Кога си студент кој студира во друг град,најрадосен момент ти е кога се враќаш дома,нема поубаво чувство. До автобуска ќе леташ ако треба со куферот в рака. Една од првите сум,трчам што побрзо да стигнам и пред време како на маратон да ме пратиле. Па кога ќе си дојдам,кога ќе ме пречекаат насмеани,па ќе ме изгушкаат и ќе кажат дека сум им недостигала...Ех , колку си ги сакам! На гужви,брзање и стрес кои во текот на неделата ме мачеле заборавам во истата секунда кога ќе ги видам нив,викендот ми е еден вид на ресетирање. Денес си појдов кај баба ми на кафе,ама само на кафе кај неа не останува,веднаш почнува да ме послужува со благо,па ја прашува и мајка ми кога ќе стигнам дома за да ми ги спреми омилените јадења на време. Вечерва и се шеткав со другарките,солзи од смеа ми течат, колку се откачени. Eте затоа ги сакам! Само со нив олку се смеам,многу се интересни. Се сеќавам дека како помала,уште кога бев во основно,си велев кога ќе отидам во друг град на студирање ќе ми биде многу поубаво,мислев дека нема да сакам да се вратам. Ама поинаку да ти била работата. Градот мој иако е мал и има уште 1000 маани,мој си е,каков е-таков е,тука се чувствувам пријатно и опуштено. Однесете ме и во Лондон и во Париз и каде уште не,ако моите ми се далеку џабе,пак едвај ќе чекам што побрзо да се вратам дома. Туку,не знам дали некој од вас вечерва ја забележа ѕвездата што паѓа. Втор пат во животов имав прилика да видам вакво нешто. Два пати во рок од неколку месеци. Иако ја видов на 2-3 секунди, се' уште сум под импресии,преубаво беше. Од толку возбуда ќе заборавев и желба да замислам. До пред некое време велев дека воопшто не верувам во такви работи,но првиот пат кога видов ѕвезда што паѓа и замислив желба навистина ми се исполни,се чудев како е можно. Чудно е како може нешто што ретко се појавува и трае многу кратко може да ти влијае многу позитивно,уште ми е во мисли таа глетка. Замислувајте,посакувајте,секојдневно трудете се да најдете барем малку време за блиските и поминувајте го во разговори со смеа и забава.
Не знам зошто, ама не можам да пијам кафе или чај ако не ми е убава шолјата, некако не ми е посебно, како со сила да го пијам...
Неделава како да преживувам, не да живеам.Кога ке те затера лошо, е многу лошо.Окупирана сум со најцрни мисли и психички се истоштувам.Ама можам да поднесам уште многу.Ми било многу тешко во животот.Неможам да бидам мирна.Барем додека да се исполни тоа.Мислам на моменти дека ке скрејнам.Да, да, да ... Лани беше 100 пати подобра годинава од оваа.Некако ми беше добра бројка 2015 си велев, барем малку ке ми се подобри животот.Како да не.Годинава здравје ме напаѓа упорно и упорно.Уште едно не се средило, друго се дешава.Стално така.И никако нешто да се подобри.Само на лошо оди.До кога? Што ти згрешив животе? Што? А сигурна сум дека ќе се скршам.Ќе немам волја за живот.Ама ни сега ја немам.Деновиве како во темница да живеам.Се чудам како некои луѓе немаат ама баш ни еден проблем, и од убав живот незнаат како да се излигават.Само се уфилмуваат.А јас, проблеми колку сакаш, куп .. Ја мразам годинава, го мразам животот.Се мразам себеси, со само еден потег ке решев се.Ама тоа на време да ми текнало.Сега е касно.Се ќе беше подруго.Немам мир Боже, зошто ме окупираш со црни прецрни најцрни мисли. Негативност колку сакаш, во мојот пост, слободно прескокнете го.А за оние кои го читаат, се надевам барем вие сте среќни.Јас никогаш нема да бидам.пРЕМНОГУ ПЛАЧЕВ НЕДЕЛАВА.и УШТЕ МНОГУ СИГУРНА СУМ.Ќе си ја кршам главата од зид, убедена сум.
Нема полошо чувство од тоа кога осеќаш дека најдобриот другар има чувства за тебе. Некој кој го гледаш како сопствен брат, со кој се си поминала во животот, се си споределила, ти дава хинтови дека има чувства за тебе. Ме убива грижа на совест.
