Еве и јас ви се приклучувам. Само мене дадете ми со мувла и крај, право на инфузија. Мислам, кој е со кола и близу болница, може ако сака да ме послужи. Јас моментално си јадам овчјо правено од баба. Да ти е мерак.
@Doozy @Magnolija @kjukli оставете тоа со мувлите на мене, знам како да го средам. Пица не јадам веќе, ама како оди растопено со сите други сирења, без него ништо од бизнисот. Магнолија една инфузија не е страшно да примиш за ваква убајна.
Уште ова за Виножитка да не не брише (едно топено сирење ќе и пуштиме)..... Кој како го фаќа нешто или има проблем со нешто да му спадне, испадне, западне, јас како посвежа во шоферските води се нудам да го возам до болница, верувам дека се' ќе си дојде на свое место, милум или силум.
I'm alive , back in reality ................ шо правите бе љуѓенца? Да, мене ме нема долг период да пишувам, но си читкам одвреме на време што има и како има по форумов , да не ме мислите Па, од каде да почнам ... Има доста промени во мојов живот кои за мене не се нешто драстично изменети, но да би ги кажувала на друг, ДА има промени (звучам како Грујо, али јеби га) , позитивно повеќе отколку негативни за среќа (лично за мене) - Се вработив , не е мојата работа онаа ,,дипломската,, но е добра, не се жалам, не се откажувам ни од потрагата по мојата дрим ворк. - Закажана ми е одбраната на магистерскиот труд (КОНЕЧНО!) - Ја имам мојата сродна душа, која ми е неизмерен прилив на среќа и смиреност во мојот одамнешен бурен живот. Она што е замислено за совршенство од карактер и однос на еден маж кон својата сакана е олицетворение на можеби мојот иден сопруг.... Сватив и ја гледам реалноста, на многу животни лекции од кои едноставно сум уморна. Уморна сум од себичноста во луѓето, уморна од нивната незаитересираност за секој твој кажан збор во очекување дека ќе бидеш сослушан. Сватив дека најважно е да имаш семејство, топол дом, и човек покрај тебе кој секогаш знае да те сослуша и да те земе во своја прегратка и да те праша најпрво ,,Мила, дали си гладна/ жедна,, и во таа прегратка да заборавиш за момент на се.... Друго се, дефинитивно е небитно! Мислев дека вакво нешто постои само на филм ама не било така, во тој поглед сум згрешила, и жалам што сум минала многу драгоцен дел и време од мојов живот со поинаков човек од сегашниот сосема спротивен, ама ЖЕНИ, за отепувачка сме што трчаме по ѓубрињата некогаш . Не е многу касно, се свестив на време за среќа моја. Ми ги отвори очите и разумот на време дечково, му симнувам капа жими се. Беше махер и ме освои бе! Ова е на кратко, подетално ќе се отворам кога ќе ми работи мозочево повеќе сега е во фаза на turn off Битно е дека не ве заборавив, дека ќе се дружиме почесто - ФАКТ! Засега, Ве љуби Бубач.
Другарски муабети до 1 и пол. Наљуљани. Он си заспа, беше на дневна доза со другарчиНата, почнаа очите у икс да му одат. Ние две чавки и едно и пол Камник Шардоне и кикот низ скопски трачеви, и по некоја солза за глупавштии. Била на младо вино на Тиквеш. Никогаш немаше вака да дефинирам, ама она баш го погоди во центар да парафразирам и можеби до пола да исцитирам- вистинска сељанка која измољакала да се најде таму ја препознававме по тоа што ја држеше чашата вино за ѕвоното, ете толку! Како да ти кажам, не ситничарам, ама полни сме со сељандури што сањаат да бидат класа. И по "изгребаните" дизајнерски облеки со кои не можат да си ја покријат суштинската евтиноќа. Се гледа зошто ми е другарка, не? Па стварно. Веќе кога си одлучил да бидеш сноб, барем научи како. Таму одат вистински љубители на вино, угостители,снобови и сељандури да прават гужва. Ако си од последните два типа, па барем научи го протоколот, не се брукај. И така... гледам птички како ми кружат околу главава. Мајка ми пишува смс, спиеш? Викам не. Абе татко ти искочил со другарите, се поднапиле, шо да му дадам, му се лоши? Мајка, таков ни е хороскопот на нас тројца. Сите сме у ист знак. Татко ми, тој и јас. Јас бев бурек да си купам, за да не ме боли глава сабајле, а ти што да му дадеш, стварно не знам. Остроумно од моја страна! До душа свинче сте си купиле, дај му пола кило чварки, шо да ти кажам? Ама кој лицемер сум, мезам сирења со вино и после мавам бурек, а? Сексот и градот човече, лудница. Па после ќе ми раскажува за двете црнкињи кај рекорд и како едната од позади го потсеќала на мене и оттаму заклучил дека имам црнечки задник а ла бијонсе и многу се израдувал. Ох мил тој, еве се трудам да го задржам со вино, сирење и бурек! Ај лека ноќ П.С. Ќе си каснам од Бијонсевскиот гз зошто издржав цел ден да не јадам и на крај зезнав работа и ме лупна од глава. Глупача. Ама бурек немам јадено повеќе од 6 месеци, некако и ми е жал и не ми е жал за пропустов, ми дојде убаво и не се чувствувам виновно, а се чувствувам виновно што не се чувствувам виновно. И ај сега? Сама со себе се скарав... П.П.С. Аиии не ми се верува, сега прочитав дека сте праеле муабет за сирења!!! Ххихихихихихи! Јас можам мувлосано да јадам толку многу што јас ќе фатам мувла (по можност Горгонзола, да ме утепа од вкус)! И се кладам дека не јадете поише од мене било какво сирење. Ако ви кажам дека килограм сирење ми е рекордот за еден ден... Тоа не е секој ден, се случи само еднаш, ама по две средно дебело исечени кришки сирење на ручек и вечера и тоа буквално со се можам да го јадам, освен со риба... ете тоа е мојот проблем со дебелеењето. А и не реагирам добро на лактоза и кашлам од сирење... ама ето, љубовта е посилна. Чиз ин мај харт форевер!!!!
