Јас верувам во демони. Оние кои во ситните часови ти доаѓаат со најубаво лице и најубава насмевка, ти го корнат срцето и ти ја гужваат постелата. Оние кои ти доаѓаат само на сон. Е за тие демони понекогаш сонувам.
И после еден месец како го тражам професорот по факс анего нигде никаде го нема,денес конечно отидов и пак го чекав саат ипол,додека заврши со дипломска и потоа ,,господинов,, ми вели уште малку да го почекам и јас така со скиселена фаца....... и вика ајде дојди ваму да решаваш, ми пиша 5 прашања што немат врска од тоа што треба да е,и ме остави кај секретарката да пишувам. И после некое саат време јас пишав све што знаев тамн да си одам тој доаѓа и ајде да провериме,абе во цела вистина и точност ми бара грешка!!! Аман веќе. А надвор ме чекаат моите а т.е. мм и бебу,и тој вика ајде пишувај уште и пак си ја фати на некаде. И пишав уште нешто и си кренав,ма да ти е*ам и факс и сите по ред,немат блага веза,офф само нервози нервози ете тоа сакам да кажам нека оди во бестрага и проф....
Imat. @viktorxD e zainteresiran ama se sTramel da ti kazit pa me zamoli mene. Dogovorete se sto kako..
СДК 1: - Сакам да и кажам на фемина едно огромно БЛАГОДАРАМ Благодарение на неа, си запознав доста личности, кои дел од нив веќе ми се пријатели. Сакам сега специјално, да и заблагодарам поради тоа што ме поврза со една личност, со која секогаш си делиме совети, се тешиме двете меѓусебно во тешки моменти (посебно околу испитите ) и секогаш си ги делиме нашите среќни моменти. Ти благодарам фемина, што ме поврза со мојата сегашна колешка, а воедно и другарка @Victorian која многу си ја сакам и почитувам СДК 2: - И да, го положив испитот, баш онака мераклиски Сега за сега, конечно се ослободив од учење Моментално состојба :
Од ден на ден времето се побргу ми минува а јас сеуште стојам во место... плановите се само планови и ништо повеќе .Немам сила ,неможам да се одлучам,неможам да тргнам кон замислените цели и нивно остварување. Се е навика ама очигледно моите навики тешко се менуваат... од ден на ден се потешко ми е што не сум до нив, бројам денови за да ги видам ... И секогаш велам готово повеќе нема да има солзи заради тоа што ми недостигаат насмевките со сестра ми,муабетите со мама и плановите со тато но ете неможам,неможам да го чувам тоа во себе морам да се искажам некаде,а тоа некаде е овде ,каде што сите ќе прочитат а оние кои треба пак нема да ја знаат мојата болка. Од друга страна пак сакам да сум силна поради него,затоа што покрај таков силен и позитивен човек неможам да бидам слаба но ете на моменти паѓам и ми треба време да се опоравам за пак да продолжам понатаму. Се надевам дека еден ден ќе се помирам со тоа што се далеку од мене и тоа што неможам да ги видам кога ќе посакам. Еден ден се надевам дека ќе се смеам на овие денови кога како мало детенце ја барам мама до мене секогаш кога ми е тешко .
Замислувам сцена некоја со @kjukli и со тебе како топиме некои сирења, па лапаме ко да нема утре, ламби пригушени, ролетни спуштени, телевизорот на најтивко, а ние си триеме раци на осоговско овчо или здравје радово кравјо, тек па некој кашкавал да ни донесат, овации ќе има... а чувал Господ од некое поексклузивно..... Јас со мувли имам јадено, ама не е такво домаќинско да си го сркнеш со ајварче на некое краешниче.
Абе тие со мувли никако не идат со ајвар, лутеница, мекици, ич не се така домаќински. Иначе, може нешо да искомбинираме, некој специјалитет да направиме, уште во некоја фурна мхм, мхм..
Кој паничар сум станала во последно Де види како е кратеро в уста, де види другата страна дали е океј зошто док неќеше да работи дур не ми оздрави кратеро. Па застани сум искористила некој појак дезодоранс (читај Рексона), па се дрпам и паничам дали ќе трај црвенилото кратко или ќе морам пак на кожно Од друга страна маусот malfunctions а нема еден месец идиотов. Едино на LoL растур напрајв, така да ај доста е за денес
Зошто не можам да се вратам назад, да ги проживеам уште еднаш тие денови. Спомените ме распарчуваат. И тоа оние најубавите, најмногу болат. Но ти не си спомен. Ти си ми во срцето и таму и ќе останеш. Засекогаш во мене, па дури и само неостварен сон. Зошто сум толку слаба? Зошто не можам да те преболам, а секој ден се повеќе печеш како жива рана?
Чувството кога за прв пат после месец и пол осеќаш какво е чувството да читаш вистинска книга.А не оние досадни дела што ги обработувам на училиште и кои ги читам со огромна мака. Се ми се насобра периодов.Се осеќам како да живеам за џабе, буквално за џабе.Лошо е кога не знаеш на што си.Се наоѓам буквално in the middle od nowhere,без некои интересни случки, без нешто што би ме поместило од место и би ми дало мотив.Она исто како празен лист се осеќам.И од училиште, и од учебниците, од непотребните натрупани информации во мозочето и професорите ми се слоши, и си реков повеќе доста е.И трк до библиотека, барем книгите да се до мене кога оној кој треба не е. Знаете она по пат од библиотека до дома едвај чекав да стигнам, да се пикнам под ќебенце и да почнам да си читам.И читаав читав и ја дочитав, од што толку лакомо ја проголтував секоја страница.И на крај убаво си се исплакав, добро ми дојде во секој случај. Јас вечер си легнувам исполнета во секоја смисла,а вас ви посакувам лека ноќ, најубави сништа, а и желба и сила за исполнување на истите..
Си наоѓаш рандом симпатија. Си викаш се гледа одма постар, фин момак, глумец, делува паметно... Го подзабораваш некој период. Fast forward: Ти излегува дека ќе глуми во претставата на која ќе одиш, викаш чек да ѕирнам профил, кога веќе е тука. Отвараш. Он да ми ти бил генерација т.е. и некој месец помал. Женет. Со дете. Жена му матурантка. Гасиш интернет и се селиш во Лева Река.