Ако видите некој по пат како оде и спие, јас сум таа Ајде едно добро утро за сите вас, за мене добра ноќ Имајте ми убав ден
Дојдов вака посабајлечки да физолофирам на тема: Природа, инспирирана од еден документарец за диви животни што го гледав утрово. И не, нема врска ова со мачките. Природава со сите свои „грешки“ и несовршености е најсовршеното нешто што постои. Отсекогаш, кога сум гледала документарци (по кои инаку сум манијак), сум се восхитувала на патиштата кои ги наоѓа природава за да опстои. Еволуцијата е фасцинантна, а синџирот на исхрана е за восхит. Природен феномен од непознати причини привлекува муви на површината на некое езеро, во толку голем број што се мери во километри квадратни. Тие излегнуваат ларви на површината на водата, по што наскоро умираат. Со ларвите се хранат поситни рипки од езерото, кои кога се приближат до површината, ги лови некоја птица. Птици-пчеларки прават гнезда во карпи за да бидат божем заштитени. И тоа мажјаците прават. Ама тоа не е доволно, па мора да им носат пчели на женките за да им се додворуваат. За тоа време биваат уловени од орел, а ниту јајцата во карпите не се безбедни, бидејќи доаѓа и ги јаде огромен гуштер... Крокодилите се едни од ретките животни кои датираат од пред 200 милиони години и имаат толку силна киселина во желудникот, што може да сварат коски без проблем и да изедат половина тон храна, исто без проблем...И многу други примери. Колку што природата е дарежлива и ни дала се' што ни треба за да преживееме, да се прехраниме, да се излечиме, да се восхитуваме, толку природата е способна да не' казни за нашите погрешни постапки, кога ќе го предизвикаме нејзиниот бес и гнев. Тоа е супериорна жива материја, високоинтелигентна. Можам слободно да ја споредам дури и со Бог, според погоре кажаното. Дава, но и зема и казнува. Меѓутоа, секогаш наоѓа начин за да опстои...
Пред два дена изгубив уште еден член од нашата фамилија,колку ли е суров овој живот,додека трепнеш животот завршил,беше млад се израдува на дечиња и што?Отиде све у курац,се завија неговите во црнило,повеќе животот не е тоа што беше(најтешкото како ке им објасниш на дечињата дека више тато го нема),премногу ми е жал кога ги гледам тие испиени лица,само за 2 дена пропаднаа,аххх а каде е нивниот живот?Аш исчезна.Бог да те прости роднино и мој драг пријателе,секогаш ке те паметам како добар и мил човек,онаков каков што и стварно беше. Не е битно колку си бавен... Битно е да не се откажуваш од патот.
Болка во бутчињата, локни костенливи,кафенце испиено, сонце убаво... Трет ден squats challenge - well, well done! Убав денов денес...си имам договор за вечерва, умеџувремену сум страшно мотивирана и си работам... Туку, времево многу брзо поминува. Врските и меѓучовечките односи исто.... Не знам дали на полошо или подобро, можеби едноставно светот функционира само и единствено со промени... Промена на енергија, промена на луѓе, пријатели.... Едноставно како стануваме позрели ги филтрираме круговите и не се замараме со рекла казала роднински муабети... Сакам да кажам, ми недостига топла семејна атмосфера. И под оваа не мислам на најтесното , напротив зборувам за оние фамилијарни собири со вкусна храна, топли прегратки и многу насмевки... Животот е брз, но нема причина за губење на моралните вредности и елиминирање на роднинските врски.. Некако се е роботски, лажни насмевки и глумење љубезност.. Не сакам да живеам во фарса....или си со мене или не!
Скроени денови висат на календарот како парчиња облека во плакар. Се будат в зори со подготвени тестови, не предизвикуваат со погледот, лукаво ни се смешкаат и ни подметнуваат двосмислени прашања, непознати величини и некоја отворена заграда за да не видат со целата моќ и немоќ колку сме подготвени да ги пронајдеме одговорите, а и да ја затвориме заградата. Некогаш подолги и тешко подносливи, некогаш пократки и сончеви, ги навлекуваме на нас и сами учиме да ги носиме. Го отвораме прозорецот на душата и наизменично дишеме... Зборовите ги таиме и поттурнуваме на дното за да не излетаат како меур од сапуница во погрешен правец. Гледаме и размислуваме, рамнодушно посегнуваме по облеката, и по оние парчиња што ги чувствуваме потесни или пошироки. Битно е да научиме нив да ги носиме, да знаеме правилно да се движиме за да не подлегнеме на некоја подмолна препрека... А тие толку зеле замав наоколу што и камчињата се помалубројни... Некогаш талкаме по инерција со неизвесност и го извлекуваме непотребниот товар низ извик. Некаде на крајот од потрагата по објаснување, го прегрнуваме оној собран копнеж во форма на мали, невидливи, скокотливи искри што наликуваат на желби кои се уште не ја поздравиле светлината на денот, а целите се згмечени како невкусена овошка. Не се потребни многу искушенија за да сфатиме дека мерката е земена и моделот е скроен за нас. И не се погрешни димензиите затоа што животот такви ги одредил. Среќни сме само да не треба да ги носиме парталави... Идентитетот е се што имаме да пријавиме за свое богатство.
