Сите викаат не се замарам со туѓиот живот, а повеќето го прават тоа. Свесно или не, сеедно. А да, секогаш придржувајте се до кажаното.
Масата е веќе поставена,се е убаво сервирано, запалив и неколку миризливи свеќи... Гостите од другата страна на нашата земјичка веќе се тргнати на пат.Останува да ги чекаме. Само за арно и за убаво да биде се,живи и здрави па догодина повеќе. Нека ни е за многу години славата
Ne im veruvajte na luge koi od prva Ve "zasakuvaat" i nemozat bez Vas. Veruvajte deka kolku pobrzo zasakale ,duplo pobrzo ke otsakaat
Да треба да глумам пред некого? Очигледно не треба да сум во друштво на такви, тогаш. А вие, што глумите она што не сте, се што после ќе се случи, е заслужено.
My daily mood. Што ми е убаво на душава! Дај Боже на сите вака да ви е Си уживам еј! И чувствувам грижа на совест. Наредната недела во еден ден полагам два колоквиуми, а мува не ме лази... Не, доста беа нежности за викендов. Одам да учам! Ви посакувам убава вечер
Спојлер: Паркур пешак Мислам дека Спајдермен дојде во ненајавена посета на Македонија или ова е само еден обичен пешак. Фактички,не е обичен.Ова е паркур пешак кој креативно ги врви улиците и избегнува секаков сообраќај. Споменик за човеков!
Оној freak out момент кога поминуваш со правосмукалка под некое тешко достапно место и наеднаш слушаш како некој поголем предмет се растропува низ цевката од правосмукалката. И ти минуваат најразлични мисли в глава, од 50 денарка до УСБ-то на кое имаш најважни документи. На крај испаѓа дека било леблебија.
Нинџа, ова да не е за работана што требаше да биде у понеделник? Чим ти обеќале, ќе биде, не се секирај - најверојатно само не ти кажале точно кој понеделник...
да бе....сега пред да си одам од работа им викам...шо бидна бе луѓа ??? -ај задутре ќе видиме, здравје...
Оние ретките, зад чиишто поставени прашања околу твојот живот како причина не се крие љубопитност, туку искрена заинтересираност и грижа за твоите чувства... е тие да си ги чувате. Добра ви вечер!
Се шетавме така денес после кафе пиењето...и дечко ми се обрати со зборовите '' знаеш ли колку прекрасна мајка би била ти? знаеш што сакам по неколку години? сакам да бидиме најсреќната фамилија, сакам да имам дечиња со тебе, затоа што ти си мојата среќа'' Го гушнав најсилно, го бакнував и тогаш се ми стана јасно.Залудно е купувањето на скапи подароци, залудно е клавањето заеднички слики на социјалните мрежи и со многу лајкови кога немало нешто силно и исто така и мило. Немаме многу слики на фб, тој на профил има негова слика а на кавер наша...јас имам на кавер и на профил заеднички слики.На инста ретко наши слики клаваме.Обично ставаме од пијалок или патиките хаха, така нешто Ама...нешто, толку убаво ми дојде кога го кажа тоа...како да ми ја подари најубавата ѕвезда од небото.Како да ми го симна и сончевата убавина да е во моите раце. Искрено, имавме многу падови.Не ни се надевав дека е толку нежен. Како што кажав, социјланите мрежи нас ни се во 2 план.Битно е да се гледаме.Да си поминуваме убаво на прошетки, да готвиме заедно, да пиеме коктели на кеј... го сакам најмногу
Никогаш нема да ги разберам тие 100 раскинувања во 1 врска и графити лаковите за нокти. И двете се баш wtf
Играчките повеќе не се обични со кои може да се играат вообичаени детски игри. Вообичаеноста избледе со налетот на времето. Новите струења донесоа манипулативна прогноза со долгорочна идеа за понатаму. Впрочем, животот е голема работа со можност за мали предвидувања.