Викаат трпение-спасение, цело време бев трпелива до сега, ама како шо е тргнато не планирам цел живот во трпение да го поминам.
Ах, дојде ред за испит, ја немам осет за кафе. Тоа е очигледно, по тоа кога и да си ја поземам чашата, no more coffe. Толку сум унесена во читање, што не сум ни свесна кога сум го испила. Така е, и за секое следно кафе во наредните минути И да, толкав паничар сум ..што не знам кај ми е главата кога учам во последен миг, ниту од кај да почнам..буквално ваква сум:
Денеска ми беше "The Day" второ интервју во ревизија, ахх се осеќам изморено, не ми се прави муабет со никој од замор, од прееска си лежам и неможам да заспијам. Наместо да спијам си размислувам правам планови за во иднина, стипендии, магистерска, пракси во странство, бугарски пасош чуда, се осеќам исцрпено. А колку би било поинаку да беше нормална државава и сите желби и амбиции да ми беа тука насочени, а не со најблиските да се испаќам на станици и по аеродроми.. Знам хаотичен и неповрзан е постов исто како и мојата глава во моментов... Утре е нов ден. Добра ноќ.
Кога ќе влезе мајка ми во соба да праша како ми оди со учењето.... Ај бе кој видел добро од учење...оди таму, кради, лажи и ќе те сака народот Си замислувам дека секој момент ќе ми стигне порака од проф: Колешке вие не треба да правите колоквиум, бидејќи ме фасцинирате во текот на предавањата, слободна сте, одете шетајте си на раат.
Ima li nekoj da saka da mi pravi drustvo na koncert na Aca Lukas imam visok karta,a sama mi e malce glupo da idam.
Денес ми е четиригодишнина од зачленувањето на Фемина Четири години како се дружеме. Во последно време ве запоставувам со пишување ама редовно ве читам
Ако понекогаш се умориме -јас од тебе....или ти од мене....во ред е..ќе се среди. Само да не дојде да се умориме од НАС. Тогаш ни се ближи крајот.
Понекогаш... за миг го забораваш целиот свој живот. Понекогаш... ти треба цел живот за да заборавиш само еден миг.
Треба да пишувам текстови и интервјуа за еден наш портал и ми рекоа да смислам кратка биографија што ќе стои под секоја статија. Crimson, 22 години. Никој не и верува дека и е природно плава косата. Често се сопнува. Еднаш му пиша на дечко без да забележи дека е во истата просторија.
ахахахах уникатна си значи, со ова биографија да одиш после два дена сите само тебе ќе те читаат. Ме изнасмеа со дечкото во иста просторија
Не знам колку цигари испушив ова сабајле чекајќи, и сеуште чекам. Атомска апсорпциска спектроскопија, who needs you?! I don't. Кај ми избегаа утрата кои ми почнуваа со музика?
Не дека го поднесувам овој баш, ама ако не успееш да најдеш друштво и се осеќаш тапа слободно пиши ми. Поздравче Јас! Почнав да го јадам дури во комбинација само со кашкавал во тост со интегрално лепче. Плус, колку појако мириса, толку повеќе сум addicted. Beat that
Ако постои човек што јаде повеќе сирење од мене, нека се јави за да не се чувствувам толку виновно. Не поминува ден без тоа... некогаш го јадам за доручек, ручек и вечера. Фрижидерот е полн со најразлични видови и само ги топам во разни комбинации. На секоја крвна слика холестеролот ми е нешто над дозволено, мајка ми се чуди од каде холестерол кога сум јадела 'здраво'. Јас ќе ти кажам од каде. Морам да се соземам.