Она кога професорка ти дава рок да испратиш есеј, проект или било каква дадена задача по мејл, ти уште во првиот ден кога ве известила за тоа земаш и најпрвин ја преправаш работната верзија, па (како личност која во себе малце пропаѓа у земја секој пат кога отпосле ќе видиш печатна грешка без можност да ја поправиш, дури и кога се работи за нешто најнеформално ) нормално ја тинтраш и проверуваш 1698754 пати пред да кликнеш send... сè тоа за на крај професоркава да ги нема сè уште прегледано добиените мејлови месец дена по крајниот рок. Или пак кога пишуваш на другар/ка, но сепак се работи за цел реферат објаснувајќи некоја ситуација, и добиваш едно ok и одговор во врска со најнебитниот дел од целата твоја порака. Познато..? Уште нешто неврзано со ова, но на тема неодговорни луѓе, кога станува збор за онаа голема категорија на личности што постојано доцнат - ај ќе разберам доцнење кога сам одиш некаде, многу потешко ќе се навикнеш и да ги чекаш истите кога станува збор за договор за опуштено шлаење... ама никогаш нема да можам да ги разберам оние што во ситуации кога се договориле да идат некаде кадешто треба да се стигне во точно определено време и тоа со личност која добро ја познаваат дека никогаш не сака да доцни, си дозволуваат истата иако се спремила и отишла на договореното место доста порано од предвиденото - да треба заради нив во 5 до 12 да трча за да стигне навреме, па дури и да задоцни. Абе... too much неодговорност everywhere.
^ Секое возење во автобус си ветувам дека ми е последно, и пак се лажам да се качам. Пред некое време седнувам на седиште, имаше уште 5-6 празни. Влезе некоја баба и си стоеше, и позади мене еден дедо почна да коментира како било срамота таа да стои, а јас млада да седам. Ми беше ептен лошо затоа што во автобусот беше претопло, а мојот организам не поднесува топло поради досаден хроничен проблем, ама не ми беше до расправање и станав. Жената почна да ми се дере затоа што сум станала, значи буквално викаше по мене, цел автобус се сврте. Навредливо било, таа можела да стои, сега сум се преправала дека се грижам за неа, а кај сум била додека имала други посериозни проблеми во животот. Не сакав да го слушам тоа па ставив слушалки и отидов на другиот крај на автобусот. Цел пат бабата стоеше точно пред седиштето, за да не може да седне никој друг, и кога едно девојче со ранец поголем од него проба да седне, бабата почна да му се дере. Така што, не е до некултурна младина, или некултурни пензионери. Секоја ситуација е различна.
Сите оние модни комбинации кои ниту се елегантни, ниту спортски, а најчесто комбинација од двете, се кежуал.
Она чувство кога една иста песна сакате да ја слушате многу пати, убаво ви е додека ја слушате и не сакате да заврши. А зошто?! Затоа што тој ви ја посветил. И секако и превел, затоа што ниту еден збор не разбирате. Но битно цел ден е на репертоар, дали дома, дали во кола или на мобилен...Само таа песна и тој и она некое скриено чувство дека тој е вистинскиот и само него сте го чекале. И да не ја заборавам песната. За мене многу драга моментално.
Значи ако не ти се доаѓа на предавање подобро не доаѓај отколку цело време да ми зуиш дека ти е досадно и дека не ја поднесуваш професорката. За разлика од тебе некои сме дојдени нешто да научиме а ако не ти се седи остави ми картичка ќе те искуцам само не доаѓај ако планираш да збориш. Не сум бубалица (можеби и сум, не знам) ама ми сметаат ваквите луѓе!!!
За мене ова време не е како шо треба, мислам дека сме пролет. Не го бива, се знае ноември какво треба да биди. Денеска толку ми беше жешко, а бев излезена само по блуза, гледав луѓе по кратки ракави беа и се чудам какво време дојде. Се знае кога треба да биди топло, сакам да почуствувам мирис на зима, а не како лето да иди.
