Нов ден во колевката на прегратката и друга доза енергија. Сонцето го освојува небесниот хоризонт и му се додворува на есенскиот раскош. Фотографирани насмевки од некој таинствен зрак ја греат душата и ги одржуваат погледите во будно светло. Уште едно испиено утринско кафе и распослани мисли во сопствено друштво. Пролетна идила во екстериерот како никогаш ... Ноември, месец на семејни прослави и средби. Многу ги сакам деновите со врежани датуми во стеблото затоа што се дел од мене. Нека се множат ... Магичен звук го опсипува просторот од допирот на стаклото. Проголтана здравица за убави моменти од животот и размена на зборови како најпотребен декор прикачен на трпезата. Патем, никогаш не сум посегнала по она мало и слатко задоволство во примамливо пакување со тежина од 100 гр. наречено црно чоколадо. Но, затоа посетата на фризерката ми е врвот на сите задоволства што ја прават жената едноставно жена. П.С. Приуштете си го она што ве прави среќни и насмеани. Задоволствата се онаму каде што ќе ги пронајдете. На секое стебло има зелени листови. Верувајте во истрајноста...
СДК толку тензично,одвратно страшно на работа, некој голем притисок сите исплашени, нервозни сето тоа е од промените во нашево министерство
Како мали учевме дека Март има 300 ума.. меѓутоа сеа Ноември ја презема таа улога. А јас... кој и да е месец, кое и да е годишно време мене увек ми студи и ја сум увек смрзната. Барем не познавам никој друг што носи термо чорапи сред лето... еве не знам.. Утопија од чувства. Испреплетени убави енергии наоколу. Секој од нас носи свој ореол. И секој ореол со своја тежина и стремежи за совршено утре. Денов убавина. Музика од лисја под нозе. Румени образи. Студени дланки и насмевки на куп. А за вечер свеќи со мирис на ванила и орхидеја. Црно вино и џакузи.
Дојдов истото како @Giovanna да го пишам, само во поширок контекст. Изгледа станало мода да се измислува што посаркастичен хејт на споделени мали задоволства... па дури и моментите на среќа и гордост чие споделување на секој човек би требало да му внесат позитивна енергија и да не се работи за којзнае колку блиска личност, некој ги анализира од аспект на тоа колку слики ставил некој на фејсбук и колку му е тоа иритантно. Зошто би требало некому да му пречи што некој се радува на убави пејзажи, па мора да се прокоментира колку бил мејнстрим со сликање на есенски лисја, месечина, зајдисонце и слично? Мора ли кога гледате фотографирани книги на Инстаграм, веднаш да предвидите колку малку од нив прочитал тој што ги поставил или дали чита само кога врне? Или со вртење очи да заклучите дека некој глуми мудар или позитивен ако објавил некоја убава мисла? Врвот ми се па мрчењата околу слики од дипломирања, свадби... Имам една познаничка што секој пат кога сеа на факултет ќе видиме некој да дипломира, коментира во стил "не пааак... сеа ќе се испослика со родители, другарки, на фб слики со наслов ни дипломира таа и таа" со циничен тон превртувајќи очи, додека јас насмеана си го замислувам моментот кога и јас вака ќе ги направам горди моите најблиски. Затоа такви личности и можам само познаници да ги наречам. И не, grumpy фаца и превртување очи на сѐ и сешто не ве прави кул антимејнстрим фаци што во некаква позитивна смисла се одвојуваат од толпата, туку само млади, а огорчени личности кои се замараат со туѓи животи и со својот таканаречен интелигентен хумор можат да се истакнуваат меѓу таквите како нив. Никогаш нема да бидам против никакво споделено "клише" што претставува нечие задоволство. Никој нема право некого да руга поради нешто што објавил на социјалните мрежи освен ако не е навредливо и не повредува нечии чувства, а за сѐ друго што ви изгледа досадно постои игнорирање, или подобро речено прекинување на вашето следење и барање материјал за мрчење.
Прекрасен ден, многу сонце, но никако да слушнам убави вести, секој ден слушам само лоши работи, работи кои премногу ме разочаруваат. Премногу насмевки ставам на своето лице но внатре во мене се' е срушено, немам сила, немам волја. Кога сум излезена надвор со нетрапение чекам дома да си одам за да можам да бидам сама и да размисувам какви игри игра животот со мене и со моето семејство, што сум толку згрешила па животот е толку лош кон мене.
Си седам јас со маца на тераса на сонце, таа спие ужива, јас се борам со главоболкава кога ѕвони ѕвоно. Се зачудив. Не очекував никој, а ретко некој ненадејно да дојде. Отварам врата и гледам едно познато лице. Вујко на татко ми, човек кој од погребот го немам видено. Па дали и тогаш сум го забележала не се сеќавам. А не ни сакам да се сетам. Се качи, сварив кафе, и почна да се присетува. Колку биле блиски со татко ми, колку му било тешко, како често се сеќава на нас и поминува да не посети, ама не сме дома. Се расплака, ме расплака и мене. Ми ги разбуди сите емоции кои со години се обидувам да ти потиснам што подлабоко. Си го испи кафето и замина. Тој замина, а мојава главоболка стана се посилна, и чувствава почнаа да ме гушат. А убав ми е овој ноември. Тежок како и секој, но сепак е убав. Сонцето кое секојдневно грее, ми ја топли по малку душата. Не ми е веќе ладно. Не ми е ладно како минатиот месец. Се борам секој ден се поуспешно со моите демони. Се помалку победуваат. Не им дозволувам да ме контролираат. Можеби се уште не станувам со насмевка, но барем така заспивам. Правам работи кои ме смееат и заради кои сум среќна. Со омилената музика на слушалки ги заборавам сите работи кои ми тежат. А ќе имам уште многу нови причини за насмевки. Тетка ми ми ја вети колата, така што закажувам часови од следна недела. Конечно за некој месец ќе им кажам збогум на автобусите. А тоа, тоа ми е една животна желба. И не ми е никаков проблем што ќе треба од многу работи да се лишам месециве за да ја остварам. Како мало дете кое е се радува на нова играчка сум. Се радувам и на Синедејс. Со колешката со која премногу се зближивме овие два месеци договоривме бар 6 филмови да одиме да гледаме. Ќе одевме и на повеќе, ама петок и сабота сум втора на работа. Не сум пишувала претходно за неа. Она ми е сродна душа. А од мали се знаеме всушност. И после скоро 8 години се сретнавме на факултет. Не ми се верува колку многу заеднички работи имаме. Прекрасна е. И многу ми е мило што сме се поблиски. Една е од ретките кои вреди да ги имаш во животот. Зрачи со позитивна енергија и љубов. А такви луѓе најмногу сакам. Како сонце да ме грее на дождлив ден кога сум со нив. Бидете насмеани и трудете се да останете позитивни дури и кога светот ќе ви се сруши.
