Шоферот во автобус, во 7 сабајле одлучил да "опичи" Зона ФМ. Јас од 8 полагам и онака од нога гледам некои формули(шта). Мисим шта речи? П.С. Испитот исто така весел, ко музиката претходно.
Кога денот го завршува своето издание се поздравувам со светлината од уличната сијалица што ми го осветлува патот до домот и знам дека на сцена стапува неговиот антоним. Ноќ... препознатлива по црната боја, темна, мистериозна, непозната, далечна, спротивна од бојата на мојата душа. Тивка и бесчујна, слуша, а не зборува, но кога ќе ми шепне нешто ме наежува, ме трогнува до срж и го разгорува пламенот на предизвикот да останам во нејзино друштво се додека не се раздени. Посегнувам по најудобното парче облека, ги исклучувам сетилата, ги прегрнувам мислите, го сместувам телото во хоризонтала... Издишувам до длабочината на душата, ги склопувам очите и тука некаде почнува сонот... До оној миг кога случувањата потсвесно водат битка за превласт кoја содржина е подоминантна за да ми го раскрши спокојот на парчиња. Секогаш некоја зазема водечко место и нетрпеливо копка. Но, ниедна не е суштински толку нерешлива колку што е немирно моќна за да стигне до целта. Одлучно ги игнорирам сите обиди во можноста да ме совлада свеста, рамнодушно ги отфрлам зборовите што одекнуваат околу мене, им вртам грб на сеќавањата и му се препуштам на слаткото задоволство во ноќта со надеж дека за се нешто да се случи е потребен момент условен од низа фактори. Невозможноста да се ослободам од разиграните мисли ја компензирам со оптимистички баланс за да не ме нападне заморот. Сама се уверувам дека конецот на потезите е во мои раце. Се борам да го поставам над интуицијата и да ја возам во една насока. Плановите оставам трпеливо да ја дочекаат светлината на денот, бидејќи ноќта е најтемна пред изгрејсонце.
Еееј, многу лоша работа е тоа... Мене еднаш на испит ми се вртеше Удара у главу ко шампањац, зашто ја слушав во автобус Абе не престана да ми пее! И замисли читаш прашања, се обидуваш да се сконцентрираш, а во позадина пее Миле Китич
Последниве години се осеќам како константно да имам поделена личност, поточно во мене живеат две личности и сама не знам која е вистинската. Едната, веројатно уметникот во мене сака да живее слободно, да го истражува светот, да живее во некое поткровје од мојата вечна фантазија Париз, да спие по цел ден и да живее во ноќите, да пие и пуши, да слика и да готви, да има секс по цели денови и со било кој, без предрасуди, без граници, разуздано...да живее боемски и диво. Другата, да речам разумната личност знае што сака, организација и план.Сака да има работа, да изгради кариера, да биде моќна и разумна, да има дом, маж кој ќе ја почитува и сака, три деца и куче.Да живее сигурно и смирено, без драми. И некогаш ми е толку тешко да разграничам која сакам да бидам, моментално живеам како втората и така живам откако знам за себе, но колку повеќе ги потиснувам желбите на првата, толку повеќе некоја карактеристика ми излегува на површина.Единствено ноќите кога стоев пред платното и ѝ дозволував на првата личност да излезе, макар на кратко, на една ноќ, се осеќав диво и живо и тоа ме балансираше...сега како да ми фали дел.Не можам да ги комбинирам и двете, свесна сум, зошто годините си минуваат и немам време за се и немам живци за се...престанав и да сликам и тоа понекогаш ми го крши срцето, зошто емоциите си ги оставав на платното и сега имам толкава блокада што не можам и молив да земам во рака, не оди...како да сум ги заборавила движењата.И полека умира првата личност, а не сум сигурна дека го сакам тоа, почнува да ми фали дел од мене, не се чувствувам цела, а се чувствувам немоќно да го сменам тоа. Малку драматичен ми е текстот, ама нема каде да се искажам без да ме сфатат погрешно, морав тука.
Тука сум, еве ме.... Да најдам замена за сирење и сите мои животни проблеми ќе се решат. Јас пробувам да се контролирам со козјо и со урда, ама мислам дека имав ментален слом врз сирење и кашкавал кога си дојдов...... 5 месеци без сиренце, иииииии. Врвот ми беше кога си наредив биено сирење, кашкавал, меко сирење едно врз друго и си ги јадев како сендвич. После ми растел меот, епа ќе ми расте, јас сирење бејби растам, не фуд бејби.
