Љубов е кога ќе ти го даддде последното парче лахмаџун за тебе, а уште е гладен. Љубов е кога ќе ти го бендиса ручекот и ќе ти каже дека е подобро од луксузен ресторан. Љубов е кога трча од далеку за да ти го допре мешето за да ги сети првите удари на нероденото. Љубов е кога во полусон среде ноќ ти помага да се завртиш на другата страна и те покрива. Љубов е кога после години заедно ќе го помирисаш и сфаќаш дека сакаш да водиш љубов со него, веднаш, на тоа место. Љубов е кога ништо на светов не те прави посреќен од него. Настрана лигавешниците, најубаво нешто е кога во ноември фрлаш жолти лисја нагоре, сонцето те грее, а ти се радуваш ко мало дете.
Да ви кажам нешто, сеуште постојат добри луѓе. Еве една случка од денеска. Дремам на автобуска станица како по обичај пола сат порано од предвиденото време кога ми тргнува приградскиот автобус. Во моментот и ми се мочаше и си јадеше и вода ми се пиеше, се се ама баш се. Среќа е кога постои бензинска пумпа за тоа се, барем се олесниш на раат. Се враќам, седнува на клупа, не поминаа 5-10 минути доаѓа една баба и ми вели: "Сине бабино ако ми направиш место да седнам". Веднаш станувам, не дека не сакам или да се мрднам, со еден дедо дојдоа и станав, имаше место секако и за мене, ама поарно ми е да се стоплам. "63 бабино да не помина" - ми вели. "Не" - велам.. и продолжувам '' Поминаа 65б, 58ца таа најчеста е, а еве ја и 68ца ( од кога има 68 а јас незнам , не е важно)." " А, 63а и 63б дали можеш да видиш, неможам да одам пешки до таблата." " Ќе проверам на телефонот... има во 15часот 63а, а 63б во 14часот, точно за 1 час" - велам јас. "Фала бабино фала, ела седни си има место". -вели таа. Јас дадов знак со главата дека не сакам, бабино зборот не сум го чула од кога умре баба ми точно три години поминаа, а ниту пак сине таа ме викаше така. Ми доаѓаше да и речам ме потсеќаш на баба ми, таа имаше плави очи и мил поглед но сепак си премолчев. Бог да ја прости баба ми често велеше има добри луѓе на светот ќе ги сретнеш некаде и некогаш сосема случајно. И секако имаше право. Сега незнам што се случи наеднаш ми се припи кафе. Во себе има 59 денари, 50 денарка цела и 9 денари. Ту си реков за 1 денар. И незнам со кој памет ми текна бабичката да ми раситни 50 денари. Немаше. Отидов до трафиката на јсп каде што се наплаќа вц за 10 денари - немаа ситно. Ок се напив вода колку да ме спаси. Се вратив назад, се мислев дали да одам до бензинска, ме фати срам не е тоа јавен тоалет. Наеднаш бабичката ми вика "Сине ела да ти дадам 10 денари гледам дека ти се пие кафенце" "Не, не не имам пари јас само нема кој да ми раситни, ако отидам до бензинска може да ми избега автобусот, ете се напив вода" - велам јас. " Ма нати, што има везе, не велам јас ми требаат само 1 денар, јас да ви дадам 9 денари може?" "Може така синко, може не не прави човек за 1 денар, секако дека може". - вели таа. И тогаш автобусот ми стигна, јас зедов кафе се качив во бус и бабичката неможеше да се качи во автобус, млади седат никој да и помогне, се качив јас секако и да не ми дала 1 денар ќе и помогнев. Цел пат го поминав во муабет со неа, на крајот ми рече "бабино јас имам еден пар обетки за тебе, ги купив во црква, те молам земи ги јас имам внуци но тие ми е се во Шведска, ќерките ми се мажени таму,не се плаши од суеверие можеш да ги носиш за среќа за здравје". " Но, тоа не е потребно велам јас, не ме познавате а ми дарувате многу". " Синко, никогаш не знаеш кого ќе сретнеш во Скопје, дали добар или лош човек''. Ги зедов, јас гушнав и ја бацив, не ја знаев но нешто во мене ми остави голема трага. Ја запомнив, се симна во Илинден. И ми рече "Ја памтам лица, ќе се видиме следен пат". Се осетив топло, како во неа да е баба ми, а не таа жена. Неможам да ви го опишам чувството, ми беше толку познато. Уште не стигнав да им раскажам дома, но јас уште се чувствувам прекрасно како цел ден од таа случка да ме прати среќа. За крај би рекла, никогаш незнаеш на што ќе наидеш.
Ee da. I ima eden interesen koan od Bukovski. Početak nekog odnosa je uvek najlakši. Posle toga počne razotkrivanje i nikad da stane. *Bukowski*
СДК дека е време за промена кога ќе се погледнеш во огледало и кога ќе сфатиш дека не си среќна. Затоа мојот живот од крајот на летото па до сега трпи драстични промени. На моменти ме фаќа она меланхонично располозение како риба во мрежа. Пробувам да се ослободам а не бива, е ај оди ослободи се да те видам де. Веројатно ова е тест на мојата издржливост. Веројатно нема да положам, не ми е гајле. Сега гледам дека секогаш кога си велам дека подобро ќе биде да не излегувам е грешка. Ми требаат луѓе, ми треба дружба, си требам јас на самата себе.
