Пензионери, пензионери, пензионери, пензионери, пензионери... мачки, кучки, мачки, кучки... Немојте со таа огорченост, со тие покажување со прсти, со тоа оговарање, бидејќи тоа се токму одлики на оние за кои зборувате дека се лоши, безобразни, безосетни, одвратни. Исто така, што мислите, од каде доаѓаат сите тие пензионери и сите тие деца кои малтретираат кучиња, мачиња и слични четириножни животинчиња? Доаѓаат од истите домови и јадат грав во петок под истите кровови на вашите роднини, пријатели, симпатии, љубовници, поклоници... Тие луѓе за кои зборувате дека немаат основна култура се оние кои нè создале. Мислите дека оваа земја има 3 милијарди луѓе па овие се некое далечно нецивилизирано племе? Ц`к, тоа сме ние, нивните ликови може да ги гледате како огледало од иднината. Туку, за друго се решив да пишувам, ова ми беше само инспирација. Како ги гледаме бесмислените случувања околу нас, како учиме секојдневно дека правилата единствено постојат за оние неморалните без проблем да можат да ги кршат и да се збогатуваат и уживаат на грбот на оние кои не се спсобни да го прават тоа, така и нашиот глас и бунт пополека се стишува. Ги прифаќаме фактите. Некои се поинтелигентни и без разлика на образованието и начитаноста, побрзо сфаќаат и престануваат да галамат, некои се помалку интелигентни и остануваат во тој филм на вечен борец за некаква си правда до подоцнежните години. Но, најголемо сочувство имам за оние интелигентните кои воедно се образовани и начитани, кои имаат многу што да кажат, да анализираат и цитираат примери од минатото кои можат да бидат некакво решение, а сепак одбираат да молчат и се повлечени во своите животи како желка во оклопот пред напад на гладни волци. Можам да ја видам нивната тага од сфаќањето дека нивниот глас е апсолутно безвреден во морето галамџии и борци за некаква правда. Дури и кога овие вториве минуваат под прозорецот и ги повикуваат да им се придружат, тие само гледаат од страна, се смешкаат и мавтаат на толпата за поддршка, зашто знаат дека она кое би го изговориле, никако нема да направи промена. Тие знаат дека до промена се стигнува единствено со лажење и извртување на реалноста, со притискање и гмечење на зборовите надолу во машината за мелење месо кои од другата страна ќе излезат подготвени за лесно проголтување од гладниот и прост народ. Но токму заради моралот, не влегуваат во таа машина. И така денес меѓу појадокот и второто кафе ги гледам овие неколку дечиња разиграни во паркчето и се мислам како да ги воспитувам своите деца? Дали да ги убедам дека треба да бидат борци за правда, да ја преиспитуваат секоја „вистина“ која им се наметнува, да размислуваат со своја глава и да имаат сопствени идеи... или да им ја кажам реалноста, дека сè мора да се гледа од личен агол и да се борат за лична корист, да не ги предизвикуваат креаторите на јавното мислење, да крадат туѓи цитати и да ги пишуваат како свои, но да внимаваат да не ги фатат...? Бидејќи вторите успеваат во животот, тие се духовно исполнети и материјално обезбедени. Едно сепак знам и се надевам. Јас не знам како да го сменам мојот живот, камо ли целиот свет, но се надевам дека моите деца ќе ја имаат таа умешност и способност.
Ве молам да не се дискутира за туѓа интелегенција. Не се дрзнувајте да ја мерите. Има други институции одговорни за тоа.
Сама седам во двор.Зјапам во шареноликоста на тревникот и ми се чудам на времево.Ноември нели а фали уште боја да фатам од сонцево вака по кратки ракави.Се стрчав да сликам клукајдрвец ,ми избега... Кафево,ем 2лажици шеќер и пак ми горчи... Се надвиснала тежина врз мене притиска,не попушта брее... Ако,нека ... ќе го издржам и ова.... силно светнал ден !
