Кога ќе ми текне на сите глупи работи што ги имам кажано и направено во последно време,ми иде да се заклучам во една соба и да не излегувам ич.
Добро е кога човек ќе се соочи со фактот дека и пријателството има материјална цена. Барем тогаш знаеш дека или ќе имаш пријател од корист или ќе немаш. Чиста работа! Поздрав!
И се изнервирав од светскиве случувања. Од ИСИС. Д буги мен. А се знае дека се е празен ветар и Америка си ги мери силите и краде. А во меѓувреме милиони гинат. И ич не им е гајле. Се издепримирав оти светов отишол у к****.
Никогаш не сум ги разбирала луѓето од овој тип : Najprvin opismeni se pa napravi si koncept i ne trei zeleni gluperdo nepismena! нит ја познавам,ниту два реда муабет сум направила во веков, ни ме интересира ... или луѓево се на тешки дроги или пијат нешто жестоко
Сaкaм дa кaжaм....мoре не! Сaкaм дa се пoфaлaм декa преескa вo Сити мoл јa видoв Дунaвкa нaшa, oнaкa нoсеше нештo кao пaнтaлoни ширoки и бундa. Oдеше тaкa гoрдo и дигнaтo сo истaтa пoзa кoгa нaстaпувaше - Bitch, I'm fabulous! П.С. и мене не ми е јaснo зaштo мењaaт прoфилни слики сo знaметo нa Фрaнцијa, зaрем ќе сменaт нештo тaкa или штo? Oвa кaкo некoј тренд ќе дa е или сaмo зa лaјкoви сoбирaње.
Живееме во држава каде Нема, едноставно нема места каде што тинејџер од 16/17 години би отишол за викенд и би се издувал.Она чувство грло да ти зарипне од пеење, срцето да ти лупа, да си испотен од неколку часовното денсање проследено со расшлакана пудра и шминка, но сепак да си задоволен и исполнет.Живееме во мизерија каде нашето излегување се сведува на тоа да седнеш некаде на јадење, и вртиш кругчиња на "корзо" и трачариш се живо и диво,пошо нема друго што да правиш ете. Револтирана сум и се нервирам што не сум родена во времето на моите родители, кога се било совршено и без интернет и овие шит технологии кои ни упропастија се.Знаете она се собираат во диско едно 100 деца од твоја генерација, се журкате до бесвест.Притоа со симпатиите си упатувате заљубени погледи, а не сеа од прво виџење в кола, или в стан, или како и да е сеедно. Не велам не, и во мојот град има кафичи(два/три на крст) и се тоа, али не сакам бре, не сакам да бидам во иста просторија со луѓе од 15 до 50 години.Сакам да бидиме врсници, а не сакам да бидам меѓу луѓе и да се осеќам слободно, и да пеам и да играм пред луѓе од 30/40/50 години кои можат и родители да ми бидат.Не фала,подобро дома ќе си останам. Не знам само што му сметаа оние неколку локали Битола каде што е собираа тинејџери, и тоа беа нешто како нивни места.Се позабавувавме малце, и оп по некое време- затворени.Го држиме рекордот на држава со најмизерен ноќен живот, уствари секако го држиме врвот на мизерија, од која сакате страна гледајте.
Sakam da kazam..t.e sakam da ve prasam a I sama da se zaprasam..Kako ke stanam sabajle tolku rano ako seuste ne spijam? Znam! Nema da stanam. Dobra nosht ♥
Колку треба да си ретардиран за да влезеш да се сексаш во веце во кафич каде има само уште две девојки кои седат буквално на сепаре до тоалетот?! Си се заклучија ни а ни б си вршеа они работа, гајле немаат. Излегуваат, публика 6 луѓе, сосе обезбедување и око не им трепка си се враќаат на место како ништо да не било. И после како да не ги зборуваш и оговараш?! Секакви ретарданти дишат по светов.
Сдк.Денес бев со малечката на пица.На спротивната маса седеше 4 члено семејство со две малечки синчиња.Кога им ја донесоа фамилијарната пица едно од децата се посегна да земи парче но во истиот момент татко му го удри по раката и му рече''Почекај да ја сликам''.Господе златен зарем се морало да се слика и да се поставува на фб и инстаграм????Мене одвратно ми стана.....
Гo знaете ли oнa чувствo кoгa ќе се рaзбудите oнaкa среќнo и зaдoвoлнo, a немa причинa зa тoa? Епa денес вaкoв се рaзбудив пoсле пoдoлгo време и еве си седaм нa трoсед и уживaм вo oвoј убaв неделен ден. И сaкaм дa кaжaм декa тoa штo сте нaумиле тoa и дa гo стoрите иaкo сите ви велaт декa сте ненoрмaлни, рaзгaлени и штo ти знaм кaкви. Не мoрaте дa имaте никaквa пoддршкa oд никoј, aкo вaшетo срце тoa гo пoсaкувa испoлнете му јa желбaтa и вие ќе бидете среќни и зaдoвoлни. Секoгaш тoa штo сaкaм дa гo нaпрaвaм дaли зa тетoвирaње или нештo другo дoбивaм кoментaри oд oние пoгoре, aмa вчерa бaш си мислев декa немa дa слушaм никoј и ќе прaвaм oнa штo мене ме испoлнувa. Кoгa сме кaј тетoвирaњетo ми пaднa нa ум дa се тетoвирaм нa левaтa стрaнa нa грaдaтa oнaму кaде штo е срцетo и дa пишувa "don't think" штo би знaчелo декa тoa штo гo сaкaте дa гo нaпрaвите. Just do it and don't think! Ви пoсaкувaм убaв неделен ден нa сите луѓе. Уживaјте.
