Пример, во фудбал е индивидуалец оној што не игра тимски, туку по секоја цена се обидува тој да е ѕвездата што ќе постигне гол. И јас не го гледам како комплимент што значи посебност и уникатност. И тимските играчи се посебни, секој од нас е уникатен. Може да е комплимент кога означува човек што не се потпира на други за да постигне цел, ама може да има и (блага) негативна конотација кога се работи за тимска работа.
Спојлер: кога есента ќе ти се качи на глава... Сонцето премногу потеше во летото и немаше сила да си ги покаже забите од жешко,па ете се реши оваа есен да си ги покаже забите,да си ги сунча во интеракција со студениот,а воедно и загаден воздух.Луѓето си пешачат по улици,пешачам и јас...поточно по тротоарот.Одејќи така со мантијата,поточно палтото,како некоја женска кабадаја(мозокот ми мислеше како да сум во најновиот филм на Бонд.Симона Бонд.),дрвјата околу мене извишени машала едно 5-6 метра според мојата неофицијална проценка,ги разнесуваа своите круни исполнети со минималистички број на зелени ливченца и огромен број на жолти лисја.Мојата тиква, поточно глава беше плод на љубов на прво паѓање.Првото паѓање од некое дрво на едно жолтеникаво ливче.Сонце есенско ми е тоа.И така јас шетајќи по тротоарот,не ни почувствував дека едно 10тина минути на главата ми висеше едно ливче и така си шетав.Арно ама,другарка ми зеде да се смеј како да видела штрк со човечки глас.Пример.Е и ми вели да застанам.Застанав,таа се смеј ли се смеј.И ми изваде од главата ова ливче шо е прикажано на фотографијава прикачена погоре.Подарок од есента.Си го зачував ливчето и си го носев до дома,но не на глава повеќе,туку во раката.Веднаш штом пристигнав,побарав во домашната библиотека некоја книга и ја одбрав Најдоброто од мене од Николас Спаркс и така случајно отворив на 114-115 страна и таму го вметнав.Годишниве времиња имаат чуден начин како да допрат до тебе...И навистина кога лисјата паѓаат,паѓаат...и тоа на глава.Епа ете ми се качи есента на глава... Интересно...
Denes bas me fati nostalgija. Definitivno nema poubavo mesto na svetot od ona kade sto si se rodil,porasnal,prv pat si go izgrebal kolenoto,dobil losa ocenka,se pojavila prvata simpatija,prvo skrseno srce,prva solza,prva nasmevka... Znam deka tamu zivotot e teska borba.Znam deka ne e lesno. No,ovaa borba koja nie ja vodime so srceto daleku od site onie nasi najmili e poteska od se. Ne se lazete deka sonceto nekade poubavo sveti. Toa e samo lazen sjaj. Mi nedostiga Skopje,mi nedostiga se...
Вчера го гледав новиот Џејмс Бонд. И овој дел најголем впечаток ми остави. Исто така е најдолг Џејмс Бонд филм што бил направен досега. Али вредеше да се гледа. Од прва минута до последна сите забулени во филмот. Добар беше.
Само седнете пред прозорец и гледајте како паѓаат ливчињата од дрвјата. Дали го чувствувате движењето на времето и ја разбирате смислата на животот?
Баба ми е жена која животот го разбира од многу "ферска " страна. Има една приказна за Исус и Господ, а таа многу често ми ја спомнува. Исус му се обраќа на татко му "Тато , оваа Ева многу е убава, ама нешто не е многу паметна " "И убава е и паметна, колку што си ти за да можеш ја разбереш" му одговорил . И кога ќе видеш дека тоа е и најголемо "Ом" и мантра од еден општествен карактер, станува уште посилна приказната. Животот е фер, колку што ти си фер со него затоа што ти си го креираш. Кога зборувам за духовноста, таа е универзална без разлика од каде доаѓа.. Догматски не се врзувам за една и единствена вистина и не станувам нечиј "apologist". Кога пробуваш да ја сфатиш вистинитоста, ја сфаќаш само симулацијата. Не, вистината не се сфаќа не се гледа ами се осеќа. Луѓето порадо би одбрале да гледаат симулации отколку да се зборува и дејствува во името на вистината. Тоа е негативното во динамичното секојдневие, како што е instant karma од John Lenon. Напоредно со тоа е dinstant karma од Johnny Stulic па си практикувам тебе лага, мене вистина.