Бесна сум на самата себе. Затоа што сум добра. Затоа што очекувам многу повеќе од луѓево што се околу мене. Ми фали некој на кој ќе му кажам се односно ми фали другарками што остана америка. Залудно се лажам дека сите другарки што се до мене се како таа и ќе го заменат нејзиното место но не. Само очекувам многу од нив а не добивам ништо.
Најубаво е чувството кога ќе положиш испит за кој цело време си мислиш дека ќе го паднеш , со осмица Мојот ден е убав, вашиот нека биде поубав
Barem koga sme stanale vozrasni treba da sfatime deka ne e cel svet vinoven za nasata nesreka. Nie sme samite kreativci na nasiot zivot,nadvoresnosta vlijae,no ne e apsoluten vinoovn. I ajde daj razberete deka postojat luge so poinakov zivotod vasiot. I,da.Uzivaat vo nego so site doblesti i maani.
@AnaKarenina прашања ли сакаш, задачи, матрици, цртежи, формули- само кажи, а во глава ми се вртеше неодредена мелодија за тресење цицки!!!
Веќе ви пишав дека имам некое волшебно чувство за зимава. И не може никој да ми го зеде или засени. Си го чувам за себе: нељубоморно, ама како слатка тајна, побогу, како некој сладок грев. Одамна веќе немам кошмари туку сонувам вечерни неба осветлени со многу ѕвезди, метеори, комети, планети... и како стојам со луѓе и восхитено ги набљудувам. Ако некој се разбира од сонови, нека ми пише што би можело ова да значи. Не мора ништо големо да се случи. Само да не излегуваат некои проблеми, за да можам слободно да си бидам.
Нема лоша религија,ниту една религија не нѐ учи да убиваме невини луѓе,има само испрани мозоци за пари,моќ и власт!
Мислам дека ниту една жена/девојка не може да одолее на ружи. Посебно кога се од посебна и драга личност. Бели , за мене омилени. That really makes my day! √
Си го честитам роденденот со музиче од Бетовен . Со помош на неговата музика истовремено се активираат и левата и десната страна од мозокот. Па нека е висока вибрацијата стално , како денес, како вчера....така и утре и задутре
Не знам дали сум единствената што одвај чека да падне снег,што се мисли дали е рано да се накити елка...што обожава да лежи под сијалички да пие топло чоколадо . Не е толку новата година колку што си наоѓам некое чуство на љубов и среќа кога се е празнично наоколу.Покрај сите лоши работи во светот тоа ме прави малку барем спокојна.Како да е показател за љубов,радост,насмевка. Го обожавам тоа дете во мене кое се радува на тој празничен дух.
Сакам прво децата да ми се здрави и живи и маж ми , и по можност да ми падне бинго од некаде да одам на шопинг да си изнапазарам и за мене и за децата ,,,дај боже
Немам пишувано за сообраќајки и слично поради тоа што пред 3 години го изгубив дедо ми баш во една таква. Го сонуавв дедо ми. Беше со баба ми.Ги сонував на пазар. Земаа зеленчук.Нешто ми кажаа, ама не знам што.Станав преплашена. Како претепана, како изморена. И го барав телефонот.Најпрво не можев никако да се сетам каде ми е ставен.Го најдов и срцето ме барало, ми пишувало порака... Настрана, дека ми е дечко.Ама премногу е грижлив.Кога се слушнав, нормално не сакав да кажам дека сум уплашена ама ме сети...веројатно оти подолго одиме.И ништо не се договоривме.Па после работа дојде за да ме види дали сум добра.Срцка ми е Со душа чекам да го изнагушкам... И така некако се навикнав на неговата енергија, неговиот мирис, неговата насмевка што ми фали додека е на работа.Ми фали кога си одам дома во Битола...ми фали кога оди на семинар. Го чуствувам како да е дел од мене...
@Doozy, @LivingGlam, Се кладам дека јадам дупло повеќе сирење од двете! Сабајле со една мекица изедов едно така убаво големо парче, може повеќе сирење од мекица изедов. Ручеков те. рижотово исто со така прилично големо парченце. А сега ме чека едно данско сиренце шо го купив од веро пред некој ден, мхм, мхм, перверзии! Да се разбереме без сирење мене не ми поминува солен оброк! Уште поважно зависна сум од овчјо сирење. Знам понекогаш и да си пробам некое интересно сиренце, ама кашкавали и чуда не ми се допаѓаат многу, и досега ништо не може да ми го замени убавото парче овчјо сиренце. Кога заоѓа сонцето, небото креира бескрајно убави бои. Криво ми е што немам бар еден слободен ден, да се качам на Водно, да го чекам да зајде, и да уживам.