За мене денеска почнува оваа недела , до вчера ми беше викенд е ако де една ден ако бидам поназад од сите не е многу разлика. Конечно се прибрав дома, во нашата дома Куферот неможам месец време да го распакувам Недела време бев кај мајка ми, недела време бев кај другата мама мажето жив и здрав нека е ама ептен го пуштив на слобода изминатиов период И тој е човек де неможам да му дишам се во врат. Ама златниот па ми се жали,бавно му минувале доновите,досадно му било, немал со што да си го дополнува времето,немал со кого да руча и вечера, да се напие кафе, кој да го пречека од работа Ми го кажува оваа и мене едно незгоодноооо Шала на страна ептен се привикнавме еден на друго откако се веривме и живееме заедно некако се се случува кога сме еден до друг и тешко ни паѓаат разделбите на неколку дена Дајбоже цел живот вака да му недостигам и да сака да сум се до него А сега одам да се спремам па да пијам едно кафе со една пријателка со која што пријателството секој ден станува се поголемо Имајте убав ден сите
Некој постојано ми збореше за тоа колку била убава есента, и денес излегувам на тараса и оно топло. Есен ли е пролет ли е. Денес ми ја нема мувата да ми прави друшство, па сама си го испив кафето. Морам да забележам некоја чудна промена на мене, кога ти доаѓа нешто ново. Дај Боже да ви биде на сите убаво, како на мене што ми е сега. Feeling beautifull
Добро ви утро, убав ви ден! Имам закажано гинеколошки преглед кој некое време го одложувам и навистина сум загрижена.. ова хипохондрикот во мене не ме остава на мира. Денеска облачиња за промена. Убаво извезено небо...би можела со саати да зјапам нагоре. Ми фали голема доза кофеин за да го преживеам денов. И пред да ги продужам неповрзаниве муабети... најдобро би било да почнам се спремам.
Размислете уште еднаш... Дали би сакале да се доверите или да си ставите невидлива лента на устата со неограничена употреба со која ќе имате можност да му дадете поголема брзина на умот пред јазикот. Ќе ја користите по сопствена волја каде и кога треба за да не дозволите зборовите да ја прелеат аурата. Никој нема да ја забележи, а вие ќе ја откриете нејзината функција и тактички ќе управувате. Се што ќе премолчите ќе му дадете вредност која може да има бројни предности и така ќе научите да се контролирате. Со време ќе развиете вештина и ќе стекнете особини кои ќе ве направат посебични и дистанцирани, ама ќе сфатите дека повеќе задоволства ќе зачувате за себе. Ќе осознаете дека повеќе ќе уживате во секој момент што ви е само во вашето сеќавање. Останете мистериозни и интригантни. Малку по малку, чекор по чекор, ќе разбудите поголемо интересирање за вас. Непознатото е предизвик за љубопитноста. Молчењето ќе ви помогне да ги изострите сопствените инстинкти. Ако сакате да имате целосна контрола над ситуацијата, научете да ја контролирате насоката на комуникацијата. Молчењето е злато, дури и ако не верувате. Помалку зборови, поголем успех. Потрудете се и нема да се покаете.
Тешко е кога до тебе немаш никој кој да ти помогне. Тешко е кога се сама мораш да ги завршуваш сите обврски,но и те како ги завршуваш без проблем. Тешко е кога ти треба некоја услуга но нема кој да ти направи,а кога ним им треба тогаш сите се јавуваат. Живтот во глобала е таков,денес имаш - утре немаш,денес сме овде - утре не, Ако сами не си направиме како што ни одговара,џабе чекаме од други.
Многу ми е тажно кога ќе видам дотерана, нашминкана, средена убавица, и отвори уста и сфаќам дека е празна. Никакви интереси, ништо интересно не знае да каже, сите муабети и се оговарања или без врска празни муабети. Не е дотерување само работење на себе.
Мојот професор секогаш повторува дека прво правило за живеење кое што мора да го прифатиме е дека животот не е фер. Сега го сфаќам тоа. Поздрав до сите. Имајте убав ден
Фала мајче, ама еве до денеска ми е уште мака и шубе...... И морам да не се согласам со тебе, баш во вакви ситуации сфаќаш дека здравјето е битно, ама после него одма идат парите. Оти без пари, ете... Од тоа идат болести, од стресови, од нервози, од дишење јаглен, од истоштеност, од неможноста да им пружиш нешто плус на децата, од неможноста да се лекуваш, а да ти кажам, да ти се плукнам на животот и на раат ако не можеш да умреш оти немаш пари.
Поминаа две недели а мојата душичка, мојата братучетка сеуште не може да ги отвори очите. Зарем Господе, не' ли ги слушаш нашите молитви, зарем сето оваа тага уште ќе ја носиме во себе. Секој ден станувам со помисла дека можеби овој ден е денот кога братучетка ми ќе ги отвори очите.. Зошто веќе не исчезне црниот облак кој е над моето семејство? Зошто ?