СДК една од оние ретки вечери кога се решив да не кликам бесцелно на интернет, па одлучив да изгледам филмче што ми го препорачуваа извесно време... Keith, за заинтересираните. И да, Елизабет Арнуа изгледа божествено во филмов. Елементи на драма, повеќе елементи на романса, но пред се' (клише) елементи од омилениот ни Холивуд. Токму филмови како овој - со нивните расплети - ме потсеќаат како во вистинскиот живот работите не се расплетуваат секогаш онака како што наложува Холивуд. Без желба да кажувам спојлери, ќе кажам само дека филмот има и типичен, и нетипичен крај... Можеби и затоа толку многу ми се допаѓаше озлогласеното финале од How I Met Your Mother... Повторно, без желба да откривам никакви спојлери (иако верувам сите што ја прателе серијава веќе го знаат крајот), ќе напоменам само дека HIMYM е совршен пример како некогаш нашите соништа и реалноста не се на иста бранова должина, колку и да сакаме. Некогаш е подобро да се игра на безбедната и сигурна карта, наместо да се брка оној шизик на ризик хипстерај (мада според бројот на онлајн постови, поговорки и кавери на ФБ што мотивираат да се ризикува, би рекол дека сега повеќе е мејнстрим xD). Животот си има свој начин на дејствување и наше е да му пркосиме, но тоа не гарантира дека секогаш ние сме тие што го повлекуваат последниот потег... И да, се надевам нема да добијам закани во сандаче за тоа дека се дрзнав да кажам дека HIMYM има(ше) одлично оригинално (НЕ алтернативното) финале. Oh well... time to get some sleep... Ако во нешто сум сигурен дека имам целосна контрола во животот, тоа е моето (не)спиење.
@Lilit и калциумот. Замислувам како мава бокс на некој вагон и го прака во вселената во вид на коцкичка. Ми се отвори апетит.
Планирајтеме и мене за собиранката со сирење. Не седнувам да јадам ако на трпеза нема сирење. Го обожавам бе
Без него ко да фали нешто. Инаку фала многу на сите, не се чувствувам веќе виновно. Има и други грешници.
Ако мислиш дека си успешна жена но и покрај тоа по тебе маваат со камења (секогаш ќе има такви) тогаш искористи го моментот- со фрлените камења гради зидови и мостови ! Нема да згрешиш... А фрлачите ќе се повлечат од злоба.
Задоволна сум. Задоволна од сама себе, од моите најблиски, од светот, од можностите....од моето утринско кафе. Кога ќе си ги оттргнам црните мисли, се ми успева и се си тече ко и порано, подмачкано... Задоволна сум од моите пријатели, исфилтрираните... И многу ми е мака да глумам љубезност понекогаш, но барем знам дека во животов си имам одбраници што ме чекаат во искрена прегратка и со раширени раце после секој напорен ден... Копнееме по квантитет и многу често го забораваме квалитетот....или само го поттурнуваме настрана, за да ни се најде во клучни моменти? Колку и да личи животов на фарса, не е... Убав е. Едноставно убав. Ако си дозволиме да излеземе од онаа комфорна зона и љубиме, живееме, се забавуваме и твориме на еден уникатен и креативен начин, без сомневања но со вистински луѓе...
Можеш да избегаш од некоја љубов, можеш да излажеш некој пријател, можеш да не кренеш слушалка кога некој те бара на телефон... можеш да направиш уште стотици нешта... убави или лоши... Но, едно не можеш да направиш... да се излажеш себеси.
Ејјј, girls, рачунајте ме и мене во седенката со сирења. Додуша, не обожавам само сирење, туку и разно-разни млечни производи (млеко не пијам, па надокнадувам со останатото). Не ми поминува ден без јадење со некој млечен производ, особено сирење или кашкавал. И на најубавата пица со четири сирења ќе ве носам, ако изразите желба.