можеби нова јас. Не знам. Јас знам од каде да почнам, но не знам како. Ама ќе биде. Се надевам.
скд толку да се нема грам мозок аман бе!! какви прости луѓе има кликерот воопшто да не им работи дембели страшни психи не сфаќаат колку се досадни штета што психопатите никогаш нема да признаат дека се психопати за голема жалост тие се толку самобендисани си мислиш целиот свет се врти околу нив и само знаат да лажат, мамат и да ти го загорчуваат живтот е од таквите светот пропаѓа!!!!!
Бравос за Барби за постот над мене кој е инспирација и за мојот пост. Има премногу исфорсирани луѓе кои не ги бива ни за бришење нос, додека пак оние кои што навистина се надарени немаат шанса и можности да ги слушне некој, да ги пофали, да им потврди дека се добри, да им помогне во понатамошен развој. А има и луѓе кои имаат талент, а не се свесни за тоа. Не знаат дека поседуваат одредени вештини кои можат да им помогнат во животот. Е каде помош за тие лица да си го пронајдат она што е длабоко закопано во нив?
Сакам да се вратам во времето каде што се беше едноставно. Кога не постоеа компјутери и по цел ден си играв со цела машка банда во маалото, кога немаше телефони и си играв дома со куклите и си ѓи разгледував сликовниците, кога ке одев кај баба да спијам и цела вечер правевме смешки, кога одевме на одмор и мама ме сликаше со сариот апарат на филм, кога си играв со кученцата во дворот и кога ке одев во дворот и си играв со кал. А сега?- Сега е "ново време", и во тоа време постојат само компјутерите, телефоните, таблетите и ништо друго. Сега за излегување сите во миничи пошо страмота е во фармерки, во школо одат со пудри и нашминкани, никој не седнал да прочита бар една книга а камо ли пак да знаат која им е лектира за школо, во школо се криви наставниците а децата се невини, малите деца цел ден седнале пред компјутерот немошат да кренат глава од него како сестра ми, и кога ке одиш во кафич неможе да седиш и да си правиш муабет со друштвото туку телефонот во рака и сликај се за на фејзбук тоа е најважно. Ете мое мислење е дека живееме како роботи, со луѓе кои не ценат никакви вредности што ги поседуваш внатре во душата, и само да се живее за лајковите и социалните мрежи! Епа, да како мала ми беше убав животот и сега ќе ми е! Јас сум скромна, да сакам да се облекувам ама и тој жар во мене згасна сега само фармерки си носам но и пред тоа не ги покажував задникот и градите како некои мои врснички, читам книги, не седам многу на компјутер, учам, одам кај роднините, кога ке излезам некаде не ми е телефонот во рака, не живеам за лајкови, го ценам секој човен и неговата вредност и никогаш не навредувам никого. Се прашувам дали некогаш же се опаметат луѓето или ќе оди на полошо?
Божее, никогаш не било вака, воопшто немам инспирација да напишам текст, а баш ми е потребна.. Не ме бива за пишување. Ете ако треба и да имам кец на писмената. Ќе му ја предадам празна тетратката и ќе си кулирам. Мукоо мојаа јбг
Ова ''хулиганствово'' многу деца расипа. Некој да ми кажеше дека мој другар ќе стане таков каков што е денес немаше да поверувам. Знаев дека така ќе бидне, лесен е во паметот многу. Лесно потпаѓа под нечие влијание. Не за џабе рекле: Ским си такав си... и да не си таков, ако се дружиш со такви деца, во очите на луѓето изгледаш и ти дека си таков. Кога се нема јак карактер да речеш НЕ тоа е.. Него друго сакав да кажам. Перидодов направив мали позитивни промени кај себе, се чувствувам многу среќно и исполнето. Понекогаш сум тажна, онака без причина, ама се на се среќна сум. а и кога ќе подразмислам убаво, зашто да не сум ? Здравјето, фала му на бога ме служи, имам добро семејство, опркужена сум со добри пријатели. Тоа е најважното. Што ми треба повеќе ? Имајте убава вечер. Отидов јас да учам, оценки треба да се поправаат. :geek: Ве гушкам.
Аман од работа ми е понекогаш, ама па знам дека некој ни таа работа не може да ја најде, па се освестувам дека барам преку леб погача. Џабе работи, џабе не седи. Прашање, ај ве молам во ЛП пишете ми каде има моливи со пораки на нив? Како, те сакам и слично?
