Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. mrj

    mrj Активен член

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    10
    Преку ... ми е дојдено од училиштето :sweat:
     
  2. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.329
    Пол:
    Женски
    Колку сум мразела, мразам и ќе ги мразам тие што крадат туѓи идеји, т.е се китат со туѓи перја. :fubar:
    Минатиот вторник на ликовно едно девојче ми го зема блокот на мене и на другарка ми за да ни ги разгледале со другарка и цртежите, а по 5 минути ни ги вратија, ни рекоа многу убави ми биле, наставничката не оценуваше, ми ги зема и добивме со другарка ми петки, а они немаа цртежи и им рече следниот час (т.е денес) дека ќе ги оценува.
    И овие ,,паметниве‘‘, затоа што се глупи и немаат свои идеи, гледајќи ги моите и на другарка ми цртежите, потполно истите ги направиле. :x :x
    И за таа работа добија 5ка. :clap:
    Имавме тема дизајн, едната го направила мојот цртеж, другата цртежот на другарка ми. :o
    И го правеа таму пред час и сега стануваат да ги носат цртежите и едната и вика на другата абе сега ќе станеш и двете се позади нас ќе ни ги видат цртежите, а другата и одговори, нека ги видат бе што ни можат.
    Ги видов и ги слушнав и и кажав на другарка ми.
    На никого ништо не кажавме, нека им служи на чест добиената 5ка, ама тоа што не се доволно способни за да направат нешто СВОЕ нема никогаш да се промени.
    Никогаш не сум украла нечиво дело или нечива мисла и идеја (освен за еден состав, што ми помогнаа некои феминки, па фактички им ги украдов нивните идеи, фала им многу си знаат кои се :* ).
    Не сакам тоа да го правам, затоа што сум доволна способна за да направам или напишам нешто, ама ете некогаш се нема доволно инспирација како јас пред недела - две, ама постојано да го правиш тоа...
    Не им е првпат еве на пример денеска сакаше да препише од мене едната од овие што ни ги украле моите и идејите на другарка за да добие подобра оценка на тестот на математика, среќа ја приметив, па го ставив новчаничето и не можеше ништо да препише, а после беше нервозна и се дереше насекаде. ]:) :lol:
    Јас сум добра, ама на неа за инает нема никогаш да и помогнам, не го заслужува тоа, ем ме има вреѓано и ми се има к*рчено, а бара помош.
    Епа извини ,,рибо‘‘, ама нема. ]:)
    НЕМОЈТЕ НИКОГАШ, ОСВЕН ВО ИТНИ СИТУАЦИЈИ ДА КРАДЕТЕ ТУЃИ МИСЛИ И ИДЕЈИ, ЗАТОА ШТО УНИКАТНОТО СЕКОГАШ Е ПОДОБРО!
     
    На Lella, BlackMistery, lana.del-rey и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Baby-bubu

    Baby-bubu Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2014
    Пораки:
    1.626
    Допаѓања:
    13.312
    Пол:
    Женски
    Оди си грипууу.. Ишш чибууу.. Ѓубре си скапано!! 2 недели ме млатиш, не ме оставаш на мира човече.. Се надевам дека ќе си отидеш што побрзо. Ти благодарам.
     
  4. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.304
    Допаѓања:
    22.594
    Пол:
    Женски
    СДК имам вишок енергија изгледа па ми се лудува нешто ми се шета, само не ми се седи на работа. Што би се рекло крвта ми врие :talk: :sun:
     