Луѓе ќе кажам сега нешто шо мислев дека нема никогаш да го кажам. ГИ ПОЛОЖИВ СИТЕ КОЛОКВИУМИИИИИИИИИИ..........
Татко ми и мајка ми се радуваат како малечки деца на моите успеси. Уживам да ги правам среќни со мој труд. Некако се чувствувам гордо. Сакам да ги гледам насмевките на нивните лица, знаејќи дека причина за тоа сум јас, Ќе сме пиеле со тато утре вечер да прославиме!
Ako deneska sretnavte uplakana zenska osoba se prijavuvam toa bev jas. E od kamen da si ke puknes boli boli boli srce majcino
СДК ... во други делови од светот луѓето во старосна група го користат тој преостанат период на шетање, искусување нови нешта, на активности кои ги релаксираат и полнат со позитива за полесно поднесување на секојдневието ... а само тука се повлекуваат во затворен простор, стануваат пасивни, се занимаваат со политика, со пренесување на негативни и лоши информации ... скратување на моменти кои можат да им донесат малку задоволство. И ај сега?? Толку ли е тешко да се смени нешто??
Ааа, ама ти си млада ти можеш и бебе да држиш и ќеси и сешто. Врти сучи ним ништо не им чини. Се возат беспари и во понеделник, среда и четврток. Кај го има ова бе? Имаат 4 дена бесплатни, ама не и другите си ги рачунаат. Влегува контрола и гледа карти, ја прашува една баба за карта и и вели денес е среда, треба карта да си платите, и бабава е ако де, јас вчера не го искористив правото, затоа денес ќе се возам беспари. Навистина не сфаќам зошто им дадоа неколку дена бесплатно да се возат. Секој ден се возам со автобус, да ми беше бар еден километар поблиску факултетот немаше да се возам, ќе ги одев тие три км пешки. Не сум сретнала една баба или дедо да не превртува очи кога нема место да седат, да не оговара и да не се турка кога е гужва. Некултура колку сакаш.Сите имаме проблеми, сите сме некогаш уморни и не боли нешто. Не се само пензионерите напатени и кутри. Глава ме боли цеееел ден. Мразам кога тоа ми се случува и си го губам цел ден бидејќи не сум способна ништо да направам. Кафе, апче, лимонада, масажа, абе ништо не помага...
За пензионерите еден трикатен туристички и да не слегуваат од него Нека се возат цел ден, секој ден. Разбирам, секој тргнал некаде, секој има обврски, ама поголемиот дел од тие само си се возат, си разгледуваат и си тераат прошетки на мозокот.
Сдк. Дека неможам да опишам човек каков е кога ке купи телефон.Не дека љубоморам,но многу се нервирам на тоа .Пример,другарка ми.Купила некоја канта Sony Ericsson,прв нејзин телефон претходно го користела наследениот од нејзината баба па мајка па сестра па нејзин.И ми вика : види каков телефон купив...ни со здравје да се служиш не велиш хм. Ама види единствена опција е ова. Ама вака. Ама така. Ама онака. Имај малку осет бе човек !
