Со душа чекам да пројде ноември и да можам на раат да се радувам на сијаличките во веро и рамстор. Не се осеќам како да е крај на годинава со вакво време и со вакви обавези. Ќе ми се промакне пак годинава и пак ќе ми се пребацат работите од bucket list-от за наредната година , што сметам дека не е фер зашто сум изманипулирана од сонцево и несвесно ми проаѓа 11тиот месец. Башка никој не ме прашал до сега каде ќе одам за Нова Година. Ептен се преминаа границиве.... само мигрантиве што србиве ни ги натопорија ни останаа во меѓузона . Петочки поздрав Убав викенд. , ваша М,
Лека Ноќ на сите феминки.. Во моментов посакувам сето зло од земјава да исчезне ..и да ни се исполни се што посакуваме.. Како што викаат на сите господ па и на мене..
Денес сфатив дека ти е потребна само една личност да ти го разубави денот. Се работи за другарка со се знаеме не цели 3 месеци ааа се понашаме како да се знаеме па едно 7-8 години. Се запознавме на одмор ии таа ми е најдоброто нешто стекнато од изминатово лето. Значи девојчето не може да биде послично со мене. Баш преска и викам "Добро бе дај нешто поинаку мисли од мене , досадно ми е веќе за се исто мислење да имаме". Е она е едно од работите што не сакам да ја изгубам до крајот на животов.
Ке одам утре во Шутка пазар,внук ми дојде па сакал да го носам да се подновел за Нова година,кој е за ШОПИНГУВАЊЕ
Значи, официјално прогласуваме колективен ПМС на форумов. Не се препорачува дискутирање во чувствителни и не толку чувствителни теми. (И јас сум, затоа и коментирам, само мене ми доаѓа ПМС-ов минимум една недела однапред, да се мачам квалитетно ). Инаку, во нашава чудесна земја се случуваат, нели, чудесни работи. Уште од пред повеќе години се нервирам и само зборувам дека сите сакаат искусен да вработат, а никој не ти дозволува да се вработиш и да го стекнеш тоа искуство. Па во таа чест:
Не треба да имаш причина за да потпевнуваш од среќа, дури и кога ништо особено не ти се случува во животот. Повеќе од доволно е што постоjат драги суштества кои самото твое постоење го прават незаменливо... Убав викенд девоjки и момци!
На еден ден до 28-цата Оваа година без многу филозофии ке си посакам само денови исполнети со многу страст и многу патувања и истражувања.Многу ноќи поминати со добро друштво и многу денови поминати во смеење. Многу пијачки испиени на некој шанк и многу вкусна храна изедена . Многу испратени зајдисонца и многу пречекани изгрејсонца со лугето кои ми значат. Помалку нервози и стресови повеке мир и спокој. Повеке себично борење за сопствената срека помалце издувен вентил на другите. Љубовта веке не ја ставам на дневен ред,она нека ме бара мене не јас нејзе. Оваа година сум All in !
Еј чекајте ме и мене! Се најавувам во ПМС клубот. 4 days to go, точката на вриење ми е значително изместена... Денеска нема сонце на небото ама тие носат сонца на лицата и во градите. За мене непресушен извор на топлина. И со целата душа ја чекам зимата. Повеќе да се гушкаме помалку да се караме. Повеќе чај и книги. Повеќе вино, и припивања еден до друг. Највеќе љубов.
Листањето на албумите со слики ми е редовна рекреација во овој период.Нуркајќи низ сликите од минатото се прашувам на кого личам?Како сум дојдена на светов ,како плод на љубов или нешто пострашно. А тогаш од сликите ме допира твојот мек кадифен поглед.Ја допирам мојава коса и барам барем ронка сличност со твојата густа и остра,со боја на влажен есенски лист.Еве на слепоочнициве ми обелува исто како на тебе,камо среќа да можев подолго време да ги гледам. Овие денови пред крај на ноември не ги сакам,ја дознав вистината која те одвои од мене за неполни 2 месеца.Раните се отвараат а душава како бел волк почнува да се буди и завива. Долго време не ми ми доаѓаш во сон и ми недостасува да те видам.
