Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    5.978
    Допаѓања:
    90.447
    Пол:
    Женски
    Ми се вратија спомените од пред 6-7 години ...
    Веќе толку време има поминато одкако се преселивме во нашата нова куќа.Иако е одма до старата на почеток кога требаше да се селиме нон стоп плачев несакав да сум на место каде што не сум навикната,неможев да спијам во новиот кревет,се осеќав како во некој салон за мебел,се беше ново околу мене се мирисаше на оној препознатлив мирис на ново :) Ќе седнев во дневната 10мин и се враќав назад во старата дневна ,седев сама таму ми беше убаво,а овде се осеќав како гостин,неможев да се опуштам не ми беше згодна новата гарнитура масичката....
    Татко ми сакаше куќата која до тогаш живеевме да остане така како што е ,значи да не се изнесе ни ситница од неа,мебел,украси,гарнитури,спална, значи сакаше се да си стои на свое место а во новата да биде се ново,па така и беше .
    Помина време си се навикнав во новата куќа осетив ширина и комоција ,убавина... не ни помислував на старата детска соба или на работите што ми беа во неа сенавикнав на сите нови работи кои ги имав :)
    Можам да кажам дека 3-4 години немав се вратено назад да си поседам во старото гнезденце кое што пораснав.
    Денеска ја добив таа желба си го зедов лаптопот греалката со мене за да си поседам таму ... :lol:
    Влегов и разгледував како да сум на некое место непознато,како мало дете кое што се го интересира да види и разгледа ,тргнав од соба во соба ... а таму како времето да застанало ,и да застанато беше...
    Спалната е сеуште покриена со тогашниот омилен прекривач на мама,коњчето кое се слулав додека бев мала сеуште стоеше во кошот скриено,кошничката со која што собирав цвеќиња беше таму,кутијата со коци беше полна ...
    Влегов во детската соба а таму .... :x имаше уште по некој постер закачен на ѕидот,украси,мечиња,слики,рамки значи буквално како оставивме се е така (нема кој и да премести нешто) се изненадив како времето брзо минува :| Бирото ми беше полно со тетратки,а на нив 2005година хм тогаш сум била 1ва година средно мислам , ТАА весниците стоеа во фиоката во која што ги собирав,сталажата со цедиња преполна со цедеа од Еминем,Тату,Бритни,Мадона ....
    Стариот касетофон на кој што со сестра ми се снимавме и си правевме емисии додека бевме мали :lol:
    Плакарот пол со алишта исто така од нашето детство,катчето каде што сестра ми ги редеше нејзините кукли и барбики :) Шнолките,несесерите,старите ранци..... Колку спомени :x

    Уживав,се смеев,си пуштив и по некоја солза дали од среќа дали од носталгија незнам ... Ми беа измешани чуствата,седев а околу мене книги слики и што ти уште не.

    А се лутев кога татко ми велеше дека се ќе остане така како што било, но сега сум му благодарна што постапил така и што на тој начин сме зачувале многу многу спомени од нашиот претходен живот.
     
    На LittlePinky, senza.parole, Someonespecial и 2 други им се допаѓа ова.
  2. dimdim

    dimdim Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    121
    сдк дека некои се толку големи кукавици и крвопијски суштества жалните тие да да де господ сите блести да ги имате ко што веќе ги имате :rofl: :rofl: која вас ке ве сака и трпи хахахха
     
  3. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.313
    Допаѓања:
    158.309
    Арогантно е да кажам дека некогаш имањето на многу избор е поголемо проклетство од немањето избор.
    Понекогаш сакам да немам среќа во љубовта, чисто за да си дадам себе си оддишка од константното чувство на вина и сопствена несреќа која се базира на нешто кое не би сакала да го образложувам.
    Некогаш се ти е погодено освен едно, а тоа едно ти е најзначајно и не можеш.
    Некогаш ти се погодени сите најзначајни, а се останато е за никаде ( и не мислам на малтретирање во било која смисла, тоа е нетолерантно). Чмата кога јаде, расфрла позади себе, несериозен е бла бла бла низа работи...кои се безначајни во однос на тие што тебе ти значат и се е идеално.
    А може да бидете толку различни, но со толку љубов и особен спој. И толку исти и исто така одличен спој,зошто пак сте се погодиле во најважното што ви треба.