Кога сме веќе на тема пензионери, не знам дали некој ја гледа емисијата со Искра на Алфа ТВ, некаде кај 13-14 часот се емитува. Аааааа е таму се во полн ек, да пуштите, нема да зажалите. А и она мислам малце мајтап си фаќа со нив, па ќе ги потпраша, ќе ги потпали, нив толку и им треба. Морам да додадам дека посебен шмек има кога и даваат колку е убава, пристојна, дотерана, пу пу, да не ја урочат. Дека моите активности во тој период се најчесто строго домаќински, јас си готвам, а бабето седи до мене и демек гледа телевизија. Ќе чуе, па нема да дочуе, ќе ѕирне ама нема да види. Којзнае што гледа, ја молиме да си стави наочари десет години уназад, она десет години умира, па не и требале за во гроб. Колку баби запознав преку океанот и не можам да замислам некое бабе таму да си ускратува на основни животни потреби како нормален ВИД само затоа што ќе умре во наредните 10-15-20 години. Шефицата лани ми беше 70 и нешто годинки, срча брееее, ќе те купи и ќе те продаде за три секунди. Е и некна си седиме, емисијата си тече, јас си лупам компири, а она ми коментира. Лелеееееее некои деца се затвориле, изгореле таму некаде по Америка..... И сега мораш да поврзеш настани во последниве 10 дена, настани од емисијава од Алфа и да укопчаш - пожарот во дискотеката во Букурешт. А викам, да, знам.... По пет минути пак седи, пак ми вика, Ааааааааааа а тоа турскиот авион, колку луѓе изгинаа, и ти па, кај само одиш по авионите, гледаш што се случува, ете виде еднаш-двапати, седи си тука. Да да, така е викам. Иначе рускиот авион во Египет е тема на муабетот. Станувам си сечкам, си правам друго, ми вика, ти ми вика, научи ли нешто американски, за шо седеше таму. Научив викам, ако ми вика, колку да се разбереш, не ти треба повеќе, па не чини многу, сега си знаеш и американски малце. Пак си чмачнува така, ќе се подзамисли нешто.... ми вика, а ти на факултет нели сал 9ки и 10ки имаше, некна гледав стипендии даваа на телевизија, шо не те викнале тебе таму? И сега премотувам филм, даваа реклами за тие што им плаќа Владата студии, што треба да студираат и да се вратат тука. Немам време викам за тоа, еве нели шетав. Аааа да да ми вика, ако, додека не се омажиш, шетај, после толку, мажот и готово, нема вака кај ти текне. Па ќе и рече, е што ти текна сега кола да учиш, ете сега такси, после мажот ќе те вози... Викам еми имам време, да се занимавам, плус да земам викам тебе да те повозам. А не вика, кај ја, стара жена, не одам никаде, не не. Мајка ми живци кине кога ја слуша што ми вика, јас па ќе си испаднам, ќе си се посмеам и пак назад. Цел ден си седиме и си се муабетиме, животни дилеми и прашања си решаваме.
До вчера си игравме карти до ниедно време, а сега и гледам слики од нејзината свадба. Другарка со која се дружиме уште од најмали нозе што се вели. Сме останувале и до ниедно време, сме се утепувале од играње монопол, брич, правење торти од песок, вино од ружи, што ли се не. Во последниве две години и не бевме толку блиски, ама сепак кога случајно ќе налетавме една на друга, ќе застаневме и ќе си направиме добар муабет. Иако само што заврши средно, и на некој начин се спаси од тука. Живееше во многу лоши услови, нејзините баш и не беа некој добар пример за нејзе, старите па, тие своја приказна. Како и да е, се надевам многу подобро ќе и биде таму каде што отиде. Заслужува Како во новото школо? Хипер Не го менувам за ништо. Како за први впечатоци, супер. Професорите, жими се, не можеа подобри да ми се паднат А како со оценките за тромесечие? Се турка
Еееееееј..а што да прават кажи!??На форум не ги примаат, стари се, за фејсо смешни се и ружни се, да играат игри корави се..еми греота се , нека се возат....туууууууууу..пуста старост, никој не ја сака
Пaк јaс. Имa темa: На кого треба да отстапиме место во автобус? вo кaтегoријa oпшти дискусии. Just sayin' Спојлер: Мoлим лепo http://forum.femina.mk/threads/На-кого-треба-да-отстапиме-место-во-автобус.1226/ И дa ме нaучите дa стaвaм линк aмa кaкo текст. Мнoгу сaкaм дa знaм. Кaкo шефoњерoт oд нaрнијa ми се кoгa ќе видaм декa некoј пишaл тукa (сo рoзoвкa бoјa нели) и oп ти идеш ствaрнo идеш вo тoa тукa. Буенaс нoчес! М,