Јас ги сакам луѓето, но не секого! Jас простувам, но не на сите. Брзо заборавам, но не секогаш. Не сум злопамтило но има некои нешта пред кои неможам да замижам! Оние кои ги сакам, добро ме познаваат. Со оние кои што уживам да се покрај мене, тоа и го чувствуваат! За вистинските пријатели можам и низ пеколот да поминам, а на оние другите, можам да им покажам како да стигнат до него.
Пред неколку недели кога мојата пријателка ми кажа дека ќе оди во Париз на викенд, се радував ко мало дете. Всушност кога сите мои пријателки патуваат негде, ја чувствувам истата радост, како и јас да сум била на патување со нив. После следат прераскажувања во детали -Како мирисише воздухот?, Како беа дотерани жените? Кое беше највкусното јадење? И така и велам на пријателката дека ја замислувам како Кери во Париз во сцената кога излегува од хотелската тераса, како воодушевена од глетката весело потскокнува, плеска со рацете, а потоа навалена на терасата длабоко го вдишува парискиот воздух. Она ме гледа со зачуденост несфаќајки како е можно да се гледа 325 пати сцена од некој филм. А јас и велам се замислувам (ако го посетам некогаш Париз) како Џулија (од Џули и Џулија). Најверојатно ќе шетам по пазари со свежа храна, ќе јадам до бесвест и ќе чекам Париз да ме инспирира и да ми го промени животот. Вчера кога се враќав од работа да ви кажам искрено ме фати и малку мака, поради што сега ми е многу криво. Си велев блазе си и, ќе ужива. Мене ме чека викенд како и многу претходно и многу потоа. Чистење, машини, готвење за до среда... И таа е таму, вели "му пркосам на злото". За жал, кога ќе дојде нема да збориме за улиците кои мирисаат на есен и парфем, за макаронсите кои се топат во уста...Мака ми е и за неа и за се', затоа што не сум остров. И убавината и среќата и мирот сe' е релативно и бесмислено што не можам ни рационален заклучок да дадам на овој пост.
Ма каква бетонирана, среќа ќе беше да бевме бетонирана генерација, баш е фина атмосферата на бруталистичката архитектура. Стиропор, ние сме ти т.н. „експандиран полистирен“ генерација. Ам то е, ко што би рекла другарка ми. Јас само дојдов да кажам дека односот квалитет-квантитет има удел и во другарството; подобро две саглам, отколку четири онака, само колку да се рече. Дури понекогаш и две е премногу ако не се на место, но тоа не ми е муабетот. Низ годините имав толку многу еволуции и револуции во моите бројни другарства, меѓутоа едно ми стана јасно многу одамна - не е битно колку ги имаш на број, додека ја гледаш и чувствуваш почитта за тебе во нивните очи. Во различни периоди од животот, различни личности добивале приоритет да го „уживаат“ моето внимание и слободно време и тоа не е ништо лошо од типот болка за умирање - на сите им се случува и ќе им се случува. Но, прекрасно е тоа што, кога имаш работа со луѓе зрели во црпката, речиси невозможно е да го одминеш длабокиот однос кој се створил во екот на дружбата и не секнува без оглед на сè. Големо браво за ретките, но сепак квалитетни другарства во денешно време.
Немам време за ништо. Толку ми беше напната неделава, па и таа пред нејзе. Конечно денеска најдов време за себе, се излакирав, се средив. А и денешниот ден ми е исполнет. Ми фали времето кога се излежавав цело утро и не станував од кревет добри 2 часа. Туку, времево кога ќе се оправи? Сакам зима, снег, ладно. Доста беше пролет.
Дали приметивте дека логото на Фемина на почетната страна е сменето во боите на Франција? Јас, еве сега. Убав гест, ама штета што живееме во лицемерен свет. Каде беа боите на Македонското знаме, кога беше Смилковско езеро? Или полесно е да речеме #JeSuisCharlie отколку #ЈасСумСмилковскоЕзеро. Отсекогаш сме биле да не не тепаат, ќе кажам јасно и гласно, ама дома, да не ме слушне случајно некој.
