Е најмногу ме нервира кога сум решена со мал куфер да одам на гости кај другарка. И се што сакам да носам не ми собира во куфер. А не сакам да носам со мене голем куфер. Не ми е за друго кој ќе се брка со голем куфер во автобуси низ ск додека стигнам во населба. -.-
Многу мислам, размислувам, премислувам. Тоа ми е најголема маана. Некогаш работите треба да ги оставам, да му дадам време на времето. Кај брзам ни јас не знам. Ама неее, јас сум му го фрлила меракот и мора одма. Чил малку. Ќе биде, очигледно е дека ќе биде. Само треба време. Не е само да се рипне во тавче. После што правиме? Не ми требаат мене ни запознавања, ни дружења, одма бе, одма. Бај д веј имав преубава вечер. Сега сум уште порасположена за решавање задачи статика. Видиш Кјукли, доволно било ненадејно да се слушнете, да излезете, и после да леташ во облаци. По задачи де, да не се разбереме погрешно. Ај, добра ноќ, бидете ми поздравени, одам јас да се забавувам инаку утре ќе се изгубам цела.
Со скалпер , кој сама го острев ги исеков вените на рацеве, тука, на дланките. Не ви се верува дека ова јас можам да го сторам, знам. Не го очекувавте ова од мене, и тоа знам. Ниту јас не го очекував ова од мене, знаете и вие. Никогаш, ама баш никогаш не ми паднало на памет да си извршам самоубиство или да се повредам така сама... Самоубиството нее решение за никаков проблем. Главата ми зуеше со некои чудни гласови, напнатпст во душава, солзи, солзи и солзи... отруена со лоши мисли и безнадежноста ме натераа на ова. Чувствував мачнини во стомакот. Дишев длабоко и викав на цел глас а и нешто ме стегаше во грлото, едвај се слушаше гласот и покрај тоа што силно напнував. Имав вртоглавица, почна да ми се лошит, неможејќи да ја поднесам таа глетка на крвавите раце очите ми се затвараа, се потев. Паднав на земја, и чувствував дека едвај дишам, како некој со раце да ме давеше на вратот. Се сеќавам уште дека покрај сета исцрпеност велев : -"Господе, прости ми." "Господе што направив" И таман да умрам... Спојлер ...се разбудив. Аххх Добро ви утро луѓе златни, а мене, и не ми е баш добро утрово...
Многу ми е тешко кога треба порано да станам од кревет Посебно сега кога ми е топло, убаво Го пијам утринското кафе и цел ден е пред мене
СДК...знаете она кога доцните за на работа...ќе Ве снајдат сите Марфиеви закони -Црвеното светло на семафорите е превопропорционално со минутите на доцнење.КОлку повеќе касниш, толку е поголема можноста сите црвени светла да ги фатиш -Црвеното светло е дупло подолго од зеленото -Штом ќе стигнеш на ред на раскрсница полицаецот ќе даде предимство на друга колона ахххххххххххх...
Budalceeee me preplasi,za moment pomisliv ozbilno si go naprajla to skraja bilo... ne ti praam muabet pojke,mnogu me isplasi
Шубо сабајлечки расположена, си пеам како блесава, кој знае луѓето што си мислат, оваа збудалена Сакам да кажам, мора оптимист да се биде. Иначе животот нема смисла @Kukla994 е поштено од памет ме извади. Ц,ц,ц.
Ја знаете онаа 'Кој вечерал алкохол утре дента доручкува вода' Е така ми започнува овој понеделник со многу вода за доручек За арно за убаво ама едвај чекам денот да заврши
Растена сум во околина каде што не сум имала ни еден пример за среќен брак. Посебно па во потесното семејство. Можеби не намерно ама растејќи и воспитувајќи ме ми ја наметнаа таа мисла дека мажите се скотови. Колку и да те сака, ќе се смени,ќе те остави, кога најмалце очекуваш. Не е фер. Не е фер да воспитуваш дете да не верува во љубов. Сум била сведок на оставања, разводи, па дури и насилство. Си имам створено таква грозна слика за љубовта. Дека таа исчезнува, дека е лажна и се е од корист. Можеби звучи патетично, можеби лигаво, но тој ми го смени мислењето. Тотална спротивност, тој е растен во семејство каде што бракот и љубовта, меѓусебните односи и разбирањето се ПРЕД СЕ. И тој е така воспитан. Да ме почитува и да ме чува неизмерно многу. Ги сакам тие негови традиционални размислувања, тој негов ентузијазам за среќно семејство,па дури и таа слатка наивност дека се ќе биде розево и се може да се преброди. Ме смени. Прерано е за правење планови, прерано е за сериозни муабети и кроење судбини. Ми влеа надеж дека постои можност некој искрено да те сака и да сака да го дели животот со тебе. Искрено, без скриена тупаница позади грбот, без некаква материјална корист. Здравје боже еден ден ќе биде... за цел живот
Добро утро. Јас и мувата седиме и пиеме кафе, јас пишувам на фемина, а таа се трља раце у стилу добро е добро е.
Секoј ден се пoвеќе и пoвеќе се дoкaжувa декa никад немa дa имaме сoживoт сo дојдените (донесените) .
Кога имаш толку многу да споделиш, а не можеш.... Кога имаш толку многу да кажеш, а не смееш... Кога немаш избор освен да бираш што ќе изустиш...
СДК ... доста со тие предрасуди, ако некоја е физички и како појава убава дека нема внатрешно никаква добра сива ќелија ни убавина! Се држите до некои стереотипни калапи и држите таков став веројатно од наметнат став, од немање свое гледиште, од незнаење или од некаква си љубомора веројатно. Има комплетни убавици! Има и што да покаже, каже и да докаже. Калапот во кој е правена и се погодил.