Прекршуваш правило, да, тоа што го правиш се вика тролање, го правиш форумов непрегледен и досаден. А твоиве бесмислени постови не му даваат никаква позитивна енергија на форумот.
Ајде бе ти е гајле за луѓето со негативна енергија. Оди најди уште некоја тема, напиши уште некое мислење за да заокружиме 100ка за денес...
СДК вака тазе исфрустрирана дека секакви (не)луѓе влегуваат в читална. Абе си одам така најмирољубиво в читална во студентски, дека нели во соба со 5 цимерки е малце тешко да учиш, со книги, со маркери, стикетри и ред други ствари како нали организиран студент и си седнувам , си читкам, си подвлекувам, си фаќам прибелешки кога у позадина нешто брмчи , се договара, абе си учат луѓево така групно, се довикуваат преку шест клупи ама ајде поќутев може нешто важно се препрашува. Ама, брмчењето се претвори во влечење клупи, крчење со столови, пазар - буквално уште цените на пиперките чекав да ги слушнам. И така не издржа срце јуначко, па ко им се развикав, така се осетив ко лоша тетка што не им дава на децата да и викаат под прозор. И така, галамата стивна до степен што ми се слушаа цревата како ми крчат за јадење, па ме фати срам и си се прибрав со се книги. Еве така чекам да ја отворат мензата, лечам фрустрации на фемина и после до нови сили во нови походи. Ме изреметија колоквиумите квалитетно
Воопшто не го тврдам спротивното, само се изразив на друг начин и со други зборови.И ова дополнително што го наброја стои на место. Дефиниција за индивидуализам нема.!Секој го дефинира според сопствени критериуми и согледувањаДелот на (не)копирањето не се однесуваше само на копирање на нечиј физички изглед а ла старлета со силикони туку истото се однесува и со заземање на критички став кон некои ефермерности на толпата. Инаку сам по себе секој човек претставува уникат!Дури и еднојајчани близнаци можат да бидат идентични (физички)но,различни карактери и личности.(интерно) Можеби индивидуализмот најдобро го опишал Ганди со следново:"Следејќи ја толпата ќе стигнеш до таму до каде што ќе стигне толпата,следејќи се себе си ќе стигнеш do таму каде што не стигнал никој!"
Којзнае од кога се немам уклучено на форумов и којзнае и зошто. Ама така некако, ми дојде. Си помислувам и сфаќам дека еден период ми беше замена за дневник за кој никогаш не стекнав навика да го пишувам. Си помислувам и на неколку мили форумчики чии постови со мерак си ги читав. Те сеа ќе тркнам да ги проманијачам Од една страна имам да кажам толку многу, од друга ми се зборува толку малку. Ми се гушка, ми се тлее во негова прегратка. Ми се игра со негвата коса, ми се мириса неговата кошула. Ми се срка топло чоколадо, ми мрдаат прстиња во термо чорапи. Ми се живее. Убава петочна вечер девојки, да се нурнете во некоја фантазија и во уште поубава реалност. Од срце.
Сум дозволила да си заминат некои личности од мојот живот. Сум плачела за нив, сум замислувала дека еден ден пак ќе бидат до мене. Но, еве, не се. Во ред е, нека заминуваат. Но, една личност нема да дозволам да замине. Другарка ми. Нема да ја разочарам. Нема да ја напуштам. Нема да ја заборавам. Ветувам.
Оној моментален спокој кој ме облева и ми зуи во ушите, во моментот кога мајка ми ќе ми рече „што ги вртиш, не вреди да си губиш време во плачење и нервирање...“ За било што, не мора да се однесува на некој конкретен поединец. Ѝ се јавувам во моментот кога ќе сетам дека достигнувам кулминација во разочарувањето и чурењето од мозокот поради одредена работа во која немам ни најмала вина, а совеста не ми дава никаков мир и добивам коментар дека не било до мене, безвредно е да трошам време кое и онака го немам, на нешта кои поминале и не можам да им влијаам никако за да ги сменам. И одма ти е полесно, зашто мама знае најдобро. Понекогаш сум убедена дека никогаш нема да пораснам, не во буквална смисла, туку посликовито - никогаш нема да станам независна. И повторно, не буквално, туку дека баш голема е веројатноста никогаш да не престанам да го барам и вреднувам мислењето на мајка ми. Иако функционираме ко да сме еден мозок, веднаш чувствувам олеснување кога мајка ми ќе ми каже како добро ми стојат новите фармерки или чевли кои сум ги одбрала без ничија помош или пак, како добро и присебно сум постапила во ситуација тотално вон контрола. Опасна е мајка ми. Сум заборавила колку само некогаш ми сметало нејзиното преувеличување, очигледно затоа што сум доживеала некаква слична трансформација и неприметно сме размениле улоги, па сега јас сум онаа која кубе коси по глупости, а таа ме подучува зошто никогаш не треба да се откажувам по било што. Ми оди на нерви изразот, ама навистина, тоа е тоа...
Почитувам амбициозни луѓе кои се трудат да ги остварат своите цели, но не по секоја цена. Не со газење на луѓе и не со газење на своето достоинство.
Татко ми деновиве прави некаков домашен сок, па цела кујна е окупирана со празни шишиња. А меѓу сите нив, најдов едно шише целото обложено со новогодишна слика со Дедо Мраз. Стојам неколку секунди и барам низ меморијата од каде ми е познато тоа шише. И ми текна! Детски шампањ, од Среќна Нова 2001 Скроз сум заборавила дека такво нешто сум пиела Се сеќавам дека со сестра ми цела недела го чекавме 31 декември, а потоа цел ден едвај чекавме да дојде полноќ. Само за да се почувствуваме возрасни, па и ние да пиеме шампањ. Татко ми филмски го отвори, дури и ни стави во такви чаши. Епилог на целата приказна - шампањот беше нешто најгрозно што дотогаш го имав пробано. Личеше на сок од јаболко, ама во газирана верзија. Тогаш бев убедена дека никогаш нема да пијам алкохол И стварно не ми беше јасно како возрасните пијат такви работи, покрај толку голем избор на сок Oh well, сега многу работи ми се јасни, не само тоа Cheers!