Не знам дали сте го почуствувале тоа....секој ден да ти се допаѓа една лчност се повеќе и повеќе. Вчера, официјално вечерав кај него со неговите. Прво, едно глупо чуство ме опфати, нешт како денес, оти денес, леле вака, леле така.. Ама добро, појдов.Имаше мајка му зготвено риба.Јадевме, се смеевме и падна тема нова година. И мајка му кажаа дека ќе се собираат со нивните пријатели кај нив дома.И за нас праша кај ќе одиме... И тогаш не дозволи дечко ми да кажам ни збор, си го зеде таблетот и рече, јас ќе резервирам за 2цата еве сега за Турција, можеее? Првите секунди сум лута така кога ми прави, ама потоа убаво ми е.Патем сакам го видам цел свет со него. И разгледуваше, си ја зеде картичката си уплати....за 20 мин Го прашувам, колку треба да ти дадам ? ми вика сто бакнежи и исто толку прегратки Малце глуаво ми е .... Денес, се договоривме да одиме на кафе кога ќе има пауза и го молев да земе пари ама инет е. Ми вика не му текнувало дека му должам нешто.... ќе е уништи тоа дете.
Има многу јадења што порано не сум сакала ни да ги помирисам, а денес често ми се на дневно мени. За секое си имам некое објаснување зошто не сум го јадела, освен за едно - баклава. Стварно не ми е јасно како е можно да не ми била вкусна! Ај што татко ми ја прави една од најубавите баклави на свет, ама има тоооолку многу различни рецепти и толку многу места во Скопје кај што може да се вкуси. Ми се чини дека порано не сакав ни да ја пробам. Кори и шербет? Подобро ќе си јадам индијанки Пред некоја година почнав да јадам баклава и од тогаш како да се обидувам да надокнадам за периодот кога не сум јадела. Имам пробано скоро секаква - со ореви, лешници, бадеми, фстаци, вишна, чоколадо, кокос... Само собирам рецепти од интернет за да научам да правам Под менторство на татко ми ја совладав баклава бајадера, ама на ред се други предизвици Мх, мх, мх
Убав ден убави луѓе. Вадам цвеќиња, вдишувам загаден есенски воздух.. а издишувам воздишки. Убаво е во своја кожа кога коцките ќе се наредат. А не е ништо помалку убаво и тогаш кога по некоја коцка отскокнува и фаќа погрешен ритам... зошто евентуално, сите го наоѓаме патот назад. Ме милуваат топли зраци... можам да почувствувам насмевки. А јас милувам кога другите се среќни. Зошто кога тие се, и ја сум веќе на пола пат таму. Спојлер: Ох уелл.. Денеска форумов ме убеди дека зборувањето на вистината не е пожелно ако некој се чувствува загрозен од истата. Ок е.. ќе продолжиме да бидеме наудрени дека светов е совршено место, дека во Африка не гладуваат 95% од луѓето, дека војната е мисловен поим и дека ИСИЛ е мирољубива организација.
Мирис на чад ми продира во ноздрите. Замаглена соба со пригушено светло. Тивка музика одекнува од далеку... Меланхолија. Само јас ли ја чувствувам? Секоја година, како поканета, во ноември ме посетува. И овојпат повторно ѝ посветувам музика.
Јас, кога некоја личност ќе ме освои, ме импресионира и предизвика восхит (не зборувам од љубовен аспект), сум како некој шеик Целото внимание ќе и го поклонам, ќе ја опсипам со подароци ако треба и ќе се заложам да ги добие сите пофалби Ретки се таквите, но се вреди кога ќе ги сретнеш во животот.
Уморна сум, но убаво ми е.Затоа што го правев она што ме исполнува, и тоа заедно со две блиски другарки. Не ни осетив дека работно сликаме колекција на бренд, туку забавно ни беше. А уште позабавни ми беа фаците на луѓето што поминуваа. Сето тоа им беше чудно, тоа сликање, пози, смеење… But, who cares.