@Lella кога видов песната морав да прокоментирам, сега в парк со bby ја пеевме, кај дечињата на количиња ја имаја пуштено СДК, во поќе наврати имам нагласено дека тој ме смирва ко ќе ми е тешко, ко ќе не сум наспана покрај него дремка ме фаќа, некако се се враќа во нормала. Вечерва спана сум дури 3 сати и утрото кога видов дека и тој е ајде одиме на утринско. Значи многу сакам утринско кафе со него. Збораме на разно разни теми, го запознавам и колку поќе го запознавам толку поќе го сакам. Многу поотворен е од мене, па прај работи кој јас сакам да ги прам, ама едноставно ми е срам зошто таква ме мајка скроила. Кога го гледам како со малите ромчиња збора, ги седнува да ги научи нешто, па за тоа ќе му дај чоколатце или сендвич, па дури јас сум посреќна од нив. Кога врвиме најмногу малечките се поздравуваат и трчкаат по него онака среќни, мали деца се како магнет за нас, и со сите ги крева, си збора, ги гушка. Седнавме збораме, знај колку сакам кучиња и ми прај „Да знајш, јас тебе ко ќе те земам прво куче ќе ти купам“ и ми кажва какво и сериозно сакам чоек кој ја дели истата љубов кон животните со мене. Ми збораше за сите оние работи кои ги сакам, скоро на сите теми се согласуваме, а кога не се согласуваме само ќе ми речи „Можи не сум во право, ама мислам дека сум и мислам вака.“ Ко ќе ме гушни онака ме смирва, ако плачам ќе престанам, ако пробвам да не плачам - ќе пукни тиквата, ако не сум спана неколку дена - ќе заспијам. Го има тој ефект на мене. Шетаме надолу и од разговори за религија, за пари, за еднаквост меѓу луѓето, за ноќно излегвање, одмори, алкохол. Зборавме и за природни убавини па се договоривме ова лето да одиме бар до Матка ако не повеќе. Се чувстувам како да си најдов soulmate. Не знам дали вака се чувства ко ќе ти е некој soulmate. Не ме врзва за него то да сакам само да го гушнам, да го бацам, ме врзва разговоротот, ме врзва буквално се. Како да сум се поделила на два дела ко сум се родила. А не сме многу заедно, знам ќе речите уште почеток, на почеток е убо, еве утре влегваме во 4 месеци и можам да кажам дека одамна не сум била толку среќна со некој. Некој кој ме разбира, некој кој го разбирам и мислам дека од него овие последни четири месеци сум зела еден тон, тон, тон позитивни карактеристики. Како да излегов од еден оклоп, да сум поопуштена само зошто видов дека не е лошо да си опуштен, да покажуваш почит, дека тоа не е некоја ти слабост, дека не е лошо да кажиш дека ти е тешко, дека се плашиш од нешто. Дека се е сосем човечно, дека вака или така сме скроз еднакви. Пред четири месеци не би се препознала ама знам дека ова промена е на подобро. Не е баш промена, ова е кога она вистинското излегва горе, кога она вистинското не се срамиш да го покажиш, да речиш „Аха ете го, тука е“, и кога имаш некој со чие присуство само го поттикнува тоа, не те форсира на ништо, апсолутно на ништо. Љубов ли е, што ли е, ама знам дека сум пресреќа. Ми се плачи од среќа, не дека не плачам сега, то е „доблест“ од која неможам да се откажам. Ете ме манаја налив на емоции вака „утрински“ после околу 3 сати спиење вечерва. Можеби треба да си легнам него да искажвам чувства ама ете посилно е од мене. Можи зошто денес се уверив во сличноста меѓу мене и него, меѓу тоа колку ми се допаѓа неговиот карактер, дека буквално она што го сакав и го добив. Дека е отворен ум кој разбира, прифаќа и поддржува. Срце кое знае да сака и да биде крајно реално. И еве малце се релаксирам откако дојдов дома, па паметно ќе ми биди да легнам, а не да пијам ново кафе како шо имам на ум. Па и да пробам да јадам, а да не се казнувам ради кратерот во устата пс Најмногу ја сакам есента. Многу е шарена, уба, реална. А најмногу сакам шо не живеам во урабанизиран дел од Бт, онака повлечено местенце со многу шарени дрвја од околу и обожавам како се испопаднати, како некои сеуште се држат, а сеуште не крцкаат, уште се жолти, зелени, црвени, дури и црни. Мило ми е што уште сонцето не ме изневерува, тука е. Сакам кога е сончево, можам да излезам да гледам наоколу убавина. и да лакот ми е доста лош. Некако ме мрзи да барам памуче, а тука негде треба да е. Дали и овде за долги мислења се дава компир како на 9gag?
Доручек во дванаесет, ручек во еден, се нема време за чекање. Не знам дали ќе дочекам некогаш снег како оној што паѓаше во моето детство. Снег кој трае, кој е тука и не гушка сите. Овој, новиот, е нетрпелив како луѓето, брза кон некој друг настан и гледа што поскоро да се откачи од нас. Не и дека не го разбирам, де. Посакувам магична зима, тоа ми е најголемата желба моментално.
Сонував чуден сон за една личност и мислам дека се разбудив со чувства за истата. Ај нека ми помине до утре.
Страв ми е да излезам од дома кога ќе ми текне колку мигранти има во градот каде што живеам, се осеќам како во Авганистан да сум, нинџи насекаде. И не, не ми е срам да кажам дека иако ми е жал за загинатите во нивните земји, не ми е толку колку за Французите оти ова не се случуваше во Европа додека не се наполнија они тука и ни го однесоа мирот.
живото е убав и без пари...Сиромаштија нека има,но војни и тероризам да нема.Тогаш лицата на луѓето ќе бидат насмеани и во сиромаштија.САКАМЕ МИР ВО ЦЕЛ СВЕТ