СДК насмејте се, утре е петок ПС. Ја претерав денес, цел ден го поминав на форумов, ама од утре ќе учам
Сакам да кажам, да се надоврзам на претходниот муабет со мачето и со дебилното дете шо го шутна. Кој прочита знај. Денес го видов пак таму на истото место. Се вратило кутрото. Му имаја пак даено јадење од пекарата и од една сендвичара таму и си имаше уште едно другарче. Го сликав. И сега ќе ви ја покажам сликата. Само за да изразам револт дека некој можи да му дозволва на децата да шуткат вакво кршливо и невино суштество. Иначе јас сум во Мали Херои- здружението за заштита на животните и само шо го видов по втор пат викнав помош од друга волонтерка и та го зеде во транспортерка и го однесе на ветеринар и на капење. Мачето ќе биди излечено, и искапено и објавено на страницата за вдомување. Право лепотиче е. Ко топче. Сега капено кузнај колку ќе биди пуфчесто. Иначе мислиме и дека маченцето е глуво оти не реагира на звучи баш. Ама ако. Ќе го сака некој знам!
Како му се радувам на утрешниот петок ле-ле! Само нека дојде 2 часот утре,да ми почне викендот. Има да се изнашетам сегде со новото фризурче. Имајте убава вечер.
Фалењето не е добра особина, но лажната скормност е уште полоша. Првото некогаш може да биде и вистина, но второто секогаш е маска. Нека бегаат подалеку од мене такви „мили скромни душички.“
Поголема е веројатноста по улица во Германија да слушнеш дека некој зборува македонски, отколку во Западна Македонија. Барем малку да беа слични македонскиот и албанскиот јазик... барем сосема малку, колку да не се чувстувам ко турист во сопствената земја. Одам по улица ни знам што ме прашуваат, ни ги разбирам, само непознати гласови и зборови слушам, и кога ќе слушнам некој дека зборува македонски дури чудно ми паѓа. Со мене ако е една другарка што одеше малку на курс по албански, ај пак и пак, барем може да разбере што зборуваат...ама инаку, не знам.....треба што поскоро да му се јавам на братучед ми од Германија, да ми среди документи и се ова зад мене да го оставам.
Не можам да се пожалам, среќна сум со ова што го имам. Да барам повеќе, и јас би се засрамила. Многу ми е убаво со него, ме прави да се чувствувам смирено што најмногу ми треба во ова време и некои мои хаотични размислувања. Кога ќе помислам и на најдобриот другар и најдобрите другарки, од која една или две издвојувам, се исполнувам со среќа. Многу ги сакам, и се ' би дала за нив. Преска "дувавме" на трепка со другарка по втор пат и јас посакав да и се исполни нејзината желба, зошто претпоставив што е. На факултет се си мислам дека ги положив колоквиумите, и тоа е ок сега за сега. Но... Секогаш постои тоа но. Џабе ти се сите овие работи кога ќе го пречекориш домашниот праг секогаш да чувствуваш немир, незадоволство, тага, нервози и фрустрации.. И да посакаш повторно да се вратиш таму од кај што си дошол, впрочем било каде.. Смачено ми е од речиси секојдневните расправии со мајка ми, што се повеќе чинат да ја изгубам најпрво почитта, а потоа разбирањето, довербата и љубовта во неа. Татко ми можеби не го сакам, но ќе го почитувам до крајот на животот. Не заради тоа што го сторил материјално за мене, ко што вели мајка ми дека само тоа го сакам од нив, туку заради тоа што ме сака бескрајно многу иако тоа го искажува на многу погрешен начин. И јас би сакала да имам доверба во мајка ми, и со радост да и кажувам за дечко ми, за кафињата испиени со другарки, за се ' . Но, таа не ми дозволува. Никој на неа не и чини, сите мои другарки се лоши, јас и тие сме тргнати на лош пат, што имам јас да бидам излезена на х саати на кафе.. Јас лажам, јас излегувам со којзнае кој, правам којзнае што. Сето ова ме повредува, но можам сепак да се издигнам и со гордост да кажам дека само за изминативе 5-6 месеци многу пораснав и созреав. Можам за себе си да си кажам дека сум сосем прибрана и на место, дека трезвено размислувам и знам што правам. Но, се додека се обидувам да и ја докажам мојата зрелост на неа, само го докажувам спротивното. Затоа, и ја немам таа потреба. Се додека нешто сакаш упорно да докажеш на човека, и да го убедиш во нешто, во најголем дел покажуваш дека не е така. Но, мамо, јас во себе верувам и знам, еден ден ќе сфатиш... Биди ми добра. Бидете ми и вие добри и среќни секогаш.
Отворив денес Твитер после многу долго време и начекав бран од безвезни, демек „шегаџиски“ досетливи твитови наменети да ги изрезилат сите оние што вчера го сликале небото и го ставиле на инстаграм. Демек толку од оригиналноста, сите се испотепаа иста слика да стават. Верувам многу поинтересни биле сликите од тие пролив твитови што ги затекнав денес...со едниот те исти излитен „хумор“ и глупи, бледи фори бајати. Абе толку ли немаат луѓево што да прават и толку ли им смета тоа што некој се израдувал на шарено небо и облачиња па мораше два дена толку вафли да се изедат? Сериозно ми е смачено од толку негативност и кај што треба и не треба, народов станува се понеподнослив и поисфрустриран. Помалку „мудролии“ повеќе работење, не би дошло лошо.