И на крајот на краиштата не е важно со кој спиеш и со кој се будиш, со кого излегуваш, со кого разговараш. Не е важно за кого се дотеруваш, со кого се држиш за рака, кого заведуваш... Единствено важно нешто е на кого помислуваш кога ќе видиш празно место до себе, кој требаше да е тука а не е... Не е важно со кој те гледаат другите туку со кој се гледаш ти ...
Живеењето во заблуда- Во заблуда дека некој те сака, дека некого сакаш, дека ти е добро, дека знаеш, дека си среќен. Wake up on time
- Имаш за учење и одеднаш ти доаѓа нетипична за тебе, но вообичаена идеја во горенаведената ситуација - да си ја средуваш собата. - Земаш да чистиш и средуваш и некако магично пред тебе излегува албум со фотографии, друштвена игра или било каков предмет од детството. - Зјапаш носталгично во него пола саат и целото детство ти минува низ глава, а и разни филозофски мисли за минување на времето... Патем, држете среќа за утре...
Само да ве поздравам Од работа не можам да постигнам дома да дојдам ко човек, преморена сум, а и компјутерот не ми чини, па од телефон само ве читам. Си гледаме Скопски фестивал под ќебе, кај да е ќе станам по чај, по калинка, па по јаболко...и ќе заспијам ко мало дете, седејќи. Се надевам во недела нема да сум на работа, па ќе одиме некаде на сонце, на воздух и бакнежи под шарените лисја. Мајка ми ми донесе дуња, јаболка за туфакии и тиква за печење. Уште да не ме болеа коски, па да си зготвев од се...
Нема полошо од човек што мисли дека знае се, а усвари не знае ништо!!! Грешка, знам, знам многу нешта но ги премолчувам, на моменти сум бил глуп на моменти мудар, на моменти горе на моменти долу.Али човечка особина, памети само нештата кои после долго летање во облаци го удираат силно на земја и го будат од тој сон и како проклетство го следат... Секој пат истото нешто, зошто сеуште си сам? Каде ви се девојките зарем сами сте излезени? Не не ме разлутуваат прашањата да не ме разберите погрешно, страшно ме фрустрира нешто сосема поразлично. И да, не само мене, ами и поголемиот дел од момците, не оние бед бојови ами оние со срце, не оние кои психички ве тортурираат ами оние кои за една насмевка на ваше лице продаваат душа на ѓаволот, не од оние кои пред друштво ве преставуваат како "другарка" ами оние кои горделиво се "фалат" на сите поради вас, да да поради вас вие сте нивниот свет... А што правите вие со таквите момци? Брат премногу си ми мил и фин ама те гледам само како другар или пак и воопшто не се ни добива секонд дејт за да се соопшти тоа, веднаш следува игнор мод, за на крај да се заврши повторно кај некој сељак во кола.Па потоа веднаш следуваа статуси како добри момци нема, како повеќе не постоеле, ако пронајдиш добар момак да си га чуваш во фрижидер и што ти ја знам разни глупости... Какви глупости се само правите, поради фактот дека не сте во етапа за долга врска, или немате таква фаза во вашиот живот, како иде тоа да се поминам со сите, сите да ме извозат па на крај ти регистрирај ме... Е така нема ќе паднеш на тест за издувни гасови како 26 годишна стара увозна кола! Непишаното правило е тоа колку поскапа пијачка на маса во кафич, толку поефтини девојки околу тебе... Па да, подобро би бил сам него ли во врска со некоја од овие горенаведените, не плукам не хејтам по сите девојки, но само по оние со слични особини на овие...ако некоја се пронајде како навредена од мојот пост тогаш очекувам полемика и реплика поради кои нешта, а не фрустрации и навреди... Лека ви ноќ !