А бе, Природен, ме изнасмеа. Ама и ти па, што си се исплашил толку? Чим само раце миела, значи не е толку опасна работава.
Oстај тоа, си имаа заебанција после со мене цимерите. Ќе ме корпоса некоја 20 годишна и веднаш почнуваат, абе тебе лесно ти е, те бендисува 50 годишната
Јас ќе ви се надоврзам со темата за животните да не ве цитирам и тагирам. Сакам да споделам дека ме има касано куче до толку што бев во болница 1 месец, отпосле цела година не можев да се опоравам и да застанам на свои нозе. Тоа беа големи и тешки трауми да, но да мразам животно - никогаш. Не можам да мразам никој, тоа ми е внатре во душата, нит да се одмаздувам и да малтретирам нешто нит криво нит должно, а посебно животните кои сите разбираме дека не се како човечките суштества. И да, сакам кучиња и немам омраза нит према нив нит према никој. Не си ја трујте душата!
Ноември, 2015та. Јас настината. Моиве дома се у стил: Ти реков јас да се облечеш на 23.09.2008??? Кивај сега, настинувај.
Оддеднаш се` престана. Веќе не ја гледам омилената серија. Не пишувам. Не излегувам со другарка ми. Всушност, воопшто не излегувам од собата. Не се ни трудам да се насмеам. Ми исчезна желбата за живот. Исчезна љубовта во мене. Исчезна емпатијата. Исчезнаа сите чувства, освен тагата. Проклета да е, ме обзема. Ми ја покри насмевката со солзи. Ми ја донесе онаа мрачна другарка, депресијата. Да, тоа е сега мојот живот. Од позитивна девојка, во тажно суштество без смисла. Од љубовта кон книгите останаа само неколку неотворени книги на полицата. Од животот не остана ништо.
Не знам за вас, ама јас обожавам да подарувам и да добивам рачно изработени честитки. Уживам додека сама ги правам, како прваче седнато на маса со распослани материјали во секакви бои Отсекогаш за секоја свадба, крштевка, роденден, именден и слично, фамилијарно сме подарувале такви честитки. Најчесто тоа биле фотографии на татко ми од кои потоа тој правеше честитка со уникатна порака. Никогаш не ја пишувавме истата порака два пати. И ете, тоа го практикувам до ден денес. Пред некој месец, за свадбата на другарка ми направив 3D честитка со две врапчиња што стојат под чадорче. Па и пораката беше во тој стил, малку метафорична Со толку мерак ја правев, сè додека не дојде сестра ми и не ми рече: Леле бе Ана, зар за една честитка од 100 денари ќе се стегаш? Се надевам дека луѓето на кои ги подарувам честитките не размислуваат како неа Мене повеќе ме импресионира тоа што некој одвоил од своето време и вложил труд за да направи нешто уникатно, само за мене. Најлесно е да ја купиш, потешко е да ја направиш. A некогаш и поскапо ме фаќа да ја направам честитката, отколку да ја купам од цвеќара, зашто употребувам најразлични материјали. Згора на сè, секогаш завршувам со исполепени прсти со лепак и светкавци, како и еден куп ѓубре околку трпезариската маса Затоа непроценливо ми е чувството кога ќе видам дека некој направил нешто специјално за мене
И пак ќе се потврдам себеси дека сакам едноставни, едноставни луѓе. Муабет на место, а не трескање безвезни муабети и глумење лудило. Многу повеќе ме привлекуваат и едноставно облечени луѓе, ете и кога бирам машко гледам едноставност и да биде она што е, а не уштиркано мангупче, имитатор. Пак ќе кажам, гласам за едноставно типче со големо Онака опуштено да си правиме муабет, искреност да има помеѓу двајцата....
