Едно од работите кои ги мразам се негативни и нељубезни луѓе. Намрштени 24/7, ќе ги прашаш нешто и ќе ти одговорат дрско и ладно. Имам една таква познаничка што секој ден ја гледам. Тинејџерка си сеуште, дај покажи љубезност и фрли некоја искрена неиронична насмевка, нема да ти штети. Знам дека целта ти е да го добиеш името „ладнокрвна кучка без чувства“ но со сигурност би ти кажала дека нема да направиш никого среќен со тоа, освен себеси можеби со тоа што ќе ти се крене егото. Спротивно од ова, позитивни луѓе што можат да најдат причина за насмевка без разлика колку им е тешко ми се омилени. Е за нив живеам! Милина ми е да ги гледам и се повеќе сакам да сум околу ваквите. Малку го запоставив форумов заради обврски и лошо организирано време ама ајм бек
Не знам колку е за фалење, но денес ја добив првата 9ка на факултет. Не е лошо за прв запис во индекс. Да бидам искрена, тоа е еден од предметите кои не ги учам за оцена. И мило ми е што толку многу се посветив, нема нешто поубаво од задлабочување во материјал кој го учиш со леснотија и мерак. Го знаете она чувство кога сакаш да се спријателиш со некој писател? Со секоја прочитана страна на книгава откривам колку сме слични јас и тој. Само сакам едно кафе да испијам со него, умот да му го прочепкам за уште некоја нијанса.
Никогаш не дозволувајте некој од раце да ви го грабне пенкалото и да се осмели да го пишува вашиот животен роман онака како што сака наместо вас. Цврсто држете се до своите ветувања,планови и амбиции,постигнете го она што со цело срце го посакувате и живејте на начин на којшто знаете и умеете,без да дозволите туѓите осудувања и демотивации да влијаат негативно на вас. Секогаш ќе има некој што ќе се труди да ве спушти ниско,да направи да се чувствувате како да сте излишни и неспособни да сторите нешто,ќе ви наметнуваат свои правила и ставови,а ваше е со насмевка и уште поголема мотивираност да продолжите напред рамнодушно одминувајќи ги такви луѓе. Една шанса за живот имате, трудете се да ја искористите максимално. Направете нешто во својот живот за коешто гордо ќе кажете дека сте го постигнале со многу труд,љубов и волја. Животот не е живот ако следите туѓи правила. Иако самиот живот е оne hell of a roller coaster, забавно е и полно со предизвици кои не тестираат.
Никогаш ништо во животов не добив на готово. За се сама се изборив и тоа во многу тешки времиња. Имав пари, па немав пари. Па имав проблеми кои само пари можеа да ги решат, а ја баш тогаш ги немав. Па имав проблеми кои пари не можеа да ги решат, кога ги имав. Се запишав на факултет. Па пак немав пари и морав да го паузирам мастерот. Па татко ми почина. Па брат ми се разболе, па беше супер па после тоа милион пати одново преживување на истата приказна. Па едниот вујко почина а другиот цела година го чекавме. Па запишав мастер и го завршувам. Па прекин на лоша врска. А сега имам пари ама немам живци ниту енергија веќе. Пак ми фалат многу работи што не можат со пари да се купат. Има само една работа за која се молам моментално... валда заслужив некоја добра карма конечно. Само една работа ми треба од овој универзум... само една... ништо повеќе... и пак не посакувам ништо за мене.. Ајде голем универзуму.. сега ти е шанса да ми докажеш дека жртвувањата навистина се исплаќаат... и дека овие години трпење и преживување све и свашта не се залудни.
Го чекав денот кога од срце ќе можам да кажам среќна сум...денес е тој ден,не мислев дека толку брзо ќе дојде......СРЕЌНА СУМ...ИСПОЛНЕТА...
Не знам за вас, ама многу сакам кога денот ми е максимално искористен. Ем работа ке завршиш и после слободно на кафе да седнеш. Знам дека сто пати е напишано дека доволно е ситница да му подариш на некоj за да му изнудиш насмевка и да му го разубавиш денот. Решив да ja изненадам маjка ми со боза од Апче. Сме пробале од други места боза, ама никаде не ни била толку убава како во Апче. И така бев во близина земав боза и тргнав дома. И коментарот на маjка ми : Е баш ми се пиеше нешто каj ти текна на боза. Ништо друго не требаше да каже, лицето се и кажуваше. Сега на ред е уште едно заедничко кафе и малку муабет за да биде комплетен денот како што треба
Луѓето не се променуваат одеднаш туку само прекинуваат да глумат и си го покажуваат вистинското лице.
