ЕВН гаси струја за 3 неплатени сметки .... а прашуваат дали некој зема редовно плата ? Прашуваат дали тие неплатени сметки биле такви поради здравствен проблем , нешто што нагло искрснало и било финансиски непланирано ? Прашуваат дали јас имам работа и приходи ? До кога ќе собираат арач ? Сметки до плафон , плата никаква , што попрво ? Да седам гладна и да имам струја , или да јадам нешто минимално цел месец и да дремам на ладно во полу темно на свеќи ? Кај ќе ви иде душата јас незнам ..... Што попрво со тие минимални пари мојата самохрана мајка да прави ? А пак за младите и способни нема никаква работа , само предходната недела заедно со братми бевме на 10-ина интервјуа .... работа повторно нема . Ај живеј или умри работава , бирај помално зло !!!!!
На тема Charlie Sheen и HIV вирусот, мислам дека е тажно што човекот воопшто излегол на интервју и почувствувал потреба да се оправда заради здравствената состојба. Но на тема незаштитен секс иако знаел дека е хив позитивен, тука осудувам. Никој нема право да одлучува за туѓи судбини, а ако ја имаш моќта во раце да спречиш некој да се зарази, барем од тебе, треба да ја искористиш. Хронични болести се страшни. Сидата ја вбројубам во нив, неповрзано со претходниот муабет бидејќи Чарли нема сида. Најстрашно е што во целата болка што немаш контрола врз сопственото тело, треба да размислуваш и за тоа дека другите најверојатно нема да те прифатат. А тоа се моментите кога ти треба најголема поддршка.
Наминав само да кажам дека ова ми треба во моментов, ама ОЧАЈНО ми треба. Кој ги е*е диетата и вежбањето коа пмсот е во акција, и очаен е за благо благо и благо.Иначе да ви се пофалам цел ден желудникот ми се превртува од пола тегла ајрокрем и пола кило ладно млеко што ги извечерав вчера. Па ако ме сака "тој", ќе ме сака секаква.И ако личам на прасе подуено,што има врска.Битно да си се сакаме.
Слушам вчера Јанко јади бурек се јавува еден вика: "Француската полиција треба да учи од нашиве полицајци, па прелесно се справија со конфликтот во Куманово."
Понекогаш во деновите како овој, кога не знам што со себе, редовно си се шетам низ својот живот и се што ми се случило досега и секогаш така шетајќи низ спомените го имам она чувство како странец кога доаѓа во посета на некоја земја по втор, трет пат... Се ми е веќе познато, но не се чувствувам како дома... Чудно е како работите кои некогаш ни биле битни и сме ги сметале за вистински, сега да се комлетно далечни, бледи, непознати... Скоро и заборавени... Сфаќам дека се поминува, дека без секого се може, скршеното срце се лекува, неостварените сонови се реинкарнираат во нови, се поставуваат нови цели, се случуваат нови средби, нови љубови... И се сѐ променило... Сум се променила и јас... Јас не сум јас онаа од пред 10 години, онаа јас од пред 5 години, онаа јас од пред 2 години, онаа јас од вчера... Во тоа е всушност целата убавина на работите - да растеш, да живееш и да се менуваш... И секогаш кога тргнувам на ваква прошетка низ спомените сфаќам дека јас сум онаа јас која од секогаш сум сакала да бидам...
А бе како сум се обрукала вчера, не сте свесни... Ми ѕвони другарка. Валерин, купи ми кондоми, срам ми е да барам во аптека. И Валерин ''искусната'', тргна во мисија. Умислено стојам до штандот у маркет, разгледувам, читам, размишљам, небаре е нуклеарна физика. Кога одеднаш зад мене како гром од ведро небо се створи комшијата од втори. ''Еј Вале, што правиш?'' Ја вртење видно потресена со пакетчето во рака, и овој ''Ааа бараш кондоми, а?'' ..'' Еве изволте, овие ти се најдобри''. Зима пакетче дурекс со мирис на банана, и оп во мојата корпа. ''Фа-ла Го-ри-јан'' Пропетелчев како задњи морон. Човеков се насмеа, ме потапша по рамо и продужи да ја бутка количката. Патем моите со господинов се знаат со години, поборник е за човековите права и активен учесник во ЛГБТ центрарот. Многу фин, културен човек, без задни намери. Не сум ни јас конзервативна ама ете некако незгодно ми падна. Сега па ме фаќа смеа. Ако им каже на моите ќе ме реметат.
Помеѓу преврзувањето на прстов кој го исеков по површина и пцуењето на тераса да закачам огромен број на чорапи...мислам стварно перам чорапи како за фудбалска репрезентација ,па кога ги обесувам на жица гледам да ги спарам ...се прашувам како на некои им оди се подмачкано во животот.Што е тоа што јас го правам погрешно?Не посакувам доволно силно?Не дишам доволно длабоко?Не се молам дури не ми се замати?Положбата лотосов цвет не ми доволно удобна?Правилото исчисти го мозокот-не оди тоа кај мене?! Па следењeто на патот по кој поретко се оди.Па следењето на патот по кој уште поретко се оди.Па моќта на љубовта,па силината на гушкањето,па сретнувањето со калуѓерот и неговите лимузини... Не оди тоа така кај мене.Ц.