  5. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.462
    Допаѓања:
    33.357
    Пол:
    Женски
    Колку е убаво да си пореметен во паметот и тоа во позитивна смисла. ;(
    Така одеднаш да си станиш чудно и меланхонично човече...така ситно мало човече на кого секаков прекар му измислија од Вендзеј до Фатмаѓул.А што е поапсурдно е што не ја знае таа Фатмаѓул,се додека не ја виде на ТВ пред неколку дена.А тоа човече што така слушајќи класична музика си напиша состав од 2 страни.Ова ќе да се вика моментален период кога ќе те фатат будалите.Истото тоа човече па уште и само по куќи да си зборува е тогаш е врвот на планината или подобро кажано шлагот на тортата(за малку шалот ќе напишев)... :lol:
    Кога ќе сфати тоа човече дека влегува во светот на ретардите и дека одеднаш го фати желба за учење и возење на ролери,а претходно беше со едно прекрасно искуство кога се удри,то ест тестиран автоматизиран бакнеж-судир со комбе таму паркирано и тоа ти е... :*
    Кога тоа човече шо успеа во текот од 3 недели од кога се мереше на часот по спорт,пак денес се измери,порасна едно 3 цм!Тоа е мал придонес за развојот на малите луѓе во ова опшетество на големи луѓе а мали мозочиња...Излегуваат политичари на екранот и ова човече катастрофално ужасно страшно мрази политика го исплука телевизорот и после мораше да ги бриши лигите... :puke:
    Истото ова човече кое сакаше да аплицира за колеџ во Марибор,ама не ги исполнува условите,затоа што математика има полуосумка,а англиски четвртинка! :fubar:
    Е ова досадно човеле кое молчи кога треба и не треба и зборува гласно како другите да се глуви,се има пет пати бркано со кучиња,од кој првиот пат му отиде јадранката и кога си ја зеде назад-беше веќе Бог да и јадранка прости,до пола излапана... :doh:
    Тоа човече сум јас 8)
    Ви благодарам на вниманието и на нервите за тие шо го читаа ова да речам рефератче :hai:
     
  6. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.921
    Пол:
    Женски
    Кога двајца се поврзани со душата никој ништо не им може! никогаш!
     
    На leighton23, ariela09, SparkyAngel и 2 други им се допаѓа ова.
  7. cute-32

    cute-32 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    447
    Допаѓања:
    346
    Каков ден.. :x
     
  8. Insatiable13

    Insatiable13 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    258
    Допаѓања:
    367
    Внимателно ...
    Дури и со оние во кои имате 100 процентна доверба.
    Можеби не сите ќе имаат лажно лице пред вас, можеби ќе бидат искрени, добри, чесни.
    Но може да биде предоцна кога ќе сфатите што се се крие во нечија потсвест.
     
    На srce1507 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.313
    Допаѓања:
    158.309
    Ако ми е годишно време, тогаш тој е лето.
    Лесно и мирно лето. Окциња што се претопуваат во море...ладно нес и табла, мапа пред нас и јаваме по зајдисонцето.
    Процес слабеење и смутија на сите страни.
    Многу нови луѓе, многу настани. Фокусот е сосема друг, јас сум СРЕЌНА и во ПМС!!!
    Го гушкам светот!

    http://www.youtube.com/watch?v=6Nx8hkeLvG8
     
    На crazylady, Vikica.cuci, Mishela и 8 други им се допаѓа ова.
  10. natemila

    natemila Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.533
    Допаѓања:
    8.444
    Пол:
    Женски
    Што сакав? Цигара. Виски. Сонце да ме грее. Да спијам. Да заборавам. Да го променам минатото. А во тој момент, повеќе од било што, сакав да сум со него.
     
    На cheetah.girl, kikav, Umbrella22 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. feminium

    feminium Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    1.738
    инспирирана од
    статусов ги тргнав хеланките подлабоко во плакарот и си напраив една добра овошна салата, дена недела на овошије и мена лошо да ми дојде, кило две да симнам доволни се...
    нјсе сакв друго да кажам :)
    Си купив нови штикли ама тесни се ми малку(баиги уствари) ги носам за да ги разгазам низ дома и така несвесно со нив излегов да фрлам ѓубре, ама дека се ми тесни одам ко ногата во конзерви да ми е небаре првпат обувам штикли :!:
    и таква излегувам во двор одам(ко чарли чаплин) некој 3-4 метра до кантата и кога да погледнам настрана има што да видам комшките пукаат од смеа [​IMG]
    јебига живот...
    во последно време ме потераа вакви моменти ама ај...
     