Лелеееееееееееее мицеее Одма би го земала да живеев сама. Јас поминав да ви посакам добра ноќ и да ви препорачам да го гледате нашиот филм Три дена во Септември. Бев на премиерата на Синедејс во Милениум денес, и не зажалив. Одличен филм.
И покрај сите лоши работи, да не речам ужасни, што ми се десија периодов, настојувам да бидам позитивна. Се надевам ќе останам таква! Прашање е до кога?!?
СДК .. ..дека квалитетите на мажот кои што ја привлекуваат една жена и ја наведуваат да се ,,врзе,, за него се истите оние кои после неколку години брак нема да може да ги поднесе.
И ова го доживеав на стари години, да се испокараме за ФБ. Како да имаме по 15 години, а не по скоро 50. Еве веќе 4 дена ни траг ни глас и од двајцата, инаетот работи. Се натегавме како мали деца, вака беше, онака беше. И сега кој е во право!? Се потсетив на времето без напредна технолигоја, без интернет, без мобилни телефони и тук там по некој домашен телефон кој што беше привилегија во тоа време. Она вљубување до бескрај, држење за рака и фрлање по некој срамежлив поглед, а не денес ако не прејдеш на секс не си во шема или кој има најнов телефон, фукање. Затруени со политика од мали назе, луѓето поделени на нашите и вашите, а од носот подалеку не знаат. Забегав поентата ми беше, је*еш технологија, заборавивме да разговараме еден со друг, заборавивме да разменуваме невини нежности, заборавивме да пишуваме со пенкало, заборавивме да памтиме телефонски броеви, ја заборавивме таблицата, се’ заборавивме. После сето ова мозоците ни се како аспирин, без вијуги затоа што машини го заменија нашиот мозок кој служи за размислување и трезвено резонирање. Порано никој не знаеше каде сме, а сега ако не се чекираш од секој нужник не си ин. На сите нужници плочките им ги распознаваме оти некој се сликнал и се „чекирал“. Чек од милион долари да не добиваат ако се „чекираат“ Еј корзо! Што беше тоа, непознат збор за денешната младина, ама затоа уште од градинка знаат за силикони и секс. Колку и да пишувам за ова нема да ми го врати времето назад. Имајте убав ден.
Секој човек на планетава земја има своја приказна. Немој да судиш за никого ако не ја знаеш неговата приказна. Вистината може да те изненади.
Добро сончево утро. Кафето одамна испиено на сончевата тераса, а мене ова ми се врти во глава: И те како се сложувам со Амели. Голем сонувач сум и покрај суровоста на општеството. Вчера беше важен ден. Голем чекор за мене, се надевам дека конечно нештата ќе почнат малку од малку да се подредуваат. Башка, баш вчера пораката која дојде со латето испиено во една прекрасна градина со убави луќе рече просперитет. Се надевам не беше сако безвезна коинциденција!
Не ги разбирам оние на фејсбук што се заблагодаруваат за роденденските честитки со: ФАЛА ВИ НА ИСКРЕНИТЕ ЧЕСТИТИКИ! МИ ГО РАЗУБАВЕВТЕ ДЕНОТ! Кои искрени честитки, жити се. Пола и повеќе што ти честитале им стигнало нотификација и сабајле додека пиеле кафе ти пишале рутински sreken rodenden! на ѕид, за да им вратиш и ти на нив кога ќе им биде роденден. Ако денот ти го прават честитки на ѕид... Почитувам ако сака некој да ми честита роденден да ми се јави, евентуално да ми пише на вибер ако не е во државава. А, ако ми го немаш бројот за да ми честиташ, тогаш верувај не ми ни значи честитката. Затоа на фб не ми се гледа кога ми е роденден, на тие што треба да знаат не им е потребна нотификација да ги потсети! Инаку, денес одам на продолжен четридневен викенд. Конечно малку ке се одморам, ќе подишам чист воздух, ќе се прошетам и релаксирам. Имајте сите убав петок и супер забавен викенд
cdk ovie od "pamuk pale" prodavnicata sto se naoga vo tc beverli hils zivcite mi gi skinaa, "dobro be zeno ti pravam naracka od 3000 denari i me motas cela nedela, ako nejkes da mi gi ispratis rabotite ,za moii pari barem pisi mi" abe mi ide da ja oteram kaj so treba ufff
Го отекоа со таа Дунавка, Дунавка она,Дунавка ова. Па цел фб само за тоа има. Социјалните мрежи распалија по Дунавка дрн дрн дрн.... Ок грда е, и фали трепка,лаже за годините ОК јасно ни е. Некој не го ни интересира за Дунавка. Сакам да кажам НОЕМВРИ ПРЕКРАСЕН СИ.
Денес и е роденден на една прекрасна личност, на моето второ јас, мојата најнајдобра другарка Маја. Маја, даде ти посакувам секогаш да си весела и среќна.Секогаш да имаш добро расположение и дефиниивно ќе ти се исполнат сите желби. Те знам многу одамна, и знам дека целата среќа на светот ти ја заслужуваш. Ти посакувам многу убави моменти, многу насмевки и уште многу години да се дружиме. А тунјт прво пошто вчера таа си прослави со дечкото денес е лејдис најт ќе одиме кај неа прво...па потоа на кеј да касниме и на крај во XO ( за подарокот е смислен - за таква личност мислевме пред 1 месец....па ќе и земиме чаши за мартини, шише мартини и блуза, хахахаха....)
Што е ова што ми се случува ,не се препознавам.Многу сум напната,нервозна.Неможам луѓето да ѓи истрпам на работа.Уфффф