    Затоа не би се разочарувала од љубов. Никогаш не е до никого, едноставно некогаш не сте погодени во работите кои вас ви се важни, ти да ги имаш неговите важни карактеристики, а тој работите кои тебе ти се важни и уала...

    Затоа набројувањето на негативните карактеристики на поранешниот партнер после раскинувањето не успева инстантно да те предомисли. И покрај сите тие маани, ги има карактеристиките кои тебе ти се најважни,не? И тоа е доволно уште и уште и уште да го сакаш...и срцето ти е скршено.
     
    На Trnche, Marossa, bubac и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. bubac

    bubac Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2013
    Пораки:
    884
    Допаѓања:
    1.867
    Пол:
    Женски
    Ах леле, во какво време живееме ние да не сакаш ни да живееш ....
    Посебно ние, младиве луѓе

    Но да би можела да го поправам немаше па да го оставам , не е сеуште фрлен, неможам да го фрлам.... Не е така лесно . Не е!
     

    Прикачени фајлови:

    На COollLady, girl-miri и jovana03 им се допаѓа ова.
  5. Fridas

    Fridas Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    205
    Денес се согласив да запознаам ново момче, дечко, нова личност. Личност што не е тој.
    Морав, или сакав. Не знам. Велат време е, месеци поминале, треба да се поместам некако од местово во кое сум заглавена.. мали чекори, полека. Океј, реков. На краевите, еден пријател повеќе или помалку не штети. Штом е дојдено времето, и онака моите правила одамна не се во игра.

    а сепак, душава ми се раскинува,
    како да не сака да продолжам,
    како да се плаши да те заборавам.

    Океј, реков.
    А во мене нешто се скрши.
    океј, ова навистина се случува, тебе навистина те нема, јас навистина треба да продолжам.
     
    На summer-lover му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Некои денови посакувам едноставен живот во однос на облекувањето.
    Сакам јас комбинирање, детали, мода, ама некогаш стварно сакам да не се замарам што ќе облечам денес и да си го облечам најкомотното и наједноставното нешто.
    И во однос на сите други детали, да не му се мислам дали чевлите одговараат, чантата дали е ок...
    Ама знам дека кога излезеш надвор одма сите ти бараат маани и грешки, фрчат коментари...
    А, денес е баш денот кога не ми се дотерува нешто посебно...
     
    На leighton23 и Papillon.Papi им се допаѓа ова.
  7. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Станав во седум саат, за да учам.

    Ама изглезе дека сум станала толку рано, за да сечам нокти, да се лакирам, да гледам Два ипол мажи, да дремам по форум, да размислувам за мојот живот, за одредени животни прашања, за влегување на Македонија во ЕУ и НАТО под уставно име, за серијата Сашко и Сашка ако се сеќавате, на МТВ ја имаше порано, како да ја сочуваме природата ...
    Ај кажете уште некој предлог, греота е што спиев толку малку. Барем нешто корисно да направам. Очигледно е дека нема да фатам книга.

