Некогаш кога лутина ми го мати животот се прашувам дали ги заслужувам сите овие благодети... Дали некои помалку приjатни случки се случуваат бидејќи не умеам да го ценам секоj момент доволно? Некогаш, како сега, се фаќам како грешам, а во борбата против себе секогаш губам, без оглед на тоа коj дел од мене е победникот.
Океј беше денов , се договоривме на кафе да одиме со женските од бифши клас, конечно во некоја собиранка да не ме заборават , секогаш што и да се прави заборават да ме викнат или па намерно е тоа навистина незнам...И да го видов типот што пред добри 5 години ми се свиѓаше, добар вкус сум имала не викам не хахаах, уште си патам за пропуштената шанса со него, тоа е..После кафе ќе идам у школо па во теретана Убава вечер женски
Упознав поетеса, различна од оние што пишуваат клише captain obvious текстови по интернет. Предобра е, предобри се поемите, се познаваат чувствата има некоја поврзаност низ строфите. И тоа е се што можам да кажам, пошо не сум некој љубител на поезија, али можам да препознаам кога нешто е многу добро. Ја оплескав малку можда кога и пратив една резил поема од некој тип што пишува рими црвче-врвче и пишав дека од овој е многу подобра. Е не знаеше она, сигурно И пази која случајност, пред некоја недела викам која книга ќе ја читам и ја oтворив Unweaving the Rainbow без да прочитам опис на некој вебсајт за што се работи у книгата. Прочитав три поглавја и внатре речиси на секоја страница цитати од поети од пред 200 години и еден цитат вика: "Keats accused Newton of destroying the poetry of the rainbow by explaining the origin of its colours, thus dispelling its mystery. Science is poetry's killjoy, dry and cold, cheerless, overbearing and everything that one romantic might desire. To proclaim the opposite is one of the purpose of this book and I shall here limit myself to the untestable speculation that Keats might have been an even better poet if he had gone to science for some of his inspiration" И уште еден: "By poets, of course I intend artists of all kinds. Try to imagine Beethoven's 'Evolution Symphony', Haydn's oratio on 'The Expanding Universe' Oдвај 20 страни прочитав од книгата, а допрва се прашувам што ќе прочитам. Ако книгава не ми пројави некој интерес за поезија, се надевам поетесата ќе го напраи тоа И баш почнав да ја читам книгата и да размислувам за тоа како науката ги инспирала поетите и уметниците, ми праќа некоја поема у која шо спомнува метаморфоза. Не беше со наука, али само пет поеми сум прочитал досеа, а имала напишано околу 100. Мислам дека ќе ме изненади.
Чувството кога учиш, учиш, и само учиш, и дури почнува да ти се врти во мозокот (читаш 3-4 дела)...излагаш малку на воздух на пауза, земаш тел да видиш што има ново старо и гледаш во група објавно е да не се читаат првите 5 дела.... Не читам ништо веќе ај у курац.
Кога сум нервозна и ненаспана, готвам. Тоа ме спасува. Вечерва на мени тирамису и чизкејк. Ај со лесно нека ми е дебелеењето. But who cares?! И онака иде зима а, и никој не ме гледа гола. Можам колку сакам месо да ставам на мене. Ај, доста беа зелени, добра ноќ.
Она кога ќе си препознаеш твој текст од Фемина на ФБ. Од А до Ш ископирано. И тоа баш кај креативна личност. Бар за други работи е, де. А, со посвета ми е.
Денес нешто од сабајлечки ме фатила мрзата,ништо не ми се прави,ништо не ми се работи,само би седела пред компјутер и тв,а работа ме чека(многу голема Работа),те кашички да правам,па машина да пуштам,па алишта да спружам,ке видам дали се од ова ке се сработи,како ке бидам расположена...
Кога ја коваш својата среќа пази со чеканот да ме им ги столчиш прстите на блиските и саканите Ковај си колку сакаш, ама не повредувај други.
Паметниот не кажува ни пола од она што го знае. Глупавиот не разбира ни пола од тоа што ќе го слушне.
Tuu bree od koga nemav stanato vaka "rano". Eve denes, falaBogu im tekna a od kaj im tekna neznam ama bitno im tekna sloboden den da mi dadat da se naspijam ko covek xD Dobro utro dobar den, za kogo kako. Za mene em rano em dvanajset
Игнорантскиот став кон срамежливите и тивки личности, чудни за поборниците за доминација е вообичаена практика базирана на површно размислување дека нема што да понудат за да го привлечат вниманието кон себе. Одмерениот став го компензираат со гласност само тогаш кога чувствуваат потреба да кажат нешто. Понекогаш, таквите пријатели знаат да раскажат длабока приказна и мудро да ве поттикнат во кој правец да ги насочите мислите. Иако нивната рационалност е прекриена со таинствено молчење, размената на зборови е замена за преиспитување на другите карактери. Занемарувањето е губиток за вас. Најчесто, пријатните изненадувања ги приредуваат оние од кои најмалку очекувате таков гест. Не заобиколувајте ничиј нарав...