Сакам да кажам дека ти и јас секогаш ќе имаме недовршена работа. И после нашата последна прегратка и бакнеж и после она што ќе речиме: ' Овај пат е стварно крај... ' И кога ќе се вратиш кај нејзе, а јас кај него, но прашање е само време до повторната средба и кога се ќе почне одново. Секогаш ќе ја имаш лудата желба да седниш в кола и да дојдеш по мене, далеку од сите. Секогаш ќе ја имам потребата да ти звонам длабоко во ноќта. Секогаш ќе бидеме пријатели пред сите, а многу повеќе од тоа настрана. Бидејќи тоа сме ние, многу повеќе од пријателство, а многу помалку од љубов...
Покрај овој рој на deja vu и presque vu успеј да ми бидеш јamais vu!!! Ќе се најде вајда и таков нели? Не дека јас го барам, мислам апсолутно никаква акција не преземам за да има против акција т.е реакција ама пак не можам а да не се замислам на темава from time to time. Ужасно многу љубов има меѓу нас, дали возвратена, невозвратена, мајчинска, сестринска, другарска онаа романтична и пак луѓево се ужасно несреќни. До мојата погрешна перцепција ли е или некои луѓе навистина не ја ценат љубовта која ја добиваат, или не и го знаат вистинското значење? Нека се јави некој попаметен да ми проветли. Јас уште се нешто лажно надевам во мојата идеологија дека за секој на светов има нешто соодветно, како со лончето и капачето приказната. Само моето не сакам да биде било кое капаче, само да биде ТОА, јamais vu капаче _____ Времето си минува, деновите се нижат, коцките се редат. Ќе ме огрее ли сонце конечно после долго време и ќе успеам долгорочните планови да ги штиклирам како 100 посто остварливи? Уште ситно се брои, недела, 7 дена, 168 часа.... Можеби е лошо да мечтаеш и однапред да се радуваш, т.е знам дека е, ама па ако сум негативна и не верувам во тоа, мислам дека уште толку ќе си го отргнам од себе со самата негативна помисла. Верувам во онаа позитивна пихологија дека ако веруваш во нешто многу силно ќе ти се оствари. Па нека удри и некад во мене, иаку велат е удирало гром во коприви. Кој знае, ќе видиме наскоро кој во што удира, каква е поентата на пихологијата со позитивното наведување на мислите и среќата. Мојата среќа. Вајда нешто остално да ме прати низ животецов, колку и за трошки нека е, ама тука да е и моја да е, зашто туѓа не ми треба. Рано е за лека ноќ, ама ви ја пуштам за лека ноќ, наместо апче, чоколтце или било што да си земате за стрес рилис. http://www.youtube.com/watch?v=Cjuu4a-zv5s
Ауу, зошто ме натера да го гледам? Не сум јас за вакви работи. Целата се наежив. Мислев дека ќе се онесвестам или ќе повратам. Аман. Убаво е видеото, но многу е...бррр...потресно и језиво. А батко Хитлер, само за хомосексуалците бил во право што не ги сакал. Но тоа не значи дека треба да се убиваат.
Далечино, другарке моја драга и најблиска во последниве 4 години, Те мразам. Оди по ѓаволите. Колку сум подалеку толку повеќе болиш. А баш добро се сложувавме. Не си фер. Искрено, тажната јас.
Не...неможев да изедам 4 порции (чинии/тањири) шпагети....неможев 4 можев 3-и-ај уште малце.... неможам да дишам ... не не кој ме тераше да изедам цели 3 тањири шпагети Оооооох како ќе спијам
Денеска го свртевме муабетот со една другарка за патувања, одмори, па ми рече дека сум си непоправлива романтична душа, дури и по мојата замисла за идеална дестинација. И навистина, не би одбила ни излежување на плажа на некој егзотичен остров, ни шопинг во некоја метропола, ама дефинитивно кога ќе помислам на совршено место за одмор, веднаш со паметот ќе погодам некое романтично италијанско или француско гратче на картата... Едноставно, за мене најубави места за одмор од соништата ми се таквите тивки, романтични гратчиња. Веднаш би се изгубила низ прекрасните тесни улички, восхитувајќи им се на старите градби украсени со цвеќиња, па да си седнам на кафенце во некое мало ресторанче... Се натака си ме влече паметот, створена сум за такви топли, мирни медитерански местенца. Ариведерчи, идам јас уште малце со сликиве да си посонувам со отворени очи, ве оставам во daydreaming расположение.