Го мразам цигарите, се гушам од нив, ама еве трета палам вечерва. Осеќам дека брејкдаун ќе доживеам наскоро. Многу сум нервозна. Кога сакам нешто и никако да го добијам, полудувам... А плус и неизвесност, милина каква комбинација.
Како помал секогаш згодни теткици ми се пуштаа со фразара: "Ај што си сладок да ти јадам к*рето..." . Па така сега откога пораснав ме сјаде јанза, каде се тие што сакаат да ме јадат, што не дојда сега да јада тоа... И не бе не сум пијан, далеку од тоа...
Не знам колку човек треба да биде дволичен за да една девојка ("другарка") ја плукаше, ја нарекуваше курва и секакви зборови, за да пред некој ден објави слика заедно со неа и имаше напишано: "Miss you babe". Навистина не ми е јасно како можат некои луѓе така да живеат. Абре ако ми чиниш, чиниш, ако не фала многу, чао, пријатно!
Јааао што мразам хулахопкииии... Само мене ли ми ги стискаат палците и ми ги воспалуваат ноктите, ми ја намалуваат циркулацијата во стапалата па ми мрзнат. Сум носела и поголем број од овие причини и не и не, вака е секогаш и засекогаш!!!
И уште ме нервираат, ко сафри да ме фаќаат од нив, ако ги носам под панталони. Се ме чеша, ко шуга да имам по нозе. Ај за фустан/сукња зиме трпам некако ...
Кога во седмо одделение пишувавме есеј на тема „Кажаните зборови болат повеќе од удрена шлаканица”, не ми беше јасно што всушност треба да пишувам. Сериозно не знаев. Дури и ми беше чудно сето тоа. Си мислев, како може шлаканицата да боли помалку? Па кој што сака нека ми збори, тоа може да се издржи, ќотекот не може. Години после тоа, сфаќам колку сум била во заблуда. И колку можат да болат зборовите, особено ако ти се кажани од блиска личност. Си лежам во кревет вечерва и си мислам - подобро ќе беше да ми удреше шлаканица.
КОлку сме сите дволични а не признаваме.. Многу малку се тие што научиле да ги поднесуваат сопствените маани, ама кај други луѓе. Отатокот од толпата знае само да плука. Бај д веј, и јас спаѓам во толпата. За жал...
Денес е роденден на жената која ја сакам најмногу на свет, мојата мајка. Среќен нека е, да си жива и здрава! Да имате убав ден.
Уживам да се повредувам себе со тоа што повторно си дозволувам да се навратам на убавите спомени, За секунда се насмевнувам, но знам... нема нешто пострашно од убавите спомени. Да знаев дека таа прегратка ни е последна, ќе направев барем да трае подолго. Да знаев дека за последен пат ме држиш за рака ќе направев се за да потрае барем уште неколку секунди. Но се уште ја чувствувам топлината на таа прегратка. Мирисот... ритамот на срцето, пулсот. Се во мене е толку живо, како да беше вчера. Размислувам што се би направила за да ја доживеам уште барем еднаш таа среќа. Љубов, посака да бидам искрена, да кажам што чувствувам. Знаеше колку храброст би ми требало за да ти го кажам тоа. Се сеќавам кога ме убедуваше да кажам, не ми веруваше на моето "ништо не е". Секако, со однесувањето самата се издавав. Но кога ги слушна моите зборови, се се смени. Зошто не бев попаметна и поразумна? Зошто дозволив и уште дозволувам овие чувства да поматат се разумно и човечко во мене? Зошто се претворив во чудовиште кое размислува само за своите потреби и сака да те има по секоја цена? Зошто одам таму каде што ме носи нагонот, и сум толку безмилосна кон се и сите други? Сакам да те имам... Да згазам преку се. Преку секоја норма и правило, игнорирајќи ги сите осудувачки погледи и зборови, па дури и сето жалење кое потајно го добивам од сите, дури и потсмевање. Се беше толку јасно кажано, а зборовите ми одѕвонуваат во глава, како да викаш на цел глас да си одам, да излезам, да не се враќам повеќе, да продолжам. Кога би било толку лесно да се продолжи. Само да знаеш, ти ме уби. Ја уби секоја радост во мене, сега сум сенка од самата себе која се уште се навраќа на нашите места во надеж дека ќе те види и со понизен поглед те моли да се вратиш. Лази пред тебе во очај. Дојди и стисни ме пак во прегратка зашто мислам дека се гушам во споствената несреќа и патетика. Знам дека без тебе јас не сум јас. Само ти можеш да го вратиш изгубениот сјај во мене.Прегрни ме барем уште еднаш