Ги сакам деновите како овие.Кога сенчовите зраци пополека ме будат. Кога веднаш некоја позитивна енергија ми го окупира целото тело. На паузата од работа на дечко ми пиевме кафе.Правевме слики.Потоа продолжив на кафе, хаха второ со другарка ми. Сега седам дома и онака размсилувам...колку често сме сме откажале,а сме биле до целта? колку често сме чекореле до целта а не сме ја почуствувале победата..и за крај сакам да пишам... зарем не сме ние родени победници? Секогаш ќе има одредени личности кои ќе целат да предизвикаат кај вас некоја нервоза. Секогаш ќе има луѓе во кои прегратки ќе се чуствувате најсигурно. Не знам што ме натера на оваа да размислувам...Но, знам дека животот е премногу краток за да го поминиш во нервоза. Еве сега ќе правам јас нешто интересно за ручек :/ не е можно така јас да седам поздрав лејдис.
Периодов е баш исполнет и многу убав, секако. Неколку работи што ги посакував ми се исполнија. И факсот оди добро, иако со колешките, односно другарките повеќе сме низ кафичите него ли низ амфитеатрите. Но не сме ние криви, семестарот е така некако порастеретен сега. Утре пак ќе бидам дел од новата колекција на еден наш бренд. Некако ми се допадна таа соработка со газдарицата на брендот и со љубов го правам тоа. А тоа ми е најважно во све што правам, да е со љубов и задоволство. Блогот, кој го отворив од хоби, ми донесе убави работи, соработки, а и работа интересна. Па… Добро утро.
Толку иам трауми од анатомија што сонував како ме испрашува. Подочњаци од неспиење, немање време за ништо, епа сакав да учам медицина така ми треба.
Се плашам кога работите си одат по својот тек.Страв ми е кога е вака,се толку прекрасно.Како на скулптура од мраз онака само од далеку се дивам,се плашам да се приближам да ја допрам да не ми се излизга низ раце.Бегам од себе и не сакам да си признаам бидеќи секогаш кога чувствувам-губам.Камо јас да бев таа скулптура од мраз па мене од страна да ми се диват.Џабе се лажам,не можам...Премногу топлина има во мене,ќе се распаднам.. Продолжувам да живеам вака топла,кршлива и нефасцинантна надевајќи се на најдобро очекувајќи најлошо..Заборавив да бидам среќна изгледа па еве животот ми ја враќа во поголеми дози.
Се мислам дали некои луѓе како оваа девојка размислуваат пред на напишат нешто ,дали навистина имаат барем малце почит и совест и култура ,што би кажале за ова ?поарно ништо. http://think.mk/pregled/zoshto-nikogash-povekje-nema-da-stanam-na-penzioner-vo-avtobus
Ми го зеде зборот од устата Имала мастер диплома.Според ова вака напишаното ми изгледа како ни основно одделение да нема завршено,значи помалку образована од овие што ги има посочено...Свашта!
Вчера утрото внук ми од три и пол години ми вели: -Тете купи ми папучи! -Важи срце ќе ти купам. -Тете купи ми и тетин! -Немам срце пари за тетин. -Тете па јас ќе ти дадам пари! По дома уживаме додека го гледаме и слушаме. Има очиња кои блескаат како сонце и глас како на славеј. Постојано е насмеан и многу е мил. Имам многу внуци, но ете овој ми е посебно мил. Се пријавив во еден блогерски предизвик, без никаква идеја и мојот "натпреварувачки" дух уште од одма тргнува дека ќе излезам во прв круг. По убедување на блискиве дадов шанса на тип кој мисли дека сум солидна осмица, а другар ми вели - Марина немој да излегуваш со тип за кој не си десетка. Од нигде никаде додека пишувам добив понуда за соработка. Едвај чекам да видам што ќе излезе. Милион работи во еден пост ама ете така ми дојде.
СДК 1: Ме отепа ова Скомрахи, рехабилитација ми треба сеа. СДК 2: Треба да појдам на факултет деновиве, да видам шо се дешава. Да се заангажирам малце оти појма немам до кај сум. Се преселив на ликовна и на драмски, ич ме нема на мојон факултет.
Што не и плесна во тоа суратот дека е грда и стара. Не можела да стои бре, а вие ако сте млади треба да стоите иако којзнае денот колку ви бил напорен. Ќерка ми сега бргу се струполила во автобус и од тие грди бесчувствителни суштества никој не и станал, па што ако е малолетна и мала па и таа има душа. Мразам дебилни суштества без осет па уште и коментирала, пуфла.
Jas vo avtobus vlegov so 7 mesecno bebe bidejki taxi skapo ke me cinese. od starcite koi cel den se vozat bespari nitu eden ne stana a so edna raka dete drzev a so druga se drzev za sukaloto Bezibrazni do kraj Posle naporen den i 30godisna zena na pr. e skapana od umor i edvaj stoi Pa da vidis vo 8 sabajle i vo 16 casot se najbrojni More koj im odobri besplatno neka odi vo bestraga Na edno sediste sedi a na drugo pazarlakot stoi..necinelo na zemja da e