Никако не можам да ги сфатам, оние девојки кои што пишуваат состави и ги објавуваат на интернет. Во ред е целиот тој процес, пишуваш, се трудиш и ставаш за да го види некој. Но, не мора сите да битат во стилот таа беше најубава, најлоша, по него остана ладна како камен, а тој беше bad boy и сл. Девојки освестете се патетика и егоистичност еден тон. Па и ние останатиот свет имаме бивши и болни разделби, но, не го боиме целото тоа во бои на самосожалување и нарцисоидност. А, и целото тоа украсено со еден куп граматички грешки. Оти сте на врвот на светот, нели ? Јас наминав само ова да го кажам бидејќи го гледам се почесто и почесто. Поздрав феминки и имајте убав ден.
Вчера еден дечко баш убаво и одржа лекција на една шмизла пензионерка, т.е. баба со 300 кила пудра, црвен кармин, наочари, марами, шалови.... Во автобус, поточно во 2ка, гужви невидени, пензионери се туркаат ко луди, на глава ти се качуваат, ама добро ајде. Еден дечко седеше, замислен така, низ прозор си гледаше и една (таа шмизлата) почна да вика, демек ние сме млади, студенти, што ни била друга работа освен да учиме и да шетаме, ама ете не мрзело да станеме и да отстапиме место (тоа се однесуваше за дечкото)... тој се сети, само се насмевна и рече: Еве госпоѓо повелете, седнете, не ми е проблем да станам, не сум ни мрзелив, ни наудрен ама ете чисто информативно да знаете не се шетам туку само што излегов од една работа и сега одма одам втора смена на друга работа. А тоа за шетањето може се однесува на вашите внуци, може тие така си прават, а јас немам време ни за шетање, ни за одмор и овде во автобусов ми е единствено место и време малку да седнам, помеѓу двете работи... И оваа остана подзината, и почна да се правда: Ама не, не сакам јас да седам само што има уште постари па тие нека седнат...јас не викам за мене да седам. Пак си се насмевна дечкото и си излезе. Искрено жал ме фати за дечкото....се гледаше дека е измачен, а толку млад....ич не е фер животот. За некого е мајка, а за некого маќеа. Некој не знаат што да прават со парите, а некои кутрите се измачуваат уште толку млади па уште ќе се најде некој да ти соли памет....ех, без осет....
За вчера, не знам што да коментирам и не сакам тоа да биди тоа што сакам да го кажам денес. Да топ поминавме, многу смеење, сликање и одлична дружба.Ама денес...Одам на кафе со братучеда ми.За мене не е проблем, живеам у капиштец ама ајде неа да ја земам од аеродром се паркирам во гтц. Седнуваме во тренд и викам на братучеда ми ( една година е помала од мене ) да почека некоја минута да си ја земам јакната од кола. И тогаш... гледам до мојата кола бившиот се паркирал. Добро ајде, на игнор го кладов сето тоа...одам на кафе, си зборуваме, сето тоа одлично па купувавме лакови од голден рос па списанија и јас да платам требаше а братучеда ми во веро земаше нешто за јадење. И тогаш пред мене бившиот значи да ги темпираше некој од страна работите немаше така да изгледаат.Не знам сериозно колку мин пред мене се паркирал ама зошто баш до мојата кола.И, оп карма...ми се јавува тогаш дечко ми....и нормално му кренав телефон и ми вика срце кај си и јас викам на паркинг у гтц, Ај молимте дојди кај мене ама земи аналгин, глава ми прсна, а сам сум дома.И јас добро љубов идам за 10 мин сум кај тебе, само земи отклучи ја вратата сега.Толку беше муабетот, таман тој плаќаше ( бившиот. ) Зедов јас платив и се тргнав, уште на игнор.Ама такво животно ( се извнувам, ама така е ) не е можно да не те изиритира...И ми вика, залудно се трудиш да бидиш среќна со некој кој не ти доликува да му се доближиш.Можеби не ми доликуваше да му викам било што, можеби молчев...ама онака како trailer ми се појави се што направил дечко ми за мене, па тоа предизвика да му вратам.И застанав до неговата кола.Види вака, остави ме живеам.Мое право е дали глумам или не.Ако сакаш искрано да зборуваме, зарем мислиш дека на позадина ќе имам негова слика ако не го сакав ? И со друга песна само тој ми ѕвони, затоа што е посебен.И не ме интересира што мислиш.И онака се скисели А јас се тргнав.И си влегов в кола.