Edinstvena sum sho kafeto ne mi pomaga da ne spijam??, tuku me tera na spienje ushte tolku Aj Dobra Nok 
Многу работи ми се случија последниве неколку недели... Тотален пресврт во мојот живот. А уствари сега ми текнува дека такви пресврти ми се случуваат на секој 4 години... Изгледа мене престапна година ми е една година пред престапната... Ауу луѓе, некогаш животот е почуден од тебе значи...
Премногууууу ми фалит опуштање забави излагање......деновиве кнап зафатености слободно кратко време за на форумов само
Ако некому си направил искрена пријателска услуга, тогаш не чекај да ти врати т.е. контрауслуга. Ако чекаш, тоа значи дека услугата не си дал туку си ја продал. Не сте пријатели.
Полош совет (ако можам да го кажам така) од "Не се замарај" или "Ај ќе помине" или "Тоа е", нема дефинитивно.
Она што го правиме само за себе.....умира со нас. Она што го правиме за другите.....станува бесмртно.
Обожавам на сабајле јога, гледање во сонце, медитирање...А потоа убав доручек исто така надвор, на сонце, на воздух. Поубаво од ова не може да започне еден ден. Ми стана навика...убава навика.
Од модна блогерка у штикли, се претворив у "како да се шетам во тренерки и да изгледам социјално прифатлива" модна блогерка. Also, ако не почнам да вежбам ќе станам и plus size модна блогерка.
Преубаво е кога имаш до себе другарка која ја сакаш како сестра. Преубаво е кога ја будиш и имате задача да се шетате и да одите на шопинг. Лежите во кревет 2 часа се смеете на се. Се сеќавате какви денови сте поминувале во гимназија. Колку часови сте чекале за да си ги видите дечковците иако тие вас во тој период не ве познавале. И колку пати не сте се појавиле на час само за да ги гледате на истите како играат фудбал и ви посветува гол на вас. xD Колку пати сте плачеле,сте се тешеле. Најсмешна случка и најглупавата може ни беше кога избегавме а ташната и тел ги оставивме на глупа,цели 2 часа не немаше, а класната имаше направено филм. Се сеќавате на какви ретардирани дечки сте им се свиѓале, за лажните другарки кои сте ги имале покрај себе,ставање на коцки мраз каде што сте имале шливки,на милион испиени кафиња со млеко, на кавгите една со друга. На провокациите што сте ги правеле на дволичните другарки.Се секавате на милион случки каде сте биле една до друга каде што сте ги избркале темните облаци на еден лош момент што за конец ви е спасен животот. Никогаш ама баш никогаш не сме каснеле дома,сме се вракале во точно време. Па затоа јас сум миленичка кај неа дома, а и таа кај мене. Да можам отворено да разговарам со таткои како што можам да разговарам со тато. Таа е онаа која никогаш не може да ми рече нешто лошо. Која ќе рече дојди ми во Скопје ми требаш.Која најдобро ме познава,која може да ме пресече кога грешам. И секогаш си остана онаа која е најбавна . Па еве додека ја чекам пишувам. Ептен си ја сакам. Низ глава имам цел филм или колаж од слики кои никогаш нема да избледат.
Сакам мирни кафе местенца. Со лесно музиче. Убаво средени и поглед на улица. Да врне снег. Црвени носиња, рачиња набуткани во туѓи џебчиња за да се стоплат. Прегратки од кои срцето лупа како лудо. И погледи... во кои можеш да прочиташ цели прикаски. Погледи во кои можеш да се изгубиш.. и да се пронајдеш исто толку пати. И понекогаш сакам празни муабети. Смеење на глупави вицови. Смеење до бесвест. Смеење ради нечие друго смеење. Тропање глупости и зезање на своја сметка. Трагови на снег ама и на срце. Љубов.
Комплимент.Тоа значи дека си посебна.Во ова време на копи пејст генерации,кога секој некого копира и сака да биде некој друг,најдрагоцено нешто е да бидеш свој и уникатен.
Чувството кога на аеродром си дојдена онака на минување,но ти доаѓа онака филмски да се чекираш и да си летнеш некаде.
ubavica25 напиша: ↑ Денес ми кажаа дека сум била ИНДИВИДУАЛЕЦ..паа..што е тоа? Индивидуалец не значи и посебност, уникатност. Индивидуалец е личност која се дистанцира од толпата, се фокусира на својот живот, си живее сам со себе поголем дел од времето ... Не му се секогаш потребни луѓе за да функционира во денот, периодот, животот.