Продуктивноста ми е падната најниско што може да биде, мислам дури и три метри под земја е, треба да копам и копам да ја пронајдам пак. Одложувам работи од денес за утре, од утре за другиден, откажувам лекарски прегледи, изгледа очекувам докторите дома да дојдат да ме прегледаат. Вложив многу труд и време во некои работи за на крај да ми паднат во вода, само џабе потрошени време и нерви. Празна сум веќе. Ни чоколадо не ме радува, дома ми стојат три. Од кафето почна да ми се лоши, чај не пијам често, јаболкото ми се згади. Јадам два пати дневно, само бидејќи морам, ако не јадам ќе завршам во болница. Другарките не ги дружам многу, кога излезам со нив уста не ми се отвара. Не поздравувам луѓе на улица што ќе сретнам, со домашните не разговарам многу. Заборавив како вистински да се смееш. Немам ни желба да одам низ некој бутик да разгледам облека, да си купам нешто. Не гледам по интернет смешни видеа како што порано правев, на фејсбук стално дремам на една страна само, тие што ми пишуваат не им враќам. Песните ми се вртат истите цел ден, мислите ми се исти цел ден. Што да правеш кога ќе изгубиш желба да ги правиш она што некогаш си го обожавал? Порано не бев по спиењето многу, спиев по 8 часа, сега да ме оставиш цел ден ќе преспијам. Истрошена сум. Уморна сум. Само сакам да седам во соба, да се затворам и да откажам и школо и се по ред. Сите планови ми паднаа во вода, се што работев не заврши успешно. Фаза ли е ова или? Веќе недела дена и повеќе сум таква, не знам што е проблемот, во што ли се претварам? Не сакам да бидам намќор, не сакам да бидам песимист, не мислам дека се е црно, ама како да го променам тоа, таква ми е околината. Deathly lost, this Can t be real Cannot stand this hell I feel Emptiness is filling me To the point of agony ...No one but me can save myself, but it's too late Now, I can't think, think why I should even try...
Колку и да ми било страв за било што,колку и да ме дрма трема никогаш во ниеден момент надежта не ме напуштила,ма колку и да делувам негативно. Мозокот окупиран со песимистички мисли кои се редат една по друга во низа,страв и трема напаѓаат,а неизвесноста капак на се'... Не знам како,ама отсекогаш колку и да ми се чинела безизлезна некоја ситуација, таа малечка искра на надеж гори, стравот не ја гаси,бидејќи се трудам да не го дозволам тоа. Човек сам мора да се мотивира во тешки ситуации и да не попушти во ниту еден момент,бидејќи се' што има почеток има и крај,препреките мора да се совладаат. Тешко ми беше да се помирам со фактот дека животот е полн со вакви изненадувања,но животот не е живот ако не е таков. Не престанувајте да се надевате,еден ден мора се' да се реши,а додека дојде тој ден,мора да се има трпение. Животов е таков,непредвидлив пат. И ќе се сопнеш,и ќе паднеш,ама пак ќе застанеш цврсто на нозе и ќе продолжиш да чекориш. Надежта е она што не' турка напред. Имајте убава вечер.
Се моли портпаролот на Мвр-Скопје (како и да се викаше) следниот пат кога ќе се шминка да го прави тоа барем на дневна светлина или да користи сијалица.
Се си викам ајде, уште малку ќе се среди и ова, еден куп работи се средија ќе биде и ова ... и времето поминува ден, два, месец, три. година. па, ај уште една, после три од карти и се така ... до кога бре
Треба сериозно од министерство да си водат контрола кого го вработуваат по школиве и факултетите. Ако некој е лабав во мозокот како може да го вработиш ко професор? Да се дере и да ја истура нервозата на децата? Братучетка ми дојде од школо плачејќи и тресејќи се од страв и нервоза, пошто учителката и се дерела дека не знаела некоја фигура да ја нацира убаво во блокот, како што таа им ја цртала на табла Еј да го боли главчето некое детенце од плачење, заради тебе, па оди убиј се. Утре Господ нека и е на помош на таа учителка, кога ќе и појде вујко ми на школо. Тој нема тон повишено на братучетка ми, ја нема удрено а ја пратил на школо за некој да се истура на неа...да, секако. А и по факултетите е исто, секаква психа изигрува професор. Па ќе речеш у курац нека оди и диплома и се, и онака после нема работа, отколку да трпиш тортури од искомплексирани личности.
Обично немам проблем да проценам личност, што сака и зошто или некоја ситуација. Ама него веќе со недели не можам да го дешифрирам. И таман мислев го дешифрирав, испадна уште поголема мистерија. Предизвик ми стана. Се прашувам како јас да станам мистерија? Како да престанам да бидам една отворена книга, како да престане да ми чита од очи?! Никогаш не сум знаела како да ги глумам чувствата. Не знам да бидам ладна кога срцето ми чука со двеста на саат. Не знам да бидам дрска и да се правам важна кога само сакам глас да му чујам. И не знам да глумам дека не ми е гајле што прави муабет со некоја друга, и со насмевка да им кажам здраво. Изгледа сум ги пропуштила тие часови по глума. Ама и не можам и да сакам. Нешто внатре не ми дава да бидам тоа што не сум. Чувствата не можам да ги изглумам. Тие секогаш ме издаваат. Имајте добра ноќ, одам јас да си ги изгледам пропуштените епизоди од омилената серија, ќе спијам сабајле. Ќе најдам време за се.
Спиев само 2 саата, учам цела ноќ. Имам испит денес, па втора смена сум на работа, не знам како ќе издржам. Едвај чекам да заврши денов...