Пак си ги накачувате мислењата колку да напишете нешто. Небитно. Се спремам за утре и пак не ми е доволно. А еден ден е само.
Три вечери по ред се будам околу 2 часот со прекрстени раце до чело. Немам поим што сонувам,ама претпоставувам за што се молам,дури и во сон ... Друго сакав да кажам. Мајка ми е прав борец !Што се не носи на плеќи и самата не знае. Денес ја посетивме старата куќа од каде заминала на една годинка. Чекај мајче да се сликаме велам . Куќата доста зачувана оти баба ми и дедо ми сеуште одат на село. Јас не сум била од многу мала и едвај ја препознав. Лево од неа во удолницата жубор на реката, по некој црцор од птици,убавина од бои,рај за очи. Утре ќе одиме пак
Секој ден се разминуваме со којзнае колку многу луѓе додека одиме до некое место. Некој насмеан,некој со вперен поглед во земјата,друг занесено гледа некаде пред себе...Честопати додека одам и гледам најразлични лица кои ме одминуваат, си помислувам колку многу работи се кријат позади тие лица. Неретко ние луѓето избрзуваме со донесување заклучоци врз основа на првиот впечаток кој многу пати се покажал како погрешен. Гледаме насмеани луѓе,ќе си речеш насмевка како насмевка...но,позади секоја емоција се крие цела приказна. Прво нешто што би ни паднало на памет е нешто што предизвикува чувство на среќа и радост, можеби возбуда и нетрпение поради нешто што допрва треба да се случи, постигнување на некоја цел за која се вложил многу труд и слично,па автоматски таквите позитивни нешта те тераат да се смееш...А истата таа насмевка,која асоцира на весела и позитивна личност, може да биде толку добро одглумена што во некои случаи и не' мами,можеби таа насмевка ги прикрива разочарувањата и тагата поради навреди кои ти го горат срцето,нечија болест/смрт,неможноста да се стори нешто и да се помогне некому,а и недовербата во луѓето поради која не можеш да кажеш што всушност те мачи. Ќе видиш и некои луѓе кои на прв поглед ти делуваат арогантно,импулсивно,дрско и имаат строг, агресивен поглед кој по малку може и да заплашува,ти се чини во секој момент ќе те нападне,вербално или физички. Под таа груба површина можеби се крие најчувствителниот човек што некогаш сте го сретнале,оној кој се плаши да ги покаже најдлабоките емоции скриени во неговата душа од страв дека сето тоа ќе биде сфатено од страна на другите како слабост, а и оружје кое злобните луѓе би го искористиле против него за да напакостат на било каков начин. Како помала често знаев да судам според првиот впечаток, но многу пати се излажав. Не избрзувајте со ништо и не мислете дека знаете се' за некого. Стравот и недовербата можат да поттикнат некого да глуми пред светот со цел да се заштити од понатамошни емоционални повреди. Секогаш има една страна од приказната која не е раскажана.
Не е лесно да се собереш тогаш кога ќе ти се распарчат спомените, тие како белег не прават луѓе или нелуѓе... А приказните кои ги пишуваме секојдневно... Не секогаш стигнуваат во вистинско време до тие на кои се наменети... Кажаните зборови немаат веќе никаква смисла, остануваат непотребни, недоразбрани, неважни... И тогаш доаѓа моментот кога се повлекуваш, не зошто се откажуваш и креваш раце од тоа што ти било битно, туку затоа што така е правилно.
Страшна работа е какви злобни луѓе постојат. Не луѓе што не си ја гледаат својата работа, туку злобни луѓе, покварени до коска. Што не ќе слушне човек, добра вест не се споделува веќе во нашава затруена земја. Други сметка да ти водат еј, луѓе што не ги ни знаеш, познаници едвај. Изгледа со секоја нова промена во животот откриваш нов слој на злоба кај луѓето. Па, нека им служи на таквите на чест, само тие си гнијат внатре во душата, скапуваат, додека другите си го тераат животот...
Никогаш не треба да се грижиш доколку некој зборува лошо зад твојот грб, зошто тие и онака се нашле зад твојот грб со причина.
Многу сум инат. Се изложувам на голема душевна болка, ама не сакам да попуштам. Како и секогаш. Тоа за мене е понижување. Ебати мозоков мој.
Петок навечер. Јас дома, со шолја какао дружејќи се самата со себе. Во мене владее некој мир и хармонија, сосема доволно за вечерва. Баш ми е убаво.