    На leighton23, cresa-jagoda и kikav им се допаѓа ова.
  12. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Вистинска среќа е да имаш добра пријателка :) ,да си разменувате мислења,ставови,да си помагате меѓусебно,ти благодарам госоподе што ми ја испрати,некои работи во жвотот не се случајни,туку со намера.
     
    На EMoonlight, Papillon.Papi и poenta им се допаѓа ова.
  13. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.481
    Мака ми е веќе од монотонија..
    И кога мислеш дека си едно скалило понапред на пиедесталот, кога доживуваш преубави нови моменти за тебе, животот ќе те шлакне така убаво. Болно и силно. Со крик 'Освести се'..
    И ете, те враќа назад, таму долу, најдолу, во бедата, мизеријата, баналноста..
    Убаво е да се сонува, дека само сонот е бесплатен.
    Ме пече душата. Ми гори.
    А крик не смеам да испуштам.
    Се стегам и воздивнувам длабоко.
    Утре е нов ден.
    Се надевам не и почеток на нов проблем..
     
    На Claire, ariela09 и SparkyAngel им се допаѓа ова.
  14. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Она кога некој ќе ви ја пофали комбинацијата, а вие спуштате поглед, да видите што сте облекле денес. :D
    [​IMG]
    И конечно се отерасив од капутите, јакните, бундите, скафандерите, монтките, ветрофките итн. итн. итн. Сакам шеќер од парк. Ама зелен! Онака улепена, зашеќерена да си се возам во чув чууув.

    [​IMG]
     
    На sweet-star, leighton23, Papillon.Papi и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.416
    Пол:
    Женски
    Почнувам со здрав режим на исхрана. Од кога забележав дека имам стомаче, малечко е ама го имам си решив да јадам здраво и да вежбам.
    Нема повеќе буреци, пици, тостови, хамбургери, чоколади, газирани пијалоци и други калорични работи.
    Можам да издржам, знам дека можам. Силна сум во одлуките, имам цврст став, уште цврсти стомачни ми фалат. :$
    Доколку утре јадам нешто калорично, пак ќе го прочитам ова. Ама нема, Џени може. :muscle:

    Убаво е кога ќе промениш нешто. Кога ќе стекнеш некоја нова навика или пак кога ќе имаш ново хоби. Добро е да имаш нешто да ти отргне мислите од проблемите, релаксација барем за еден час во денот.

    Си ветив ќе читам и повеќе книги. Не дека не читам книги. Читам книги, ама една книга за една недела. Зафатена сум со школо, вежбање за натпреварот, па и некои други домашни работи од кои немам многу време да седнам како човек и да прочитам книга, во еден здив. Како што обожавам. :mm:
    Додека другите девојки се радуваат на нови шминки, јас се радувам на нова книга. Колку само сакам домашната библиотека да ми е полна. Имам книги, ама малку ми се. Не знам дали и некогаш ќе ми бидат доволно.

    Ќе си ја средам и собата. Нешто ново да направам, сакам промени. Ќе направам некои ситни работи, нешто интересно. Мене да ми биде удобно додека сум во својата соба.

    Аирлија да е.
     
    На leighton23, BlackMistery, Dvolicen и 2 други им се допаѓа ова.
  16. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    Му тргна на овој Путин работата. Како што тргнало и следната година ќе биде најмоќен човек.
    А јас по некоја случајност учам географија и тоа за Источна Европа за тест.
     
    На BlackMistery и Papillon.Papi им се допаѓа ова.
  17. bubac

    bubac Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2013
    Пораки:
    884
    Допаѓања:
    1.867
    Пол:
    Женски
    Што ми е убаво на душичкава

    Си ги прошетав денес моите нови фамозни блу рејбанки, си направив корекција на ноктњава, и конечно си имам мои големи нокти
    Моиииииииии јејјјјјј .....