    Патем и едно поздравче со песнава.
    Во која детска емисија ја пуштаа во позадина? Светот има осум страни, Во светот на бајките или некоја друга?

    https://www.youtube.com/watch?v=7zz35EGDncM
     
    На leighton23, Someonespecial, Antoninaaa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. summer-lover

    summer-lover Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    401
    Допаѓања:
    1.265
    Пол:
    Женски
    Не сум за џабе Summer-lover па овај да го чекам летото...Еееј луѓе ме фати една носталгија се утепав од гледање летни слики.Се сетив на ланското патување,авантурите со другарките,летните ноќни прошетки,преубавата облека и базен :D .Едноставно неможав да се воздржам..неможам да дочекам до мај/јуни.Но,прво да помине роденденот па после ќе се изначекам убаво..
    И ете дојде таа недела што долго ја очекував ..за точно 6 дена ќе си ја наполнам баксузната бројка.. :rock: :rock:
    Имајте убав ден и уживајте на сонцето :*
     
  9. Antoninaaa

    Antoninaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2013
    Пораки:
    881
    Допаѓања:
    10.451
    Ми се иде да се треснам два шамара чисто да се освестам на кој дозволувам да ми се качи на глава.
    И плус кога веќе сум ти дозволила ,барем не ми играј пајдушко,само постој си малку |(
     
    На Heartbeat, Gordana10, Someonespecial и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.367
    СДК дека ми недостигате девојки, некако се помалку време имам за компјутеров, тешко ми е да го отворам по цел ден поминат пред комјутер...
     
  11. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.753
    Се радуваааммм ! Скокам како мало дете !!!!! Конечно ке земам да чувам кученцееее до сега немав некои услови за да чувам моите не ми дозволуваа но сега конечно ми дозволија и се надевам накоро ке си земам прекрасно куче да си го чувам
     
    На sofijanoka му/ѝ се допаѓа ова.
  12. leighton23

    leighton23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2013
    Пораки:
    738
    Допаѓања:
    1.681
    Знаете што ми е мерак сега ? :wasntme:
    Да се дотерам. Да облечам нешто лесно и пролетно,да ставам наочари за сонце и да излезам на прошетка. 8) Да седнам во некое кафуле во центарот на градот и да си нарачам ладен и освежителен коктел и голема порција сладолед од чоколадо, лешник, сникерс, јагода, банана... и многу прелив од карамел. :$
    Па да си се насладувам ем на времето, ем на коктелот, ем на сладоледот. :inlove: Не го спомнав дечко ми, секако и тој до мене, со него задоволството е поголемо. :D
    Ама кој ме прашува мене што сакам. :|
    Училишната клупа ме чека, училишната чанта треба да се наполни со книги, листовите од скоро испишаните и стари тетратки треба да се допишат. Задачите на тестот треба некој да ги реши... :geek:
    И тоа реалноста наспроти моите желби и потреби. :tmi:
    На сите на кои ги чекаат училишните клупи им посакувам пријатни часови. :)
    А на вас останатите уживајте и искористете го денот максимално. :*
     
    На bubac, stojanovskata, Elennaa и 4 други им се допаѓа ова.
  13. Maria.Vampire

    Maria.Vampire Нов член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    387
    Допаѓања:
    437
    Му се радувам на сонцето,на штотуку расцветаните цветчиња,на вратените птици...
    А на ова глетка само фали една личност,која ја очекував да се врати заедно со пролетта.
    Нејсе,сепак е пролет.Владее позитивната енергија! :sun: :f:
     
  14. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    5.978
    Допаѓања:
    90.447
    Пол:
    Женски
    Ми недостига факултетот и обврските кои ги имав,ми недостигаат колегите кои ми го исполнуваа секој обичен ден и правеа насмевката да не ја тргна од моето лице,посебно многу ми фали седењето во кафич на вакво убаво време после предавање :lol: муабетите,шегите,па дури и они тажните моменти од тие денови ...
    Ех да можеше да се врати времето назад :|

    Затоа уживајте максимално дали во основно,средно училиште или факултет таквите денови не се враќаат назад ,тие моменти никогаш повеќе нема да се повторат.
    Колку и да ви е тешко и имате многу обврски не се жалете затоа што еден ден сетоа тоа ќе ви недостига... верувајте :)

    Ви посакувам да имате убав ден исполнет со многу насмевка :*
     
    На ariela09, leighton23, Elennaa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Vikica.cuci