Се' си разбираме, ама едно не. Зошто ни го враќаат времето назад, кога денот е се помал и помал. Светлината на денот е важна во овие две сезони. Ам, да. И луѓето треба добро да го научат позитивното значење на зборот: ignore.
Многу ми е смешно како откривам каде се е забрането сликање откако ќе се сликам за блогот на тоа место. Ако завршам во затвор, ќе биде од љубов за блогерство. Барем ќе изгледам убаво кога ќе ме уапсат.
Есента ме асоцира на љубов, а јас баш упорно секоја есен ја губам мојата. Ми фали нечија рака во џебовите, мојата е мраз, а и срцето исто така. „Далечни луѓе, далечни лица, толку ми требаш, о љубов моја.“
Мајка ми ме учеше дека насмевката и љубезниот збор е клучот за успешната комуникација, ме учеше дека добриот збор железни врати отвора. Беше тоа едно време...Верувајте дека денес додека не повисиш глас, да не кажам додека не се раздереш, ништо не постигнуваш - на шалтер, на лекар , на работа. Додека си мирен, фин, љубезен, никој не те ферма, заурлаш ли веднаш сите се растрчуваат да завршат работа. Денес на работа за една жена свртев дваесетина телефони од нејзини блиски роднини кои требаше да дојдат по неа. Жената без деца и сопруг, а родниниве некои внуци од браќа и сести. Им се јавувам на сите и најљубезно им го кажувам проблемот и им велам да се договарат меѓу себе бидејќи ни треба некој роднина да дојде. Ништо, сите ме откачуваат, не биле блиски и слично. Е женава кога ми кажа на кои се од нив им ги исчувала децата, збеснав. Се јавив на некоја си внука кога и заурлав, се нацртаа за пола час. Не знам да каде вака. Едноставно луѓето, околината те приморуваат да погазиш некои принципи на однесување на кои си воспитан. Едноставно си приморан да се менуваш и да се прилагодуваш на ова време-невреме.Работава е -зол трн, зла копачка После кога велам дека нашиов народ е во интелектуална, емоционална, па и физичка регресија, ми велат дека претерувам. Мислам дека и огрдуваме како народ бе. Ги гледам маживе незбричени, жениве со коси валкани, засмрдени на готвено. Да не зборам за основна комуникација и основно ниво на култура. Си велам до пари ли е, или безволност, разочараност или се'. Порано баба од село кога ќе дојдеше на лекар со онаа коса спастрена во плетенки, долги гаќи како снег бели, мириса на сапун. А во уште поголема немаштија живееле. Луѓе, ако работите во некоја фирма со одбран, образован и културен народ, живеете во фина населба, излегувате во фенси ресторани, можеби ќе речете што збори оваа. Ама кога работите на место во кое доаѓа цела Македонија, вака стојат работите. Разочарувачки... Ах, што вели маж ми, далеку е Коњско (не просторно, туку временски). Ама ќе издржиме
Многу сум под стрес ова недела. Значи буквално ми лупа срцето и сите мускули од телото ми се згрчени... Немирно ми е во душата, вознемирено, во глата ми е тешкоооооо мачноооо ахххх... Тотално цело време сум онака on the edge и ми треба еден збор да избувнам во хистеричен напад. Се ме иритира. Не можам никако да се смирам да се опуштам. Се се годи вака во еден момент и карање со дечко и со другарки и сите ќе најдат начин најгнасно да те испоразочарат баш во колоквиумска недела и ќе се трудиш ем да учиш ем да се расправаш со сите да му докажваш ем да цимолиш од нерви ем да одиш до Прилеп и назад сто пати иииии камен да е ќе пукни. Уште утре полагам сега би требало да учам ама жими се не можам. Значи ми се врти ми се лоши раце нозе ми се тресат мн сум напната. Нека паднам не можам поќе да издржам. Ова недела ко 6 месеци ми се виде. Аман нека заврши аман. Барем богата да си бев упм ко ќе заминев сега негде в планини во некој хотел со сауни базени сама имаше на сите да му еб*м матер. Серија ми треба сега. Баталвам учење.
Што е проблемот со тие луѓе што убавото го изедначуваат со лошо? Убавината и добрината не се едно исто. Ако некој е убав, автоматски мора нешто друго да му фали. Мора да е лош и најнормално површен.
Она кога излегуваш од колоквиум и те пречекуваат пропуштени повици од најблиските луѓенца што си ги замарала паничејќи пред нив, сакајќи што побрзо да те прашаат како си поминала... а потоа кога преморена најпосле стигнуваш дома, те пречекува неодолив мирис на пица. Прајслес! Полагање за првпат колоквиум, и тоа со задоволителен исход - checked, патем и се уверив дека на факултет не гризат ниту на полагање. Туку... кога во студените утра сончеви зраци кои продираат низ дрвјата ги штипат образите, навечер надвор веќе се чувствува мирисот на зима во воздухот, а кога се враќаш дома пука парното и облечена во најудобниот џемпер ги топлиш прстите со чаша топло чоколадо, знаеш дека почнуваш со нетрпение да чекаш да дојде that special time of the year. Eдвај чекам да почне сезоната на слави и празници, гурмански задоволства и радости... едвај чекам ваква глетка низ прозорец, белина и топење на снегулки пред очи, додека тебе душата ти се топли од топлата атмосфера со најблиските.