Ги знаете оние жени кои постојано се жалат и велат дека даваат,даваат и немаат веќе што да дадат? Оние што "постојано само прават за другите "....Такви не постојат, такво давање не постои. За да дадеш треба да имаш, за да имаш треба да примиш. Се додека даваш имаш што да дадеш, затоа што си примал. Кога доаѓаме на светов сме со стиснати раце, стегнати носиме живот. Полни сме, и испуштаме, а кога си заминуваме обично сме со испружена , празна рака . Си заминуваме само со сеќавање, емоција па и по некој белег на душата . Додека укривуваме друг за нашата сопствена среќа,било да е тоа државата, власта, вашите родители или било кој од околината всушност се одрекуваме од управувањето со нашиот личен живот. Тоа е нешто најлошо што може да ни се случи во животот. А ние само овој живот го имаме и тој е прекрасен. И само тој е наш,друго ништо апсолутно не ни треба. Имаме живот и сме живот, постануваме одговорни за него. Се веселиме и сме задоволни што сме добиле прилика. Кога постануваш свесен за постоењето, јасно ти е дека проблемите што порано ти изгледале големи сега се малецки. Не постојат, видливи се ама не сметаат. Дури и не се проблеми . Растеш, се освестуваш. Постануваш дел од онаа општа виша интелегенција. Како кога си мал, детенце сопствениот двор ти изгледа огромен и простран , а кога ќе пораснеш ти се осеќаш голем, моќен и огромен. Е моќни сме, целата моќ е во нас. Не е во другите, не е во уредувањето. ВО НАС Е .
Дефиниција за убав работен ден - ден што почнува со погодена песна на радио и кафенце на сонце, а завршува со моментот кога првпат на факултет го бараш твоето име на листа со резултати, се наоѓаш меѓу положените и тоа со 9ка, и тоа плус по предмет што си му посветила најмногу учење и труд! И така среќна и презадоволна единствена мисла ми е релаксираниот викенд пред мене. Ај нек се угоде... Добра ви ноќ!
Никогаш не научив да спијам сама. Отиде на пат, и сега секоја секунда ќе ми фали. Се заљубувам секој ден во него, се радувам кога ќе си дојде дома како мало кученце, тагувам кога е тажен, се будам ноќе да го видам, кога сум болна заспивам само ако ме гушне. Ама ќе издржам неколку дена и после има да му ги вцрвам образите од штипење. Не ми се верува дека може толку многу да се сака
Два-три збора за женцките работи; пред повеќе од десет години, кога всушност и прв пат „станав“ девојка, мислев дека ПМС е само мит измислен од жените на прагот од климактериум - уште еден своеволен мотив за излив на никогаш непресушната нервоза. И им се кикотев онака наивно, во стил „леле зошто ли само се нервирате за глупости, кикикики“, за потоа нели, да ми се врати така сочно и да се покаже на дело старата добра „она на кое се смееш кога-тогаш ќе ти се навее под глава“ и видиш - би чудо. Ниту се сметам за жена сè уште, ниту пак климактерична (скраја да е), но изливи на нервоза во точката на зовриени хормони до плафон - на претек колку сакаш. Ко да имам две верзии на самата себе - онаа со ореол и онаа со рогови „пламеноблувачите“ насекаде, ама баш буквално, колку и да звучи смешно или банално. Ме нервира сè, почнувајќи од глупакот кој вози ко полжав -20 пред мене и ми се чини дека тапкам во место со саати (кој к ти е човеку, кој ли ти дал возачка бе, има да ти ја искинам на трошки!!!!), па доаѓаме до моментот - ууууу, види маченце (о, ти глупава мачко, зошто бегаш не ќе те клоцнам). Тука на паркинг среќавам колешка од факс и онака вртиме лаф-муабет (немам поим зошто ме задржуваш и онака не се дружиме до толку...леле колку ти подникнал коренот, не ми се допаѓа новата боја на коса, не ме имитирај ок), за на крај да си заклучам дека уствари е баш фина и кога треба и кога не треба. Добро, влегувам во маркет (пак ли ќе трошиме пари, АМАН) и најголемата нервоза ми е тоа што количката ми е преголема а корпата премала - ок. (meanwhile - кој ли само го проектирал ова с***е?!?! Кај се видело толку оддалечени рафтови за незнамшто и незнамшто, ма има да му ја искинам дипломата, дибек еден!!!!!) Наплаќање (леле фала Богу, ќе си одам дома), си чекам ко овената сардела во редица и тука ми се избацува некое бабе од позади со она познатото - само со ова сум, може да ми дадеш ред, бабино? Во ред, не е проблем, повелете (амори глупава, кажи таму се брзам, трудна сум, ме чекаат...