Ни чао, ни збор не проговори. Најискрено, го сакам.Сме имале критични моменти.Сум ги собирала сите подароци во картонска кутија и сум сакала да ги фрлам ама се каел и плачел дечко ми, и секогаш викал дека не е убава најубаво, ќе биде уште поубаво. а додека сум револтирана да се навратам на една ситуација... бевме во врска со бившиот и го молев за мај да одиме на матка, дека јас ќе частам ручек...он не, срце нема ништо поубаво од романтична вечера, секс, едно друго. И добро...не појдовме.Сега дечко ми ме изненадува со патувања, со хотели, со подароци.Го частам ручек.Неговите се премили. како и да е, го сакам дечко ми најмн
Многу емотивен викенд. Мора да ми биде присутна нежност цело време. Не знам што ми се случува. Ама го знаете она чувство дека чувствувате дека некаква промена настанува или ќе настане? Епа таква... И нешто се кине во мене, а паралелно чувствувам некаква слобода. Во моментов можам слободно да посакам ништо да не ми се промени во животов долго време, ама некако свесно се втурнувам надвор од зоната на комфорот. И дури и да добијам дете, не би мо било надвор од зоната на комфорот, туку сосема комфорно. Најважно ми е што сакам и сум сакана во секоја смисла. Преблагодарна сум што го имам, а да не зборувам колку сум благодарна што ни се оладија вжештените глави и сепак некако си го најдовме местото во нашите животи. Оваа наша идила за заедничка среќа е затворен и отворен простор за малкумина добронамерници...
Добро вечер. Воодушена сум од Солун. Прекрасен град. Огромни трговски центри. Прекрасно си минав и сакам пак. П.С. Си се изнакупував.
На многу погрешно место се молите за Париз!!!! Фб и профилна слика со знаме?! Навистина?! А за што се молите, за лајкови?!
Читам дека кај луѓето секогаш им се зголемувале зениците до 45% кога гледаат во некој што го сакаат, сега ми е јасно зошто секогаш кога ќе се погледнам во огледало ми се зголемуваат зениците. Убав ден, убав. Инаку и да се пофалам дека ја видов најубава ѕвезда што паѓа, т.е метеор. Паѓаше околу 5 секунди и направи линија на цело небо. Такви убавини ретко се гледаат. И да, имав време да си замислам желба.
Неможам више да се преправам дека мие добро дека сее ок со мене а нее,на сите им давам совети а самата на себе неможам да си помогнам. Бев многу силна во најтешкиот момент во мојот живот но наеднаш паднав и немам сила и желба да станам,немам желба за ништо сите мисе криви семе нервира ми доаѓа да си ја откорнам утробава,гневна сум на самата себе душава ми изгоре се плашам да неполудам бидејки нема минута да не помислам на нејзе цело време мисе враќаат слики од тој најгрд ден во мојот живот.Се плашам од периодот што доаѓа...
@Avery За лајкови и да повторно да бидат во тренд, демек сите го прават, па ај и јас профилната во тие бои, а Франција на картата не знаат да ја покажаат каде е.
Ме боли кога човек убива човек. Неможам да сфатам таков човек ама бар на момент сакам да го почувстувам неговото „задоволство“, да видам што е толку прекрасно, толку задоволувачко и која е причината поради тоа. Чисто ме интересира. Да убиеш 150+ луѓе, сакам да знам какво е чувството па да речам: „Ах ве сфаќам.“, а не да речат дека го прават тоа во нечие име и да го прават, не сфаќам. Слаби луѓе обучени да кренат зграда во воздух. Бравос. Каков успех. *се крсти* Во моментов ми се лоши од идеата како некои луѓе безгрижно одат на некој настан, се шегуваат дека таа вечер било Петок 13ти и трпат трауми од тоа како луѓе пред нивни очи се масакрирани, па потоа и тие. И не се враќаат дома. Неможам да се помирам со тоа. Радо би седела, би живеела, во мало безгрижно место, ама безбедно него во некоја метропола каде животот би ми бил на конец. Ајде имам 4 години да си одговорам на прашањето зошто, надежно.
Нема потреба да се молите за никој. Тоа време може да се искористи за да работите на тоа никој да не треба да се моли поради некоја ваша постапка. Светот може да се смени, ама не се менува со фејсбук статуси. Солидарност, мир и љубов не почнува со седење дома. Не можеш да го промениш целиот свет сам, ама од тебе почнува.