Недела толку ми е депресивен и тажен ден, што сакам цел ден да спијам.....едноставно да го преспијам денот. И утре ми е слободен ден ама тоа не ми менува ништо, сепак овој ми е депресивен ден...и на лето и на зима, исто ми е. А четврток ми е најубав. Најубави работи ми се случуваат токму во четврток. Тоагш сретнувам луѓе што ми се драги, фини, или некој што не сум видела подолго време (а сум сакала да го видам) и баш тогаш ќе го сретнам. Плус при крај на недела е, и некако ме потсетува дека викендот е на прагот. И уште еден плус, родена сум во четврток па може и тоа си има некаква улога. Башка што бројот 4 ми е среќен број и секаде ме прогонува. Многу 4ки има во датумот кога сум родена, ете и на четвртиот ден од неделата сум родена, секогаш бев број 4 во дневник, за секакви уписи, на сите пријави го има бројот 4. Другите денови ми се онака, колку да поминат на ред....(петок, сабота добри), (вторник, среда просечни), (понеделник ветер во магла)...... п.с. Татко ми ме излажа за денес, ми рече ќе сме оделе на село, па си реков добро е барем нешто позитвино да ми се случи денес, чист воздух, сонце, шума, дрвја........ ама........еве уште одиме Мразам лажни ветувања и лажговци.
Long time no see, a? Ќе си речам, ќе пишам денеска, утре, и пак нешто ми се случува, ме спречува. Или јас така си мислам. Колку повозрасна станувам, толку помалку слободно време наоѓам. Т.е. нема слободно време. Го исполнувам со секакви активности. Туку, од неодамна го оживеав блогот. Под ново име: http://thetanyajones.blogspot.mk. Кој милува, нека ѕирне. А јас ќе се обидам да чкрткам по нешто и тука. Имајте убава неделна приквечерина и убава работна недела. Нека е за убоо. Овр анд аут.
"Затоа што така треба, затоа што така мора да биде" е само изговор на луѓе без карактер да си ја превземат главната улога и водството во својот живот. Па побогу, имате 1 живот и тој го живеете мизерно само затоа што не знаете да завземете став и да си ги следите соништата, туку дозволувате да ви управуваат со животот. После лошо ви е? Мака ви е? Нешто се жалите? Ако, се е заслужено!
Кој видел аир од пијандури, кој?! Кој е тој што им дава фамилии на таквите, кој?! Кај оно пијано ненормално, тие околу него уште поненормални ќе ги направи од стрес. Најпаметен да си ќе побудалиш.
Се прашувам дали само јас сум нефарбана (црвенокоса,синокоса,плавуша итн) или има уште некој небланширан,сомбре,омбре итн П.С не е пишувано во негативна смисла ....сакав да кажам дека каде и да се завртам околу мене луѓето имаат некаква боја на главата поздравче до сите
Во животот еден период имаш се, ама не си свесен за тоа се додека не почнеш да го губиш тоа што го имаш.
Колку е добро чувството на бес и тага... Знаеш дека си жив Леташ, леташ и бам... Треснат си од земја Пријателство не е пријателство кога не е обострано... Се отворив после долго време, го совладав стравот, ги искажав чувствата и веќе наредниот ден, потпрена на столбот пријателство, траснав силно.. Како никогаш досега, а овој пат најмногу боли Додека се борев за сите, сватив дека се борам со себе, се вратив во реалност И си извлеков поука за цел живот Пријател не е само за добри денови, туку и во лошо и во зло. И незнам дали ќе најдам некогаш пријатели.. Се надевам дека нема, никогаш нема да тежнеам кон тоа
Пак назад во темава СДК: "If we could look into each other's hearts and understand the unique challenges each of us faces, I think we would treat each other much more gently, with more love, patience, tolerance and care." - Marvin J. Ashton И не секогаш однесувањето треба да биде пресудно за карактерот на личноста.Можеби однадвор ароганцијата не‘ тера да кроиме предрасуди, ама сосема поинаква е ситуацијата кога ќе погледнеме подобро. ~ Цел викенд си се одморив и најбитно, си се наспијав ко човек.Да разлистам уште малку овдека, а за утре стискајте палци.
Значи немооом поќе хахах Денеска учевме за some/any; there is/there; are a/an. Дечкиве требаше да направат дијалог и едниот да го праша :Is there a banana? И му велам: Ф прашај го Н дали има банана. Леле кога се сетив Упс, срам ме фати Се изнасмеав пред нив и тие исто Лел, брукиии!
Најнепроценлив подарок и дар од животот е ЉУБОВТА.. да имаш човек до себе, да сакаш и да те сакаат секогаш несебично, секогаш и засекогаш.
Вечерва е една од тие вечери кога сета таа маска на мачо мен паѓа, станувам молчелив и можам да правам големи глупости...една од нив е да гушкам како ненормален!!! А ми треба да и тоа многу долга...