За да се смениш треба да имаш јак карактер, а кога веќе го имаш нема да правиш работи за кој ќе треба да се мењаваш. #PeopleNeverChange
Eee da da, bas me potseti, pravev ednas ovosna salata so pilesko i sirenje, prekrasnostiii bese mora da go povtoram toa. Ama so marmalad?! No no.
Уште за сирењево кога зборуваме..... Будалите летово, (ова беа едни од најексклузивните салати што ги служеа, козјото сирење е прескапо и преретко, а фетата се смета за нешто многу егозтично ) - лубеница, патлиџан, (добро читате, и лубеница и патлиџанче, си апнуваш црвенко и не знаеш што е) магдонос, фета сирење, одозгора маслиново..... Пробав, не е за мене ама дефинитивно не е. Они се отепуваа од сркање. Комбинација снова два - рукола, џем од капини, пршута и козјо.... Нели вие таму јадете сирења, оти не те бендиса... Јадеме, јадеме, кога е во јадлива состојба. А пишии со мед и со сирење и со чајче, ммммм.... Едит - заборавив, јадев патлиџани со шеќер, не беше толку трагично ко што очекував.
Девојки, ве фаќа ли новогодишна атмосфера по малку? Колку и да се овие реклами клише сепак... емоција се буди
Денеска ме нервира кога некој од дома упорно ме препрашува нешто или само ме прашува некои глупости, а гледа дека читам книга. Да не можи човек рајат да седи и да чита. Се мислам дека ПМС е крива за се, уф!
Се јавува во емисија, и пука со зборови колку сме ние неблагодарни, наместо да ја штитиме државата и се грижиме за неа, ние плукаме по неа, се сме се жалеле ни биле мали платите и колку сме непатриоти, срам да ни биде, а госпоџата? Live from Canada You go sister
Денес имав лош ден. Соседите ставаат нови плочки во тоалетот и го менуваат подот, ставаат ламинат нов. Денеска цел ден не можам да го добијам на телефон дечко ми, потоа тек кај 18 часот ми се јави од кај мајка му, му се скршил тел и не работел..па понеделник ќе го носел на поправка.И како шлаг на тортата...денес добив Сега знаете како се чуствувам...како прегазена од трактор, како сите згради да се паднати врз мене. И ми се јади моментално тортици ама немам сега треба да се облекувам и да си купам.Хахахаха, по пижами сум цел ден. Само го молам бога што поскоро да завршат мајсторите кај комшите, поради тоа што се немаам мир
Порано пред да го донесам на свет моето најмило,бев потрчко" на сите.Тоа значи дека гледав на сите околу мене да им помогнам,да им ги завршам сите работи,за се да биде ок,се да е во ред,најдобро.Но,сето тоа се промени,така што веќе немам ,,влакна на јазикот,, и на сите кои што заслужуваат им лупам се во очи.Епа не сум веќе таа старата,која се ќе премолчува и трае и трпи.Се се менѕва во животов,ама баш СЕ ! Имајте убава петочна вечер !
Денеска се ме нервира , буквално и добро и лошо ! Мама што ми вика веќе и арното не ти чине .. удара ме у глава пмс
Ја сум во Пмс ми завршија светските денови,убавините и слично,сега доаѓа она стресното,нервозното,едвај чекаш некок да те рцне беспотребно. Си бараш жртва за истресување на нервоза. Фала чао. П.С. Жена во Пмс ти е полоша и од ѓавол.
Петок навечер ,домче јас, мама и тато ... скромна вечера колку да не ни биде масата празна Спојлер Е поубаво од оваа НЕМА !!! Имајте убав викенд луѓенца јас веќе уживам
Немам пари Само овде чоек рајат можи да се искажи да се излуфтира. Дали некогаш ќе се има пари во овај животот? Значи не ми требат луксузи јахти милиони и слично, само ми треба да имам да си купам се шо ми е од вистинска потреба и да не треба да си ги бројам парите на секое и по 10 денари да ги берам за нешто ко ќе ми треба да си купам. Ексик ми е веќе. Цел живот иста песна. Не не се најважни парите знам, ама се потребни и многу ограничват ко ќе ги немаш.
Tипичен маж ја прави својата девојка љубоморна со други девојки, а вистинскиот маж ги прави другите девојки љубоморни со својата девојка !
Не ги сфаќам мажите кои јавно зборат се и свашта за одредена таргет група жени и секогаш на крај завршуваат баш со таква. А и љубовта од хемија се претвори во економија.