Некогаш не дишам од неспокој, само воздивнувам најдлабоко. Лебед видов, тивко плаче, па се нурна, да се скрие. Денес еве овака... Сакам да научам да бидам ладен тип. Сакам да научам да не се грижам за ништо. Нема врска со него, има врска со други. Мир во рајот...ама другово...
Ме фати пмс ме фати криза нервоза ми се плаче, само викам од сабајле на сите, сите ме нервираат лелее ми врие крвта ке полудам ,,,,
Едно од наубавите будења ги имав денес. Мојата најдобра другарка ѕвонела на домафон, јас не слушнав.Потоа на телефон.Се јавив, и зедов ја отворив вратата. Не е можно тоа девојче да не ти внесе доза позитивна енергија.Ми кажуваше за некој школски што го имала во основно, потоа за некоја професорка на факс. Се смеевме... па и кажав дека ќе се туширам за потоа да се прошетаме. Додека се туширав, таа направила нес. Срцка ми е Се напијав.Таа ме насминка( многу убаво шминка, штета шо не се сликав) и потоа излеговме... сега треба да расчистам низ стан.Па потоа да испазарам за ручек.Па вечер сум на филм со дечко ми и со еден др. пар на Spectre
Кога станува збор за мириси, обично помислуваме на парфем. Но мирисот, како мирис остава трага во зракот. Потсетете се каков е мирисот на љубениот\љубената... Тој продорен мирис кој ги отстранува сите други мириси во наша близина. Оној кој не стимулира да растеме, да созреваме и не смирува.На тој продорен мирис сигурна сум дека ќе се присетите.Не можеме да сакаме нешто или некого, чиј мирис ни е непознат. Конкретно заради мирисот се заљубуваме. Магнетски се привлекуваат повеќе мириси(души), во животот во различни облици и величини. А кое е најголемото прашање? Дали е тоа како мириса универзумот ? Астрономите би рекле на пластика, но верувам тоа е од оделата што ги носат . Верувам дека нема мирис, некој посебен но сигурно нема да не потсети на нешто што веќе го имаме помирисано. Мириси на јаболка, цитруси, кафе, љубов кои ни го обојуваат животот. А пак за боите, јазикот на боите е јазик на светлината. Ако постојат бои, постои и шаренило како боја. Денес се одлучив да ја обожавам жолтата, снажна боја .Бојата на сонцето, но истовремено и боја на нашиот соларен плексус. Кога имав проблем со контрола над мојот сопствен живот , замислував жолто сонценце два три прста над папокот. Жестоко сонце кое по боја е поврзано со чакрата на самодовербата, егото. Земете малце сонце од небесата, ставете го во вас и ојачајте се. Ојачајте го и егото,без претерување. Бојата на полна месечина ја сакам, сребрена... Бела боја па се до меркуровите бои . Шарени, пругасти... Ги обожавам сите тие слагања возможни и невозможни и сите нови ликови кои измешаните бои ги даваат мешајќи се, поврзувајќи се. Боите комуницираат. Венера ја поврзувам со отвореното срце, всушност срцевата чакра. Зелената боја ја мешам со црвената. Марс со жестока црвена, боја на освојување или коренската чакра. Темниот Сатурн, пврзувајќи го со третото око. Уран со кои ги објаснувам сите флуросцентни бои, па дури и пластични бои. Јупитеровата боја е духовна боја, боја на заштита. Најважната боја на крунската чакра. Плавата, безусловна љубов која ја поврзувам со Посејдон.Тоа е таа различна љубов од Венера која е земјена. Плавиот Нептун вели Те сакам, и тоа е доволно затоа што мене ми е важно јас да сакам. Додека Венера сака но и бара да биде сакана. Тоа е таа "венерина земаљска љубав",поразлична од нептуновата небесна која е задоволна од сама себе и нема потреба од друга љубов. Темниот Плутон што го гледа сонцето најсјајно оддалеку,поврзувајќи го со скорпијата кој е мојот знак во зодијакот ... Темните бои ги обожавам заради урамнотежување на сексуалноста, привлечноста па ставам по некоја нијанса на темно црвено вино боја или бордо на усните . Епа да постигнеме таква,позлатена љубов спрема себе и другите , иако сме на земјата мерејќи реципроцитет водени од венерата. Да ги уживаме боите и мирисите во нас гледајќи ги сите во најсветлата нијанса на нашето постоење. Имајте миризлив и обоен ден!
Прекрасно,убавини.Ме потсети на мојата другарка на врмето кога ние така правевме,беше тоа многу одамна,многу убави спомени,не се заборава.