Денес луѓе откажав од умот. Кај шо живеам во близина има една пекара и пред пекарата едно малечко бело маченце си седи, изнемоштено, болничко стутканооо.. И од пекарата му дале попара од некоја кифла со млекце нешто или јогуртче и си јади милото на страна мирно стуткано. И врви една жена со едно детиште дебилно 10-12 години не знам од прилика, и оди ова детето кај мачето и го шутка со цела можна сила кај шо си јади. И ова цифна и одма се скри. Ко спопиздив, ко почнав да му се дерам на та жената- да си го воспитате детето шо е ова ненормално однесување итн итн не ми текнува шо реков друго на нерва. И та ми се покручи малце од типот а која си па ти ама се усрами набрзо и си замина. Сериозно луѓе ВОСПИТАЈТЕ СИ ГИ ДЕЦАТА. Значи јас можам да разберам дека не секој сака животни и дека не на секој му е гајле за нив. И океј ми е то, не морате да ги сакате ама какво е ова понашање кај шо детето пред очите на мајката и 50 луѓе од страна оди бе и шутка безпомошно животно? Психопатско е. Ама не е криво детето. Зато јас и не му се обратив воошто на детето. Криви се родителите.
Стојам на автобуска пред некое време, до мене две жени, четириесетина години. Дојде едно мало маче, ептен питомо и почна да си игра со мојата чизма. Отиде кај жените, и едната почна да вришти и го клоцна. Стварно не можам да разберам таква реакција. После дојде една бабичка, со искината ташна, извади од неа паштета и го нахрани мачето.
Има идиоти ама ајде ќе речиш му ојде мачето кај нив и го нејќат и го клоцнаја. Ама ова буквално на стана си седеше и си јадеше и детето намерно ојде таму за да го удри. Значи буквално психопатското однесување почнува да се манифестира преку насилство и убивање на животни.
Значи преку глава ми е од постари луѓе во автобус што си земаат за право да коментираат за тебе од страна демек работава не можам во лице да ти кажам ама ај ќе викнам погласно може ќе се пронајдеш Се возам денес во автобус мртва изморена (во рок од 3 дена сум спиена вкупно 6 саати пошо ми е колоквиумска и доста напорна сесија плус дома проблеми што имам) и на наредната автобуска си влегува жена да речеме 45-50 годишна и седна до мене а со нејзе влезе и маж (претпоставувам сопругот) и тој стоеше до нејзе. Прво почна да ме зјапа од глава го пети онака буквално ми влезе во фаца, ај си се свртев накај прозорот. Не помина 1мин и почна на глас да дискутира со мажот како младинава наша била домашно невоспитана, сум ги гледала од работа се вратиле а не станувам, срам ме било на што тоа личело, види ја сега низ прозор си гледа демек не ме слуша пуу ти се плукнам во културата Намерно не сакав да прокоментирам нешто затоа што на крај не може да се излезе од таква дискусија а искрено секогаш сум станувала на постари луѓе во автобус кога немало место за седење, но сега немав намера да станам затоа што позади во автобусот имаше доста слободни места и не знам зошто беше толку голем проблем ако седне мажот на некое од тие како да мора да седат заедно во автобус..па ако сум изморена и стварно сакам да седнам ич нема да ми е битно бе за друштвото..А иначе и кога дојде време да си станам за да се симнам културно си замолив дали може да ми направи место да поминам и уште понервозна ми вика аа сега ти проработеа ушите? Ги исчисти додека седеше така свртена а? Срамоота. Пак си преќутев а во мене вриев од нервоза
Исфорсираните работи не секогаш се најдобри. Всушност, многу често се и под просекот. П.С. Сфаќам луѓе кои се интересираат за политика. Сепак, и политиката е наука. Ама докториве, мислам на лекари по струка, кои се решаваат да отидат еден мандат во политички води, не можам да ги сфатам. Како така, сакаш да спасуваш животи, хуманост и сето тоа, а во некој момент ти текнува да се "бавиш" и со политика?! П.П.С. П.С.-от излезе подолг од СДК мислењето.
Еве сум пак јас со молба за преместување и организирање на бескрајните мислењата за мачките во посоодветна тема и да се продолжи дискусијата таму. ( @RainBow , м?! ) Туку и друг проблем ми се наметна... почнав да сумњам дека позитивна сум на перфекционизам, а тоа не е добро. Спојлер Baby, did you forget to take your meds? Ваша М,
Пред полагање секогаш ми фали уште еден ден за доучување, ма без разлика колку рано или касно сум почнала да учам. Паничар сум за вакви работи. Затоа сега ќе си седам до сабајле!
Од бош соговорници, најмногу ме нервираат оние од типот - одам на кафе само за да бидам виден, а не да направам асален муабет со луѓе кои ми значат. Здрвени, безживотни, со тоа телефоните во рака цело време, немој случајно некој настрана да ги погледне. Научете се да се опуштите и ставете го тој притисок за совршенство на страна од време на време.