Есен, мода, улици... Месец ноември или Мовембр… месец на машкото здравје одбележан низ симболиката на мустаќите. Одраз на машкоста, зрелоста, впечатливоста во толпата. Патем, влакнатоста во физиономски поглед годинава, е драстично во модерен подем (брада, пунџи). Со или без тоа, секој ја носи привлечноста на свој препознатлив начин. Не помалку погледот ми го фокусира комбинацијата црвено-окер, високите чизми што ја оцртуваат линијата на ногата, тивкото и слатко смеење, дружењето на двете раце, длабоката прегратка во вечерните студени часови, румените образи од топлата напивка. И така... Се започнува од почеток со новото будење на денот низ озареноста на романтичните есенски бои кои шушкаат под направениот чекор.
Викенд резервиран за филмови, легачење, полутемна соба, јадење, пиење, нозе во вис. После напорни десетина дена, не ми се оди никаде. Дури ни во трговски. До толку е дојдено. Почнав филмски маратон со ваши препораки, ги разлистав последните две три страници од последен филм и рецензија, па изборот падна на el cuerpo. Гледам некој препишувал, дали една од друга, дали од рецензии од критичари и филмомани небитно, утка ми беше филмов. Демек многу неочекувано завршил, секоја чест, па види, на крај секаква приказна може да се измисли ама тоа не го прави филмот добар. Ќе си одам со стари филмови, класика, црно-бело, љубов, романса, да одморам малку од напорни ствари.
Не знам за вас ама мене страшно ме нервира и иритира кога одреден член пишува во 15 теми во минута со цел да си го накачи бројот на мислења. Полека бе људи, за се има време.
Ова на мене лично се однесува???? Ако е за мене лично можеш и во пп да ми кажеш ако нешто ти пречи или јавно да ме споменеш тука. (не гледам зошто го криеш тој некој) Никад не сум се натпреварувал кој има повеќе мислења и никад нема да го правам тоа. И не чкрапам во која било тема. Туку види што пишувам и во кои теми пишувам. Доколку не беше ова за мене, однапред ти се извинувам.
Има некои луѓе што апсолутно ја погрешиле професијата....повеќето требало глумци да бидат. Се запишал на архитектура, или на јазици, или фармација...не бе брате, оди на драмски, не си свесен кои оскари ќе ги добиваш Македонија изобилува со големно количество на глумици, за кои што нема работа, па кутрите сами решиле драми да си прават. Ех, колку сум јас наивна што му верувам на секој втор. Инаку се прашувам дали има нешто поодвратно, поглупо, поочајно за гледање од пијана тинејџерка? Не верувам баш.... п.с. мразам кога некој ќе заспие во иста соба каде што сум моментално...се трудам да сум најтивка што можам ама баш тогаш ќе ми падне нешто, ќе се удрам, сам тв ќе се попушти, и сега решив само да седам додека не се разбуди човекот и ај да видам дали нешто ќе се случи.
Не е моја работа да ти кажувам во ЛП колку мислења да пишуваш, а не можам ни да ти забранам. Си кажав мое мислење и што ме иритира, не те посочив тебе но ти си се пронајде. Нема потреба од понатамошна дискусија на оваа тема
И мене ми пречат твоите мислења, па сега што да правиме. Јас си признав дека си пишувам во 35 теми во 5 минути. Прекршувам некое правило во форумов или? Ако ти пречи ингорирај ме, бар има таква опција на форумов. Поздрав.
Едно од најиритирачките нешта ми е кога некој ќе ме види, па така убаво ќе ме изгледа од глава до пети и ќе ми рече: Дете, ти јадеш нешто? Не бе луѓе, не, не јадам ништо, од воздух живеам. Не сум јас крива, проклетите гени се, па ништо не се фаќа на мене. И не мора тоа да ми го кажувате при секоја средба, не сум анорексична, фала богу. И еден израз од виц кој верувам дека повеќето од струмичаните ќе го разберат: Ак мее слабичка, нек мее здравичка. Патем, couldn't agree more со постот на @CameliaMiller од пред два дена. Колку пати истото сум го помислила, а не сакав да го напишам, да не речат оваа вака оваа онака. И решив отсега што на ум то на друм, нема да ми е гајле што ќе помислат Трајко и Петка дека сум се правела паметна.
Моите 74 скромни и сироти мислења ти пречат ли? Доколку немаш аргументи преќути си и не трескај глупости. Поздрав
Мене обратно Лелке. Во рок од 2 години накачив МНОГУ килограми, имав 57-60, наеднаш 80-85. И прво објаснував зошто и како, сега викам - јадам, многу јадам. Налет веќе. @Idealista и @Marick14 не знам дали сте свесни, ама за најглупото нешто се карате. Бидете попродуктивни со мислењата, да се караме на тема со поента. Фала на пажња.