Често посакувам да живеам на место кадешто без никаква нелагодност и чувство дека правиш нешто чудно, можеш сама да излезеш на кафе, да не ти е неопходно друштво за да излезеш сама на убаво време и да уживаш фотографирајќи без да бараш помирно место со помалку луѓе наоколу... затоа што потребата да уживаш со сопствените мисли да не биде сфатена како недостаток на социјализираност. На место кадешто недостигот на самодоверба е нешто непознато, каде никој нема да биде предизвикан од нечии туѓи зборови да се срами од себеси поради различниот стил или надворешниот изглед. Кадешто речениците кои почнуваат со "во наше време" од страна на постарите ќе служат само за пренесување убави носталгични приказни... а не за неприфаќање на туѓ начин на живот и осуда која со горенаведениот вовед сама по себе се побива поради логичната и очекувана разлика што времето и би требало да ја донесе. Кадешто луѓето се свесни дека дефиницијата за нормално е различна за сите и никој нема да биде отфрлен и мета на предрасуди поради правењето или поддржувањето на нешто што излегува од нечии граници на нормалното. The human mind is like a parachute - it works best when it is open...
Нема поубаво утро кога дечко ми ме боди со бакнежи.Така беше и оваа утро. Лежевме на мојот кревет и ме бакнува.Во тие утрнски часови кои не знам навистина колку беше часот, не ми беше важно кој каде е, дали се сите добри или пак што ќе имам денес за ручек.Еноставно се препуштам на емоцијата. И да, ги обожавам оние ситни бели лаги кога ќе ми каже дека треба да оди до тоалет и ќе направи кафе за двајцата. Пиевме кафе, чепкавме на интернет и не ги паметам зборовите ама некако беа како, денес цел ден си моја, и јас поспана не го регистрирав само пијав од кафето и ми вика, ааа не само денес, цел живот ќе биде моја.Потоа се туширавме заедно, се облековме и појдовме во вега, заедовме смути ( срцето честеше ) и во зоолошка се шеткавме.Се сликавме и потоа како вистинска домаѓинка му се тупнав на ручек кај дечко ми.Боранија ручааа
Ме кара пријателката зошто не сакам да дадам шанса на помал од мене. Нормално, годините не мора ништо да значат, ама веќе научив што сакам и што ми треба. А тоа сигурно не е тинејџер. Ма доообро, следна година полни 20, ама уште е зелен. За мене и премногу. Не ми се губи време на безначајни врски со личности кои знам дека не се 'the one'. Толку е просто и едноставно. А и најдов некој во кого гледам сѐ она што можам да посакам. Уште да биде. Уште чекам да се поклопат коцките. Тоооолку многу го посакувам тоа, понекогаш мислам дека баш затоа не се случува. Всушност многу работи се случуваат, има напредок, ама недоволно брзо. Не сакам да чекам. А само тоа ми останува. Оххх, ќе ме убие неизвесноста. Ширете љубов, само така ќе бидете среќни. ♥
И оваа ноќ ја поминувам опкружена со мислите и имагинацијата на работите кои посакувам да се реалност.
И јас сум многууу голема домаќинка секој петок за ручек јадеме грав и секоја ја ден вечера ми прави .
Добро само јас налетувам на синооки персони што си мислат дека ако имаат сини очи под дифолд им се убави? Тоа формата мање битно а? Нека бидат асиметрични, минијатурни, огромни, разделени 57цм ама демек сини биле... Баш ми е жал за луѓе што бираат само по еден критериум... Eве ви и контрадикторен поздрав јер, Спојлер: Лимп Бискит > црно око дубоко (освајачи) А до покасно ако ја испоштовам старата народна поговорка (субота је дан алкохол), може ќе ви ја постирам и од Луис - црно око, гледа ме дубокоооооооо , ваша М,
Слава,фамилија,смеа,шали,добра храна И тој до мене. Мило ми е кога ќе видам како се вклопува и се согласува со сите. Го пијам остатокот од црвеното вино и уживам. Нема ништо побитно од тоа саканите да се живи,здрави,весели,расположени и сите на куп. Срцето ми е преполно
Иронија левел седиме на слава, јадеме, пиеме и сите правиме муабет за диети и вежбање. Си каснуваш мевце, пивнуваш винце и објаснуваш за Инсенити. И здрава исхрана.
„Тоа што не можеш да го имаш, секогаш изгледа поубаво од тоа што го имаш. Во тоа е суштината на романтиката и идиотизмот на човечкиот живот.“
Денес правам 5 години на форумов 5 години исполнети со виртуелни пријателства(неколку реални), смеи, плачки, совети и тако даље. Претпочитам на уште многу дружење да ми честитате дипломска, веридба и свадба и да пишам во тематс за бремени Се зезам, за добро е да ми се множат Ваша искрена Ади шо ве љуби најмногу на свет Нема роденден без торта Добра ноќ
Ве нема нешто во темава денес,сите спиете. Јас срамота е да кажам дека во 12 се разбудив,главава ми тежи од спиење,па си направив едно така убаво,ладно ,нес кафе да ме расони. Никогаш не ми дошло послатко кафето од денес. Сега буквално џаболебарам,со списание,you tube beauty видеа,пред компјутер и тв. Чекам да ми се јави другарка да си позборуваме,се немаме видено викендов. Штета што врне надвор,баш ми се шеташе некаде. Ама може да помине денов и во домашна атмосфера,да викнам друштво на вкусно ручече дома.
Пред малку станав деновиве имам несоница додека заспијам петлите пропеале и до дека станам сонцето зајде. Не пијам кафе ме прави луда и уште повеќе енергија и пак нема спиење.
Кога ги имаме не се грижиме,дури ни раце не им бакнуваме,а кога ни умираат....плачеме за нив. #Родителите!
Зошто на некои луѓе им е толку лесно на непознати луѓе да им се извинуваат чисто од култура, а кога се навистина виновни и навистина треба да се извинат на некој близок им е толку тешко и не се извинуваат ??
На тема млада популација, возрасни граѓани (пензионери), љубезност и култура, сакам да кажам дека местото во градскиот превоз го отстапувам само на лица со посебни потреби и бремени жени. Фразата "Не можам да стојам" ја сфаќам како себичен обид за нарушување на нечиј спокој затоа што така е најлесно. Ги разбирам и едните и другите во барањата, ама на оние што мораат да го совладаат ритамот на секојдневието повеќе им верувам.