уствари ај ќути си и смешкај се, не ти е денот ). Моментот кола-дома го премотувам на forward, зашто навистина не сум си интересна на самата себе со профи-пцуењето. И врвот над врвовите - телефонски разговори со напорни и не толку напорни луѓе. Пропуштени повици - милијарда (брат, дечко, дечко, брат, татко, мајка, колешка1, колешка2, другарка, ултра-досадна колешка на која и' текнува за тебе единствено кога и' треба услуга... ) ОК, значи ок, ќе ви се јавам на сите, полека. ... по многу вдиши-издиши моменти, ми поминува и среќа моја што трае еден ден, инаку тешко мене. Во вакви денови посакувам да немам обврски, да избегнам контакт со луѓе, ма идеално би било да не постојам или евентуално да го отспијам денот и да се разбудам во нормална нехормонизирана девојка. Па ме среќава пријателка на мајка ми (кај ме најде баш сега, аман тетке, брзам) и ми вика - лелееее, колку си убавка, иста мајка ти, нежничка. Ама си се разубавела, леле од кога те немам видено ... Си велам, шипки разубавена, напукана со хормони пред добивање.
Здраво девојки. Јас пак пишувам тука по година дена. Не знам што ми текна да го вклучам акаунтов и да прочепкам низ форумов. Си прочепкав и низ моите стари мислења. Си направив онака една ретроспектива и не ми се верува дека некои работи што сум ги пишувала пред година, две сега пак ги доживеав со јак интензитет на емоции. И се сеќавам на сите тие моменти, јасно ми се во глава ко вчера да се случиле. Ама убаво е. Многу. Правам споредба со животот тогаш и животот каков што ми е сега. Споредба со наивното девојче кое бев тогаш и разумната девојка која сум сега. На некои можеби им изгледа дека ништо не е сменето (како на пример, на моите родители). Но, многу нешта се. Пред се, јас. На страна физички изглед, мислам на состојба на ум. Можеби некогаш и се враќав за ниво подоле, но затоа пак потоа искачував и по две, три скалила одеднаш. Битно е дека не тапкав во место. Тоа се вика созревање. Растеш, учиш, се менуваш. Правиш грешки, многу грешки. Но не застануваш да се бедираш и каеш за нив, продолжуваш обидувајќи се да ги поправиш и тераш понатаму. Со исправена глава. И сега вака кога си враќам филм и размислувам, сфаќам дека и да се врати времето не би променила ништо и пак истите работи би ги направила на истиот начин. Без нив не би била јас тогаш и не би била ова денес. И можеби не сум направила сеуште ни третина од она што го посакувам ама среќна сум. Задоволна, исполнета. Пред се, затоа што верувам во себе и знам дека можам. Знам дека нема да запрам се додека не успеам. Можеби покрај себе ги немам сите оние кои ги посакувам, но среќна сум што тие што ги имам се добро. И додека е тоа така, додека гледам насмевка на нивните лица... И јас ќе бидам добро. Верувајте во себе. Секогаш, секаде. Можеби вашето срце и разум многу ретко ќе се согласуваат, но вие секогаш слушајте го вашето срце. Освен тогаш кога сака да ве направи будала. Никогаш, ама баш никогаш не ја потценувајте својата интуиција. И за крај, да ви кажам дека се е до главата. Замислете дека можете да го освоите светот и стварно ќе успеете во тоа. Останете така, до некое наредно пишување.
Загаденост, магла, дупната гума и згрешени списоци на работа...а допрва е 08.10 часот.... Ако ваков ми е почеток на викендот, којзнае какви ќе ми бидат останатите два дена...најдобро е да се замрзнам во комора и да се одмрзнам во понеделник....
Утрото дочекано во татковата куќа...среќа....душата моја неможеше да заспие од среќа дека тета е тука...Јас уште посреќна од неа!!!Утрово кај тета во соба па следеа прегратки и бакнежи.Ми недостига сето ова...ајде барем неколку дена ќе потрае,,,а свесна сум дека морам напред..тешко е!!!!
Со сила неможеш да натераш некој да остане ако сака да оди.Можеш само со внимание , поштовање и љубов.Тогаш нема ни да сака да замине.