Значи ако нешто мразам во животот е наивни луѓе, како шо ќе му свират така терат. Добро бе луѓе до кога така, кога ќе се освестите?? Имам една колешка толку е мила и фина ама жал ми е кога ја гледам дека другарка и ја мота како сака. Неможам да поднесам дивурии од луѓе дволични и такви неартикулисани. Докај ќе тераме вака незнам, ама денес баш од такт се извадив. Имајте убава вечер.
Ги сакам ненаместените кревети.. Пијани луѓе кои плачат и во тој момент неможат ништо друго освен да бидат искрени. Погледот во очите на луѓето кога сваќаат дека се заљубени.. Го сакам начинот на кој луѓето гледаат само штом се разбудат и незнаат каде се. Сакам кога луѓето ги затвораат очите и одлутаат некаде . Стално се заљубувам во искрените моменти на луѓето. Во нивните падови, размажена шминка, фантазии.. Искреноста е премногу убава за да може да се искаже со зборови!! ..
На денешен ден пред три години станав дел од ова прекрасно виртуелно катче, точно 3 години на фемина! Во поглед на носталгија, привид на брзо поминување на времето, и највеќе на фактот дека форумов ми е исто прекрасен дел од секојдневието како и првите месеци - не ми се верува дека толку време поминало... но од друга страна, кога си ги читам старите постови сфаќам колку сум созреала во начинот на размислување и преточување на мислите, за што во голема мера можам да се заблагодарам на фемина. И по три години потврдувам дека разговорите и смеењето со тие виртуелни пријатели ми е неизбежен дел од денот за кој секогаш наоѓам време, дури и кога сум презафатена со обврски. Благодарение на фемина секој ден консумирам креативност, инспирација и позитивна енергија, запознавам луѓе кои знаат искрено да се радуваат на туѓата среќа и кои со својата добрина те тераат на секоја нивна добра вест да се израдуваш како за блиска личност... само една од нив, но вредна - имам запознаено во живо, а се надевам ќе бидне и со други муабет за кој претпоставувам дека ќе ни иде како да се знаеме сто години. Ете затоа никогаш нема да зажалам за одлуката да се зачленам овде. И секако едно частење за сите мои драги феминки и феминци во тоа име...
СДК ... внатрешен мир, искрена акција, отворено срце, позитива, љубов и посакување на нешта ... Се случуваат секојдневни мали но вистински чуда. Радувајте им се, радувајте му се и на секој ден, верувајте ... вистинскиот пат ќе ви се отвори и ќе ве води до поголеми чуда.
Македонштинава ни се билда и натпреварува во пиење! Секоја чест и браво на паметот што го носат. Е тоа сакав само да кажам!
Го замолувам времево да потрае какво што е. Секогаш сум сакала сонце зошто ми давало енергиja и позитивни мисли. А кога врне дожд секогаш сум утоп до колена.
Не знам дали има за ова соодветна тема, но би сакал да споделам со вас една многу интересна приказна. Човекот кој доби сосема ново лице преку трансплантација. Се надевам ќе уживате во читањето. http://abcnews.go.com/Health/unprec...rgery-firefighter-hope-life/story?id=35218667 Тие што се со слаб желудник не препорачувам гледање на слики
Чуден ден беше денес. Положив статистика, а бевме едвај дестина души, и згора на тоа со најмногу поени. Тоа би било исто како и да сум добила 5 математика во средно (никогаш не се случило). Па кога ми кажа, се шокирав. Неможев да се помрднам. Не се сеќавам дали сум била поизненадена некогаш во животот. Згора на тоа во блиската продавница кај мене донесоа бели и розови marshmallows па неможев да не земам и да ги потпечам со малце еурокрем па да јадам дури не ми се слоши од толку благо И ете ти, конечно се најдов послободна па утре ќе претрчам до библиотека да си ја земам 1984 од Џорџ Орвел, откако прочитав критика премногу ме заинтересира. Интересен ден беше денес.
E aman veke od glupavive zabrani vo ovaa drzava !!! Cekas nekoja nova pesna da izleze i taman ke stisnes da ja slusnes...Diese video ist leider nicht verfügbar Tuku aj da go iskoristam postov da se pofalam,denes bev na testiranje za jazikot i bez nikakvi podgotovki osvoiv 58/60 poeni. Bas onaka ubavo mi dojde.
Книга +ќебе+очила Време е за бегање малку од реалноста... Доста ми е од сите случувања.... Понекогаш подобро е да се скријам во светот на книгите отколку премногу да размислувам за животот За подобро утре...
Ниту десет убави вести не можат толку да ти го расположат денот, колку што може еден кретен да ти го расипе