    Онака си се искулирав со другарка ми, си го изгушкав внучето (најмалото од сите ) ,
    :sun: --------> Ми годиш бе сонце многу, ,,ме подигнуваш од мртвите" буквално кажано :lol:

    Пролет идеее и многу порано од што очекував ....
    И утре ќе си и дадам се што ми бара на душичкава за да ми биде среќна .
    Е! Така!
     

    Прикачени фајлови:

    • uPHS3M5.jpg
      uPHS3M5.jpg
      Големина на фајлот:
      256,8 KB
      Прегледи:
      378
  18. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.250
    Допаѓања:
    140.560
    ... таман човек ќе се пожали од монотонија и животот станува неподносливо интересен. Премногу, дури и за мој вкус.

    Денот почна совршено со патот кој на кафе мириса, со Бјутифул Деј на ЈуТу и сончев кров.
    Продолжи со кафе во најубаво друштво со чудни муабети кои те наведуваат да мислиш дека кога не се гледаш толку често со луѓето, темите на разговор некако се трошат. Се прашуваш дали и другите уживаат како тебе, како што тоа беше порано, а одговор нема. Времето ќе покаже.

    Чудно е како некогаш под притисок на времето и обврските успеваме да изгубиме не кои пријателства или други важни врски. Се поретко се гледаш и одендаш... веќе немаш заеднички теми на разговор. А претходно светот сте го делеле. Мора човек да се обиде посилно, да даде повеќе и да успее да задржи нешто што навистина вреди. Сум изгубила неколку такви врски и не можам да поднесам повеќе. А се случува, чувствувам.

    И потоа, одненадеш од земја ме тресна еден излив на емоции од неочекувана страна на неочекувано место... сосема неочекувано. И денот продолжи со повторно и повторно повторување на прашањето - Зошто? И дали е неочекувано или јас глумам наивност.

    Би сакала да немам обврски и да не ме мачат некои чудни прашања.
    Сакам да сум безгрижна и слободна. Како кога имав 17.
     
    На imelda, Umbrella22, Shelea и 4 други им се допаѓа ова.
  19. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.500
    Допаѓања:
    23.097
    Пол:
    Женски
    Колку убав ден денеска! Првин на гости кај баба и дедо, па на прошетка со другарките и на крај, вкусен ручек на отворено, да го искористиме максимално времето :D Цел ден не сум се прибрала дома, од работа на гости, па на шетање, повторно на работа и конечно после 9 саати да седнам :) Ама ако, убаво ми е вака кога деновите ми се исполнети со убави средби, пријатни луѓенца и добар муабет. А плус падна и мал шопинг :angel: Причина плус за радост :D

    И моите ме израдуваа, ќе си дојдат заедно за недела-две! Татко ми го немам видено точно една година. Се надевам ќе ми донесат и некој подарок :lol:

    А викендот што помина беше еден од поубавите - многу дружба, смеење и забава до раните часови. Повторно бевме на иста маса со некогашната најдобра другарка, овојпат и двете со партнерите, посозреани, ама и многу оддалечени.. Тешко ми беше да гледам каков површен муабет правиме, како двајца странци, а не како сестри кои делеа се во минатото. Ама тоа е - со некои луѓе животот не разделува, а со некои не зближува ненадејно. Во секој случај, ги наполнив батериите со енергија и љубов!

    Пролет, спремна сум да те пречекам :)
     
    На Elennaa, Dvolicen и MandyLane им се допаѓа ова.
  20. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    До кога Dream-Girl и Cvetteto ќе бидат жртви на несоодветното однесување на нивните соученици?

    Одговор само во ЛП,во писмена форма,до 500 збора. Благодарам.
     
    На COollLady и Lov3 им се допаѓа ова.