    Vikica.cuci Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    1.520
    Допаѓања:
    3.293
    Пол:
    Женски
    Убав денов. Барем досега. Ако е вистина то дека денот по утрото се познава ова ќе биде hell of a day. Во позитивна смисла на зборот секако, да не ме сфатите погрешно. Одлично ми почна, со сонце шо е најважно. Си станав распеана, насмеана, радосна, со многу, многу енергија во мене. Одма бев на трчање, па туш и сега е време за на кафе. Планирам сонцево да го искористам максимално, ептен ми годи вакво време. Сега да си ја облечам омилената пролеттна комбинација и се одјавувам се дур има сонце.
    Поздрав девојки, имајте и вие прекрасен ден и секако, искористете го и вие сонцево.
    Поздрав со песнава(нешто не ми успева да се отвори како мало прозорче, инаку песната е I need your love ама каверо од Пентатоникс) :*
    https://www.youtube.com/watch?v=u6C2N2t ... JMHxaR9XeA
     
  16. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485

    Прикачени фајлови:

    • onaa.jpg
      onaa.jpg
      Големина на фајлот:
      20,5 KB
      Прегледи:
      284
    На MacenceEna и Elissa им се допаѓа ова.
  17. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.806
    Допаѓања:
    100.717
    Пол:
    Женски
    Не знам што е ова припотресување од жениве ако некоја има исто или слично парче облека со нив?
    Па и најголемите ѕвезди кои имаат пари и можат да ме купат комплетно со цел мој движен и недвижен имот, се случува да облечат ист фустан ,на пример.
    Јас навистина не ја разбирам нервозата и дрдорењето на телефон од половина час на горенаведениот проблем.
    Значи се нема за што да се нервира па ај за ова.
    Женишта!!!
     
    На WarriorAngel, imelda, Elennaa и 7 други им се допаѓа ова.
  18. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.921
    Пол:
    Женски
    Има денови кога сакаш времето да застане.
    Моменти кога сакаш денот да трае многу повеќе.
    Места кои никогаш не сакаш да ги напуштиш и
    Личности со кои сакаш никогаш да не си речиш до гледање..
     
    На ariela09, SparkyAngel, Heartbeat и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Mrs.Carter

    Mrs.Carter Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2014
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    111
    Пол:
    Женски
    Три мали алтанчиња од нималку пријатни причини се сместени во домот „11-ти Октомври“. Најмалото има 2,5 години, другите две 6 и 7. Имаат потреба од милион работи, меѓутоа ние можеме да им се најдеме со облека, играчки... Милиграм човечност и љубов, која и тоа како имаат потреба да ја осетат.

    Сабота, паркчето кај Форум на Рекорд (кај Водовод, да), од 10-15 часот. Знам дека камион цел може да собереме - и дај боже да е така, ќе има за сите.

    Облеката е најкоректно да биде испрана и спакувана, со ситен раст се трите, а најспецифично е малото бидејќи домот е најдефицитарен со облека за такви бебуши.

    Трите сестрички во моментов го имаат само домот и - нас. Па, let's make it happen.

    https://www.facebook.com/events/227920840741883
     
  20. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.416
    Пол:
    Женски
    Се запрепастив кога слушнав нешто од просечно паметно девојче. Се разочарав и од женскиот пол. Кажа нешто, испадна глупава од кога го кажа тоа и наместо да се поправи кажа „па види ме каква сум убава, опростено ми е да бидам глупава“. :o

    Ми доаѓаше со книгата по глава да ја удрам.
    Убавината е пролазна, тоа што е внатре се цени лепотице.
    Убава си, прекрасна си, ама не е опростено да си глупава, едуцирај се.
    Наместо да читаш статуси по фејсбук прочитај книга.

    Поздрав. :*
    https://www.youtube.com/watch?v=ocXjr9nPnvg
     
    На Anabelle.Amorette и Heartbeat им се допаѓа ова.