Наидов на една интересна статија на Црнобело и многу се изнасмеав http://www.crnobelo.com/zabava/humo...-zastanuvate-i-zboruvate-barem-ushte-eden-cas Кесите од продавница ги употребувате како кеси за отпадоци. Колку се пронајдов
Периодов бев под голем стрес едвај чекав да дојде 20 ноември и да знам на што сум. Станата од 7 сабајле бев на контрола во болница и од стрес се расплакав па ме гледаа луѓето и слушнав коментар: греота сигурно и нашле нешто. Аххх таков коментар не ми требаше да слушнам баш во таков момент. На моја среќа се испадна во ред и конечно се осеќам малце поослободена. @Mishela ме изнасмеа убаво Имајте убав ден
Што туку разговаравме со брат ми на долго и на широко уште од рано сабајле. Ми свари кафе, изгледа ќе падне снег надвор. Не се случило тоа досега. Не се жалам, убаво беше за неговите 12 години. Ми кажуваше за неговата симпатија во школо. За девојчето од соседниот клас. Како била убава и како се однесувал со неа. Се сомневал дека и таа го сака. Па еве го сега отиде со другарите на „кафе“. Ќе оделе некаде на „кафе“. Го дотерав и му ја направив фризурата. Ахх колку лета времето. Си порасна и моето малечко.
Оставете и скромност и сè, нема погорд човек од мене за време на оној walk од клупа до катедра да си го земам тестот со 100 поени за кој очи ми истекоа пред неколку дена
Eee Лилитче ништо, јас и со риба јадам сиренце, обавезно тоа! И со сарми, и со плескавици, со пилешко. Нема солен доручек, ручек или вечера без сирење. Повторно неочекувана вечер. Изненадувачка покана за кафе, која стана вечера и долг муабет. Убаво ми беше, не велам не. Што повеќе нека ги има такви. Насмевката не си заминува од моето лице и преубаво ми е. Нека грее сонце секој ден, да ме топли. Да ме релаксира и да ме смирува. Имајте убав сончев ден, и уште поубав викенд!
na kolega od faks pozajmiv kniga.denes mi ja vraka a vo nea pismence mi ostavil so tvoite ladni race sakam srceto da mi go stoplis. taka mi napisal. jas se stopiv. toj ne znae deka osven racete i srceto mi e ladno.
@H.VAGA Ех што сакам уникатни луѓе. Фрли го тоа срцето во печка, брзо да го згрееш Шала на страна, јас, како и сите што го прочитавме тоа, се надеваме на некоја романтична приказна во продолжение, но и да не биде ништо, се надевам дека ќе му ја цениш храброста и оригиналноста. Инаку, СДК, како модата не била важна? И дека тоа е се како низ ветер нешто. Ако не ја разбираш, тоа е сосема друго нешто.
ЛЕ-ЛЕ!Сабајле дознав дека ќе станам тетка по четврти пат!Баш ми е мило затоа што знам дека веќе три години братучедка ми не можеше да остане бремена,и сега ете конечно и се оствари желбата.
Некако немам доверба воопшто во дволични и користољубиви луѓе. Никој не треба ни да има нели. Ако случајно се најдам во нивна близина, против моја желба, нивните потези, зборови, нивното однесување, го сваќам и го земам површински. Не ги регистрирам, а на нивната глума скришно во себе ќе се насмеам само. Глумење памет, карактер, знаење, добрина, сакање, почитување… Не им е лесно. Но лесно се забележува сето тоа. Благодарна сум што животот брзо ми укажува на сите овие работи и вакви личности ,па на време се повлекувам. А уште поблагодарна сум за сите вистински луѓе кои се во мојот живот , со кои имаме взаемно почитување и се сакаме на искрен начин, без никакви користи и злоба. Вистинско богатство ми се. Имајте убав викенд сите !
Сакам да споделам еден интимен дел од мојот карактер со вас, за да ме запознаете подобро. Како што гледам, постои уште некој како мене.
Дојде тој ден. На колешка 40 посто од плата зошто постирала слики на инстаграм од службените патувања... Биле тајна, било кажано. Јеботе и да било кажано, кој ќе ви го сфати сериозно правилово? Дали сте нормални? Последен пат кога се разделивме кога одев некаде, се каравме во кола. И оп, се закрчивме на 100 метри од дестинацијата. Си ја отворив вратата луто и си преземав во свои раце. Го влечев куферот и трчав по тротоар како мрдната затоа што каснев заради него. Му ја оставив вратата отворена, ни се поздравивме, уствари се поздравивме со моето урлање - ЗНАЧИ МНОГУ СИ НЕОДГОВОРЕН, и во еден момент застанав и од далечина му покажав среден прст. Ми оди да пропаднам во земја. Уште ми е тешко, тој се смее... не бевме воопшто лути, помина случката, се качив и заминав и веќе му реков криво ми е што не те гушнав. Помина...помина, ама мене уште ми стои. Се дочекавме и со добредојде и надоместивме прегратка, ама не, зошто тогаш баш еднаш така да се разделиме? Буквално за влакно стигнав. Половина минута и ќе останев во Скопје. Вредеше средниот прст! Петок ало... ПЕТОК! Си ветувам дека ќе имам баш викенд, иако по малце и работен!!! И ќе го сакам до бесвест.
Изгледа и двете ве заебав, го јадам и со мармалад и млеко, комбинација снова, уживам во неа. Кило сиренце овчо и мене ми е рекордот
Пробајте и со овошје, овошна салата, крекери и сиренце, уф кај ми текна, грозје со сиренце, нема подобра комбинација
Кога сме веќе кај надвор од разум, комбинација на која ми се чуделе ми била пржени лепчиња со шеќер и сирење. Нормално и јогурт оди со сето тоа.