Не грижи се. Парите се тркало. Имај трпение, ќе имаш. Те разбирам зошто и јас како и тебе сум била милион пати во финансиска криза. А и тогаш кога имав пари, пак бев ограничена и морав селективно да ги трошам. Иако е тешко, мораш да останеш позитивна и да веруваш во добра карма. Баба ми често пати знаеше да рече.. по Бога камења не сме фрлале. Единствена константа во овој живот се промените. Биди добра и не губи надеж. Имај убав ден.
Среќна слава и вечно име на сите што слават Би сакала исто така http://forum.femina.mk/threads/Вера-Јоциќ-Хиподром.24886/ да го вклучите линкот и да прочитате за што се работи
И кога ви е најтешко, поарно молчете си. Ни ви треба да споделувате, ни па да си ја отварате душата. Сами, полесно ќе си пребродите се’, отколку да си земате за право да ве ислуша некој. Не за друго, ќе излезе дека се жалите. Уште од сега да си кажам, оти будала излегов синоќа. ~ Она кога кажуваш среќни вести, а таа личност до тебе ги превртува очите? Патем, нафрла илјади петстонини двесет и нешто негативни мисли на сите работи што те прават среќна, те обесхрабрува, а после ..оп, свесно те манипулира. Денешна дефиниција за другарство. ~ Разбирам кога некој има симпатија, ама буквално да трча и да го следи детето на секој чекор.. Детален извештај кај оди, со кого излегува, кога се враќа.. Сериозно треба нешто да фали во мозокот. ~ Вака ко смајливо сум , цел ден... Не ми се мрда вечер никаде, чинам сум повеќе изморена меѓу толкава врева. Фали новогодишна атмосфера. Да трепкаат сијалици, да има семејни собири, да се чувствува топлина и љубов. Настрана тоа трпеза и од пиле млеко, кога се‘ сите на купче заедно и малата трпеза станува повкусна.
На некои луѓе не можеш да им помогнеш. Не можеш да му помогнеш на човек што не сака да му се помогне. Откажете се на време. А после, и да ве обвинува и да се жали нешто...вие
Денес и вчера некој ми доаѓа во двор, во задниот дел на дворот и тоа, и ми тропа по прозори. Прв пат вака да се исплашам во животот. Денес го слушав како кружи околу куќава и тропа на сите прозорци со сета сила чиниш ќе ги скрши во секој момент. Јас испаничена откако си отиде, му вртам на татко ми, велам страв ми е сама да сум во куќава веќе. Тој да ја сврти на шала работава ми вели, тој од тебе нека се плаши, ти како што осет немаш ако му ја влепиш една, на лице место ќе го остаиш. Во цел страв кога почнав хистерично да се смеам, не знам шо ми се случи.
Многу мразам дволични и љубоморни луѓе. Мразам кога глумат фини и мили а им се чита на лицето дека нешто кај вас им смета. Ме нервира што преку глупи пораки сакаат да ми кажат нешто. Алоо бидете отворени па кажете што имате. И онака од никогаш не живеам како што некој мисли дека е правилно. Јас ѓи кршам правилата и живеам како што само мене ми одговарааа .
На некои луѓе им завидувам на паметот, посакувам за момент да им го имам мозокот за да одморам малку...на пример еве овој.... Абе сељак бил, глуп бил, ваков бил, таков бил...нему му е гајле, си ужива тој во животот и си прави ко што сака, си се зеза со сите, ги трола...блазе си му на паметот. Терај си мајсторе... Инаку изгледа имаме резултати од колоквиумот ама ми е страв да го проверам мејлот п.с. Имам уште колоквиуми за правење ама некако ми се врти низ глава: Каков колоквиум бе ко мало дете, дај ваму испит.... п.с.2. Пошто немам попаметна работа, ми текна дека сите бебиња што се родени оваа недела, зачнати се на денот на вљубените И на сите што ви е роденден овие денови, да си знаете од љубов сте зачнати
Значи секогаш кога сум решена да си купам нешто или нема бројче или не ми стои убаво или пак нема ништо посебно.