Јас само излегов да прошетам и да се издувам. Да вдишам чист воздух и да уживам во убавините на Струга. Никако не ми падна на памет дека кога ке застанам покрај дримот, можно е до мене да дојт малечко исплашено детенце кое не знае кај му се родителите. Го прегрнав и го тешев да не се плашит и дека сега тато ке дојт - и дојде. Бришејки му ги солзите детето се насмевна и радосно викна : -"Ааа еве го татко миии!" Се свртев позади мене и што да видам - бившиот ШоК! Збор не изустив. Тој се извини (незнам зошто) и заблагодари, го зема детето и заминаа... Судбина ли е, случајност ли е?! Мило ми е за него што има дете и се надевам имат среќен брак бидејќи тој тоа го заслужвит. Уште имам грижа на совест за невозвратената љубов кон него. Многу ме сакаше, а јас мислејќи дека ке го засакам му дадов лажна надеж ама не успеав. Едноставно неможев, незнам, не успеав да го сакам на тој начин на кој што требаше и заслужуваше. Љубовта за другар е поинаква а за дечко поинаква. Е јас ја имав онаа љубов за другар кон него, а не за дечко :/
Многу ми се смешни тие што "пијани" се уклучуваат по социјалните мрежи и демек толуку се пианиј шот нње можат да ги подгодат буквите по тастататаура Си има некои стварно пијани, и не се разбираат безврска што пишуваат...ама некои зеле статуси пишуваат, љубовни проблеми, си прават муабети...абе дај...не си ти брате пијат туку нешто во главата ти фали. И плус не можам да разберам, па ако си пијан зошто не си легнеш? и како успеваш да се логираш и уште да пишуваш? Јас ако сум пијана (ма да многу ретко се дешава со оглед на тоа што пијам умерено), фино лепо си барам пижами и си легнувам, а ни на крај памет не ми текнало да земам и да пишувам нешто. Еден другар има таква навика, пример ако ме види уклучена а тој е пијан и почнува да ми пишува....секогаш, ама баш секогаш почнуваме да се караме и на крај тој е крив (секако )....после другиот ден ми се извинува над 300000 пати ( а нема потреба), ама му се лутам за да престане да се уклучува, кога не е во состојба да пишува. Среќа самиот сфати, колку многу е погрешна таа идеја да се уклучува и да пишува со некого, (пошто лом се правиме за безврска работи) па реши да не го допира телефонот кога е пијан. I did it. И треба сите да сфатат. Ако ти е убаво, весели се, јади, пиј, уживај а не на нет обесен....има време, не се секирај и за интернет и за се....сфатете еднаш у пичку матер не можам со сите да се карам
Комплименти што ласкаат насекаде, ама јас акција сакам, а не споро додворување и незнаење на што сум. Добра ноќ.
Ете, обично во ова доба од ноќта, почнувам да размислувам за работи за кои преку целиот ден не размислувам толку многу..Сакам да споделам со вас нешто од она што ми поминува низ глава во овие доцни часови.. Зошто сите сме во потрага за 'подобро утре' ? Размислуваме за тоа што ќе биде во иднината и живееме со надеж дека се ќе биде подобро.. А што треба да биде подобро ? Зошто никој не живее во ОВОЈ момент, сега? Животот така ни поминува во постојана трка за нешто подобро, нешто повеќе.., а всушност не сфаќаме колку време губиме во грижи, под стрес и секој ден ни се сведува само на преживување. Сме се запрашале ли, кога ќе бидеме во длабока старост, и кога ќе се навратиме на се она што сме го преживеале, дали ќе бидеме задоволни од она што сме го постигнале во животот ? Нема, доколку чекаме нешто добро да ни се случи.. Животот е она што ни се случува во моментов, токму сега. Вчера поминало, утре не знаеме дали ќе дојде.Живејте во моментот ! Не чекајте на нешто подобро, направете да биде подобро уште сега. Правете го она што ве исполнува, сменете го начинот на размислување.Чекорете по оној пат кој вие сакате, а не оние околу вас.Искористете го целиот потенцијал во себе за да станете она што вие сакате во животот.Сите сме тука со причина. Стремете се кон апсолутна среќа.Знаете како викаат, какви сме самите, такви луѓе привлекуваме.И кога самите сме задоволни со себе тогаш сме магнет за луѓето.Зар не сте приметиле како оние луѓе кои се среќни, постојано насмеани и го имаат "оној" сјај во очите прават да се чувствувате добро во нивна близина ? Е такви луѓе ни требаат повеќе..Бидете вие такви, бидете задоволни од самите себе, сакајте се за да ве сакаат и другите. А , што ни е потребно за среќа ? Не мора да имаме се' на светот за да бидеме среќни. Среќа е шолја кафе и разговор со драга личност.Среќа е утринското сонце.Прошетка во парк.Среќа е да видиш насмевка на лицето на оној кој го сакаш. Среќа е слушањето на својата омилена песна, среќа е топол чај во ладните денови.Среќа е добра книга... Среќа се малите моменти во животот. Животот е чудесен.Собирајте моменти, живејте во сегашноста.Сменете уште сега нешто !! Секој момент е посебен, а некои и не можат да се доживеат два пати. Добра ви ноќ
Во последно време ме има фатено шопинг треска. Само купувам. Последно што направив е нарачав еден куп алишта. Мајками шлок ќе ја фати. Кога ќе стигнат во пон јас веќе ќе сум на пат. И сеуште се мислам со кои пари ќе ги платам .
Денес сум некако позитивна го пијам утринското кафе и си мислам дека е време да не мислам на другите што ќе речат што ќе направат едноставно не ми е гајле за никој, одсега ќе си гледам за себе нема да си дозволам небитни луѓе да ми го уништуваат расположението бидејќи животот е круг се ќе им се врати. Сакам да излезам да прошетам уште да најдам некој друштво да ми прави добро ќе биде денов е прекрасен за шетање. Имајте убав ден
Зедов да ја исчистам собата ама прво правам плејлиста и еве веќе саат време се мислам како да ги наместам песните.
Сабајлево станав на лева нога, вриштејќи рано посабајлечки. И таман си викам, и денес нема одмор за мене кога си стокмив кафенце, чоковафла и си ги подзамив гомилата садови од вчера... Си ја средив и косава, сонце во моите мокри коси и се е можно.... Го обожувам сонцево, времево е само за прошетка со драг пријател....И таман размислувам да излезам, се сепнувам, промена на план. Морам прво да си ги подзавршам обврскиве, па попладне патувам. Вечерва бајадерки и баклави на мени, се надевам. Утре уживам во чист воздух и кафенце со драги луѓе, да се тргнам малку од загадениов воздух.... Цела недела едвај го трпам времево и воздухов, ми треба одмор. Во вистинска смисла на зборот. Одмор, а не трчкарење ваму-таму. Секогаш сум уживала во обврски, ама викендите си ги сакам за себе. А не се сеќавам кога последен пат уживав во викендот... Одам да поработам, па ќе ви пратам поздрав утре со кафенце.
Значи Исусе, аман од овие фитнес тренери/ки со нивните секојдневни совети за здрава исхрана. Како секта се, те демнат од темно кога си со бурек и пица во рака, за да те искараат и поучат тие паметните коишто најверојатно ќе доживеаат 140 години животен век само затоа што вежбаат, лол. Аман, оставете ме да уживам во холестеролот, да се мачкам во мрснотиите, откачете ми се од вратот. Тие те советуваат за здрава исхрана, а целата поента им е само рекламирање на својот пластичен газ или своето токсично тело полно со whey протеини, креатини, стероиди, топачи на масти. Али, кутриот ти, ти си загаден, затоа што јадеш пица или пирошки. Од друга страна се дотеруваат, средуваат за тренинг ко порно ѕвезди, со тесни јога хулахопки, цицки на изволте, облека што им го оцртува телото и предизвикува сексуална интонација кај машката популација. Па, подоцна селфи после нејзиниот тренинг со напрчен газ и повторно отекување мадиња со здрава исхрана. Ко демек машките што дошле на нејзиниот профил случајно се нашле поради нејзините рецепти со здрава храна. Значи аман! Па, тоа најголемо злосторство е што немаш стомачни и бразилски задник. Срам да ви е!
Ова со пицата и Нутела е слично како со религијата, среќни сме кога ги јадеме зашто знаеме дека сите други луѓе во светот ги обожаваат. Иако сум повеќе Еурокрем кајнд од грл, ама пица е веќе друга тема. Како глобализацијата ти го полни срцето.. и повеќе од религија, најверојатно. Демек сите се поврзуваме на еден начин и овде оргазам на припадност, а сите отсутни, отсечени до немај каде. Парадокс. Затоа инстаграм ни вришти. ( а, кога сме веќе кај него, што е со овие кои ќе ти ги лајкнат сите слики без да те заследат, ама затоа ти оставаат простор, нели, ти да ги заследеш... мехехе. Некој толку има време? Моево дури малку зеде воздух колку на фемина да прошарам малку. *** Ми се исполни желба, голема. И друга желба не ми се исполни, за среќа. Убава сабота имајте, јас само малку ќе претрчам овде.
Па после долго време собрав некоја пара кај мене - почнав да штедам инаку денар да имав го трошев. Баш да видам до кога ќе ги успеам да ги зачувам.
"Hate is baggage. Life is too short to be pissed off all the time. It’s just not worth it."- American History X Не се сеќавам кога последен пат, есента била вака убава... Сонце, топло време, долги прошетки... Некои работи едноставно не зависат од нас, колку и да се трудиме да смениме нешто. Уживајте во убавите моменти, а од оние лошите- извлечете поука.
Џабе царе све те твоје паре ... парата ќе те украси како убаво пакетче ама содржината чкљ останува истата.
Еднаш во сто години ќе наумам да облечам штикли и да нанесам темен кармин за дневна прошетка и веднаш на каса во маркет ме трансформираат од „девојче“ во „госпоѓо.“ Кај се видело тетка со бејби фејс, еве јас не знам.